Хеј, хеј. Ево мене опет Доручек ми беше една рибанка леб со ајварче и сиренце (морав да каснам леб, многу ми се јадеше). У школо една банана и 2 витанови. Сега по школо 2 рибанки стар леб на тост со една зденка и парче кашкавал. До вечер ако ми се јаде ќе земам јаболка, гројзе или салата зелка, морков нешо такво. Вода и компот од дуњи пак. Вечер пред спиење 50 стомачни и 50 чучњеви. И тоа за денес.
Еве ме и мене по 15 дена. иако 7дена од овие 15 не вежбав(бидејќи бев болна), за остатокот успеав да симнам од 66.8 на 65,9 идемоооо даљеее
24 Ден Океј, имам некогаш кризи за јадење, ама многу ме курчи кога јас сум на диети, а има скокотливи понуди за пици по сајтовиве за попуст. Имам мала измена последниве четири дена. После три недели леќа јадев, секако без леб. Беше мераци, онака манџа пред тебе... оооооо. Инаку ослабната 7 кг. Прво страв ми беше, само во бутови се топев. Леле ќе бев компир на чачкалици , ама денес мешето кога го видов голо и помало, сакав да го бацам. Ајде уште месец ипол до ковче, јебем ти сало и сфе.
Памелче морав да те цитирам и да те поправам, значи најубаво овошјето да го јадеш до 18ч затоа што содржело сложени шеќери кои тешко се вареле итн итн, значи гледај се од овошје и ужинка да имаш овошје не покасно од шест. Ако можеш и од сабајле кога си втора смена поручувај овошје, па ручај пред да одиш на школо, а на школо на одмор јади овошје до пред 18, па кога ќе дојдеш дома вечерај нешто лесно, супа, јогурт, салата некоја или туршија. А кога си прва смена, на школо поручај си овошје или ако ептен не можеш што би ти препорачала нешто здраво, не знам колку е здраво, но е здрава ужинка од тие на виталиа или гранулу бар, ем јаглехидрати на сабајле за да ти дадат енергија, ем исто јаглехидрати после 18 не се јадат. Па после за ручек што има дома со една рибанка леб кога не можеш да го исфрлиш скорз, ама барем јади инегрален црн. И верувај ќе имаш резултати, само направи си добар план и следи го.
Не, не јас го изгубив карактерот, што ми се случува? Си почнувам убаво, гладувам и го поминувам денот со минимална храна и баш навечер сето тоа тоа пропаѓа во вода. Знам дека во случајот треба преку ден да се хранам пообилно за навечер да не ми се толку јаде. Ама не можам и не можам. Ништо, продолжувам утре. Почнав и со вежбање така да... Абе ќе симнам 8 кила па што сака нека е . Nothing tastes as good as skinny feels - Kate Moss Ова ќе си го повторувам во глава 100 пати и одеднаш зелка салатката ќе е посладка од чоколадото и остали нездрави работи. Бљак чоколадо .
Ако е, мада најубаво овошјето до 18 како што ти кажав вчера, а зеленчукот можеш и после тоа време, на пример ако многу си гладна на вечер, да си излупиш една краставица и ќе го намалиш гладот или да си лапниш туршија или цвекло од тегла.
Четврт ден, идемо даље. Од сабајле пред школо една чаша јогурт со лажичка ленено семе. На школо 2 витанови и пола пакетче лаки гриц, ќе го изедев цело, среќа си го заборавив под клупа. (некако како нај ќе ме најдат ми се чинеа, оти во продавница немаше ништо овошје) Сега после школо 2 парчиња риба (мислам дека смее). До вечер ако ми се пријаде ќе си направам салатичка нешо или карфиолче ќе си апнам. У школо 15 стомачни и 10 чучњеви. После пред спиење уште 60 стомачни и 60 чучњеви. Друго, откако почнав да „слабеам“, се осеќам потешка бре луѓе . А и друго, браво за мене не потклекнувам кога сите јадат буреци, сендвичи, чоколадирани кроосани у школо. А мотивација ми е тоа што преска го пробува едно од најубавите џемперчиња шо сум ги видела у живот, ама салце виси. А баш мајка ми‘ ми дозволи да си го купам . Доста, ај чао.
