Денес 4 ден со диета на иренна чувствувам дека слабеам,ама вагата ништо не кажува , а сите велат дека се слабее.Јас јадам и поминимално така да до тоа не е , а вежбам секој ден по саат време и 15 минути фитнес мислам само кардио. Што да мислам веќе незнам...
Не се замарај со вагата, земи си метро и мери си обем на струк, бутови, задник... и продолжи со рутината на вежбање и исхрана, резултати ќе има, само трпение
Откако ја завршив УН, и ја почнав Турбо УН, ослабев 2 кила. Ама луѓе мили многу ми се познаваат овие 2 кила, особено во газот (кој веќе го немам), а и клучните коски почнаа да ми се познаваат многу. Друго... Многу убав бучкуруш си направив сега рано по сабајле за после за ручек. Издробив карфиол, брокула, морков, една пиперка, патлиџан, ставив ориз, малку зејтин, вегета и бибер и оставив да се вари. Фино испадна кога ќе земам во обзир дека сум тотално неинспиративна кога ми е скробен ден.
Ај да те опулиме и тебе со клучни коски. Утре си планирам да си направам многу, многу смуди... Оф, одамна немам пиено, се нешто испаѓаше да не одам на факултет целосно, и за два-три саата прикаснував банана и јогурт. Одвај чекам.
појадокот ми заврши, една кроасана + една празна кифла (според режимот на ирена) се немам измерено со метренцето деновиве, се надевам пак ќе се покаже како да е растегливо та да ме израдува! Би требало.. со оглед на тоа дека се придржувам веќе некое време на режимов, би требало пријатно пак да ме изненади. Тоа утре сабајле ќе се мерам, кога ни вода се немам напиено уште
Феминки еве ме мене назад на темава од последното мислење поминале 4-5 месеци али еве ме пак со нови сили во нови победи.Иначе од тогаш качив 4-5 кила и со моментални 75 пак сум на диетата на Ирена највеќе ми прилега таа и да ми посакате успех зошто мора да го има.Висока сум 180 и 75 кила и не е толку страшно али сакам да направам преобразба на цело тело и изглед не само во погле на килазат така за до полуматура треба да бидам тип топ.И од денес конечно сум на диета оцабајле се мерев 75.5 планирам секој ден да се мерам и ке ме има скоро секој ден на темава дефинитовно.Да не смислувам пак истово мислењее иде и во темата посебна за диетава !!
Девојки,уништена сум.Имам гооолема желба да ослабам,ама немам мотивација.Се викам утре па утре и ништо. Со години се мачам,ама ништо бидејки се откажувам уште првиот ден.
Добредојде на форумов! Ајде главата горе, не е крај на светот! Да не се повторувам сега дека што и да сакаш да постигнеш мора да су упорен и трпелив, тоа во секој мој пост наменет за вакви уништени како тебе го пишувам, ама тоа е целата вистина. И пак ќе се повторам, ништо не си качила преќу ноќ, викаш со години се мачиш, епа веројатно некаде грешиш штом нема никакви резултати. Мора да ја пронајдеш вистинската причина поради која нема резултати и да ја смениш и да ја примениш вистинската "тактика" за да успееш. Мора да го смениш начинот на живот колку и да ти делува ова *незнамкавко*, мора да скратиш некои работи во исхраната т.е на некои работи да им речеш НЕ, барем на една година, мораш да бидеш дисциплинирана и пред се мотивирана(купи си некои фармерки помал број од тој што го носиш моментално и нека ти биде поттик да влезеш во нив) и мора колку толку да имаш физичка активност и уште подобро, најсјајно што ќе ти помогне во губењето на кг-те е да стекнеш навика за вежбање. Прво почни со наједноставната, пешачи, па после постепено наголемувај ја активноста. Запиши се некаде на аеробик или пилатес или оди во тератана(ако не можеш дома да се придружваш до тоа што си го планирала, вака ваму ем пари ќе даваш, ем ќе ти биде