Зорт е бре, ни даваат поени од присуства, кај мене сите се вежби... имам 0+6, 0+4, така ми се часовите, немам предавања. И годинава ептен не стегнаа, лани се мајтапевме во споредба со сега. Еве сега и јас тоа размислував, Зозе веќе го елиминирав во среда . Не ја бива веќе, аа... Ми испадна цимерката, ќе и речам ако сака да ги донесам на Цеца режимите, барем да не пржиме нешто глупости... Ќе куваме грашок, борании, гравови и леќи, барем да одиме по некој план. Овошни денови би држела само петочно, а и тие може да се пополнат со супа, јогурти и чаеви. Само да се врати ќе падне договорот, се викаме од наредна недела, вака така.... аааама па, џабе ли трчав летоска. Колку мака видов, па и плус, колку пари изнададов за третмани, за ораси и сушен ананас, аааааааа, не не, нема да се здебелам. Нема пак.
Дузи поефтина варијанта ти е да вежбаш дома, плус нема потреба да миеш коса, само туширање кое и така мора еднаш дневно. Јас се туширам секој ден, сеедно дали вежбам или не, плус брат ми секој ден се бања оти тренира, плус останатите, плус готвењето, машината и пак не е огромна сметката за струја. Не и се плаши до толку на сметката . Ете и Тинкербел ти даде предлог, а и ти пишав и јас дека на Правен во бифе имаш готвена храна, па можеш таму да јадеш. Сега кошта ама пак цел ден си на факултет, не можеш само со еден оброк и тоа ѓеврек.
Скоро 12-13 дена сум на диета, и досега ми беше ок, денес сум омалаксана некако ништо не ми се прави.... Што правите кога ви се случува ова???
Јас креветот го фаќам , се разбира доколку е ретко. Ако е почеста ваквата мрза, си се натерувам да го дигнам газот.
на режим од нутриционист - имам 5 оброци на ден, не се богати калорично секако ама сепак се 5, ама душава ми се тресе денес. И најдов витамин Ц од 1000 дома и се напив едно... незнам можеби ми фалеше тоа, витамини... а не дека не преспав денс 3 саати спиев )) ќе видиме
Дузи, мораш да си го најдеш начинот на исхрана кој за тебе е најсоодветен. Мене најдобро ми е кога порано во текот на денот јадам пообилно, а навечер нешто лесно или ништо. Затоа на пример многу повеќе ми одговара диетата на Ирена, отколку УН диетата. Иако и со УН сум имала одлични резултати, кога и да ја држам сум вечно гладна затоа што немам обилен појадок. Мислам, појадок ли е овошје?!? . А ако сум вечно гладна, нели ми пука филм, и ја прекинувам. И јас сум како тебе излезена по цели денови, и сум експериментирала со се и сешто. Во една таква експериментална фаза сфатив дека за мене најдобар појадок е симит погачата. Две недели секое утро околу 10-11 јадев симит погача, која ме држеше сита цел ден. Ако ептен ми се пријадеше додека сум на работа каснував по некоја овошка, кога се враќав дома јадев ручек - некое полесно манџиче без леб, понекогаш и само пиев јогурт. И ослабев 3 кг за 2 недели, со симит погачи. Од друга страна, кај мене повеќе помали оброци не палат. Така се разјадувам, не се сопирам после. Знам дека симитките не се баш најздрава храна, ама примерот го давам само за илустрација дека секој треба да си ги следи потребите на организмот. Исто така многу ми помагале шејкови - без разлика дали се протеински или овошни, многу се корисни. Ќе си приготвам од дома, си го носам во ташна, и штом почувствувам глад - ќе си цуцнам . Така убивам глад колку-толку, и си ја продолжувам диетата, која би ја прекинала ако ме стегне глад, а немам некоја соодветна храна во околина. Оваа недела шејковите многу ми збркаа работа. Јас од понеделникот почнав офанзивно, се надевам ќе ме држи колку што планирав, 3 недели. Сега за сега добро ми оди, а денес пробував некои фустани, и сега сум уште повеќе мотивирана
Дузите, јас вака тазе подучена од животот тука да ти дадам совет. Тука сите си носат храна за ручек во пластични кутии (не баш оние од сладолед, ама секаде има пластични кутии убави и шарени). И тоа најчесто тестенини со некој зеленчук, како салата со тестенини ќе му дојде. Да пробаш од вечер (затоа што според мене сабајлечки тешко) да си направиш нешто вакво, тури го во фрижидер и сабајле земи си го со тебе. Па кога ќе имаш пауза, валда ви се смилуваат со некој пола саат попладне изеди си го тоа. Тестенини за 10 минути се готови, можеш и интегрални да земеш ако те бендисуваат, со нив иде во принцип било кој зеленчук спремен било како. Жртвувај се без сирење и кашкавал јади ги и мислам ќе те биде.
