(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Leona.L

    Leona.L Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Не сум јас за апчиња и такви работи за слабеење,мислам дека се е до волјата и желбата која ја поседуваме ..Порано многу лесно ми одеше слабеењето сега некако секој ден сум на диета ама од УТРЕ. :P :P .и секој ден се е од утре.. :tmi: Најдобро ќе биде :x фластер на уста..зошто јадам и баш кога не ми се јаде онака од досада чисто.. :D САМО ЈАКА ВОЉА ништо друго не помага :^)
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Их, експерт станав значи за овие мучканициве... :rofl: Од денес го воведувам терминот ,,мучканица,, наместо смуди.

    Една банана, јаболко, млеко едно филџанче, овес две-три лажици, сончоглед мала лажичка, лажица мед и вода. Го мучкав добри 4-5 минути, испадна како сокче. Утре го тестирам дали и колку време ќе ме издржи да седам без глад, заедно со две житарици на Витанова. Ќе излезам од дома кај 15 за 11, ќе се вратам после 16 и 30. Виш ми лак! :D

    Ми се свиѓа што сите работи внатре се здрави, практично е да го испиеш наместо да влечеш со тебе триста чуда, и се надевам на добри резултати... Блендеров е закон. :D
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.398
    Допаѓања:
    142.978
    Ми се јадеше супа, а немав, па ми такна брилијантна идеја - да ја испијам водата во која се вареше брокулата, зачинета со лук во прав, бибер, и други зачини кои ми се најдоа при рака!
    Ем супа, ем без калории!

    Што се човек е спремен да направи за да ослабе, ц,ц,ц...

    Дузи, би требало да издржиш толку време со мучканици, бучкуруши или кашички, како сакаш кажи ги. Дава енергија овошјето, исто и житарките.

    Јас веќе се навикнав, цел ден терам на едно шејкче, а кога ќе се вратам јадам што било (или ја пијам водата во која се вареле брокулите :D). Само набрзо морам да престанам, пред да си го зезнам метаболизмот. Е за после немам стратегија, а не би било лошо да смислам.
     
    На Calypso и Doozy им се допаѓа ова.
  4. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Ден 15

    Успешно заокружување на двонеделен режим. :) Вчера истото ме снајде како и завчера, поминав со две виршли и две јајца и сфатив дека апетитот ми е намален поради добиеново. Денес ќе се потрудам и стекот да го изедам, редно е. :D
     
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам право, јас некое време се откажав од диети.
    А па више па, од 15 јуни. Малце ли е? Башка треба енергија за учење, разбираш.
    :wasntme:

    Ќе јадам само во ограничени количини.
    Малце така на физичко ќе повежбам, малце ќе трчнам по некој автобус...
    :wasntme:

    За некое време, повторно ќе почнам, а до тогаш...
    [​IMG]
     
    На LilBaby, Doozy, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Ден 9
    Појадок банана и кафе
    Ручек посна сарма, 2 сарми и едно прче леб
    Вечера веројатно салатка, или шопска или ќе ја пробам на Анат салатата Panzanella само без сланина.
    Ако заглавиме и денес на факултет до 8ипол дефинитвно ќе јадам само малку шопска, а другава салата ќе ја дегустирам утре.
    Деновиве ужасно сум подуена, како да се отепувам од јадење, ама у пмс е нормална појава ова.
    Ќе мора да зајакнам со стомачни откако ќе ми заврши,сакам стомакот под итно да го стегнам и намалам.
    Не сум искрено ич гладна, ама нечини да не јадам ништо, ќе ми заслаби крвта.
    Недела дена нема помислено на баклава или на чипс, напредок :D
     
    На Heleny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    И јас конечно си дадов задача до лето да си ослабам, да си го оформам телото како што сакам.
    Потешко ми е летно време да слабеам, бидејќи постојано сум надвор, Сонцето ми удира во глава и многу ми се лоши. Си имам вишок кг. кои ги закачив на мене пред 2/3 години и од тогаш слабеам и никако да успеам. Си го измачував организмот со нејадење и среќа тоа не траеше долго.

    Имам вишок мевце кај колковите и имам спојлери од кои не можам да облечам пантолони со низок струк. :devil:

    Сега решив да си јадам се`, но во умерени количини и тоа да биде колку што може здрава исхрана, т.е. да внесувам повеќе овошје и зеленчук, наместо благо и мрснотии. Колку ќе успеам во тоа ќе видиме.

