^ Фотосинтеза...хихихи... Стварно се смеам. Па менувај стратегија,сега место брокули јади боранија или варени јајца или пилешки стекови. Битно е да ги менуваш комбинациите и да варираш со количеството на калории за да телото не се навикне на одредена количина и едноставно да престане да слабее.
Ден 3 Јаглехидратен. Доручек - две парчиња ананас и една праска, зелен чај Ручек - една порција тестенини Ужинка - едно парче двопек со малце вегета и зелен чај Вечера - пола порција тестенини И тоа е тоа за денес, се збогував со кујната. До утре не излагам од соба.
Свари ги како супа, со други зеленчуци плус.. морков, кромид, малку сецкан компир, коцка за супа свари ги и на крајот стави ги брокулите да се варат убава, вкусна супа излегува
Ден 10. Појадок 2 мали јаболчиња, дури мислам дека не ги изедов до крај и кафе. Ручек мусака, но наместо со мелено месо,со свинско исечкано на коцкички,прво динстано малку, па после во релна со компирите заедно. Пред тоа сркнав малку пилешка супа домашна. Вечера, малку салатка ќе каснам сега, патлиџанче и сирење со бибер и босилек. И пред пола саат пиев и турско кафе. Вчера заборавив да напишам дека не јадев сарма во 3 туку во 7,зашто морав да излезам итно па не ситгнав да јадам, така да не јадев салата. Ми се поремтува планот за јадење и тоа многу мрзам кога нема да јадам во приближно исто време како и секој ден. Тоа гледам никако да не го утнам, кога веќе неможам да ленувам и стаувам секој ден баш во исто време, ова ми е нешто од што несакам да отстапувам. Ма да се подобрувам денес и вчера се разбудив 3-4 минути пред алармот. Само уште да не продолжев уште пола саат после тоа Али додекада добијам, ќе умрам од болки, ни ми се јаде, ни имам сили за вежбање, одвај го поминувам денот на нозе. Ама што се мора, се мора.
Еве малку мотив од мене за сите диеталки. Од кога се отелив па до денес имам ослабено повеќе од 16 килограми, од кои 11 се со УН. Многупати правев грешки во диетата во смисла на мешање на намирници, но количински никогаш не јадев многу. Чат-пат кога ќе направев прекршок знаев и да се казнам наредниот ден да ми биде овошен. Овошните денови ми беа САДЕ на салати, а во јаглехидратните речиси и да не јадев црно чоколадо и благо воопшто. Првите два водни дена ги издржав, а за третиот сите ми се запнаа дека претерувам веќе со диетава и го прекршив некаде на крајот од денот. За вежбање од секогаш ме мрзело и вежбав само некои 10 дена на почеток од диетава. Ми фали уште еден килограм до мојата идеална тежина, но јас сакам да сум уште некои 4 килограми полесна, така ми е најтаман. Денес ми е 89 ден од диетава и после продолжувам одржување, ама прво ќе си каснам едно гиро оти цел месец го мислам . Мојот најголем мотив ми беа алиштата, дури и намерно си купував потесни работи, за повеќе да се мотивирам, а и сакам животот да си го поминам слаба , а не да ми текне на 50 години дека треба да слабеам Доста ви беа мудрости од мене и еве слики како што си ветив
Ден 11 Појадок портокал и кафе. Ручек- се спрема вариво- грашок, пченка, и морков и динстано телешко месо и слата домат и краставичка. Вечер стварно немам идеа што да јадам,малку ми се досади од салати, ама па и нема друго што да се јаде. Евентулано може да јадам салата туку да земам накај 6ипол да вежбам кога ќе се вратам, па да каснам едно чоколаце виталија па тоа да ми биде вечера. А и да ви постирам една демотивација, т.е тест дали стварно држите диета, или имате е ваква диета- Мене некогаш баш ваквите смешки ме замислуваат да се запрашам дали стварно јадам здраво или не!
Цел живот се трудам да подослабнам од тоа што сум била ,е колку сум била будала сега после пораѓај кај ми е крајот.Од ова полошо не може да биде го достигнав врвот на дебелината во мојот живот . Еве три месеци откако се породив а да ме видите пак како во 4 месец да сум, да незнае некој ке ми рече ај честито. Требало нетребало јас денес му се качив (на Орбитрекот де) и ко возев едно 15 мин и толку за денес добро е и волку.Сега му ја мислам од утре на која диета да се ставам ги изначитав сите ама колку ке бидам истрајна не се знае бидејки и тоа малку млекце што го имам за бебчо сакам да го сочувам .
Цела година се трудам да почнам да држам диета и да ја одржам до крај,ама сега сум цврсто решена.Само се мислам која диета?! Може да ми предложите некоја диета освен медицинската,ун диетата и др кои што има теми за нив?
17 ден од УН, и вака навидум, веќе две изгубени килца Не се многу, не се ништо уствари во споредба со повеќето од вас, ама јас знаејќи си го мојот глупав метаболизам, и ова е многу Внесот на храна ми е сведен на „што помалце тоа подобро“, јадам по пропис, и не ми смета воопшто да внимавам зашто и јас најчесто го склопувам менито Досега е добро, освен што за малце ќе спукам(си знам) зашто на тато стварно му се познава дека е подослабен, ами кај ќе му е крајот кога ќе завршиме 90 дена Ајде понатаму, виш ми лак, арно ми тргна
Фала богу вагата покажа милост. Сабајле кога се мерев не ми се веруваше, особено затоа што вчера јадев пообилно од другите денови, а вечерта се прелеав со пиво и плус некои висококалорични коктелчиња. Утре ми е последен ден од „преживувањето“, всушност и задутре нема да јадам - свадбата е тогаш, а фустанот е тесен и се' покажува Резултатот е - 5 килограми за 18 дена, а во следните два дена не очекувам промена. Ќе продолжам да внимавам, ама не толку строго.