Е, заборавив тоа да ве прашам.... гледав на интернет такви како пасатори/блендери, се си мислам да издвојам пари од рекреативните трошоци и наместо на глупости да инвестирам во нешто вакво. Имал ли некој користено, да препорача некое? Сакам поедноставно за одржување, да нема милион делчиња и да ги рибам со четкиче, или па да не се измие и да ми мувлоса нешто внатре . Да си правам смудиес е една многу корисна идеја, ќе нафукам внатре пола литро јогурт, вода, банани, јаболка и во едно шише од два литра, шмукај сестро, од јутра до сутра.
Ние имаме дома едно сакато што го даваа мислам во Веро со некоја минимална доплата ама вршеше одлична работа. Во принцип кај нив битно ти е да работат, така да не давај многу пари за тоа, дури мислам и во некои кинески продавници ги има и арни се. Добра инвестиција ти е тоа, ако јадеш кашички такви.
Дузи ако најдеш такво не ми текннува како се викаше информирај ме кај си го купила и за која цена планирам и јас да си купам.
Ако мислите на блендер, многу се добри. Јас ги користев пред се ради децата (кога беа помали), ама бркаат работа за многу работи. Пасира, растура, ако му се запнеш, ни најмало грутче не остава ни од најтврдо јаболко. А да не зборам за банани или такви меки овошја. Овие подобро пасираат од оние што се како сад, и овошјето се става во нив, и многу се попрактични. Башка и поевтини се.
Хм, сега ме замисли Ариел, мислев такво со кутиче да зимам.... Јас ги гледав овие два, не се и којзнае колку скапи: http://www.technomarket.com.mk/products ... cp-106-red http://www.technomarket.com.mk/products ... ulti-220-w Кој ви изгледа поарен, м?
Првиот апарат ти е само сецко и не можеш да блендираш. Вториот ем ти е поефтин и мислам дека повеќе ќе ти заврши работа. Јас имам на некоја си марка „SINBO“ нешто слично како вториот апарат- еден дел за сецкање еден дел за блендирање и многу е ефикасен го користам за правење на каши за малиот. Незнам колку пари е оти ми е поклон за свадба, ама е многу корисен и е едноставен за чистење. Така да мој совет ти е вториот- блендер и сецко.
Јас имам голем блендер, со сад, и во садот/чашата се перките. Поклон ми е, но му ја знам цената, околу 1800 ден беше, од Веро. И задоволна сум, еве 3 години како ме служи. Семињата за кашата во него ги мелев. И ореви сум мелела . Порано правев овошни јогурти, ама само со јагоди чинеше, па баталив. Ако си љубител на вакви оброци, ќе ти врши работа, ама пак е течна храна, пак не држе, до 20 часот ќе припаднеш. Но и зошто се оптеретуваш толку со оброци. Јади си еден здрав и нормален оброк, најади се како човек и ќе немаш криза. За вечера јади туна или јајца, нешто полесноо, нека е протеин или белковини. Јас да си кажам НЕ СУМ НА ДИЕТА! Конечно! Се хранам здраво, јадам се во умерени количини, претежно варено и печено, од пржено само јајца со кечап, варени не можам, леб по едно парче, сокови не пијам, само вода и кафе. И вежбам. Пијам и Л Карнитин. Наутро најчесто појадувам ѓеврек или еднаш неделно пециво со мармалад. За ручек јадам грав, грашок, риба со кромид, пилешко. За вечера туна, урда, ајвер со урда без леб, а се случува и да не вечерам. Речиси секој ден каснувам по нешто благо, како еден колач, еден ред чоколадо и сл., и најчесто поранкото, за да го истрошам до вечер, и тоа пред вежбање. И задоволна сум. Не губам кг, ама губам во обем, се стегнувам, почнав да гледам разлика. По некое време следува и слика .