    Денот морам да го започнам со едно залче благце, бидејќи ако не јадам ништо многу ми е лошо.
    Потоа јадам ѓеврек или оние колачињата диеталните кои доста ме заситуваат.
    Меѓу доручекот и ручекот имам ужина од некое овошје, чаша јогурт, или пак оние овесните со јогурт.
    За ручек јадам што има зготвено мајка ми, без леб.
    Вечера повторно имам некое овошје, витанова или од тие на виталија.

    Подоцна може и ќе почнам со некоја физичка активност, како вртење на јаже и разни вежби.

    За жал дома ми фали една вага, која се надевам дека во поскоро време ќе ја набавам.
    Добро е што се решив да почнам, бидејќи постојано се критикував во огледало и не бев задоволна од тоа што го гледам, а никако не ни помислував дека тоа е до мене и во секој момент може да го сменам.
     
  8. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Се трудам да се хранам здраво и сето тоа да го вклопам некако со распоредот на факултет. Некогаш стварно е мака кога на предавање ти кркорат цревцата, а во најблиската продавница има само кроасани и бејкролс :|
    Не се преоптеретувам ПРЕмногу, ама се надевам на видливи резултати за месец два.
    Секако, ова комбинирано со лесни вежби. ;)

    Stay strong girls.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    17.613
    И ја официјално од денеска (до утре |( ) ќе слабеам.

    Сабајле пред школо: една чаша вода и неколку парчиња цвекло од тегла и еден ред чоколадо дорина :tmi:
    На школо: Едно пакетче бејк-роус.
    После школо: Едно парче кашкавал :tmi: (ме фати стрв) и неколку парчиња цвекло од тегла.
    Сега пред 10 минути: Една така средна по големи дуња (пола саат ја јадев) :D

    То би било то за сад. До вечер незнам шо ќе апнам, чоколадо две коцки е сигурно. :!:

    Едит: Одлучив за до вечер. Супа :D
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Бучкурушов (поарно од мучканица, а? :rofl: ) е идеја не на деценијата, ами на ВЕКОТ! :D :clap:

    Цел ден си го пиев, ем е практично за носење затоа што термосот не ми зазима место како што би зазеле на пример, банана, две јаболка, шише јогурт, шише вода... Значи се мое со себе си носам е работава. Ем течности внесувам, ем заситува. Го направив одвечер, стоеше до сабајле, таман, изладено ми беше. :D

    Заедно со тоа носев две Витанови, не сум љубител, ама па Виталиа ми се смачија и нешто ново сакав. Пиев и кафе, пиев и бучкуруш :rofl: , не дека се чувствував прејадено, ама бев заситена. Е сега нормално ми се пријаде, саатот е веќе 5... си правам ручек еве, ама битно заситува повеќе отколку ѓеврек, или само јогурт, или само житарици.

    Дефинитивно ова е нешто најдобро откриено од моја страна досега. :rofl:

    Утре ќе видиме како ќе биде, мада што ова е издржливо, многу издржливо. :!:
     
    На anabel-a, JuLleE, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    по совет од нутриционист - на сабајле прво си правам доручек - сендвич од ржано лебче со малку сирење и 1 јајце варено или малку пилешки гради и салата...
    и за ужина земам 1 големо овошје или 2 мали (киви, портокали, јаболка, и сл...

    а за ручек јадам дома, што има (месо, ориз, компир...освен теснетини за почеток...

    и супер ми е, за 1 месец ослабев скоро 6 кг
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас од кога почнавме со школово,избегавам кифли,многуу ретко ќе каснам,или пак ако јадам,веќе јадам геврече и јогурт...еве утре ваљда ќе каснам некоја кифла,има нова пекара па се застрвив...

    Денеска појадував една чаша јогурт,и тие на Виталиа гранола бар,што се 2 во натре...тоа го јадев во 9 саатот,а ручав во 2ипол спанаќ (ич не го сакам,ама некако го напикав во уста) :D .
    И еве сега каснав црн леб со лутеница,ама некако ич не ме најаде,па мама сега пржи помфрит и тоа ќе каснам малце,ептееен малце и некоја салатичка ќе си направам.

    Иначе нашколо појадувам или ете тоа што го спомнав погоре,или овошје (банана или јаболко) плус овакво секогаш си купувам,оти ме заситува.
    [​IMG]

    п.с: утре ја пробувам мучканицата на Дузи,само незнам дали плус тоа да си купам овакво на Виталиа или доста ми е само овоа?
    Колку што рачунав,мучканицава има околу 300 калории,барем ја така пресметав :wasntme:
     
    На Hopeful и Doozy им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Кај има нова пекара? :rofl:
    Се шалам. :D

    Абе земи си две житарици плус, јас такви си носам. Сега од Кам си купив 6 за наредниве три дена, по две, таман.

