Убаво си го почнав денот, ама како ми заврши со благо Доручек една ипол јаболка. Ручек во школо бејк-роус со сусам. После школо една чинија манџа грашок со стек, исто како вчера. Ама сега бисквити и крем . Лебот веќе оддамна ми е аут. Ама благото бе луѓе, благото. Али ајде, живот. Вечер 200 стомачни само ќе направам.
AhThatFemaleProblems, медот над 40 степени ги губи својствата. Јас го подгревам, колку да се стопи, ама дефинитивно не над 40, значи хранливоста и составот му остануваат исти. Татко ми се занимава со пчели, покрај него и јас чепкам, па од прилика ги знам малку работите. Едит: Тоа со пластичната лажичка е точно, ама кога ми објаснуваше човекот, јас летав некаде очигледно
Spoiler е па јади бре благо на сабајле.. не е забрането тоа.. ти што правиш вака цел ден цркнуваш за јадење и се пазиш скрос, и на крајот удри, и за што си пазела цел ден што јадиш? м? е добро е ондак не ги знаев јас степениве до кај може да се оди јас здраво за готово се си сфаќам кога ќе ми кажат, дури по пластична лажичка имам одено до продавница еднаш, дека немав дома ) ќе си знам од сега дека не мора чајот да ми се излади скрос )) туку дека ако се држи чашата в рака добро време е мед да се стави
Значи, јас сум или некој изрод или некој глупав феномен Значи, остај што се осеќаше на мене така солидна разлика, веднаш се поспласнав во стомак, во рацете, значи не многу ама добро, сепак, како што си го знам метаболизмов има резултати, какви такви. Денес ми е точно месец дена од УН диетата, ја терам со онолку јадње колку што ми е таман да се одржувам во текот на денот, не држев воден ден(знам, грешка,ама бев цел ден на пат и едноставно ми се лошеше в кола, па морав да пијам вода и да каснам една кифла), овошните ги терам со јаболка, круши и понекоја банана(необожавател), мандарините ми се ептен безврска зашто со една или две нема ни залашка да добијам освен троа сокче, лимон, кога цеден кога велче така го џвакам, а другите денови се трудам да избегнувам мешање и ми успева. Денес имав овошен ден, ама имав навистина неизбеглив ручек и ексик сторив па изедов една риба(околу 70-80 грама) со мноооогу лимон. Е арно се, еве почнува да стагнира, знам, зашто еве неколку дена ми е подуен стомакот, се осеќам како повторно да сум качила килограми, и пак ме фаќа страв А што е уште почудно, минатата недела си купив пантолони, за цели два броја помали од сите досегашни, дури и верувајте на продавачката и упатив погледа, пошто беа ужассо мали и ужасно тесни(дал да плачам ил се смеам ) и ги облеков денеска чисто да видам дали ќе ми избрзнат стомациве и нозеве, и ништо, освен спојлерите и надвиснатото делче од стомакот кои ионака најтешко ги симнувам, се си е во ред. Психа ли е што ли е, ми треба силна шлаканица да не паднам повторно, ми тргна и не смеам да зафркнам Навистина немам поим што се случува со моево тело, зошто подуеноста, рано ми е да се сомневам на менструација пошто обично ме фаќа дватри дена пред тоа, а има уште 10тина дена дотогаш, и се нервирам бе, знам смешно и глупо ви е, ама ме нервира. Овие два дена бев при крај на нерви да си речам ај бе, остај диети најади се ко човек Зошто, зошто ништо не ми се познава?! Ај, си покукав јас, размавајте се, смејте се, ама мене потешко во живот не ми било на оваа работа, и навистина ми треба уште повеќе силна мотивација
