Си јадев долго време и повторно си накачив. Вагата ми покажува неверојатни 85 килограми! Пак сум на диета, еве денес ми е овошен ден ама мајка ми прави некоја пита со спанаќ и сирење, како да не јадам? Колку сум гладна можам цело прасе да изедам без око да ми трепне! Јадев овошје ама џабе. До пред саат два немаше ваков наплив на глад и сега одеднаш... Утре пак некоја манџурија... За 5 месеци и нешто повеќе сакам да симнам околу 25 килограми. Иначе НИШТО од фустан за МАТУРА! Но, како што неможам да издржам It seems like impossible mission. Чаре?
Од денес сум на режимот на Ирена. Гледам таму не пишуват секојдневно кој-што јаде, па се решив тука да си продолжам. Значи откако почнав да слабеам (незнам дали во наводници да го ставам), до денес поминаа 7 дена. Денес доручек зелен чај со лажичка мед, едно колаче и едно јаболко. Ручев во школо едно пакетче бејк-роус од скара. Вечера сега кога дојдов од школо - салата марула. До вечер ако пак ми се пријаде ќе земам кисели краставички. Во школо правев само 15 чучњеви, не правевме стомачни. Вечер ќе направам 100 стомачни и 50 чучњеви.
Благодарение на фактот што ми ги извадија крајниците пред две недели, ослабев 4 килца за 10 дена. За жал откако почнав да јадам нормално вратив 2, и осеќам дека ќе ги вратам и другите 2 Немам мотивација да продолжам со јадење помала количина на храна, со оглед на тоа што 10 дена можев да јадам само павлака, пудинг и бебешки каши :/
Еве се пријавувам и јас за слабеење. Искрено појма немам колку кила имам моментално прибидејќи вага тука нема. Првиот месец во туѓина мислам ослабнав некои 4-5 кила затоа што постојано трчав наваму-натаму и ептен немав време за јадење. Последниве две недели малку забушавав, ама од денес се ставам во ред. Ем да заштедам пари на храна, ем да ослабнам некое килце. Единствен проблем ми е што зеленчукот и овошјето се троа поскапи ама ловам промоции и се снабдувам за подолго. После долго барање денес најдов една продавница за здрава храна и си земав ленено семе и сусам, па планирам во се да си ставам по малку. Денес почнав со воената диета Лилит мислам ја имаше ставено ама некое делче сменив. Појадок: парче интегрален леб со лажичка путер и една мандарина и едно еспресо Ручек: сендвич од едно лепче и моцарела+ лут црвен пипер му ставив, така да се убрза метаболизамот Вечера: салата со едно парче пилешко и леќа. Е сега во диетата вика пола банана, 1 јаболко и топче ванила ама јас стопив ред и пол црно чоколадо (50% какао) и со тоа си ја мацкав бананата и една мандаринка. Леле, кога се читам си се смеам сама на себе. Плус вечер ќе вежбам ова http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=gM4DQ-0Vjnk Пробав два-три пато веќе и фини се вежбиве. Ајде да видиме што ќе бидне. До Нова Година решена сум да се доведам во ред, па што биде нека биде. Како анонимни алкохоличари сме во темава. Моето име е тајгерлејди и јас сум на диета.
Не си стојам на зборот. Овие денови што не бев јадела многу благо, сега за еден саат цркнав Правев мафини - чколадна лава и изедов 2 + 4 медењаци, грицки и пуканки Ама затоа до понеделник насабајле со појадокот благо нема да јадам!!
Реков од денес не на некоја диета.. али на здрава (редуцирана) исхрана со правилна комбинација на храна, без леб и благо ...Плус си се запишав на фитнес па се надевам дека ке ослабам некое килце до НГ , само да успеам да продолжам со исхранава
Ај ја да прашам нешто. Знам дека сол многу-многу не треба да се конзумира, нели калоричен бил. А оцет многу може? Оти ја можам само оцет да пијам
Мојот прв ден и официјално го затварам, со измиени заби и спремна за нанање, немаше криза и беше и повеќе од лесно. Задоволство како и пред 5-6 месеци кога го започнував Хелбалајфот, се надевам нема да трае кратко како и шејкот. Палци нагоре за сите и искрено се надевам дека ќе успееме сите
Сите кои држиме диета, не дека измислувам топла вода, ама повторувајте си го како мантра, МОРА ДА ВЕЖБАТЕ! Што било, макар малку на почеток, почнете, зголемувајте постепено, и за еден месец ќе издржите повеќе отколку што сте замислувале. Има толку многу активности за бирање - орбитрек, трчање, зумба, пилатес, аеробик, што ве привлекува најмногу - почнете го и не се откажувајте. Тешко е, посебно ако сте улежани подолго, после првите 5 минути знам дека изгледа како да ќе доживеете срцев удар, ама денес 5, задутре 7, па 10... ќе се соберат минутките. Кажувам од искуство, резултати само од нејадење НЕМА да има. Мора да вежба(ме)(те)! Мора!