мака да не појдеш за да не ти пропаднат парите, ем во друштво се јавува и натпреварувачки дух, а и ќе бидеш помотивирана кога ќе видиш некоја послаба од тебе или ако одиш подолго време ќе го гледаш и прогресот на другите и тоа ќе ти биде дополнителна мотивација). Поголема мотивација од мојов пост немаш моментално, се надевам дека си свесна за моменталната состојба и што те довело до тоа и дека ќе вложиш напори да го промениш тоа засекогаш. И најважно од се, да бидеш смирена и ментално јака, да бидеш издржлива зошто на крај трудот и жртвата ќе се исплатат и ќе излезе тоа на површина кога-тогаш. И успат, секој нека си одговори на овие прашања(што сама моментално ги составувам): - Зошто сакам да го променам моето тело? (дали да бидам поздрав, да изгледам убаво, да ми чини помал број на облека или се заедно? да му/и се допаднам на него/нејзе?) (ако е заради последното одма да го промените тоа). - Што треба да направам за да го постигнам тоа што ми треба? - Дали правам се како што треба? И каде грешам? - Колку време ми е потребно за да ослабам, а колку за да изгледам "идеално"? - Кои средства вклучувајќи и(справи, фитнес опрема) и која храна ќе ми биде потребна за постигнување на мојата цел? - Колку парични средства ќе ми бидат потребни за новиот начин на живот? (кога ќе споредите, од прилика здравото хранење и не бара многу повеќе трошење на пари иако некој степен е поскапо од понездравото) аналогно на тоа, еден сендвич од 50/60 денари и појма немам колку се, ќе те најади повеќе од една мандарина, ама нема да ти ги даде потребните состојки и витамини и само ќе те натрупа со масти. Секогаш гласам за кило мандарини отколку за еден сендвич. - Што треба да внесам, а што да исфрлам од исхраната и дали ќе успеам да се придржувам? - Што ме мотивира најмногу на патот кон мојата цел? - Кои би можеле да ми бидат пречки и како да ги избегнам? - Дали вреди жртвата што ќе ја направам и дали ќе бидам наградена? Ако правилно одговорите на овие прашања, тие ќе ве водат кон вашата цел! Останете мотивирани.
Lux Баш вакво нешто ми требаше за да се уверам самата колку сакам да ја постигнам таа моја слика за "идеално"
Лукс! Алал да ти е за мотивацииве, иако сум и повеќе од мотивирана, сепак не се на одмет да се читаат дури и секој ден за да влезе тоа во психа
Феминки дајте некоја слика што најмногу мотивира да си ја ставам на мобилен така да ме мотивира секој пат кога ке погледнам во мобилен а тоа е = на многу пати
Никогаш не е касно за да се почне со здрав начин на живот! Вие го можете тоа, вие ќе успеете, вие сакате да успеете! Кога можат тие, зошто да не и ние? Целиот вложен труд на крај ќе се исплати! Ќе се навикнам на вежбање зошто тоа ми помага многу и е побрз начин кој води до остварување на мојата цел! Ќе го исполнам она што си го ветив на самата себе! Ќе му го дадам најдоброто на моето тело, зошто јас го заслжувам тоа! Една овошка е три пати поздрава од едно парче торта! Никогаш не се откажувајте од тоа што сте го наумиле! Сетете се само колку силно го посакувате тоа и дали вреди да се откажете кога сте блиску или на чекор до целта. Можете вие, како што можам и јас, ние заедно го можеме тоа! Останете мотивирани..... EDIT: еве една од мене, само за феминките на кои изворот за црпење на инспирација им се наоѓа низ овие наши теми:
фала баш во моментов мотивацијата ми е на нува дали да тркнам до седмица по хамбургер или да си направам една салата и + некое не многу мрсно а заситувачко месо ..дефинитивно тоа второто зошто знам дека ако го иберам првото нема никогасх да ја добиам посакуваната килажа позз девојки и ГО МОЖЕМЕ НИЕ ТОА!!!