Jас да ви се пофалам, во телефон имам апликација PEDOMETER Aу,свршив у гаќи, си пишуваш висина-тежина итн, и си го пушташ, и тоа како се движиш, според движење на нозе, кукче, ти брои колку калории си потрошил закон
Не ви треба само поддршка, треба акција Не бутајте леб на секое јадење па после да кукате овде дека не ви функционира диетата Ќе си се запишете на фитнес, ќе го мрднете газот од Величествениот и Бурни времиња и правец на кеј или на степер. И секако, најбитното, без откажување и деморализација.
^ Претпоставувам дека е оваа или оваа апликација за андроид, за мобилен. Иначе, да ви кажам право, јас сум од денес на диетата на Жан Митрев. Некако наједноставна ми е. Јајца, јогурт, двопек. Нит му ја мислам што за ручек, нит ја замарам мајка ми. Ем по евтина е. Од сите диети, па дури и од Ун, имам вратено по некое кило. Така да, ако не пазиш, сите диети се со јо-јо ефект. Некое време ќе ја држам оваа, па после друга. И така ќе си ги вртам диетите, како по обичај. Овој пат, не се мерам, што биде-биде. Ќе ја држам додека можам. Претпоставувам дека тоа ќе биде околу 9 дена. Додека сум втора смена во школо, после тоа незнам што ќе биде...
Вчера почнав,по малку. За појадок јадев јаболко,за ручек риба и компир салата и за вечера малку цвекло.Денес појадував ред црно чоколадо (ми се пријаде нешто благо),за ручек ке јадам парче варен стек и зелка салата,а за вечера нешто овошје или зеленчук.Вчера правев стомачни,чучњеви и разно разни др вежби,а и денес исто.
Петти ден. Сабајле станав уште у 9, ама во 11 каснав 2 јаболки. После бевме со другарка ми кај едни братучеди нејзини, изнасале пола година од како починала баба и‘, па земав еклер нели, да се најде пред нејзе, шо викаат. После за ручек земав пире со марула салата, без леб . Вечерата ми беше околу 18, 2 мокови земав и тоа. После ќе направам 50 стомачни и 50 клекни-стани на прсти (така нели мускулче се правело )
1 месец а јас 8 кг помалку...нели е тоа прекрасно не е ништо со сила, јадам здраво 5 пати на ден...а кг се топат...... имам мотив да одам понатака...да слабеам уште
Супер сум овие два дена, и така ќе продолжам! Толку минимално јадев, што се чудам како ли издржав така. Ама и покасно станав вчера и завчера па не ми беше некој проблем. Минатиот ден само со шопска и чаша јогурт за вечера (и доручек и ручек пропуштив од спиењево мое ). А вчера, па повторно станав покасно и ручекот накај 18 часот ми беше, мала порција печени компири без леб. За вечера само парче сирење и зелка салата потоа. Е, само капучина пиев и не знам, знам дека не е баш добро ама од се можам да се откажам ама капучиното ми е зависност, на некој цигари мене капучино . Се трудам кога веќе пијам само една мала лажичка шеќер да ставам. Сега се мислам за денов кој претстои што и како . А мислам дека прашав ама ајде, пак да си прашам. Добро е Бејк Ролс наутро да се јаде, мислам за појадок? Јаглехидрати се да, ама сепак ми е некако добар избор.
