Јас напредувам, можам да кажам дека стомачето(сега веќе) ми се стопи , уште сосема малку имам за слабеење во тој предел, а тоа напоредно со диетата и со вежби ќе го достопам и ми остануваат уште бутините кои најспоро ми слабеат, ама ќе ги биде и нив, фармерките по кои се водам за малку не ми се таман, ама ќе ги носам и нив за некое време, зошто не се одкажувам и не сопирам тука. Најпрво лицето ми слабее, и во него сум бааѓи ослабена, да не речам скоро како костур во него сум, па после другите делови, значи лице-па стомак-па раце-на крај бутини. Само трпение, од сите диети научив дека УПОРНОСТА И ТРПЕНИЕТО се најважни. Го можеме ние ова, секој со сопствен план и со свои тактики и примена на проверени совети ќе се доведеме до совршенство! :up: А, ова го мислам зошто имаме многу примери и подебели од нас дека се довеле до совршенство, па зошто да не и ние, плус имаме многу примери во темава со успешни стории, па кога можат сите, кога можев еднаш и јас, можам и пак, можете и вие! Не се одкажувајте, чекориме заедно до целта успешно.
Јас никогаш досега немам држено диета (имам 36год) и со јадењето не бев нешто преоптеретена.Арно ама пред 2-3 недели го преуредував шкафот со алишта да си ги спремам зимските и ај да пробам некои комбинации што-како кога ОП панталоните ми пукаат, едвај ги закопчувам а некои неможам ни да ги закопчам, лошо ми стојат леле мори мајко! Му викам на златото мое абре зошто не ми кажеш дека сум се здебелила а тој ми вика ако де јас уште те сакам Ја барам вагата едвај ја најдов и кога 61кг а бев некаде 54-55кг.Не ми е јасно како ич да не приметам?! Дали летниов период дека се некои фустанчинја и долги широки сукњи носев башка нови сезонава ги купив ич не обрнав внимание иако сека веќе приметувам и бутчиња и меше и образи секаде сум се заокруглила И добро решив ај ќќе држам диета ама појма немам која и како и седнав пред компјутеров и барам диети (и така го најдов форумов) и се одлучив за медицинската као ај демек здрава била.Ја држев 2 недели мака ми беше на желудникот од портокал и кисело млеко или патлиџан абе желудников ме искина ама бев упорна.Намерно не се мерев секој ден ами на крај после втората недела.Не ми се веруваше вагата не мрдна!!61кг!!отидов кај другарка да се проверам на нејзината вага исто!!Џабе гладував џабе се мачев со кутриов мој желудник. Сфатив дека само со изгладнување нема ефект, бар не кај мене Сега решив ем да водам сметка за храната и ем да вежбам па ај да видам за две недели пак што ке се изненадам Иначе за доручек во 10 часот јадам јаболко и кафето сабајле нормално За ручек во 14 часот или манџиче или мевце во експрес лонец направено и кофа салата За вечера 19часот или јаболко или краставица. Со вакво јадење не чувствувам глад воопшто. Сабајле и навечер вежбам дома.Фала и на Трендафилка за вежбиве: http://www.youtube.com/watch?v=PWEdJRRndkQ http://www.youtube.com/watch?v=0BjWLaGq ... r_embedded Кратко траат ама ептен ми се тешки, жива вода сум до гаќи и се живо ме боли И почнав редовно овде да читам
сакам до нова год да ослабам 15-20 кила ,со која диета мислите мозам ??со медицинска мислите да пробам ,или пак да ручам секој ден по едно парче месо и овошје др ништо?
Пробај ја УН, јас познавам девојче кое ослабе за пола диета, значи 45 дена, 12 кила, ти имаш речиси 60 дена, така да не губи време, ете ти ја и Анабел-а, она за 3 месеци изгуби многу, она ти е бар на форумов достапна да ја видиш.
ДЕН 5 И денеска имав обврски, и сабајле излегов на брзина само кафе пиев, и ни банана немав време да изедам. Ама затоа си ручав вкусно-шпагети со сос од домати и босилек, правен дома, со свежи домати и малку маслиново и лукче, нема повкуцен и поздрав сос од овој. За вечера нема да имам време да јадам салата, т.е нема да бидам дома, може да земам или витанова, или виталиа чоколатце или интегрални колачиња 2-3. Пиев и цедевитка и сок од јаболко-природен во соковник правен дома. Викендов осеќам дека ќе кснам малку мевце зашто умрев од треви и сокови. Не дека несакам ич зеленчук и овошје, сакам многу, ама без малку мевце се сум гладна и недојадена. ИНаку желудников почна да ми се навикнува на помалку храна, и не ми се јаде до толку многу денес, како претходните денови. Се надевам дека со текок на времето ќе се навикне сосема на помали оброци. У преговори сум за орбитрејк, а и викендов ќе пробам малку да пешачам по вардар, од Влае и назад до центар, само ако биде топло.