А мене што не ми се пријавуда благо никогаш? А, го јадам само во јх ден за вечера, а инаку благо обожавам, некогаш кога ќе почнев да јадам, не знаев да прекинам и затоа ги качив 10 кг во рекордно време, се тоа од благо. По цел ден ништо не јадев, само на благо бев и од тоа се здебелив, а сега не ни помислувам на благо. Што сакаш постави пред мене, торти, колачи, баклави, кремови, шлагови и други благи чуда, нема да посегнам и да ми се пријаде. Едноставно кога сум решена дека нема тогаш да јадам и нема. Значи јадам само за потребите на диетата и тоа не многу калорично, туку се што има најмалку калории и што е донекаде диетално.(е сега, иако има и диетален крем, не купувам зошто сепак е крем). Со цимерката пред повеќе од недела дена седнавме во слаткарница, пред мене имаше куп торти, таа си порача едно парче од најчоколадната торта, јас пиев само макијато и вода и ја гледав како јаде нормално и бев горда на самата себе што не ми се сојадува и што одолеувам да не јадам. Сакам да кажам дека ако се има цврста волја ТРИ МИНУТНОТО ЗАДОВОЛСТВО ОД ЈАДЕЊЕТО ЧОКОЛАДО НЕ ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД ЗАДОВОЛСТВОТО ДА СЕ БИДЕ СЛАБ(ПРЕД СЕ ЗДРАВ И ФИТ(да имаш здраво тело и да вежбаш))! Друго, ако Кате ме критикуваше во УН диетата, јас сакам да и кажам да не се разочарува и да не се предава! Значи можно е месечно стангирање зошто организмот ти се прилагодува на новиот начин на исхрана и на некој начин е во шок, па сигурно во вториот месец односно до 60тиот ден јас ти гарантирам дека ќе имаш ослабено минимум 5 ама ако се придржуваш до деновите без мешање на намирници од различни денови, мислам без мешање на скроб и протеин и јх, значи кога е овошен јадеш стрикно овошје, добро луѓе сме, можно е и тоа да се измеша некогаш ако се нема друг избор, ама да не биде често, па плус и ако подвежбуваш или си физички на било кој начин активна, значи доволно ти е ако не можеш едно часовоно пешачење барем 40 минутно. Направи си (не ми текнува моментално зборот ) на пример од утре до крајот на диетата да имаш направено само 6 минимални грешки, повеќе не. Гледам да ви бидам најголема поддршка и читајќи ги моиве постови во темава да ви даваат мотив и желба да си ја постигнете целта. Сакам да ви делува позитивно, а дали тоа го правам не знам Како и да е, запамтете дека патот до успехот не е ни МАЛКУ лесен, има моменти кога сакаме од се да се одкажеме, ама важно е брзо да се вратиме во нормала и да го продолжиме тоа што сме го започнале зошто штом добро знаеме што сакаме, кога сме тргнале, да одиме до крај! Да си докажеме дека и тоа што сме го мислеле дека е невозможно, да си го оствариме па да не можеме да се препознаеме во сопствените очи. Тежок е патот до денот кога ќе се погледнеме во огледало гледајќи слика која е идеална во наши очи, ама барем тој пат вреди, зошто се што правиме за нашето тело, сите искушувања, одкажувања, вежбања, грижата за нашето тело еден ден ќе ни биде благодарно телото и ќе ја искаже на некој начин неговата благодарност.(дали ќе бидеме поздрави, дали ќе имаме полесна бременост, дали нема да не боли грб, дали нема да закачиме шеќерна болест итн.). Со еден збор, придобивките од грижата за телото се најважни. Цело време не зборувам за анорексично слаби, туку за онаа идеална фит линија која предизвикува воздишки од сите, од која се чувствуваме убаво во своја кожа и со гордост го покажуваме нашето тело пред другите, носиме кратко и едвај чекаме да се покажеме на плажа. Вреди да се грижиме за тоа зошто едноставно ВРЕДИ. Останете мотивирани (една од моите омилени фит реченици)
Spoiler скрос си во право за тоа дека не ти се пријадува после некое време поминато на режим јас така се чувстувам веќе... после недела некаде.. инаку на почетокот одвај чекав да дојди сабајле за да јадам благо.. потоа како што идат деновиве се помалку и помалку мислев, а се повеќе и повеќе на овошје мислам, тоа е добар знак ајде ајде ќе биде
Едно моме кое лани не можеше да закопче капут 48ца и бараше 50ка за да носи како сако и да не може да дигне раци, денеска пробаше 44ка и и беше широка троа салам, па мораше да земе 42ка. Со дебел џемпер одоздола би можела најкомотно да ја носам 42ката. Добро, не викам не, моделот беше поширочок, ама јас во 42ка капут никогаш не сум влегла. Посебно не за со нешто дебело одоздола. Јас сум де момето, ее па и вие. Ќејфови, уште да имав 5 илјадарки и да си го купев, топ.
