(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.396
    Допаѓања:
    142.952
    При крај на факултет, кога го полагав претпоследниот испит, сфатив дека можам да учам само кампањски, и никако поинаку. А цело време додека студирав правев планови како ќе си учам полека и редовно, и од тоа никогаш ништо не излегуваше. Доаѓаше период пред испит, буквално се затворав дома неколку дена, учев, и положував. Ама не можев никако да го прифатам фактот дека само со кампањско учење постигнував резултати, и на крајот кога си признав, се чувствував како камен да ми паднал од рамења.

    Истиот момент го имам сега со диети. Милион пати сум почнала, и по две недели сум се откажала. И не викам дека е лошо, ваквиот начин, ако не друго, ми помага за одржување на тежината, затоа што повремено знам да забегам, ќе се изнајадам една недела, па после недела - две ќе внимавам, и се враќам на нормала. Ама не помага за трајно слабеење. Сите успешни обиди за слабеење во животов ми поминале со офанзиви. Иако после секоја си ветувам дека ми е последна, дека е измачување, не е здраво, и нема поента да си го правам тоа, сепак на крај сфаќам дека само така можам да имам успех.

    Моментално не знам колку тежам, две недели не сум се мерела, а периодов имаше доста збиднувања проследени со јадење. Ќе земам една мерка утре сабајле, и удирам офанзива 20 дена, па да видиме што ќе излезе. Планираниот режим ми е - кидс донт ду дис ет хоум, и мора да има резултати - или храбро ќе издржам, или нема да издржам, ќе ме пратат на инфузија, ама и тоа не е лошо за слабеење :D . Малку црн хумор не штети :D.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да ставам некоја сличка :D
    Не дека сум којзнае колку ослабена али ај..
    Позиве ми се вауу али тоа е кога се сликаш сам :D
    Првата ми е предходно пред 5 месеци,не се гледа добро али се гледа волуменот кој го зафаќам,а другите се од денес пресни :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG4165A.jpg
      IMG4165A.jpg
      Големина на фајлот:
      415,4 KB
      Прегледи:
      421
    • IMG4169A.jpg
      IMG4169A.jpg
      Големина на фајлот:
      198,1 KB
      Прегледи:
      421
    • IMG3202A.jpg
      IMG3202A.jpg
      Големина на фајлот:
      114,4 KB
      Прегледи:
      421
    На Lux, Monna.Monna, Beauchamp и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Ammy.Lee јас ти паметам една слика од Модни критики... со шарена туника, и гледајќи ги овие последниве, можам само да ти кажам БРАВО за упорноста, зашто вака од око, имаш симнато 10-12 кг сигурно (а можеби се и повеќе).
    Секоја чест за упорноста, ја имаш мојата целосна поддршка.
    А како ги симна, знам дека на кратко ја држевме заедно УН, ама понатаму ти си почна свој режим , така беше?
    Во секој случај, честитки. :) ;)
     
    На Doozy и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    12.866
    Пол:
    Женски
    Стопена си Ејми. Браво :clap:
    И да ти кажам, баш зрачиш со задоволство од самата себе на последниве слики.
     
    На Doozy и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  5. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Ејми бравоС, супер ..стопена си! Одличноооооооо само издржи не давај се.

    Јас ке споделам некој нутриционистички совет - веќе 1 недела помина и ослабена сум 3 кг, знам дека првите најбрзо се слабеат после доаѓа тешкото ама решена сум да издржам.

    вака значи:
    Секој ден морам да имам 5 оброци - 3 главни и 2 ужини, секако според рецепт. Обавезно да пијам мин 2 л вода ако можам до 3 вода во текот на денот, зелен чај 1-2 шољи.

    Е сега, овошје ми е дозволено само 2 парчиња во првата ужина, после пладне никако заради шеќерот. За втората ужина смеам до 10 ореви, бадеми, лешници да каснам или 2 реда темно чоколадо (ова посебно ме израдува :))) иако не сум пробала досега, ама си викам ако ме фати криза за благце имам шанса.

    Друго важно не ми текнува, ако ми текне ќе споделам некој совет. Засега мислам дека се корисни, имам резултат
    и што е најважно немам вртоглавици нити главоболки.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Јас никако не можам ниту пол кило да симнам..на диета 2 месеци и ништо..резултаток едно кило повеќе....Јас не знам што да правам и почнав многу да се депримирам......
     