Искрено пред да се решам онака баш строго и цврсто изнагледав мал милион мотивирачки слики, стагнирав и со купување гардероба, се си мислев ќе купувам кога ќе ослабам, ама ете година дена помина јас ослабев па вратив назад. Еден ден си размислив самата, што планирам јас? Каде сакам да идам ваква, да облечам фустан кој нема да ми биде по кеиф, доста ми е од гардероба која не ми е по кеиф туку само добро ми стои. Мотивирачките слики ги оставив за подобри дани, кога ќе го симнам целиот тој вишок и ќе започнам да го обликувам телото, една друга слика сега ми е постојано пред очи, мојот стомак кој постепено се губи под широките туники и фустанчињата кои лани ги купив со број 14 сега ми се преголеми. Да, премал период е, но дури и зачудувачки за мене и останатите, јас слабеам со брзината на светлината. Знам дека нема постјано да биде така, ќе има период на стагнација, сигурна сум. Но убаво ги проучив сите диети, прочитав мал милион статии на нет за слабеење и производи во исхраната кои ќе ми помогнат. Мотивација ми е мојот успех и деновите кога морам да јадам само овошје или пире од компири, сега веќе се прашувам самата себе си што сум чекала толку време, зарем мораше да дадам еден куп пари за Хербалајф, со тие пари ќе си го продолжев одморот и ќе си поминев феноменално. Но да стигнам до таа мотивација мораше да се решам и да започнам, а почеток како почеток е тежок, но во ниту еден момент не помислив да се откажам. Знам дека нема да бидам како онаа дада со греачи на нозете која ја постирате сите, ама мене ми е доволно да стигнам до нејзиниот почеток, до посакуваните килограми, а тогаш нов почеток ќе ме чека, тогаш ќе ги вратам оние мотивирачки слики со дадата и моделите на Вики. Засега поголлема мотивација ми е девојкава со портокалова коса која изгубила преку 100 кила од сите модели на Вики.
Spoiler Браво AngelOfArh!! Тоа ти е мотивираност! И во право си за ова со типката постирана погоре (пред и потоа) затоа што моделите од секогаш си биле слабички и се затегнале и ја одржуваат тежината, ма да и тие сепак треба многу повеќе да внимаваат за да го одржуваат тоа ниво, али ни типката пред и потоа воопшто не е за потценување! Кога можела таа толку да ослаби (јас тоа и во живо за некои луѓе што ги знам си го велам) ондак што ми фали мене да не можам!? Имам послаб карактер? Е па не! Ако треба за инает ќе ослабам, за да си докажам себеси дека не сум човек без карактер и дека сум човек кој верува во себе и кој ќе се види еден ден во тело какво сака да го има! Само напред, воопшто не е тешко откако човек ќе се реши, битно е да се остане мотивиран преку целиот процес, дури и кога ќе имаме стагнација во губењето! Засега уште ми е рано за тој период ваљда, губам и јас сантиметри секојдневно и штом тоа се случува без никаква тешкотија посебна, ондак е редно и да му верувам и да продолжам така! Си се замислувам како в лето би изгледала на плажа, колку подобро би се чувствувала кога ќе го облечам тегет фустанот од пред 6 години! Мора и ќе успеам! И не само јас! Сите ние ќе бидеме рибици! Ве бакнувам
Spoiler Добро ве најдов! Lux Баш на мене и на мн други ни требаше една ваква мотивација. Во право си,никогаш не е касно,така да и јас започнувам полека,полека па се надевам дека ке успеам да ги тргнам вишокот кг. Навистина ви се восхитувам,пред се затоа што сте храбри и упорни!
Се држев на мој режим неколку недели, викендов не бев дома па се опуштив не со нездрава храна ама со поголемо количество и алкохол и имав грижа на совеста. Си ја започнав медицинската веќе ми е трет ден. Од неа знам дека има сигурни резултати, а и полесно ми е кога некој веќе смислил што треба да јадам денес, а не бара многу време за приготвување. Кога ми се јаде отварам тамблр и гледам before and after сликчиња и мотивациони пораки. Порака на денот: