Хипстер, мој совет ти е да си го зголемиш доручекот, а јаболкото да го оставиш за ужина. (освен ако не си на посебена диета некоја) Многу е битно за слабеење, да се најадеш доволно за доручек и јаглехидратите што ќе ги внесуваш да се од сабајле, затоа што тие ќе ги потрошиш.
А јас од денес, од утре никако да почнам диета, или еден ден ќе јадам помалце и толку од диетата, незнам зошто апетитот ми е зголемен, ама мора некако во најбрзо време да ослабам. За околу 1.5 година качив 5-6 кила и мора да ги симнам
Луѓе јас симнав кила што симнав со Ун, стигнав до 59 бројка, ама ете и јас се опуштив малку после завршувањето на диетата и си качив едно 4 кила и не сакам повеќе да качувам па решив да си почнам, од вчера поточно здрав начин на исхрана. Ама ете, немам многу идеа што да јадам. За ручек ај си јадам леќа, варени или печени компири, печено месо понекогаш, итн, ( дури немам ни за ручек многу избор со мојот истенчен укус за храна ). Леб никако не јадам. Ама за појадок никако немам идеа што да јадам. Поради тоа што не можам само со доручек овошје да издржам кога сум на факултет. Не знам стварно што. Нешто се мислев за житарици или мусли ама со млеко или јогурт? А и нескафиња, капучино таква работа многу ли смета при пазење на исхрана?
Знам другарка, ама намерно јадам само јаболко за појадок, дека од сабалје сум дома, се тегнам,лежам еветулано малку да повежбам, и за 3ипол саати ручам, па искакачам од 3ипол сум на факултет сум до 8сигурно, ако не и до 9 некогаш. Мене денот ми е наопачки малку, и затоа сабајле не ми треба некој којзнае колкава енергија, а и за 3 часа јадам ручек(кој гледам сеега малку да ми биде посодржаен) Барем додека сум на предавања ќе терам вака, кога ќе почнат испити, ќе морам да јадам добро за појадок за да ми држи зашто у меѓувреме ќе учам. Инаку знам дека е недоволно само јаболко појадок, у секоја друга ситуација и јас сум си јаделапоубаво. Ама сега некако и не мисе јаде, а и не трошам некоја посебна енергија до ручек. И денес малку сменив мени-2 портокала за појадок, за ручек имам стек со печурки, за жал пржен, и салата марула само, и за вечера салата или јогрурче со сирење зависи дали ќе ми се јаде. Денес не планирам да јадам леб, зашто пилешко ми поубаво без леб. Инаку не ова никоја диета, не верувам у директирано јадење, барем мене тоа не ми одоговра, се нериврам кога морам да пратам некоја си сулуда листа, и често знам да ескивирам од стрв пошто тој ден ми се јадело друго, и џабе само бајрам си праам со мозокт. Вака јадам што ми се јаде мене, у најздава варијанта, и малку во помали количини. Ден 3 П.с Блекче јас пример имам низок притисок и обавезно пијам утринско кафе(нес) само го пијам без шеќер и со малку млеко, и повеќе вода. Капучино акопиеш пиј без шлаг и општо пиј по едно кафе, ама без шлагови триста чуда. Језда мене тоа не ми е кафе, тоа ми е торта, али ипак некои гледам пијат така кафе. Едно у ден мислам дека не е ич страшно, пошто не си ни ти на диета па сам си креираш што сакаш и кога сакаш. Браво на постигнатиот успех, продолжи така!
Тикви, костени, пченки, барени карфиол и брокула, мед, семки и никулци, житарки и повеќе бистри супи ги препорачувам оти многу ме заситуваат.Сега нормално да не се претерува. И секако овошје и зелени салати,бело месо, мисиркино, риба .....тоа стандард.