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам :bow:
    Иначе Тренди знаеш дека не работам со ваги, па затоа и појма немам во бројка колку сум ослабена.
    И да ти одговорам..
    Ја држев два пати УН,обидите ми беа неуспешни.Вистина за 2 недели ослабив доста и бев задоволна,али неможам да издржам јас и секој ден да јадам по распоред,па ти снемало овошје трк да купиш па втора смена си на школо и со празен желудник и никако не ми одговараше,ај летово можеш да ја издржеш УН ама кога си на школо.. :shake: . И плус тоа си имав тешка физичка напорна работа, што само со овошје не би можела да издржиш.Затоа си решив вака ем си сум сита,ем не мислам во колку часот и точно по колку часа треба да јадам,или што да јадам.
    Иначе не терам и баш некој режим на исхрана.
    Благо си јадам значи во умерени количини,практикувам наутро али ете баш некни ми се случи да направам бајадера и ми беше мерак де да си ја јадам :$ Некни буквално бев цел ден скоро на благо,не појадував,после тоа откако ја направив чекав да се здрви чоколадото,после тоа си каснав 2 бајадерчина кај 16:00 часот пак си каснав и дури кај 19:00 ми се пријаде и си вечерав:сирење,кисели краставички и ајвар. :wasntme:
    И така обично јадам млечни производи,јајца,месо (пилешко) или ретко ми се случува колбавче да си испечам на тостер,ајвар јадам претерано многу,и компири печени :!: Од нив никогаш нема да се откажам :) .Углавно си јадам готвена храна,за на школо почесто витанови и понекогаш чипс (знам не е здраво али кога нема што друго..).Физичка активност:пешачење и ништо друго.
    Ајде од другата недела си сум 1ва смена па поздраво ќе си се хранам :rock:
    Иначе топло би ви препорачала никогаш од ништо да не си скратувате,ако ви се јади каснете си.Оти колку повеќе си скратувате толку желбата ви се зголемува.Како што ви бара организмот така правете.Моево слабеење не е ни баш некоја посебна филозофија,и не мислам на тоа како што порано си набивав комплекси,едноставно си се помирив со фактот дека и генетски ми е таа градба,од мала сум била дебелка и не се замарав. :tmi: Тоа е тоа,немојте со ова што ви го кажав да ве предомислам ,оти мојот организам вака ми бара.А бидејќи сите сме различни на сите различно ни бара.
    Продолжете понатаму,не запирајте и освојте ја вашата цел.
    :hai:
    пс.Сликиве ги ставив бидејќи иснпирација ми даде класната кога ме искара дека сум била прилично многу ослабена,тогаш си се вчудоневидив и си реков а да си се сликнам јас... :D
     
    На drugarka, Doozy и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Леле, јас значи многу се нервирам. Денес испаднав од дома во 9 и 20, се вратив во 20 часот. :tmi: Луѓе ми се плачеше, кога си дојдов дома двапати вечерав. :x Не можев, прегладнета бев. Цел ден го минав со една банана, две јаболка, кафе и едно мало кифличе, нешто како триаголниче. Стварно немам веќе ум како да го минам денот на факултет.... Не можам секој ден да купувам бадемчиња или суво овошје, не сакам да се трујам само со кафиња и не сакам да јадам брза храна или кифли или ѓевреци. Не знам, не знам и не знам што да направам. :worried:

    А осеќам дека морам да се доведам во ред. Џабе ли се малтретирав цело лето.

    И ај да е еден ден вака, секој ден сум од рано сабајле до касно вечер, имам нови предмети и плус предавања, кога ќе стасам дома одвај еден оброк ќе изедам и ќе колабрирам.... а не па да вежбам или нешто слично. :|
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.629
    Допаѓања:
    109.033
    Пол:
    Женски
    А Дузи зошто да не јадеш едно геврече, испи пола литар јогурт, земи си некое овошје, па макар и чоколадце едно од оние на Најлепше жеље, црно имаш со 70% какао. Сето ова е подобро од твоето гладување, јас започнав како тебе и се доведов до истата состојба, ако не и полоша.
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Леле Ејнџел, ако ми веруваш, лани почнав во втор семестар да појадувам ѓеврек и мислам од тоа се угоив многу. :tmi: Гледаш јогуртот скроз го заборавив, а богами и Најлепше жеље... :D или една табла црно чоколадо ќе си земам. Ќе испазарам во Карфур, една ќе ја делам за 2-3 дена, секако е по 29 денари. Една Виталиа/Витанова има во просек по 100 калории, а јас обично носам по 2-3, барем црно чоколадо ќе ме засити повеќе од ова житарициве. 8)
     
  11. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Витановите и баровите од Виталиа се калорични, и се полни со шеќер :devil: пробај ги сепак оние за дијабетичари што се, само семиња со експандиран ориз.. евентуално направи си подобро некое сендвиче со интегрален леб, не се седи цел ден гладен, и после дома не знаеш што попрво да јадеш :(
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.629
    Допаѓања:
    109.033
    Пол:
    Женски
    Дузи, ѓеврекот не е воопшто калоричен во споредба со другите пецива, има нешто помалку од 200 калории. Немој да мислиш дека баш од него си се поправила, види си што си јадела во тој период и ако е навистина така немој да практикуваш, ама појадок составен од чоколатца и барови не е појадок, барем појадувај дома некој домашен тост на пример со сиренце или нешто лесно, обавезно овошје и така да можеш да издржиш до 5,6... Ако го држиш организмот до касно само на чоколадца, Витанови и слично, ем ќе изгладнуваш ем нема да слабееш. Инаку најновите житарки на виталија, оние со В на нив, имаат најмалку калории и се одлични, јас ги користам често, дури и тие со чоколадо бидејќи се со темно чоколадо и ми се таман за ужинка.
     
