(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Морам да си кажам дека во обем сум ослабена, барем гледам по облекава, фармерките што ич не ги носев, ги купив потесни, сега ми стојат таман, друго јас кога слабеам, слабеам прво во лицево, па после на сите други делови, па така и во него сум ослабена, а штом почнав тука да слабеам, незибежно е и слабеењето и на другите делови, за што многу се радувам.
    Стомакот ми е каде-каде поизрамнет, лав хендлс од страните се најминимални што можат да бидат.
    Уште бутините да ги намалам(а не и се којзнае колку) да ги намалам за да можам да влезам во старите фармерки и не ми треба друго. :P
    Тоа е за во обем информација, а на систематски ќе ме мерат и во тежина, па ќе ви кажам точно колку сум ослабена во килограми за 26 дена од УН диета. :emo:
     
    На Bibko, drugarka, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Веднаш смени си го системот !!! Најди си режим на исхрана со јадење и правилни принципи на исхрана. Вака се изгладнуваш и наместо да топиш масти топиш мускули.
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Ми се смачи више да си барам изговори, и да као намалувам, демек не сум на диета,ама се хранам здраво,ама само си се лажев себе си.
    Очигледно не ми одговара тој систем на мене, со фино лепо,само со строго требало.
    Уште неможам со сигурност да кажам дали ќе ја издржам Ун диетета, се мислам,ама од сабајлево ригорозно ја фатив работата.
    Појадок јаболко и малку кафе без шеќер, секако не ставам многу млеко,сосема малку колку да ни ми иде прејако.
    Ручав накај 3, салата со малку сиренце и печени пиперки со едно парче леб
    Пред сааат време пиев јогурт и едно парче кашкавал.
    Го извадив јажето, вечер пред спиење планирам 3 серии по 12 чучењеви, а за утре планирам посторого и повеќе да вежбам, расчекор, стомачни, и дефинитивно морам да си најдам некое точачена старо да си го вртам дома.
    Ми се смачи веќе, сите приметија дека сум здебелена,ја мразам таа моја особина, да одложувам до неповрат и да глумам дека немам вишок а имам.
    Леб намалив на 1парче у ден, најтешко ќе ми биде со месо да намалам знам, зашто сум си месојадач,не за џабе сум нулта крвна група.
    Благо сосема ќе заборавам барем на 3 месеци, ама тоа не ми прставува проблем не сум толку по благо.
    Најголем проблем ќе си имам со џанк фуд, ама морам.
    Сокови исто, само цедевита.
    Од денес, секој ден ќе ме гледате на темава,и тоа мислам дека и малку каснам со потегов.
    Но подобро некогаш него никогаш.
    Ако нешто и накде грешам карајте ме, ако имате некоја сигестија или диета сугеријте ми, отворена сум за секакви совети и критки.
    ДЕН 1.
     