Сега за сега добро ми оди. Само неколку пати сум била блиску, и сум се откажувала, па се надевам дека нема да е така и овој пат. За поздравување е што цифрава не сум ја имала две години, ама кога сфатив дека две години се борам со „привремениот“ вишок, се осеќам како лузер За десет дена - 3.7 кила (среќа што вагата само една децимала ми покажува, инаку до шеста ќе ги рачунав ). Продолжувам вака уште десет дена, се надевам дека до тогаш ќе заокружам на - 5, и доста ќе биде за оваа година.
Забележав дека 2-2,5 недели пред да добијам стагнирам со килажа, макар се убила од вежбање. Утре, задутре треба да добијам и за 2 дена симнав 1,5кг, а знам дека до утре ќе бидат 2. 74ти ден го почнувам од диетава, со симнати точно 12 кг. Уште 2 да симнам до крај на коњ сум (иако мислам дека нема). Пo УН, уште еден месец ќе продолжам со турбо УН, па преминувам на одржување. За вишокот килограми што ќе остане ќе размислувам барем по вториот месец одржување.
Zdravo i pozdrav do site,jas sum nova na forumov pa bi sakala da vi se pridruzam . Imam 25 godini i edno 10-15kg visok,otkako se porodiv pred 4 g nikako da oslabam,pa procitav malku za apcinja od supa od zelka ama ne znam dali se vrakaat kg.Ako znae nekoj ve molam za pomos Falaaaa
Иста сум и јас. Само што ќе помислам на диета, повеќе ми се јаде. Имам некои 4-5 кг плус кои ми сметаат. Белки ќе ги симнеме некогаш.
Doozy ваков пасатор, блендер имаше во Карфур, баш вчера гледав. Па ако ти е во близина можеш да провериш. Не беше повеќе од 1000, можно е и поевтин да беше.
Вчера се зареков, ми се јадеше многу синока, ама не подлегнав. Само во јогуртот си ставив краставица плус, не ме најаде ама ме освежи. Денес ми е напорен ден, станав рано многу и имав научни обвски, и тогаш никогаш не ми се јаде нит имам време да мислам на јадење. Банана јадев околку 9, кафе у 11. Не дека ми се јаде нешто посебно сега,ама ке изедам барем пола чинија гравче тавче и марула. За вечер се мислам што да јадам, на мислам ми е кисело млеко со краставици и 10 бадеми, или може мимоза салата. Али осеќам дека вечерва у 12 прекусила ќе бидам уморна и ќе заспијам на комјутер, така енма да мислам на јадење А инаку имам голем минус, скоро и ич не вежбам, само утринските чучњеви сабајле кога се расонив. А како се зголемуваат обврските и како што ќе имам тон за предавање и есеи/анализи за пишување, изггледа само оргитрејкот ќе ми биде спас. Срам да ми е за вежбањето. Ден 4. П.С што јадете за вечера, обично, да сменам малку секој ден или салата јадам или јогурт,супа... Нешто друго, мометално не ми паѓа на ум.
Јас за вечера ако сум многу гладна, си варам копанче, правам супа (малку колку за мене) а копанчето го сецкам, и го мешам со зелка салата, краставица, маслинки (малку), му ставам маслиново и малку балзамико и се најадувам. Ќе ми се здосади кај и е да е, ама сега за сега супер си терам. Понекогаш и не вечерам ако сум јадела за ручек убаво, или пак едно јајце (некогаш и без жолчки да не претерам). Инаку мојот проблем е што секој ден два пати се мерам и многу демотивирачки ми доаѓа. Покрај тие три, симнав уште едно, на мене се познава, во стомакот малку слизнат ми е. Тоа дека јас си гледам. Прв пат волку сериозно да ја сфатам работава, па се радувам. Уште две недели вака со малку вежбање, па почнувам сериозно да се фатам и со некоја домашна програма, чисто колку да стекнам кондиција сега подвежбувам. Си дадов цел Мај, -14 кила, шланг да се направам. Уште 10.