А вака да ве прашам ручекот до колку ви е најкасно? Оти ова навечер претежно се е тешко за јадење ама мене ручекот ми доваѓа касно, накај 7 часот навечер најкасно ќе се погоди некогаш. И сега малку ме збунува ова, демек компир салата овој период океј ли е да јадам? Инаку денес јадев Бејк Ролс, знам дека не е воопшто диетално како што го прават ама пак насабајле штознам, сепак ми е подобар избор од останати грицки како чипсови и глупости, ако се рачунат и они како грицки. Ама се нема што да се јаде на факс стварно.
Ручекот намерно ми е околу 17-18ч. за навечер да можам само со нешто ситно да поминам овошје или грицки.И тоа не после 21ч.(практикувам)
Блекче јас јадам порано. Прво заради факултет зашто од 4 до 9 навечер сум на предавања, па јадам у 2ипол. Инаку петок сабота, недела дека не сум на факултет најрано 3 најкасно 5. Вечера нај касно ама најкасно 9. После 9 не јадам ништо. Само вода или малку јогуртче. П.с јади со компир салата у 5-6 најкасно, не е лошо, не и ни тешко. Посебно ако денот ти почнува рано, не се измачувај да гладуваш со 5-6 јади и порано ручек ако можеш.
Најчесто во 8, најдоцна 9 сум будна. Појадувам околу 10-11 часот, во зависност од расположение, а ручам стандард 2-3, најдоцна 4, ако заглавам нешто. Некогаш не вечерам затоа што навистина не ми се јаде воопшто, а ако вечерам тоа е најчесто во 7, а најдоцна 8. Мислам дека нема потреба организмот да се изложува на толкав стрес и растојание меѓу оброците. Затоа што појадокот ми е стандард овошје гледам да поминат минимум 3 часа до ручек. А помеѓу ручекот и вечерата 5 часа.
Дечки ај нид јоур хелп Висока сум 156 а имам 48 кила претходно бев на диета со целиот овој мој памет бев 55 и ослабев негде бев 46 кила е сега работава е што сакам да ги вратам тие 46 кила преку диета ама незнам како зошто страв ми е од болести зошто овој ќе ми биде 2 пат ако одам на диета а и незнам дали ми е добра крвта(мислам дали сум слабокрвна). И кажувам на мајка ми и она ми вика па ти не си дебела а и сега не можеш да бидеш на диета зошто учиш но јас не сум задоволна. Совет грлс.
Немора да си на некоја класична односно стрикна диета туку исфрли од употреба леб, тестенини, благо, газирано. Сега има цитрусно овошје во изобилие па повеќе јади овошје и пред ручек еден полн тањир салата па потоа ручек. И златно правило после 19-20 час не јади ништо. +2 кг и не е страшно да толку многу се оптеретуваш да ги симнеш. И со повеќе физичка активност ќе имаш резултат. Сепак здравјето пред се, направи си крвна слика за себе за да видиш колкаво ти е железото. Учиш и ти се потребни калории, како што вели мајка ти и не ти треба некој престрог режим на исхрана
Да,јас се согласувам со Славица.Не треба да држиш некоја посебна диета.Тоа и воопшто не е лесно,а и недај Боже можеш да си наштетиш.Џабе ќе се измачуваш и на крај пак ќе ги вратиш килограмите. Само внимавај на исхраната,смени го начинот на живот,пешачи..и на многу полесен начин ќе ги симнеш вишокот килограми. Јас општо сум ПРОТИВ секаква диета.