    На Dinnna, drugarka, karenin и 3 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.224
    Допаѓања:
    258.674
    Јас се откажав од диетите, не можам повеќе, се презаситив, а и немам волја за ниедна.
    Сега пробувам варијанти, да јадам помалку, поздраво, соодветно, да пазам на комбинациите.
    Ама има денови кога си јадам буквално се.
    Овде не го вклучувам џанк фудот бидејќи не сум љубител на истиот, туку благото. Во споредба со порано, го консумирам во помали количини и во посебни прилики.
    Пробав многу диети, читав доста за исхрана и знам се што треба и кога треба да се јаде, ама луѓе сме, па зарем да се ускратиме од све :^) . А јас сум ти и гурман, уживам во храната. Затоа кога ти се јаде, јади, ама после неколку дена на пост. Притоа внимавам на внесот на калории, внимавам дневно да не надминам 1200/1300 калории. Околу таа бројка се движам, не пресметувам до најситен детаљ, ама отприлика до овде ми границата. Значи бланс. И вежбање.
    Е сега оваа ти е слабеење на долги стази, ама и најубаво и најздраво е.
    Хипстер јас би те советувала никако да не го одбегнуваш месото. Месото не дебелее. Јаглехидратите дебелеат, протеините не. Мевце и салата е одличен избор за ручек.
    За појадок две јајца на око пржени може, имаш околу 180 калории, плус едно парче леб околу 70 калории, црниот ти е 65, и кечап кој е нискокалоричен, притоа не ставаш ни 50 грама и сита си до ручек. За вечера салата или урда. Или пак чаша јогурт.
    Се надевам дека ти помогнав малце :) .
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Mи помогна, ми помогна, секако неможам да се откажам од месо, едностано убаво ми е, и едносвено нешто што ме држи сита 4 часа, некогаш и повеќе.
    Леб јадам секако црн, белиот одамна го заменивме со црн а и повкусен ми е од белиот и каде каде поише најадува.
    Е сега се мислам само за едно нешто-орбитрејк или статичен точак?
    Теретана ми е некако невозможна мисија, зашто од 4 до 9 сум на факултет, а од утрата ги користам за учење, па се мислев да си купам едно овие две, има за 5000-6000 илјади на пазар3.
    Некој совет кое е подобро и покорисно?
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Јас никако неможам да се ставам на диета и да ја терам до крај. Уште првиот ден се откажувам бидејќи немам живци да се хранам рутински. Еден период јадев многу. Немав што да правам дома и само јадев. Откако почнав со вежбање јадам поретко и помалце. Вежбањето ми дава енергија и некако не чувствувам толку глад како порано. Плус измореноста од правењето вежби некако ми ја апсорбира желбата за јадење.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Мислам орбитрекот е подобар според мене (пошто ги вежбав во теретана подолг период) бидејќи целото тело ти е во движење.. а ваму само нозете... и плус како се здрвува газот на статичен точак |( .. и совет, земи си хеланки од танана при вежбање за да се потиш повеќе, ќе ти се намали и целулитот, мачкај било каква антицелулитна крема (ова од лично искуство).. и јас баш ги гледав на пазар3 справите, а имаше и нови за 7500-8000, се мислам уште.. :?:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    ^Орбитрекот е поскап малку така накај 8000 а точаци има и за 6000 и нешто.
    Има и огласи за користени орбитрека по 5000-6000 што не е многу.
    Ако најдам некој соодветен ќе земам во најскоро време.
    И нема да ги зборавам ни хеланаките ми ги збореше една девојка во тератана лани само заборавив какви се и што се.
    Фала ти.
     
    На nekoja85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216

    Еве ги, вака изгледа амбалажата, ги има во зегин, веро.. околу 300 и нешто денари, али одоздола обавезно памучни хеланки за впивање на потта :)
    и ова слабеењево е веќе вечна борба, таман си ослабнал, ќе се опуштиш малку, оп пак на старт :devil: и се така во круг.... ама тоа е, не се сите родени да бидат слаби :(
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Мене многу ми е тешко, ама терам. Многу споро ми иде.
    Пак ќе речам, не е диета, туку режим на исхрана е, знам дека нема да е магично. ;(
    Престанав да вежбам заради циклусот не бев во состојба и еве како два дена се канам да почнам, пет дена со невежбање ми се фатија, сеа ме мрзи па ме мрзи. :wasntme:
    И дијането не ги пијам, белким ќе има повидливи резултати.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    И јас ти предлагам Орбитрек Хипстерке, ќе ти се здрви дупчето (а богами и ваџејџејот :devil: ) на тоа седиштата. Плус од Орбитрекот ќе ги слабееш и горните ,,перничиња,, тие под прслукот што се формираат, и раците, и газот ќе го вежбаш... На точакот само седиш и верглаш. Барем тркалца да имаше и да стасаше, ако ништо друго, од една во друга соба. :D

    Мој предлог ти е да, кога веќе ќе зимаш, да си земеш Орбитрек. :D

    Стисни зуби и дај уште 2-3 илјадарки, поефикасен е милион пати од статичен точак.