Тешко, тешко менито за јадење. Се нема никаква идеа. Мене не ми е проблем апетит, нешто и го немам овој период ама пак не знам стварно. Ќе треба да го посетам супермаркетот и да се задржам повеќе на делот кај диеталната исхрана па можеби и ќе си најдам нешто за јадење насабајле. А за навечер Хипстерке и јас немам друга идеа освен тоа. Оно се вели дека навечер не треба многу да се јаде ама пак, како да вечерам само јогурт или салата. Мене ако е затоа насабајле не ми се воопшто јаде а навечер повеќе. Не знам дали би било проблем ако вечерам на пример малку варени или печени компири, или пак леќа нешто...секако без леб? А овај корнфлексот добар е за навечер или само за наутро? И благарите како се справувате со нејадење на благо. Јас сега немам некоја желба ама кога ќе ми побара благо организмот се мислам . Овие на Велнес што се стварно се диетални или нема врска? Исто и чоколадото за готвење мислам дека не е многу калорично ама којзнае...
^Ако ти се јаде многу благичко касни си црно чоколадо, нема многу калории, мене ми е многу вкусно црното од Најлепше жеље. Избегнувам, но се случило два пати Компирите се јаглехидрати, посебно скроб, не се погодни за навечер. Корнфлексот/муслите највеќе се составени од јаглехидрати и затоа се препорачуваат наутро да се јадат.
Jас појадувам корнфлекс со млеко, од најобичниот и по 1 овошка. Си имам 2 ужинки во текот на денот - овошје и витанова, или супа, или гранола на Виталиа, или црно чоколадо (иако поретко, што ми се најде). Ручекот ми е оскуден, зашто и немам многу услови, најчесто е обично пециво, геврек или стапче, без никакви додатоци. Пијам кафе и чај без шеќер, и многу вода. Вечерам мала шопска, или пуканки без сол, или пак супа, или многу малку бело месо, туна, риба конзерва... И ми е супер. Кога апнувам пица и се разгалувам, јадам минијатурно парченце, завчера 8 годишно дете изеде повеќе од мене... ама гајле ми е. Се исплати.
Јас од денес почнав со нов циклус.....вежбање на орбитрек. Резултатите ќе ги мерам секој 1ви и 15ти. Така да за 2 недели ќе ви пишам како напредувам.
Ве читам и од утре и јас се приклучувам. Решив нема да држам ниту Ун, ниту ништо друго, него ќе си се исхранувам повторно здраво. Насабајле какао, овошка некоја и аронија. За ручек нешто така лесно, за вечера јогурче. И така ќе терам. Периодов како што знаете бев преопседната со ајвар, пуста стрвност ќе ме умре.
Ајде и јас се приклучувам, качив килца така малку ПОЈЧЕ од лани, и сега морам пак да си се вратам. Почнав повторно на зумба, овојпат не планирам да престанам до на пролет, сериозно. Околу храната, не држам диети и такви работи, него саааамо помалку јадење. А се' ќе си јадам. Си го знам тој мој начин, така еднаш ослабев многу килoграми, а си јадев и хамбургер и чоколада.Можеби два пати месечно само, ама не се откажав од ништо. ; Не е поентата да се откажеш од нешто, само треба умерено.
Секој којшто се подвргнал на диета му посакувам срека и сакам да ви кажам едно-нема нешто што не можете да го сторите па и да ослабете,вие сте единствени горди дами,кои зрачат со самодоверба и шарм-затоа да им покажеме на сите дека ние се можеме!!! СО СРЕКА
Девојки и јас ви се придружувам иако сум веќе 11ти ден од диета. Чудно ми е што во пмс со значително поголем апетит за ждерење, не ми е сега пречка. Во текот на денот имам гужвање на црева, ама повеќе подносливо е за разлика од порано. Ден 11 Доручек: Варени компири и кафе. Ручек: 200гр стек на скара со еден патлиџан (у кафаната до мене ми го припремаат за 40 денари ) Вечера: Две јајца, 100 гр сирење и јогурт.