    Имате ли ставено калинка во блендер, што може да стане најлошо? :?:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Втор ден:
    Појадок - грозје
    Ручек - печурки динстани со кромитче и пиерка и мешана салата туршија.
    Вечера - измешав малку од печурките со малку од оризот од вчера и со црн пипер и ги стоплив и јадев и патлиџан и морков.

    Вода имам околу 1,5 литар досега испиено, пиев и планински чај без шеќер и едно сокче со цевка, а сега јадам јаболко.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.629
    Допаѓања:
    109.037
    Пол:
    Женски
    Дузи не ставај калинка во блендер, можеш да ја исцедиш ко лимони што цедиш, ја сечеш на пола и вртиш на тоа шишарката за цедење лимон, ама внимавај калинката е овошје кое најбргу скиселува, внимавај и со другите овошја, не ги држи толку долго, повеќе од 3 часа веќе е залудно да го чуваш, ем губи од вредностите, ем може да скисели во јогуртот па да те фати дијареа. Значи, моја идеа ти е да менуваш, секој ден различно да си правиш, ама немој да ставаш овошки кои содржат многу витЦ, тоа скиселува најбргу, а и со јогуртот може веднаш да ти се скисели, за пола саат да пиеш вистински бучкуруш. Ја не знам дали те пратам ама бучкурушов е апгрејтувана верзија од кашата така? Според мене подобро е да јадеш овошки свежи, па макар и да зафаќаат место отколку да ризикуваш со оваа комбинација која може сериозно да ти ги реши цревата.
     
  16. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Ден 2

    Доручек, зелен чај и две парчиња ананас.
    За ручек, порција варен ориз што си го зачинив со малце соја сос, кари и чили, мммм..
    По некое време повторно чаша зелен чај.. (пробувам да го заменам кафето со чај)
    За вечера изедов половина порција варен ориз исто така со малце соја сос, кари и коријандер!
    Неможам да живеам без зачиниве, ме спасуваат од неконтролирано посолување на било што!

    Ми тргна, само да можам да се држам вака до крајот на годинава..
    Денес испив цел тон вода, бешикава ми се прошири, одам во вц на секој 5 минути, ама ако еден детокс нема да ми дојде лошо!

    Плус, си направив 30 чучњеви и 30 стомачни...
    Ќе морам да си создадам навика за редовно вежбање!
    [​IMG]
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  17. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Од вчера официјално сум на диета! :)
    Ја држам медицинската од Жан Митрев и јадам точно како што пишува и не ми е воопшто тешко, напротив да ви кажам право многу подобро се чувствувам знаеќи дека правам нешто добро за себе. :D
    И ке издржам 3 недели па Јана да му е мајка! Хахаха :rofl:
    Со среќа девојки. :*
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979

    Таман работа со јогурт ако ги правев сите овие, ни на крај памет не ми е. :D Ми се грози мене од самата помисла на измучкан јогурт, затоплен, троа поскиселен... Не не. :D

    Со млеко се правам, а за калинкиве прашав зш дома имам 2-3, не знам што да им правам, па мислев да ги пуштам и тие внатре, ќе испаднеше нешто... ваљда. Ама па кој ќе чисти после, тоа ситните незгодни ми изгледаат, ќе се заглави, сто проблеми.

    Инаку цревцата таман ми се :D , како што реков, мене ова smoothie (бучкуруш) ми е топ и ми одговара, така да, тоа ми е досега најприфатливото решение за на факултет, што е изводливо и практично и здраво, а богами и ми одговара финансиски. ;)
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.629
    Допаѓања:
    109.037
    Пол:
    Женски
    Со јогурт можеш да правиш банана, јаготки, крушка... Ама витаминов Ц никако, ни со млеко ни со јогурт, и со млеко ќе скисели. Всушност, прави си го како ти е вкусно миличка, како сакаш ти така, се додека си во ред и додека ти одговара, пиј си слободно.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.398
    Допаѓања:
    142.978
    Варените брокули ми стануваат неподносливи. Џабе зачини, ништо не помага. Јас брокула многу сакам, ама во комбинација со друга храна, а вака само брокули... нееее!!!

    Веќе една недела вагата ме малтретира, не сака да мрдне од мртва точка. Многу чудно. Мислев дека фотосинтезата ќе успее, ама изгледа не сум доволно зелена.