Како ослабе 5 кг за 18 дена . Браво Ариел, знам колку се мачеше, ова е огормен успех. Е сега скокај ги кафеаните, или ставај се на салати .
Девојчики, свадбичка за месец дена, дојде апансас, онака крајно непланирано и изненадно, и ептен ми е ќејф што ќе појдам небуцкасто девојчиште. Се ставам во потрага за идеален фустан, ќе го шијам по мерка, а на орбитрекот конечно ќе му биде вдахнена нова душа УТРЕ! Едвај го чекам, кога ќе му се џитнам само, арррррррр За месец дека очекувам минимален повраток на тонусот. ТРЕКИ БРАВО, секоја чест, сучка си се направила. Инаку, мојот режим оди одлично, за пофалба сум, браво јас, сама си пружам раче. 3 дена успеав да поминам со чорбата за ручек и вечера, ми се заслади, и веднаш се позна бре. Спојлерот се намали, и општо расположението ми се подобрува. Ама ми здосади, се префрлив на овошен јогурт со житарки и една овошка за ручек. Витанова и гранола од орев и бадем на Виталиа не ги менувам како ужинка за ништо на светот.
Ден 4 Овошен CONQUERED! Се чувствувам задоволно, мислев дека ќе кикснам денес, како и секогаш што ми се случувало со овошните денови ама издржив на праски и ананас. Треки, баш ова ми требаше денеска Мотивација плус. Цел ден бев на работ да му се фрлам на кремсирон во фрижидер. Ме прогонуваше. Ах. Ама не му дозволив да ме заведе. Бев паметна и си се дружев со овошките. Баш сум умна. Само нема кој 5тче да ми пише на рачето, ама ќе му кажам на либето после еден виртуелен high five да напраиме на камера. Ајде женски можеме ние! + ги меркам фармерките од прошлата зима, што се на се ги имам облечено само 3 до 4 пати.. Има да си ја вратам килажата и да ги искинам од носење...
Фала дечки на сите, ама верујте дека без вас немаше да успејам. Форумов ми беше најголема подршка. p.s. Трендафилка ај па на твоја глава и ти да се сториш една (слабичка ) невестичка
Се мислев и мислев, ама ја да си олеснам на душава, и јас како многу со некои 10 килца појќе, изгладнување до максимум, вежбање до последната капка пот, и апсолутно ништо ( проклет метаболизам и тироидеа ), од утре задутре почувам со диета од нутриционист, па да видиме, ме фаќаат депресии уште од сега. Вагата од вечер ќе ја фрлам, и не се мерам цел месец ( ваљда ќе издржам ) и ај со господ напред.... п.с. забраив да кажам, синоќа сум ја сањала вагата, ама се качувам да се мерам и онда гледам стрелкава накај 120 иде, јао брате, се разбудив испотена си викам не е можно.....
За мене, е само франуцскава диета. Башка има и нешто фискултура во неа... http://www.youtube.com/watch?v=tLBDlIgQDxs Само уште официјално не сум ја почнала, никој за ништо не ме прашува. И морам се` сама да си земам. Иначе, браво Треки. Навистина се гледа разликата.
Секоја чест Треки, ми ја зголеми мотивацијата, плус дека ја држам и јас истата диета, значи ове е уште еден СЛИКОВИТ ДОКАЗ и вистински дека диетава е навистина ефикасна! Дури и кога се држи со некои прекршоци. И така, од ко прочитав дека несот 3 во 1 и се тоа во кесичка дебелее и има калории исто колку и сендвич му кажав гудбај. Повеќе не пијам нес, само капучино или макијато од време на време од кафе-мат и тоа е, и понекогаш турско со лажица и пол кафеав шеќер. Да си кажам дека сум ослабена 3 кг за 27 дена, ама сум имала повеќе од колку што сум знаела минатиот пат кога се мерев.(имаме вага за мерење на вреќи како да кажам како се вика, кантар ли со тегови е) и можеш и сам да се мереш, ама и друг да те мери е подобро и мајка ми кога ме мерела испаднала една бројка и се разочарав тогаш(зборувам за пред 2 месеца), ама не ја запамтив бројката и си мислев дека е нешто помалку и сега се качувам сабајлево и гледам не е некоја бројка што ќе ме израдува, но во споредба со претходната е каде-каде подобра, значи -3кг за 27 дена, јас сум задоволна, зошто не изгледам исто како со три плус, а и целулитот верувале или не ми го нема. Плус една сукња по која се ориентирав што пред две недели не ми влагаше ни до над колена сега ми е таман само уште да ме закопчи, значи за 2 недели ќе ми чини и таа, таман да можам до Нова год. да ја облечам. Плус пантолони број 27 и S што ги носев пред да се здебелам ми чинат. Напредувам, одам надолу што ми е многу битно и ептен мотивирачки, побитно ми е да изгледам убаво, него ли бројката на вага. Уште со вежбањево да бев поредовна или да чекам уште две недели да подослабам, па да почнам да се зацврстувам.