Доручек едно јаболко и чаша сок за растварање. Ручек во школо бејк-роус од пица. Сега ќе јадам нешо салата, зелка/марула/кисели краставички. Вечер 100 стомачни и 50 чучњеви. Него, да прашам нешто. Вчер кидеме со другарките у пицерија, што да јадам бе незнам. Ај кажете ми што би можела
Доручек(ако може да се нарече така) - 3 кафиња Ручек - лахмаџун Вечера - најверојатно ќе биде чаша јогурт Денес не сум лоша, само МОРАМ да научам да доручкувам. -.-
Денес сум задоволна од себе си. Појадок: парче интегрален леб со јајце и шолја црн чај Ручек: сендвич со моцарела и јајце Вечера: салата со две парчиња риба (малечки), домати и маслинки. Малце повеќе си ја модифицирам воената диета ама добро ми дојде ова. Пред ручек, некаде околу 6 земав и едно мало парченце од тортата со костени на цимерката ама тоа место сладоледот од вечера. Исто така одев и се враќав пешки до факултет кој се наоѓа на врв на едно брдо (сериозно) што значи 1 час пешачење и плус вечер ќе завежбам. Планирам утре последен ден од воената и после да ја почнам на ирена диетата. Некако ветувачки изгледа и се јаде три пати на ден во размак од 5 саати што ми одговара со распоредот на факултет.
Челик сум се сторила Ретко правам благце во последно време, на диета нели, чат- пат палачинки знам да сплескам, ама ништо премногу чоколадно, шеќерасто, благичко. Ма совршено На мајка ми и падна шеќерот, душа почна да и плаче за благце, па ни помалку, ни повеќе, смати една од моите омилени брзи торти. Со кокос. И шербет. А јас јунак прав, едно трошче само каснав, буквално трошче што и паднало на маса. Дури не се ни стрвам. И реков да остави парче да си каснам во јаглехидратен ден.
јас и се иссилив денес на вечерата, пред да ја направам, си реков „Ааа! Сега! Удри!“ пошто цел ден така безвеза ми беше, не ми се јадеше ништо, ама ако го префорсираш организмот, сам си бара нормално.. и така јас си спремив неколку копани (заедно со дечко ми сме на режимов патем пошто живееме заедно и мора морална поддршка , марула салата (оооогромна) со неколку капки соја сос, роквици, краставица и едно малечко лажиче доматен сос (природен) + 2-3 маслинки сецкани. (мх, мх). и едно седнување, се изнајадив салата, кога дојде ред копанот да се јаде - во минус со место в желудник, каснав само помалку од пола и троа од сосчето ама тоа дека знае човек оти има што да јаде, инаку ќе изедев 2 од инает (незнам за кого инает, ама ајде) и еве сега по 2 сати ми се пријаде, ама не јадам, ќе спијам. А, да, деновиве не можам да поднесам нешто благо.. а го обожавав! не знам што ми е поточно (аеее маѓија) и знам дека не чини, ама доручекот се повеќе ми се прескокнува некако, ич не ми се јаде на сабајле, можда од цигарите со кафето :/
Мене ми е мисла како ќе поминеме со славиве,празнициве... Јас си барам кардио вежби за распустот и плус за февруари,оти сигурно ќе имам некое килце за симнување тогаш.
Еве една корисна страна за сите диеталки. Мене ми е од голема помош, се надевам ќе ви биде и вас. Spoiler http://www.livestrong.com/woman/
Претходниве два дена сум за ќотек. Преку ден и не се држам лошо ама вчера вечер кога ме удри една криза големи зулуми направив А вагата не простува, одма кило и малку повеќе покажа. Е па денес памет у глава, и бек ту д фјучр.