Ле-ле, значи кога сум на диета, дома се убави работи прават за јадење, сега се пржи лебче, ама не се давам, не не
Знам, знам, ама не сум навикната ништо во уста да ставам пред 1, 2 освен кафе :/ Еве денес бидејќи касно станав, сега ќе доручкувам грејпфрут За ручек, зависи од мама, а вечер ќе се "почастам" со огромна марула и јајце
Јас во последно време многу забушавам,еве сега јадев бурек,а ручек ќе имаме пиле со кромпири а за благо секако неможам да се откажам,гледам помалку да јадам,ама тешко некако...па затоа не пијам газирано,не јадам бел леб,кифли,грицки,ваљда може да ми се опрости благово
^не си единствена....и јас забушавам.А после плачам и се нервирам. Епа сами сме си криви. Уште точно 2 месеци имам време за да симнам уште едно 4/5 килограми. Дали ќе успеам само со вежбање и контрола врз јадењето ќе видиме. АМА МОРАМ
Почнав еден режим на исхрана и вежби со кој се надевам се има некои резултати.. Наутро на училиште јадам еден ѓеврек.Бидејки по повеќе време поминувам во школо јадам и јаболка мандарини шо ке ми се најди наутро ставам вчанта па кај 13 , 14 часот го јадам. Намалив и со шеќер во кафето и чајот. Слегов на 1 и пол лажиче шеќер од моите 3 Потоа дома за ручек јадам р'жан леб по едно парче од тие сечените од кам и со ручекот кој го има. За вечера најчесто овојшје шо има по дома. За физичка активност имам физичко 2 пати неделно , значи сите вежби, доколку играме нешто и сл. А дома започнав со по 10 стомачни и чучњеви па сега зголемив на 15 . Четврти ден ми е несакам да се форсирам со вежби па да неможам да мрдам да ме болат сите мускули... Полека полека се надевам дека ке ослабам за 1 месец некои 3-4 кила со кои сега за сега би била пресреќна. Инаку на дестоп ми стојат многу мотивирачки слики и по цел ден ги гледам.
Бидејќи мајка ми си спрема месо со ПРАЗ (не јадам праз ), отидов да си сварам мешан зеленчук - пченка, грашак и морков и да си го каснам со туна мм
Го заокружувам денешниов ден. Веќе ништо не јадам Доручек - 1 јаболка. Ручек - 2 тањирчиња манџа компири со шарена сол без леб Вечера - Салата од варени јајца и марула (слушам Мимоза се викала, а ) и едно маалецко парче кашкавал. Вечер 150 стомачни и то.
И јас сум за ќотек денес, успеа стресов да ме надвладее :/ Башка тоа и времево катастрофа, за умирање (така, така фрли ја вината на временски непогоди сега) .. Да си го кажам гревов: изедов хамбургер. Цел, со огромен помфрит и преливи 100. Е сега толку од мојата вечера. Нема пропуштање на денот во целост. Не вечерам дефинитивно. А иначе за појадок јадев една поп кејк, мандарина и банана. Што убаво тргна, што несреќно ми заврши денов
хахах е да.. утре цел ден мора на овошје и зеленчук да се удрам само, ЧУНКИ не бива поинаку мора да излези хамбургеров од некаде
Само напред утре на пример ко ќе станеш исцеди си 2 портокали 1 цитрон и 1 лимон јас тоа секое сабајле го пијам, па јадам киви или јаболко или мандарина
Дај просветлете ме, не сум во тек Ми треба време и нешто ефикасно! 13 дена си броев калории (1200) и пешачев колку што ми дозволуваше времето, ама немав ни 500 грама симнато. Се изнервирав. И се демотивирав. И си бев дома Ох. и се вратив со домашни пици и палачинки и торта. Фала мамичке за сето јадење, ама мене ме јаде совеста бидејќи знам дека ќе ги лапнам сите во брз рок.
^ Брајт, има еден критичен момент втората недела од диетата, страшна стагнација што и да правиш, а ако издржиш уште неколку дена плус, резултатите веднаш се гледаат. Инаку за фотосинтезата... не сакаш да знаеш Се што треба е малку сонце, и главното - да е човек зелен, зошто ако размислиш што правиш, нема да го правиш Малку јадење - нискокалорични нешта, и физичка активност. Не би пишувала повеќе, не дај боже, ќе се навлече некој, ќе ме гризе совест после
ве читам одамна редовно али не сум пишала али еве и јас ке се дружам со вас 4 ден на режим мој кој дефинитивно само тој ми успева појадив чаша јогурт а ручав 1 тањир лека без леб вецера1 1 чаша јогрут и пола саат вежби различни по дома тоа секоја вечер обавзно ама само незнам колку се ефикасни дома сама што вежбам без надзор деее и 1 килограм помалку инаку 5 -6 треба да симнам
Огомна предност ми е што живеам сама и едноставно НЕ купувам храна. Пример навечер стандард ме фаќа криза за благо, за нешто за грицкање, за сендвич на пример. Дома такво нешто немам. Продавницата што ми е најблизу затвора во 23часот, нема шанси да отидам до друга што е на 15минути пошто улицата е спуки. Удри на крастевичките! Ама после две веќе не ми се јаде, се чукнувам во глава за што се трудам цел ден и одам да спијам. Не дека ги форсирам киселите краставички ама се само 13калории на 100грама. Денес малце фотосинтезирав пошто преспав пола ден, а кога се стемнува веќе имам грижа на совест да јадам Утре планирам да делкам еден грејпфрут од 400грама некое зеленило, варени јајца. Варирам со калориите на два дена, од причина што организмот кога се навикнува на еднаков внес калории не слабее. Не е моја идеава тренер ми го кажа ова. Ваљда е точно.
Со мали прекршоци и малку стрес издржав и денес. Од утре се префрлам на диетата на ирена, и мушки до нова година ќе се држам.