Да ви залепам еден убаво нацртан,научно издржан плакат и да одам да си дремнам! Десен клик за да си го видите поубаво. Мајсторски објаснето.
^ Всушност, не е баш вака, иако повеќето делови се точни. Прво за мастите, зависи за каков вид на масти се работи, бидејќи не сите масти се разложуваат до масни киселини и глицерол алкохол, има масти кои завршуваат како фосфолипиди и холестерот и се складираат веднаш во поткожното ткиво. Додека пак јаглехидратите, просто кажано шеќерите, се разложуваат до моносахариди (во најголем процент глукоза), кои веднаш се користат за енергетските потреби на организмот а воедно учествуваат и во градбата на хемоглобинот, контрактилните протеини и глобулините. ДОКОЛКУ остане вишок глукоза, таа се трансформира во гликоген, кој се складира во црниот дроб и се користи кога телото ќе снема глукоза(пр. измеѓу оброци, во текот на ноќта и сл.), со проста причина да не дојде до трошење на протеините во телото. Но да, факт е дека ПРЕМНОГУ јаглехидрати евентуално ќе доведат до преполнување на депото во црниот дроб со што ќе почнат да се складираат вишоците во поткожното масно ткиво.
Девојки.. прочитав неколку мислења и видов дека неколку девојки ке почнат и се откажуваат.Верувајте знам како е .Јас немав многу проблеми со килажата но сепак требав да ослбанам.Почнував и се откажував.Во тоа време на MTV ја даваа I used to be fat и гледав дека девојки со огромна килажа ослабнуваа и тоа беше мојта мотивација.Зедов 30 листа и ги направив како календар и секој ден кога и да посакав да грицнам нешто да посегна по благо за факав за листовите и на нив бев напишала мотавациони пораки , и така како поминуваа деновите еден по еден од листовите ги вагав а вагата покажуваше посакувани резултати.Верувајте знам како ,ве вака ствос на колаче некоја грицка .. но знаете кога ке го постигнете посакуваниот резултат тоа е најдоброт .. веке некое време сум со супер тежина и сите ми даваат комплименти за тоа каква добра фигура сум имала.Овој мој живот сега е подобар од онор пред 2 години .Сакајте се себеси и верувајте си дека можете ,со вас има голем број феминки кои ве подржуваат
Девојки иако не пишам во темава, сепак ве читам редовно. Па да ви се пофалам и јас, ослабена сум 7 кила за 23 дена. Стомакот веќе го снема, ама газот си стои уште...Имам уште многу за симнување, над 20 кила(сега имам 85) .Епа веќе ми се смачи секое утро да се мислам шо ќе облечам за на факултет, дали ќе ми се познава стомакот. И кооонечно се решив , ќе почнам и крај . Кога во 3та средно можев да ослабам 20 кила и сите ме гледаа вака , епа можам и сега. НЕ се ограничувам како порано, за 2 месеци да ослабам толку и толку, знам дека не оди така лесно и затоа сега ќе одам , полека ама сигурно. Веќе смачено ми е, не сакам младоста да ми помини во дебелина, ниту еднаш не се имам облечено така по кејф, зошто во ништо не влегувам и ништо не ми стои. АМА, јас ќе си го направам своето, не се откажувам веќе , и после има на сите душмани да им ја затнам муцката МОрам да кажам дека огромна инспирација ми е анабел-а со постигнатите резултати, Ангел оф арт редовно ја читам зошто ми дава уште поголема мотивација со нејзината упорност и секако Лукс, за моралната поддршка Поззздрав женски .
Денес требаше да ми биде 12ти ден, од турбо ун. Ама не беше. Да ви кажам право, после толку диети, ми ослабе имунитетот. Пред еден месец бев болна, и еве сега пак. За никаде сум целата, и тоа баш сега, пред крај на година, кога ќе почнат тестовите. И ај, иди ваква, седни и учи. Како да не. А многу поздраво се хранам, него ли пред тоа, ама џабе е. Нема ден, а да не се напијам 2-3 чаши цедевита. Денес се напив и исцеден сок од портокал и лимон, мајка ми прави таков. Ама џабе е и тоа, едноставно ослабен ми е имунитетот. Едно време ќе направам пауза од диети, смачено ми е.
Ме немаше подолго време.Знам. Можеби се срамев да признаам дека повторно си почнав по старо. Некое време се беше во ред,но си се опуштииввв Неколку дена се обидов да се хранам здраво наутро си јадев овошје но од ручек сум на училиште,таму повторно овошје,кога ќе си дојев за вечера салати,јогурт.Но после неколку дена почуствував страшна болка во желудникот.Моите ми викаја,дека ќе си го изгубам здравјето од тие диети,а ова ли е здравје?? Разочарана сум и незнам што да правам. Ако имате некој совет за мене добредошол Ужасно се чуствувам.