Лукс, на ептен првиот ден од диетава колешката на работа ми донесе штрудла со вишни, абе фрчеше од крем од вишни внатре, не каснав, цврст карактер и не каснав. Ко што викаш ти, за 3 минутно задоволство треба да се лишам од рамниот стомак кон кој целам, е ќе причекам до ЈХ денот и тогаш со цел мерак ќе каснам, а до тогаш, ако УН вика не смее, не смее тогаш. Мојата цел е до Јуни да ослабам 20 кила, знам дека ќе ослабам, морам да ослабам. Зарем има подобра мотивација од оваа реченица која самата сум ја напишала за себе, за да ме мотивира. Ако секогаш повторно и повторно подлегнувам на предизвиците не сум карактер, не сум она што сите мислат дека сум, силна и со став. Епа нема да се разочарам себе и нема да дозволам луѓето да се замислат два пати дали биле во право кога првиот пат го донеле заклучокот за мене, не заради луѓето, заради мене и мојата гордост. Памелче, колку што се сеќавам полуматурантка си, замисли само како ќе изгледаш во фустанче некое на полуматура без спољерчиња и мешлаче, кукличка.
Aко ме примате во темава.. од утре почесто ќе пишувам тука.. Бај д веј не држам некоја диета моментално (а би требало) ама се трудам да се хранам по здраво и да избирам храна која е помалку калорична. Мојата цел е до Нова година да симнам 5-6 килца.. ама никако да стигнам до посакуваната килажа. А и не ми личи мене да бидам полничка. Се осеќам како слонче, а и сите во школо ме зафркаваат заради мојот изглед.. Нема да дозволам да биде така. Ајде барем до нова година да ги симнам тие и после раат да си бидам. Денес 100 пати се покајав што изедов осминка бурек со месо за доручек и потоа еден XL чипс Аааааа ми доаѓа да се убијам сегаа... За ручек планирам малку месо со праз (не јадам праз ама таман кога ке го видам ке ми се одјаде и ке си лапам мандаринки ) За вечера незнам што ќе јадам.. Можеби моите ќе направат нешто по здраво за јадење. Патем, можете да ми препорачате и некоја диета со оглед на тоа дека за еден месец треба да симнам 5-6 килограми...
Долго време се мислев, дали да ставам слики. Сигурно многу ќе ме познаат. Кој ме познае... Лп. Чим без слика ме препознаваат, а не пак со слика... Ама ете, имам мерак. Иначе, знам досадна сум. Имам ослабено 18 кила. Ама сега имам вратено 3-4 гарант. Страв ми е да се качам на вага, не се мерам. Овде, на првите две слики, сум годинава за 1ви мај. А на третата, сум на 3 јуни, за мојот именден. На првата слика, сум на полуматурата моја. Пред 2 години. Оваа слика ја ставив, за да ја видите чудната структура на мојот стомак. Горе сум по тенка, а доле... На втората слика, сум сликана негде годинава, март. Тука сум си право буренце. Бутната сум во шифуњер. Ова, сум сликана сега, на 3 октомври, на екскурзија. А втората, сум сликана вчера. Знам дека не е некоја разлика. И знам дека ќе се каам, што ги прикачив сликиве. И знам дека како што сум облечена вака на сликиве, нема веќе никогаш да се облечам, за да не ме познаат. Сега ми иде, и да се укопам у земја.