    Утре ќе одам по тоа пасаторот, очекувајте импресии деновиве. :D

    п.с. Зошто Другарка не ги пие Диане, ако и се за хормонска регулација да не се зафркава, и да ги зема редовно. Ќе слабееш и со нив, поспоро оди, ќе се нервираш, ама ќе ослабеш. Не се мајтапи со хормоните и зимај ги ако ти се препишани. :geek:
     
    На drugarka и Hipster им се допаѓа ова.
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Не ми се ради хормони сеа, јас ги пијам за да не пишувам во темата симптоми на бременост. :D
    Почнав пред три (и нешто)години (со препорака на лекар нормално, па една подолга пауза, тогаш ми беа за хормони, и сега пред четри месеци пак почнав, но мислам дека ќе ги баталам. Пошто хормоните ми се регулирани веќе.
    Морам да признаам имам поубаво лице и кожа, ама и кога правам паузи, не ми се познаваат некои разлики, пријатно ми делуваа, можам и со нив и без нив.

    Инаку, одличен избор ти е пасаторот, јас така правев праски, јагоди, банани, летоска и кршев мраз (ама тоа ретко, ќе ме убиеше мајка ми и се тапел ножот :rofl: ), па изигравам готвач во емисија. И плус пасатор и блендер, уф, тоа ти е светска работа. :)

    И дур сум тука, Хипстер, дефинитивно орбитрек, меракот за вежбање ќе ти е поголем, најбитно повеќе ќе слабееш рамномерно, а нешто помалку битно дека го бива и за закачалка. :)
     
    На Doozy и Hipster им се допаѓа ова.
  13. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Здраво девојќи..И јас имам проблем со килограмите и сакам да ослабам.. но ке поцнам да везбам недела дена ке видам ефекти некој ке ми речи си ослабнала.. и јас на тоа несвесно си велам доста е вежбање и престанувам и пак доајгам на исто..Нели со зголемување на тежината се зголемуваат и градите...ЗА ЖАЛ ИМАМ ГОЛЕМИ ГРАДИ И ПОД ХИТНО САКАМ ДА СЕ НАМАЛАТ....Не ми одговараат со телото.. ;( Знам дека повејќето имаат мали гради и кога 4итам дека сакаат поголеми ми ида да се мавнам во некој зид од собава :!: :?: Сите што имаат мали гради се среќни по мое мислење..Еве зашто: ко ке трчам ми скокаат и притоа на најстегнати прслуци, неможам да вежбам ми сметаат, неможам да спијам на стомак а тоа ми е најубавото спијање мн ме болат ко ке имам ПМС и така натака..Сакам да ве прашам да не знајте како можам да ги намалам градиве ве молам...МИ ТРЕБА ПОМОШ!!!! ;( ;( ;(
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Амин нека е сестро, или морална поддршка за слабеење, или труднички муабети, наши луѓе сме си во сите теми. :D

    И термос сум си нашла, да ви кажам. :geek:

    Овоа што планирам да го зимам, Лукс ја интересираше какво е, е тоа од 699, има и пасатор, и маталки, и сецко. Го има само во Техномаркет во Градски парк, утре дотаму ќе се потерам.

    Планирам и овес да турам, водичка, јогуртче, некое овошјенце... термосот ми собира 700 мл, сосема добра количина да ја лигавам цел ден, со тук-там некоја житарица, и кафе, на коњ сум. ]:)
     
    На Bibko, JuLleE, Dinnna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    http://www.idividi.com.mk/stil/ishrana/ ... index.html

    Незнам дали оваа е дозволено да го постирам овде, ам неме дефинитивно ме мотивира за здрава исхрана и здрав почеток на денот.

    Имајте убав ден феминки :)
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Мене веќе 4-5 денови ми оди сосем ок, да не се урочам да кажам одлично, насабајле јадеме корнфлекс со млеко и зелено јаболко, после јас се занесувам дека целото работно време можам да го поминам со една гранола на Виталиа и уште едно зелено јаболко, и кафе или чајче (сфаќам дека тоа ми е ужина, не и оброк), па поминувам некако со ѓеврече или обично стапче, избегнувам пецива со додатоци, ко кашкавал, маргарин, виршла, чуда, ако веќе мора да е тесто - што поедноставно, тоа подобро. ;)