Мене ми е многу срам што го пишувам ова, крајно идиотски од моја страна што си дозволив да стигнам до овој стадиум. И многу ми е криво, многу! Ме теши фактот дека утре е понеделник и дека можам се да почнам одново... Spoiler Од 61/62 кила стигнав до 69!!!!!! СТРАШНО! Страв ми е да пишам и да израчунам колку кила се имам поправено .... Каде ми отиде цврстиот и истраен карактер, каде? Знаете, јас ОБОЖАВАМ да вежбам. Вежбам постојано, секој ден! По саат ипол/два. А можам уште толку да издржам, затоа што се осеќам потполно исполнето и добро кога вежбам. Ама количински многу јадам, првенствено нездрава храна. Многу леб бутав во мене неделава што измина, не можев едноставно да се водржам... А за пржени такви работи да не коментирам... Мислам дека после толку време попуштив на велико, бев едноставно заситена од сите оние здрави работи. И мислам дека е време да пресечам! Од утре ќе си пишувам во темата за Ун-диета, ја почнувам Турбо-Ун верзијата. И не постои жива сила што може овој пат да ме разубеди!!!!! Така имам и поголема мотивација и се.. Баш со тоа мое коментирање во темата, ја издржав Ун до крај. Знаев, си имав пишано точно што како јадам и нема мрдање од тоа! Многу сум проста бе, ау!!!!
Анабел-а, само да ти кажам дека - не е крај на светот (и јас после УН диетата си рипнав едно добри 3-4 кг), едноставно пробав од се` што сум си ускратувала, ама неколку дена последователно нели , не можев да се воздржам да биде 2 пати неделно, па следната недела ќе го јадам на пр. тоа... Зборот ми е - се додека не ја губиш навиката за вежбање, во ред си. Можеби навистина имаш толку кг колку што имаш, ама визуелно е сосема друга приказна, некоја со 70, позатегната и добро обликувана на вистински места, може да изгледа подобро и послабо од некоја со 65, свисната како пифтија. Во тоа сум крајно уверена и никој не може да ме разубеди. Помина една недела како вежбам на орбитрек, биднаа 6 пати, денес одмарам, почнав со 6 минутки , знаете ... 3 месеци скоро пауза, да не ми дојде шок , и вчера стигнав до 25 без престан... за една недела сум презадоволна, не ми требаше долго да се вратам на оптималните 25 минути... и после 6 дена - оп, вагата покажа 1.2 кг во минус. Орбитрек рулз! Нема да му се симнам сега, до следното големо расипување. Си имам 3 оброци и 2 ужинки и уво не ме боли. Количината која ја јадам е значително мала (за мене мислам, за разлика од порано), ама ми одговара. Чорбите на мајка ми ги вечерам минимум 3 пати неделно, без леб, без ништо. Ручам што се најде по дома, си земам на работа - макарони, гравче, ориз, пилешко... а појадувам исклучиво корнфлекс / овес / мусли и овошка. И искрено, ни на крај памет не ми паѓа (барем засега) да сум на диета. Толку ми е згадено и смачено од диети, крај. Сега не водам диета, сега водам lifestyle. Почнав да ја пијам и напивката од зовриена вода со цимет и лажица мед. Насабајле е ок, навечер зашто е ладничка, циметот се згуснува како некоја лигавица, ама замижувам - и локам. Ако имате некоја друга идеја за ужина, освен витанова / гранола, овошје, или ореви и лешници (бидејќи не знам за мерка, сега си ставам во едно книжно за мафин, тоа ми е мерката, една книжна модла, малку повеќе од половина полна) слободно споделете ... Еве сега читам малку погоре, мој најдобронамерен совет - не си ускратувајте од вашите лични задоволства. Некој сака капучино, некој чипсче, напијте си, апнете си, ама по едно, со мерка. Ако можеш наместо шеќер стави засладувач или кафеав, ако не можеш - епа од лажичка шеќер никој не се здебелил, биди сигурна. Ама од 3-4 капучина на ден да речеме... ми ја сфаќаш поентата, верувам. За Бејк ролс, еве јас пред некој ден ќе пукнев за солено, си земав брускети марети, и ги изедов на 2 пати - пола за вечера, другата половина утреден за ужина. И тоа со мерка. Иако, овие не се нешто калориски сјајни, околу 400-500 калории, пре би едно ѓеврече или обична празна кифла... ама 1-2 пати неделно нема да штети секако.