    На Doozy, JuLleE и anabel-a им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.221
    Допаѓања:
    258.661
    Дузи и јас појадувам ѓеврек и некој ред чоколадо, не е битно дали е црно, ама по 20-30 грама дневно си внесувам, и не ме фаќа криза, ем издржувам до ручек, некогаш и до 17 часот.
    Пробав и јас со изгладнување, со витанови и слични работи, ама потоа неможев да се најадам.
    И полошо правев. Ти штом си толку активна до 9 навечер можеш и пообилен појадок накај 12 на пример.
    Па и тост нека е. Ќе го истрошеш до вечерта.
    На правен имаш бифе со готвени јадења. Околку 100 денари ќе те кошта оброкот.
    Имаш и ладен сендвич, одличен е за појадок, а ќе те држи.
    Не знам колку планираш и си во можност да трошеш за појадок, овие предлози ти се до 100-ка :) .
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.779
    Допаѓања:
    162.962
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Hе знаев каде да ја споделам сликава,затоа овде ја ставив :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Jaс од пред 5 дена се вратив на броење калории. Само 1200 треба да примам, а тоа некако малце ми се чини. Порано ова го практикував 3-4 недели, ама со 1350 кал. и беше супер успешно. Се надевам дека 3 недели ќе има резултати :)
     
  17. vesna23

    vesna23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    81
    Јас почнав да се придржувам на диетата на Ирена еве скоро две недели со прекршување ама пак има ефекти мешето полека се топи ама кај мене има многу вишок за да се познава ептен :lol: .Така да полека но сигурно одиме само уште да почнам да вежбам ама некако кога си дојдам од работата нема елан за ништо.
     
  18. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала дома да доручкуваш пр.јајца....А пред да излезеш да си подготвиш ужинка било да е тоа тост или некој сендвич и секако овошје. :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Оф, море на крај краева, ништо не ме спасува. Тоа е, се помирив дека кога-тогаш, ќе мора да ми се пријаде и дека дома ќе си дојдам ртка. Проблемот е што периодот надвор од дома е долг и е во незгодно време. Утре сум од 8, треба во 6 и пол да пржам јајца, да сркам ориз со јогурт и слично... Мислам, уста не ми се отвора тогаш, најискрено. :D

    Гледам да јадам почесто по помалку, некна јадев мало ѓеврече, па јогурт пиев, банана јадев, кафе пиев, и се изнаголтав вода. Ама јбг, седнав да ручам/вечерам, во 19 и 21, баш му се опулив на саатот, кафето го испив во 15 часот, сакал нејќел, кога не си асално јаден, ќе ти се пријаде.... Тоа е.

    Страв ми е дека ќе се поправам, страв ми е дека не само што ќе ги вратам кг туку и ќе ставам уште плус. Реков дека ќе пробувам да појадувам овес или овошје или уатевер, ќе ручам и нема да вечерам, за да има фора да си легнам со полупразен стомак. Џабе, ништо од ова не направив досега. Како да завршам со јадење порано, физички невозможно е. :D

    Последна надеж ми е вежбањето, кое никако да го почнам. :tmi: Да бев при повеќе пари, ќе си платев во Топ форма, има и тушеви и шкафчиња и се, ама не можам и за тоа да плаќам месечно. Па како човек ќе си одев, 3-4 пати неделно барем. Ама па и патот кога ќе го пресметаш дотаму... :| Не знам стварно. Не можам ни па секој ден во Скопје да вклучувам бојлер и да трчкарам околу зградиве, јас си плаќам сметки и парно и струја, на крај краева.... а и не е само тоа, првите пет дена од седмицата само црнила и кревети гледам пред мене. :sweat:

    Прееска пробував една блуза, ми се плачеше кога си го видов меот во фармерките. Можда само јас си умислувам, ама... страшно. :(
     
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    12.866
    Пол:
    Женски
    Дузи, а зошто не си приготвиш од дома нешто па да си понесеш на факултет? Пример, јас со диетава, си носам овошка, си ја каснувам околу 10-11 ако сум од 8 или 9. Ако се задржувам до покасно, а пример протеински ден ми е, од дома си носам претходно сварени јајца и јогуртче од 250гр. Ем држам се по пропис, ем сита сум. А да не зборам колку пари заштедив што немам купено за јадење откако почнавме :!:
    И ти па, зорт ли е од ноќ до ноќ да седиш на факултет? :D
     
    На pato му/ѝ се допаѓа ова.