Да, сите купечки сокови имаат додатно шеќери. И имаат многу калории и гојат премногу. Подобро да се избегнуваат. Јас имам уплав од сокови, дури и од 100%-те. Подобро некоја свежа овошка, или цеден лимон и ладна вода.
Сериозно киселата вода е иста како обична и не е штетна???? Јас ја пијам а ја сметав за газирано пиење. Мое место обична да пијам кисела??? аууу
Eј, Tеди, нема калории, ама имам читано дека ако се претера не е убаво Mногу гасови создава! Tака да, не претерувај 2литра да пиеш на ден, т.е замена да и направиш со обичната дечко ми пие по 1 чаша, кога ќе се прејаде, му го смирува желудникот, а мене па обратно, киселини ми прави! Tака да, мислам дека 2 чаши на ден ти се сосема доволни
Ама и мене убаво ми делува, ми ги смирува киселините и турбуленциите. Добра вода природно газирана си ја пиевме со татко ми, а веќе 5 дена ја откачувам сиротата вода Сега пак ќе си ја пивкам БАр по 2 чашички или чашкишта
Еее што направив вчера, заборавив да ви кажам. Бидејќи сум голем љубител на ладните чаеви - обично зелениот го пијам ладен со мед и лимон - а мајка ми купиле Гора Ајс Ти, јас нели морав да се напијам една чаша. Се напив што се напив и целаааа ноќ ме гореше за вода, којзнае колку испив. Кога станав сабајле, го погледнав тоа табелчето со хранлива вредност и се запрепастив во 100 мл има 100 калории. Бре бре бре, којзнае колку шеќери му имаат лупнато внатре, еј! Кој цацко ме натера вчера да пивнам од ноа чајон... А газираните и овошните сокови во пакет ги исфрлив уште пред година, година и пол. Имав Spoiler пролив од нив, додека укопчав од што е... Сега ми се дури и гадни, ми прават и киселини во стомакот.
Леле колку само диеталки сме имале на форумов...Иде лето, не е играчка Е женчиња мои, јас тоа гајле си го одбрав пред 2-3 месеци, тогаш се ставив 1 месец на диетата на иренна(диета за оние кои немаат физичка активност) и не да ослабев ами се исушив. Ама јас имав голема физичка активност, вежбав многу и сеуште вежбам и мислам дека тоа имаше најголема улога што ослабнав, покрај исхраната. Моето мени беше вакво: Појадок: овошје(една банана,2 јаболка или 2 портокали) и една житарка на виталија(од оние со лешник и орев, со брусница или чоколадо). Двапати неделно место житарка каснував чоколадо(2 реда и тоа милка), 1 кит кат или 1 поп кек, а понекоаш варено ѓеврече или некое помало кифле. Ручек:она што имаше дома, е сега ако ручекот вклучуваше компир, ориз или било што друго скробно(тестенини, пченкарно брашно и сл.) не јадев леб воопшто, а ако не каснував по едно парче леб(не секогаш интегрален) или 2 парчиња двопек. Со ручекот обавезно многу салата. Вечера:кога-како, најчесто не вечерав, а ако бев многу гладна јадев салата со јајца варени, јогурт со салата, туна со салата или некоја слична комбинација. Пиев зелен чај секој ден по 1 шолја и 1,5-2 литри вода. За месец дена ослабев 6-7 кила, а мислев да симнам само 2-3. Пак ќе напомнам - ништо немаше да направам без физичката активност. Јас отсекогаш сум била со нормална килажа(со исклучок на оваа есен и зима кога се поправив некое килце кои ненормално ми сметаа) ама телово никогаш не ми било толку затегнато, верувајте немам ни грам салце, а продолжив да јадам нормално иако не многу зашто нели се навикнав на помалку. Откако ослабев поминаа 2-3 месеца и јас не вратив ни грам, уште и ослабнав повеќе. Поентата ми е - само физичка активност и нормална исхрана, се да се јаде во нормални количини, ама буквално се и никогаш нема да се здебелиме, зборувам за луѓе без никакви хормонски пореметувања или било какви здравствени проблеми. Можеби е побавно ваквото слабеење ама пак е многу поздраво од диетите и не знам ти каквите режими зашто не може да се устручаваме цел живот, битно е да научиме да јадеме нормално и правилно.
Денес купив ленено семе од Тинекс, на Виталија, 100 грама 20 денари. Сега уште да ми кажете како се јаде, јас си каснав неколку зрнца така без ништо, вкусни ми се Кога се јаде, од сабајле или било кога? Пред или после јадење?