Охоо, секогаш располжена за совет, посебно за друшки диеталки! Spoiler Ова важи за сите диеталки и вежбачи на кои им треба дополнителна мотивација: Прво и ОСНОВНО: отфрли ја таа грижа на совест и разочараноста и ужасното чувство. Ајде, вака, си се придржувала до диети, си слабеела, си пазела, ама ете, дошол период кога ради Х причини ти си се опуштила и си се вратила на старите навики или стариот начин на живот. Треба сите да знаеме дека ПРОМЕНАТА на стариот начин на живот, со НОВ ЗДРАВ, е макотрпна, долготрајна, бара жртви, па се случува и во текот на таа промена да подклекнеме, да застанеме, да се вратиме пак назад, ама НАЈВАЖНО е да се вратиме повторно како што сме почнале и да не заборавиме која е нашата цел и зошто воопшто толку се трудиме? Кога сме почнале и штом веќе се појавило разочарување и чувство на вина значи ние навистина се грижиме и ни е важно кон тоа што целиме? Зошто го кажувам ова? Нека чувството на вина ти биде поттик да не го чувствуваш, дај си за задача во текот на твоето слабеење да го имаш почувствувано минимум 3 до 4ри пати, а ако можеш и ич. Ако го чувствуваш тоа чувство на разочараност значи не правиш добро и не си тргнат на добар пат, колку повеќе го нема тоа чувство значи ја остваруваш твојата цел. Ајде сега, откако го прочита ова, да монтираш една НАСМЕВКА на твоето лице, да си речеш фала му на бога што сум стигнала до тука, сите овие кг и цм што сум ги симнала се симнати благодарение на мене и на мојата издржливост, дај Боже да имам сила да издржам уште повеќе и да се радувам на мојот успех кога ќе дојде моментот кога ќе се погледнам во огледало и ќе си речам е ОВА Е ТОА! Додека да дојде моментот кога ќе си речеш ОВА Е ТОА, да знаеш треба да помине одредено време, реално потребното време зависи од моменталната состојба, од исхраната и од физичката активност, првите резултати се забележуваат после 2 месеци, другите после 4ри, а трајните после 6 или речиси година дена. Се што треба е да се биде УПОРЕН и ТРПЕЛИВ, значи тоа е клучот, плус да се биде колку-толку активен. Секогаш кога ве советувам ова го пишувам и мислам дека го знаете, секој мојт пост наменет за совет, го има ова, ама тоa e целиот клуч, нема магични состојки кои ќе те направат поупорен и потрпелив, треба само ДОБРА ВОЛЈА, МОТИВИРАНОСТ И ИНСПИРАЦИЈА. Мислам дека ако го сакаш тоа доволно, ако си доволно мотивиран и инспириран нема нешто што може да те спречи! Издрежете, секоја борба со што и да било, не само со кг-те е тешка, ама ако бидете победник, чувството е незаменливо! Останете мотивирани и во добра форма!
[quote="Elennaa"]Денес требаше да м...аправам пауза од диети, смачено ми е.[/quote] овосните сокови го намалуват имунитетот подобро пиј цаеви бес секер
Моментално мојата најголема желба ми е да ослабам. И знам дека ке успеам.Од утре и јас почнувам со УН диетата,ке ви се придружам,па се надевам дека за 3 месеци ке ослабам барем 20 кг (ако е можно). Ви се восхитувам што сте толку храбри и упорни ,а за тие што не успеале,не губете надеж,никогаш не е касно,иако е тешко не е невозможно.
Пред 10 минути се мерев и многу сум среќна! -6кг за 58 дена За некого не е многу, ама јас имам помалку за симнување и со оглед на тоа што еден период не можев да мрднам надолу, ова е премија! Каква желба и дополнителна мотивација ми дава резултатов, тоа не е можно Spoiler отприлика 100г дневно су симнувала и 1кг на 10 дена што е идеално
^ Lux, многу ми е мило - исто како јас да сум ги симнала! Браво, затоа што знам колку многу се трудеше, и пишуваше и беше мотивирана и се! Затоа што знам колку ти значи ова .
Еве девојќи не е точно ама сепак е интересно, насмејте се малку За сите оние што се борат со вишокот на килограми: 1: Прашање: Докторе, дали е вистина дека кардиоваскуланите вежби го продолжуваат животот? Oдговор: Не го трошете времето со вежбање! Со време се се троши... Го зачувувате ли автомобилот ако го возите побрзо! Сакате подолго да живеете? Малку одспијте. 2; Прашање: Треба ли докторе да се намали месото во исхраната а да се јаде повеќе овошје и зеленчук? Одговор : Што јадат кравите и овците? Сено и трава. Тоа е зеленчук. Значи кога ќе изедете шницла сте внеле и зеленчук во организмот. Ако ви се потребни житарици јадете пилешко. 3: Прашање: Треба ли да се смалат алкохолните пијалоци? Одговор: Секако не! Виното се прави од овошје. Коњакот е дестилирано вино, што значи дека од виното е отстранета водата и останато е она најдоброто. Пивото се прави од житарици. На здравје! 4: Прашање: Кои се предностите на редовните телесни вежби? Одговор: Жал ми е не можам да се сетам ни на една. Мојата филозофија е – Ако ништо не ве боли – ДОБРО Е! 5: Прашање: Дали пржената храна е штетна? Одговор: Добро НЕЛИ МЕ СЛУШАШ! Маслото се прави од растенија како тоа може да биде штетно? 6: Прашање: Докторе а што е со чоколадот? Одговор: се прави од какао, а тоа се бобинки, кои исто така спаѓаат во овошје. Најдобар антидепресив, храна за расположение 7: Прашање: Докторе дали пливањето е добро за фигурата? Одговор : Ако е добро за фигурата зошто китовите се такви? 8: Прашање: Дали е добро да се биде во форма? Одговор: еј, па и округлото е форма, нели!