    И кога се прибирам околу 20.30, нешто полесно, еве вчера имаше малку бело пилешко од коковче, и само тоа, без ништо, или вечерам шопска, или чорба / супа, пуканки...
    Кај мене на работа има диеталци и си носат и манџичка од зелка во тегла, кој двопеци и портокали... а другиот табор па има проблем да се здебели, па се гнете од 7ца, шиш ќебапи, пици, мрсни работички... во принцип, нон стоп ни мириса на бифе... :D
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Минатиот пат кажав, нели -17 кила. Ама со УН, вратив едно кило, како што реков. И веќе се одкажав. Значи имав -16 кила.
    После почнав со Аткинсот. И не е толку лоша, според мене. Ниту ми се вртеше, ниту ништо. Ама ја држев 7 дена, затоа што мислам дека ќе цркнев за благо. Ми се смачи само јајца, и туна цедена. Ама за 7 дена, симнав 2 кила. Што значи -18 кила.
    Арно ама, метаболизмот ептееен ми се успори, полжав. И така си вратив едно кило. И биднаа -17 кила.
    Ама, од вчера сум на мојата петта диета. Диетата на Ирена.
    Оваа мислам најпогодена, од сите ми е. Ми се убрза метаболизмот, и пак сум на -18 кила.
    Дека сум прва смена, за доручек си јадам еден чоко-бисквит, и крем банана/витанова/метро.
    За ручек, тоа што има дома. Вчера имаше грашак, а денес мусака. (ваљда е дозволено мусака)
    А за вечера, чаша-две баланс јогурт и јајце. Евентуално салата со сирење и краставица.
    Битно доручекот ми е 5*. Можам и до 5 часа да издржам без ручек. А кога доручекот ми беше овошје, едвај издржував 1 час, а не пак 5.
    Значи, се` на се` -18.

    А и да. Неколку души што се мереле на моја вага, викаат дека покажува +3,4 кила.
    Да е така, јас сум на коњ. :D
     
    На Chica.Loca, drugarka, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Можеш со редовно вежбање да ги намалиш градите, ама ништо не праиш само со една недела вежбање. Не брзај со слабеењето(ради стрии највише), ама ако редовно вежбаш сегде се намалува во обем, вклучувајќи ги и градите.
     
    На AnGeL4e009 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Иииииии ништо од мојот пасатор, сецко, мини блендерче, миксерче, уатевер. |(

    Прво и прво, значи веб-страните им немаат врска на Техномаркет. Нит истите цени, нит истите производи, како од небо да им паднав кога им кажав што барам. Немало такво, а слично на него со повисока цена. Да ми каснат они од нематеното шејкче, повеќе од илјадарка не давам за гмечење банани. Ко второ, да си ги средат вработените, да не им бидат како муви врз гомно, и да не ги третираат муштериите како потенцијални апаши.

    Бев спремна да купам едно пасаторче од илјадарка, ама толку ме изритира односот на дадата, што за инат не и го купив. Па и уште кога ми рече ти не знаеш што бараш, ми идеше да ја.... да ја запалам. :D А ти мор сестро знаеш што е смуди? Ееепа, не... Епа ќути тогаш! :devil:

    Решено е дека ќе си го земам гломазниот блендер од дома, налет и миење и ножиња, и бутури....

    Заштедив илјадарка, ако ништо друго. :geek:
     
    На Lux, Elennaa, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Ден 2
    Денес ми е и потешко него вчера.
    Денот ми траеше долго, а и не е завршен уште.
    Јаболко, за појадок, за ручек 2 варени јајца и марула со сирење , една мала краставица, и френч тост едно лепче со путер.
    И за вечера, пред некој пола саат супа со кнедли.
    Денес ми беше ужасно напорен ден, не ми е до ништо, па тешко дека ќе мрдам мускулче да вежбам.
    И да ужасно ми се јаде, а не дека нешто малку јадев.
    Морам малку даго збогатам ручекот, барем малку а да вежбам повеќе, зашто одвај издржувам на факултет со салата јајца.
    Ќе се напијам еден чај пред спиење да ме залаже малку,ем полесно да заспијам.
    Ај со лесно нека ни е,и без откажувања.
     
    На Bibko и drugarka им се допаѓа ова.