Јас започнав со диета од кај нутрицонистка! Сфатив дека ако започнам сама на своја рака од некоја шти ја знам - ке држам 2-3 дена и после ќе се најдам чоколадо и ќе си речам ај од утре задутре ... а вака се решивме со една другарка заедно да одиме - ем плативме пари за режимот и контролите - ем од пусти срам од другаркава и од парите - мислам дека ми се врати надежта дека можам да издржам - еве веќе една недела а јас издржав без чоколатце... Мој совет, за оние кои се како мене - лапачи на благо - подобро дајте ги тие 1000-1500 ден кај нутриционист кој барем ќе ги одреди подобар режим на исхрана него сама на своја рака.
Некој ги има, ама некој нема вишок 1000-1500ден. А што им фали на општопризнаените диети (УН) Spoiler ама тргнав на фалење на оваа диета цел ден
хм... џабе се некогаш и парите да се дадат ако немаш самоконтрола, волја, желба и мотивација за слабеење... не е поентата во тоа да го издржиш тој режим и после оп фрли се на благо и лоша храна па да се вратат изгубените кг. Со тие 1000-1500 ден ќе си купиш здрава храна! Не викам дека се лош избор одењето за нутриционист, секако тоа е најдобро, но кој може да си дозволи. И јас сум таква, сакам да си каснам се ама еве веќе месец дена ја држам УН (признавам со мали грешки) но не брзам никаде, битно ми е да ослабнам, не е битен периодот..и сакам да научам да се контролирам, кога, што и како да го јадам, односно да ми стане навика, да не посегам по се што ќе видам, да јадам само кога стомакот бара, а не од досада .. ама пуста лакомост Со среќа.. па напиши ни по некој совет
Без диета,само со вежбање. Искрено,телово подобро не ми изгледало. Има уште работа,ама јас сум хепи прсн (освен во пмс кога се дувам и сум 4 кг плус ). Имам рамно меше и поцврсти внатрешни бутчиња,е сеа спојлерите не се мнооогу како што сакам,ама се каде-каде подобри (уствари и не се спојлери),ама таква ми е конструкцијата имам тесен струк и широки колкови,арно ама нивната поставеност е таква што морам да бидам сучка за да не ми се гледа нешто као спојлер... ама технички и не е,до душа може и си замислувам,пошо сите ми викаат дека си замислувам...ама перфекционист,тоа е...Рамно 50 кг имам. Вежбајте дечки! Пробав да одам на пилатес во она Микс Аеробик во дом на АРМ... и се откажав. Дома вежбањето каде-каде повеќе резултати ми даде. И искрено, еве тука јавно ќе кажам, не го препорачувам. До скоро вежбав на друго место со сертифициран тренер и разликите се евидентни. Ваму поим немаат,искрено,плус секоја физичка активност која има плус 10 души во просторија,а не е тимска, гуши и секогаш демотивира. Во Микс Аеробик,така беше и чао,таа не се посветува правилно да те постави, намести, да инсистира бре на уво да ти диши како да дишиш...мислам и јас можам така да држам часови,не е проблем. Као на физичко у средно да му се невиди. И плус, ќе дојде некоја пуничка или нормална и мисли дека ќе ослабе. Ги слушам си зборат,леле јас откако почнав да одам тука,само качувам,ништо не симнувам. ДААААААА,ЗАТОА ШТО ПИЛАТЕСОТ НЕ Е ЗА СЛАБЕЕЊЕ!!! За слабеење ти треба кардио...а кардио е трчање,скокање и зумба...патем и зумба во Песталоци бев да видам... Луѓе мои...не знам колку жени и еден дечко на микрофонче на бина скока...па се угушив...СЕ УГУШИВ! Не знам што си мислат,ама физичка активност не се прави во било кои услови. Па си мислам со умов,добро некој ги контролира?! Не ме интересира на кого леб ќе му се земе или не знам веќе што,ама да одам таму да дишам со сто души у влажен воздух и да бидам задишана, не бронхит,туберколоза ќе фатам. А што е најтрагично, во секое вежбање дишењето е најважно и ај оди диши ги ти тие гнасотии.... И така,си се испразнив... Дома,ми е скроз тамам,неколку месеци немам потфрлено ама ич. Ок ми беше кога одев така,ама дома стопив тоа што сакав,пошо си вклучувам и кардио. И така,со ум каде вежбате,ама гледајте да вежбате дома. Ништо не ве коста џампинг џекс по 300 да правите дневно, ако немате орбитрек или нешто така.
не ми беше муабетот ако некој има вишок, немам ни јас...поентата е друго - јас сум голем стрвник за чоколатца...и ако месечно соберам сигурно давам 1000 ден за чоколада и благо и кока кола... Вака ако одам на нутрициониост ( а сум одела пред 2 години) и имаше резултат 30 кг за 6 месеци) - признавам грешката е моја, што повторно почнав да јадам благо и навечер, баш муабетот дека треба волја и самоконтрола (а јас имав ептен кризен период и си ги вратив кг) Сега сум спремна да се жртвувам, имам волја да ослабам...но ако одам таму, со нејзина помош и од другарка ми, мислам дека ќе бидам појака и повеќе ќе се контролирам. Не зборувам дека другите диети на пример (УН) не се ок, зборувам од лично искуство...ако знам дека смеам да каснам 1 благце...јас ке каснам 2, бидејки ете можам и ќе си речам ај утре помалку јаглехидрати. А вака, морам да се потрудам....повеќееее незнам како се објаснам, се надевам ќе ме разберите
Л Карнитин почнав да зимам бидејќи вежбам. И дома ќе почнам. Знам дека мора да се вежба и мора да се внимава на исхраната. Се мислев и јас за протеини, нешто слично на режимот на Аткинс, ама страв ми е да не е преоптеретување за бубрезите. И така пијам многу вода, Л Карнитинот и цел ден на протеини, не ми стојат како добра комбинација. Јас се хранам така што наутро појадувам еден ѓеврек, на ручек дома што има, ете денес на пример јадев ориз, и за вчера батак со салата од рендан морков. Скапо ми е а се хранам исклучиво со пилешко и риба секојдневно. А и не живеам сама, поголемо семејство сме и кошта бре. Да е само за мене би било прифатливо, ама вака тешко.