Па јас колку што знам, лененото семе треба да биди мелено, а не во зрна, инаку така само си поминува низ организмот и вооопшто не е ефикасно ( нека ме поправи некој ако грешам).. А мислам дека најубаво е да го јадеш сабајле може со лажичка мед, или со мусли итн.. Јас го користам и во салата
Па јас го сркам така, во зрна. Во муслите е исто така во зрна, а ставено е со причина, не го сомлеле па да го додаваат. Што знам... мислам дека нема врска. Сомелено или во зрна или ленено масло, ефектот е тој.
Така имам читано.. Прашај го чичко Гугл Spoiler http://lowcarbdiets.about.com/od/whattoeat/a/flaxinfo.htm
Лененото семе за да ги даде своите придобивки за организмот,мора да е сомелено...во спротивно,точно е,така си минува низ тебе и само го подобрува...празнењето на цревата,затоа што кога ќе се натопи,прави слуз околу себе,што и тоа е добро,особено ако имате проблем ко чика Елвис,опстипација.
Вештачките засладувачи ја прават бељата. Јас пијам шумливи мултивитамини, демек без шеќер, погодни и за дијабетичари демек, пустите содржат вештачки засладувачи, ама затоа со шише со литар и пол вода до кревет спијам. Е гори за вода, Гора, гора уште повеќе. Тие засладувачите те сушат одвнатре буквално, ти се чини дека лето во Скопје те фатило од уста до стомак. За ова, сум читала и јас дека е подобро мелено да се консумира, зашто желудникот многу тешко ја обработувал кората на семето и најчесто без примање од страна на организмот на хранливите материи кои се содржат во внатрешноста на семето, истото се исфрла од организмот. Кога ке ме фати запек, обично јадам наутро по 2 лажици со млеко, ама еден залак обработувам во уста по 15 минути.
Моментално се трудам да си го кренам моралот и трудот цел ден.Секогаш најтешките кризи ме фаќаат во три на пладне и 10-11 навечер... Мајка ми ми збори за погачици,ај да си правиме погачици,а што викаш јајценце некое,а тостче...ај па ти ама си се стегнала,пушти душа...а мене ми се приплачнува... Леле патам во моментов!Патам!Па уште и другарка ми ми праќа линк од едно местенце со сочни оброци и ми вика мора да одиме!Сакате да ве измачувам или да ви дадам идеја каде после успешната диета?!Ама не за навика де,само почастување на душата и од утредента пак здрав живот!
Еве ги Лилит истиве дома ... сега нашле мини пици, па ги мрзеше па се товаа од мекдоналдс ... па ресанчиња брат ми бута и туку само ме нудат. А јас како алергична бегам ... Ни на слава не отидов, не ја бива ... ќе кснев нешто а цел ден течности. Да умрам после од мака. Не може !!!!! Има да издржам. едит, не би ја тој линк да го отворам. Доволно маки имам на душава
Јас пак само на таратур останав Абе луѓе а пиете кафе? Јас неможам да издржам без кафе,многу ли е калоричен несот ама само со вода без млеко?И шеќер мора да ставам,па макар и сто кила имала Иначе во контекст на муабтот горе околу јогуртот.Јас имам слушнато дека јогурт е дури и убаво да се пие кога си на диета.Посебно една чаша некојси саат пред спиење.Ги средувал цревата или што ти ја знам
Не е многу Мисс. Една лажичка шеќер има околу 25 до 30 калории, значи нес кафе со вода и со една лажичка шеќер ти е 25 калории Јас затоа си пијам турско цело време, зошто Нес кафе без млеко не ми е убаво. И си користам шеќер секогаш, сум пробала со вештачки засладувачи, ама тие толку го менуваат вкусот на кафето, немам зборови Инаку, ајде да се исповедам за денес. Станав во 10 и правец на факултет. Арно ама, наместо да завршам работа за 15, 20 минути, како што планирав, јас морав да чекам на факултетот до 3 и пол саат И за тоа време испив едно макијато и јадев тост Кога си дојдов дома каснав околу 100 грама јаготки, а сега пред пола час јадев салата од краставици и домати. И толку. Не планирам повеќе да јадам денес, и онака за оној тостот уште ми е криво, ама не можев да издржам, ептен бев гладна. Едит: Заборавив да спомнам дека нес кафето има мизерни 5 калории во 1 лажичка. А турското пак нема воопшто калории
А како водата влијае на слабеењето?Заситува или?Гледам сите спомнувате дека пиете многу вода, па да си прашам
Па заситува моментално, ама најмногу треба да пиеш зашто го прочистува организмот, ги исфлаш штетните материи, така и полесно ги снемува мастите. А и ако пиеш вода додека јадеш, побргу се заситуваш и се најадуваш со помало количество храна, ти се полни желудникот
Mислам дека може да се пие и јаде јогурт Hе сум сигурна за онај што се пие,ама овошниот може(само барајте некој нискокалоричен)мене за ужинка ми го препорачаја инструкторкиве,убивал глад,јас си мислев еј па не е здраво,па се распрашав и видов дека е ок е за диета