Не знам кој ги има постирано линковит од Зумба, мислам Пмаелче беше, ама жива и здрава цел живот, тукушто се размрдав и многу убаво ми дојде Од денес па натаму, секој ден, т.е. секогаш кога ќе бидам дома, 50 минутното видео Зумба. Ете го Јуни кај надзира
Дали некој ги пробал тие вежбите од моделите на Victoria's Secret? (мислам дека и на фемина странава беа објавени пред некое време, незнам кај ги видов..) Јас му се помислив пред 2 дена ги видов некаде и еве уште се канев газов да си го поместам.. 10 минути се во прашање, еве се испонаредив до слики за (де)мотивација па да ве известам дека штом го дочкрапам ова станувам да вежбам, ЧУНКИ кога го гледам стомачено на сликана и мојот мешлак веднаш место не ме фаќа... Муабетов ми беше дали некој ги практикува да кажи за резултатчиња? а, да, еве овие: http://www.youtube.com/watch?v=PWEdJRRndkQ
Bad day. Појадок у школо: Една јаболка и кроосан од 7дејс. Ручек: Си направив во грне: неколку парчиња растителен кашкавал, една зденка и една виршла на ситно исецкана во микро и од тоа томато во тетарпак одозгора. Нешто како топен кашкавал испадна со салата краставици. И неколку колачиња. Вечера: Една конзерва сардина со исто томато одозгора и краставици салата. До вечер ако ми се пријаде пак ќе си направам салата или нешто од тегла краставички/цвекло. У школо 15 стомачни и 15 чучњеви. Вечер ако не заспијам ќе направам 100 стомачни.
Мене вагата ми покажа 200 гр. плус од минатата недела. Вчера се мерев и ќе си грицнев од газот, очекував барем половина кг во минус, а тоа... Нема врска, продолжувам со мојот режим на исхрана, овој неуспех не знам на што да го препишам искрено, кога си јадам одбрано и со мерка, плус вртам и орбитрек и други поситни вежбички... не знам.
Кога ќе огладнам и ќе се сетам што имам за јадење ми се одјадува. Искрено ми здосади од цитруси, зеленчуци, јогурт. Значи апетитот ми е убиен. Единствено овие денови си го вклучив и какаото со цимет, има железо, а и омилено ми е Мафин топот се смалува, си умирам да се измерам ама немам вага, а во аптека не ми се оди. Со цела облека и чевли на мене нема да ми даде реална тежина. А јас до грам си сакам мерење и на сабајле Ова е фемина околу празниците.... Spoiler
Девојки ве читам сите, браво на трудот кој постојано го вложувате, напори и истрајност да бидeте на режим, диети, вежбање, вродува труд, браво. Јас неделава имав едно искушние, слава, и плус 2 другарки собири со ждерачи и пијачи прва класа, ама добра бев, умна бев, многу многу не потклекнав. Вчера додуша малку забушавав, ксав парче леб со паштета али неможав да се возджам, незнам зашто Spoiler Ден 22 Понеделник појадок јаболко, ручек проја и вечера пола од ручекот Ден 23 Вторник појадок чоколатце виталија од лешник, ручек компир манџа, и вчера пуканки и една чаша вино црвено. Ден 24 Среда ручек спанаќ, вечерa 3 кифли, едно посно колаче и 2 чаши вино Ден 25 Четврток компири полнети со сирење и млад кромид во релна Ден 26 Петок ручек шпагети со сос од домати и кашкавал, вечера сендвич со свеша салата, пиперки марулула кромид зелка краставица домат, парче кашкавал и пилешка салама и лут сос Ден 27 Сабота ручек ориз со кокошка, вечера сок од портокал, посни гризини еден грст, и шака бадеми. Ден 28 Недела појадок портокал, ручек свинско динстано со павлака сос и салата, вечера пуканки Ми се доближува времето до орбитрекот, ептен ептен среќна сум,зашто калку и да пешачам мислам дека не е доволно. Тешко ми оди со стомачните, само расчекор и 10 минути скокање на јаже практикувам секој втор ден. Последен пат кога се мерав имав 71, не сум се мерела недела ден, се надевам на кило помалку. За срамови сум, никогаш у живот не усм имала поише кила, дефитивно Малку да се ослободам од обврски, од следната недела само 2 дена ќе имам предавања,ќе се стегнам поише со вежбање, зашто само со диети и со нејадење нема ефекти, дефитнивно. Ви посакувам, лесна и активна недела.