Л Карнитин почнав да зимам бидејќи вежбам. И дома ќе почнам. Знам дека мора да се вежба и мора да се внимава на исхраната. Се мислев и јас за протеини, нешто слично на режимот на Аткинс, ама страв ми е да не е преоптеретување за бубрезите. И така пијам многу вода, Л Карнитинот и цел ден на протеини, не ми стојат како добра комбинација. Јас се хранам така што наутро појадувам еден ѓеврек, на ручек дома што има, ете денес на пример јадев ориз, и за вчера батак со салата од рендан морков. Скапо ми е а се хранам исклучиво со пилешко и риба секојдневно. А и не живеам сама, поголемо семејство сме и кошта бре. Да е само за мене би било прифатливо, ама вака тешко.
Сакам да почнам да вежам, сакам да си стекнам таква навика како оние набилданите девојки со гром тело и вежбањето да ми биде хоби, да ме викаат ДевојкатаНаКојаВежбањетоИЕОмилено. ^Мхм, да. Некогаш, да.и негде, ќе те сретнам јас.Покрај мене ќе блеснеш... Стварно веќе преку глава ми е со ова диетиве. Цел жовот се замарам со килажа.
Jas mislam deka ne e vo red da se zema apcina za slaabene..ima tolku mn raboti koi moze da primenuva..eve na primer jas ne drzam dieti i takvii gluposti ne se zamaram ednostavno ne se prenajadvam. A da i aerobik mi e tuka ObaveznOoo!
Колку пари го зеде л карнитинот? И во која форма е, прав за растворање или нешто како ампули? Имам читано некое време и јас бев загреана да земам, имам минимално за топење па сакав да го исцедам тоа со вежбање. Баш ме интересира какви резултати ќе имаш.
ja држев таа диета неколку време дали можев да издржам 2 недели и ми се слоши некоја друга ве молам дајте ми
Ако од оваа диета ти се слошило, тогаш што да се очекува од тие построгите, исцрпувачките. Ти ја препорачувам УН, диетата на Ирена (имаш тема за неа), а можеш да го пробаш и Дајмонд начинот на исхрана, кој всушност е многу сличен со УН. Ова ти се диети без јо-јо ефект, затоа не очекувај магични резултати по неколку недели.
Не ми е од овде, ама истиот го има и кај нас, се порачува од места каде што купуваат билдерите, околу 1000 до 1500 денари се, зависи од грмажа. Инаку зимам во течна форма, ликвид. Има и како апчиња и ампули. Резултати ќе пишам и ќе ставам слика, пред и потоа . Јас сум со некои 64 кг, ама бидејќи вежбам, нема да се мерам на вага, ами на обем. Ќе го користам месец дена.
Имам слушано дека има многу ефект, заедно со интензивно вежбање. Пред некој месец се спремав физички понапорно со трчање секој ден, па склекови, тегови и сл и пиев една вода што ја начекав во супермаркет внатре со додаток растворен л карнитин, наменета за спортисти, и како резултат на се ослабев за 1 недела над 1 кг, а јадев нормално. Во аптека има за растварање во вода л карнитин мислам дека едно пакување е околу 40-50 ден за 1 литар. Ама многу ќе ми се фаќа така ако купувам за 3-4 пати неделно. Во секој случај мислам дека ќе го пробам и јас па ќе видиме резултати. Ми фали многу малку за да стопам па ова ко добарначин ми се гледа.
Тие во аптека не ги бива, земај си од продавниците за билдери или ако познаваш таков, нарачи преку него. Во Скопје има такви продавници доста, плус ќе ти објаснат и како да го користеш и по колку.
- 3 кила. Па волку ако се радувам на три што ќе биде понатака кога поише ќе подослабам. Ниедна посебна диета, само режим на исхрана и вежбање. Кашата продолжив да ја јадам, некако ми станува се повкусна. Почна и да ми делува како што треба. Пред мене стои газиран сок и сникерс чоколатце, веќе една недела, станувам се појака и не потпаѓам да го земам и каснам истото. Eдно чоколатце вакво дневно и немам потреба за благо. А и вкусно ми е.
Oд денес почнувам со мој режим намалуванје на пржена храна,газирани пијалоци никако,намалуванје на шекер внесуванје на протеини и салатати насабајле мусли ужина или јаболко или јогурт.Zа ручек што има дома без леб.Nе знам што да ми е вечерата бидејки гладна не можам да заспивам,која храна ке ме засити најмногу,предлог???
Па најмногу ке те заситат протеини ко на пр јајца.. можеш да изедеш 2 јајца со салата ама тоа до 9 часот најкасно и пиј вода.. ке ти се намали гладот позз