Абе си се знам, затоа се засекирувам и гледам вакви алтернативи. Готово, решено е, консултиран е советот дома, утре ќе одам во потрага по вториот, кој има и пасатор и сецко и се... плус е поевтин! Ако не го најдам тука, ќе го барам во големиот Техномаркет кај Градски. Пасирана храна, хир ај кам. п.с. Дури и термос си најдов.
И јас слично како Јуле се враќам на нормална исхрана. 60ка рамно, е сега за тие две килограми до идеална тежина, да ми грицнат од газов. Ќе биде. 11 денови со чичко Аткинс, 2 и нешто во минус, задоволна сум, ама што е доста - доста е. Почнаа да ме маваат главоболки, посебно во делот кај слепоочникот, тахикардија и оп - се повлекувам. Не си одам против здравјето, не не. Денес појадував корнфлекс со млеко и едно зелено јаболко. Си пијам кафе со натрен, чајчиња. Ужинка - витанова, за ручек имав крекери со зденка. Вечерав шопска и мало парче месо. Количините на оброците ми беа смешно малечки, да ми ги дале тие порано, ќе сум им се изнасмеела во фаца. Ама денес баш се најадов фино. Јас имам чукнато работно време, и таму и нема некој голем избор што да се носи, денес се фатив во тесно, ама крекер и 1 зденка беше 10 пати подобар избор од - пиците, сендвичите од 7ца, шиш ќебапите и Специјал и Вегера околу нас. Инаку ќе си носам јадење, ич не ми е срам. Во Базаро имате преубави кутии, не многу големи, со 3 прегради за храна, во боја, околу 120 ден. Мераци. Сосема исфрлив благо и газирано, првото ептен некоја посебна пригода - роденден, свадба. Газирано па ич. Леб не јадам воопшто. И после чичко Аткинс, мој совет за оние со активен ден - да си јадат омлет за појадок. Поштено.
Јас сепак ја почнав Ун И тоа од вторникот, таман ми се погоди првиот ден месо, вториот гравче, вчера една кроасанка и малце макарони, денес терав овошен ден, и беше добар се досега, зашто сега дојадов една банана Цел ден бев растрчана и поминав со пола цитрон од сабајле до кај 4 попладне, тогаш изедов една банана и две калинки, е сега не знам дали е доцна за вечерава, ама со оглед на тоа што денес изодев доста километри нека ми стои Леб, купувам интегрален, и јадам едно парче за ручек, е некни со гравчето изедов две кришки. Денес имав уште еден пропуст, каснав една погачица лиснато, две залчиња беа, ама ми беше срам да вратам луѓето ме премолија, да пробам :geek: Патем, ајвар, во кој дел спаѓа? Тапа сум, знам дека ништо не разбирам Е, и си направив сок од цвекло, лимони и портокали, има сосем малце шеќер колку да не е кисел блуткав, и денес се напив. И тоа не знам дали е во ред, ама ќе се научам Аа, а, и календар си ставив над кревет, и пред легнување чкртам
Јас пробувам систем, со гледање во сонцето и длабоко дишење,нешто навидум фотосинтеза на растенијата. Ништо не јадам,само вода пијам! И некако нема резултати мамата...
Треба да почнеш да вежбаш ако сакаш резултати.... бидејќи вака само губиш килограми а не можеш да се затегнеш а и треба со некој понормална диета да не биде тоа гладување доколку сакаш да вежбаш