Мене ме собра во сукња S Реално, изгледа моделот како модел е поширок, затоа што навистина ми е неверно, ама што ми е гајле. На етикетата пишува Ѕ. И си ја купив. Поточно ми ја купи момчето, поклон од него, затоа што виде дека очите ми останаа во неа. Уште половина килограм отиде, скоро 15 биднаа Решив, колку симнам со Турбо УН, нека симнам. На пролет ќе се ставам повторно на некоја построга диета, вака да не ми се собере многу . А до тогаш секако ќе бидам на одржување, така да исто му доаѓа. Радости сум
^^^Или нашиве очи гледаат криво или решиле облеката да ја кренат за едно бројче нагоре Си купив шнајдерско метро Сега ќе си се мерам после секоја една стомачна Е вага не, оти знам, сигурно знам дека ќе ми пропадне диетата
Трендафилка и кај мене истиот проблем- а сум на мој режин не одам ни грам надоле, само кога сум стрикно на диети тогаш слабеам. Си викам да се стрпам ама не бива, не мрда вагава од како прекинав со УН.
Палента со малку јогурт му е мајката ако сакате да се најадете и јадете количински. 120 калории отприлика доаѓаат 2 порции... мешево ми пука од радости што се осеќа најадено од малце калории
Уфф и јас сум исто... сакам да ослабам со здрав начин на исхрана, едноставно да внимавам што јадам... но доколку немам пишана диета според која ќе се придржувам секогаш ставам во уста нешто што не треба и си ги накачувам постепено килограмите. А да држам диета не ми е проблем, можам да издржам со денови само на овошје и зеленчук барам некоја диета, но не со многу низок внес на калории, туку некоја која ќе можам повеќе време да ја држам (освен УН, јадам многу количински кога сум на неа ) Предлог?
Јас за вечера изедов тиква печена без ич додатоци .. знам дека е нискокалорична само, ама не знам што точно е дали овошје или зеленчук (дека благо е ).. и не знам дали има јх или протеини појма си немам, ама толку и се стрвев со денови, и тоа е тоа си реков.. барем ќути.. радосна сум што сум стрвна за вакви работи ама ајде, ќе си се утешам дека испешачив 5-6 километри денес + вежбав на 2 пати по 15 минути. Ваљда ќе излези од некаде и тиквава )
Јас утрово појадував две кришки ајвар со леб и чоколадно млеко. И си зобнав од тортата роденденска на цимерка ми, морав не беше фер да му скршам филм на девојчето.. :geek: Сега нашколо сум, голем одмор и време за ручек, ќе си земам леден чај и нешто незнамшто, а за вечера кУјзнае..се мислам за пуканки.
Абе заш да не, ама студентите и средношколците настрана знаат како е ко нема секој ден услови за готвење... ќе требИ да се прилагодам на околностите.
Џинџер, без демотивирање! Јас првиот пат во студентски седев кога успеав да ослабам еден куп килажа со режимот на ирена правев таратур во пластична кутија од сладолед лупев краставица со ноже што не го биваше ни за жаби дерење и тоа директива нормално во кеса пластична, немаш други услови во соба 2-3 метри.. нормално, не правев манџиче со запршка в соба, ама мензата тука е, мое беше да ја направам најдобрата можна комбинација од бескрајно глупавите јадења.
Не, не, не, не можам повеќе да бидам на диета - диета, посебно не на Аткинс, ќе вежбам, ќе се потам, ќе скусам од јадење, ќе се трудам да избегнувам мрсно, пржено, газирано и благо, ќе сторам се`, ама при слушање на зборот диета, мозокот и телото автоматски ми ги одбиваат, луѓенца не знам колку ми верувате, ама телото ми е истоштено од диети, го слушнам ли злокобниот збор, почнува треска да ме тресе, буквално, не можам, година дена како бев на 10 различни диети, исцрпена сум (и ментално и физички и психички и финансиски богами). Ако сакаат нека се симнуваат месечно и по 200 гр, арно, диета не планирам до после трудноќа, си кажувам искрено (ко мрдната звучам, свесна сум).
Ваги поефтини имаш во базаро, али јас секогаш кога одам таму се правам дека сакам да купам вага и застанувам на нејзе и се мерам и така си знам колку кила имам Инаку денеска се мерев после две недели и видов дека сум ослабнала две кила, иако не бев на некој строг режим, туку само не јадев леб и повеќе јадев житарици