Лове јор липс, за 2 кила не се држи ригорозна диета. Само вежбање континуирано, и исфрлање на џакн фуд и ќе си дојдеш на посакуваната килажа. Инаку вчера малку кикснав, јадев пуканки за вечера, знам дека не се толку калорични и плус специјално другарка ми за мене у тенџере ги пукаше, а они се изнабутаа чипсвои, мезиња, вина, пива. Јас водичка и пуканки Издржав јуначки. Прво се мислив да не идам, пошто секогаш кога се собираме за game night се праиме стоки од јадење и пиење ама си реков не можеш 2-3 месеци да бегам од луѓе само зашто јадат поише од мене пред мене,а јас несмеам да јадам. И издржав не земав ни една коцка кашкавал,дури ни вино не пиев, колку што сум јадена и спиена деновиве, од една чаша камен. Денес си послав малку, пред 2ипол часа станав. Банана една јадев и кафенце. За ручек за едно час ипол копачиња и компири во релна со салата марула. За вечера ќе гледам само јогурчте и едно парче сиренце само ако ми се јаде многу, инаку само јогуртче. И да ве прашам какво јогурт пиете,мислам со колку масленост? 3.2% ми е многу мрсен, се мислам 1.9% да го земам следен пат. Јас само цацко пијам, од здравје радово, најубав ми е тој. Посебно оној густиот што во плаво шише,како павлака ми е. Ама многу е мрсен тој, мора да го сменам,језда ја не верувам у обезмастени млечни производи, се кладам дека само вода им шибаат на повисоките маслености, и воала млеко со масленост 0,5, јеа рајт Башка и грди ми се,посебно она млеконо што е под 1% маслеснот, тоа е водичка. Ден 6
Хипстер јас секогаш пијам јогурт со 3.2 масленост. Исто и млеко. Исто и јас не верувам дека се обезмастени, а и не е толку грев ако е од 3.2. Јас секојдневно добивам пофалби дека изгледам ослабнато, од луѓе кои никогаш не ми даваат комплименти, ама ете деновиве постојано ми велат дека сум ослабнана. Вагата вели 64. Сум била и послаба па никој не приметувал. Дефинитивно до вежбањето е. Полека мускулите на нозете ми се зацвстуваат, салото се топи. Слабеам во обем. Ама ако, подобро на изглед да сум слаба отколку на вага .
Jас најдов еден многу фин режим, и тоа долг е 11 недели, ама не планирам сега да го почнам, крајот на ноември,почеток на декемри, после колоквиуми и испити, не се учи со гладен стомак Фин е, и не е со ептен гладување, и мислам дека не би имало јојо ефект, Како на пример со моите фамозни јајца, ослаби за 2 месеца, врати ги за 2 недели 62 многу ме сака изгледа, ама јас не ја сакам Така да почеток на декември ќе ве дружам, сега не можам
^ Абе фин ѓоа од Финска е режимов, црко гладан е работава. Не ја бива луѓеееееееее, прееска си ги гледав рачиштата попајски , мора да се слабее. Ахх пуст факултет, готово, крај, не јадам ништо веќе. Не бе, се зезам, кај олкав човек без јадење.... Тоа блендерот и цицај сестро цел ден смуди.
Девојки планирам да почнам да одам во теретана. Планирам да трчам околу 30 минути на лента и 30 минути точак за почеток и да одам 5-6 пати во неделата. Дали би имало некој резултат, секако ќе го намалам и јадењето? И сакав да прашам тие што се билдаат остануваат ниски. Само ако трчам на лента и возам точак има можност да останам ниска? Бидејќи сум 162 и имам 14 години сакам уште да растам. )
Да! но тоа да не биде во драстични количини па да немаш сила за вежбање и да имаш лоши последици на здравјето.
Ден 13 Денес ми е протеински ден. Јајца, сирење, јогурт, виршли (без пилешко), утре тоа на работа. Вчера јадев ориз и компири со салата. Мајка ми направи цела тава на полнети пиперки со малку мелено месо. Изедов неколку и вечерта јадев два варени компири (околу 18h).
ХАААААА! Дузи ви презентира Смуди ала социјала, т.е. со видов на овошје какви што имаше дома. Банана, круша, јаболко, вода (немаше млеко ) и лажичка мед. Ми се изнасмеаја дома , им се изнасмеав и јас, ќе видат они кога ќе ослабам и ќе бидам најзгодна во фамилија ... Испадна една квази-кашичка, требаше повеќе водичка, вкус супер. Ќе пробам со овес внатре, со млеко, со јогурт, со секакви овоштија, ќе пробам и со зеленчук. Ммммм! Убаво да ви кажам, ми испадна околу 750мл, таман за мојот термос. Како не го открив ова порано, т.е. како не ми текна, цело лето ќе вегетирав на овакви работи, пу бе пу.