Како бе девојче мило не се познава? Се познава, особено на последната слика, каде носиш иста комбинација како третата чинам. Доста си истенчена, стомачето не виси. Дури и во прстите има разлика Да си продолжиш, иако имаш периоди на стагнација, не се откажувај. Јас би ти препорачала и многу вежбање, скокање на јаже ако ништо друго. А јажето топло го препорачувам на секој.
Едноставно овие денови заборавив дека сум на диета, цела недела. Си внимавав, но не се оптеретував ко порано. Е сега после недела дена се мерам, и што да видам, минус килце. Едно, едно.. Топ. Мене тоа ме кочело, секој ден се мерам, се туфкам, од што мислам дека сум на диета, гладна сум. А вака ми е полесно. Скроз изумив, ама ете пак, навиката што си ја створив минатиот месец ми останала. Од понеделник и со вежбички пак. Се радувам
Доручек јаболко. Ручек- пола грне топено сирење, полата остана оти најдов влакно у него. 2 витанови. После пак јадев јаболки. Сега вечера пуканки и шопска салата/цвекло од тегла, ќе видам. Вечер 200 стомачни. Ме боли стомакот од смеење, не ќ можам повеќе.
Јас оваа недела сум од 73 на 71,5. Многу повеќе се движев, намалив количина на храна, се потудив да бидат салати со ориз неколку дена и има резултат, не можам да вежбам многу поради циклусов, ама бар се движам многу. Аууу Еленче симнувам капа, браво девојченце браво!!!
Еве ме и мене, да се пријавам на темата, што сум, до каде сум, верна диеталка, со стаж на феминава . До опсесија ќе ја доведам работава . Јас нејадам! Значи пробувам денот да го минам со малце храна, колку да има што да работи желудникот. До некни вежбав и најмногу резултати има од вежбање. Какви диети, вежбање и нејадење и ете ти резултати. Сега ми следува период каде што ќе сум помалку физички активна, ама затоа пак, ќе си скратувам на храната. Не вечерам воопшто, немам ни еден комплетен оброк. На човкање сум. И не знам како да ви објаснам што е човкање, валјда знаете, едвај се разбрав со Лудото . Тоа ти е колку да преживееш, ама јадеш повеќе пати, по 2-3 залака, па некој кисела крставица, мандарина, јаболка, маслинка, урда и сл. Не внимавам многу на калориите од причина што се случува едвај 700 калории дневно да внесам. Денес имав обилен ручек и тоа е тоа за денес. Јадам и благо и тоа пак човкам. Една апка и тоа е. И така, вечно сум гладна, ама бар си слабеам. И вака ќе си продолжам, ми одговара. Нејадење му е лекот. И вежбањето. Се додека не си ја затвориш устата и не си го мрднеш газот, нема слабеење. И кога сме кај капутите, јас влегов во S , и си го купив, среќна и весела. Малце беше скап, ама мераци е бре кога ќе влезеш во толку мал број. Налет нека се и пари и све, јас маки видов со диетиве .
Кога видов сабајле дека од вчера до денес сум качила килце, ми дојде да вриснам -.- Нема веќе алкохол за мене, додека не симнам 3! А тогаш, ќе размислам. Од денес озбилно, дури си стаив и онакво за броење денови во потписот, пупу со арно нека е. Ќе почнам и да скокам на јаже од вечерва. П.С.Елена, да знаеш дека има многу разлика, и само продолжи вака Браво !
Доручек: Едно јаболко - пола рендано (оти мислев со цимет да го јадам, штета немаше цимет) пола онака. И неколку бисквити со крем. Ручек: Не цело парче баничка со сирење, мама ја правеше. Вечера: Салата патлиџани и краставици со сирење и неколку парчиња цвекло од тегла. Рано ми беше вечрата, до вечер може ќе земам пак цвекло или кисели краставички. Вежбање ќе ми бидат овие вежби. Ако не се уморам ќе направам + 200 стомачни, мада не верувам. Искрено, полесно ми е да вежбам него ли да учам.