^ Шала е. Инаку, по викендов во кој дефинитивно си забегав и од диета и се, од проста причина - Таксират, едвај чекам да дојде понеделник, и тоа 1 смена сум, конечно ќе можам да си воспоставам еден режим и да се навикнам на него.
Абе луѓе зимо е, многу нормално дека нема да можеме да минеме со тоа јадење како летоска. Не се секирајте толку ако каснете нешто помрсно и покалорично. Немав мака летоска со патлиџанчиња и сирење да терам цел ден, сега ако каснам тоа по 3 саата ми свират цревцата. Му треба енергија на телото да се згрее, некна испаднав а бев јадена онака, ништо посебно, и се тресев како несалам. После имаше гравче за јадење, да видите одма како се сеќава разлика! Не викам јас да се јадат пити, блага, мрсноќи и слично, него поентава ми е дека не е исто јадењето лете и зиме. Летоска да ме пукаат, не можев повеќе од пола чинија гравче да каснам, посебно ако беше многу топло и спарно, сега чинија, чинија и пол грав и функционирам солидно подолго време. Иначе јас како трудна, ми се јадат кисели краставички и солено сирење. Па си вечерав тоа 2-3 пати веќе.
На средина на турбо ун, си направив пауза, свесно и намерно, нешто слично со размислувањето како Дузи. Едноставно денес не ми беше до диета, иако не јадев воопшто многу (засега). Наместо месо си акнав посно пупе со сусам, ѝ се имам намерачено на лутеницата од компири, а има и банички со зелка, и гравче во земјено тавче и риба... посна трпеза за гостите што постат, а лиги ми потекоа ко да има свинско на маса. Уште не сум каснала ништо, ама ќе си земам нешто и тоа е тоа. Од утре јово на ново. Човеци сме, што да правиме.
Еве да ве мотивирам и да ви пружам малку поддршка, и да ви кажам ви се восхитувам за издржливоста. Ако имате потреба да симнете килограми или едноставно да го затегнете телото, а ве мрзи, немате време и си наоѓате разни изговори, можеби овие фотки ќе ви дадат мотив да се фатите на работа. Со здрава исхрана и правилни вежби можете да постигнете импресивни промени на телото. Погледнете: Ако имате потреба да симнете килограми или едноставно да го затегнете телото, а ве мрзи, немате време и си наоѓате разни изговори, можеби овие фотки ќе ви дадат мотив да се фатите на работа. Со здрава исхрана и правилни вежби можете да постигнете импресивни промени на телото. Погледнете: Spoiler Преземано од crnobelo.com
Значи не мешај баби и жаби. Како може протеините да се изградени од моносахариди? Протеините си се изградени од аминокиселини, а моносахаридите се основни субединици на шеќерите и немаат никаква поврзаност. Хемоглобинот ти е исто протеин, т.е. железо со протеин. За да не остане вишок глукоза треба да јадеш нешто со шеќери одма сабајле чим ќе станеш па колку толку нешто ќе направиш, ќе седиш и ке дишеш ако ништо друго, па може да се потроши. Или да си активен спортист, илии после јадење да идеш да истрчаш 5 круга негде. Ама ако јадеш во 5 попладне 100 грама чоколадо и предремеш цело попладне пред компјутер и те како нема да се потроши. Сликата објаснува се, нема потреба да преведуваме и се тоа е точно. И на крај не е поентата дека не треба никогаш да јадеш благо туку само мрсно или обратно, него да јадеш разновидни продукти и се да е умерено. Јас стојам на тоа дека организмот сам најдобро си знае, ако се стресеш за благо значи дека треба да каснеш, али више ако почнеш секој ден по 2-3 пати да се тресеш онда ипак можда е подобро да се држиш до некој режим, тоа е веќе психичка зависност
Значи се сеќавам еднаш коментиравме околу ова, ама морам да си кажам пак... не знам искрено која сака да изгледа како девојките на последните слики. И со сигурност, ама милион % ви тврдам дека машките не сакаат девојки со толку изразени мускули (освен можеби оние јебовци од тератана, чија опсесија е да го имаат најновиот протеински прашок). Можеби тие се палат, остатокот си сакаат убави, фит и заоблени жени, не во смисла со вишок килограми, туку едноставно со меки црти, не знам како да појаснам поубаво. Никој нема да падне на гз ако види сикс пекс на жена или такви мускули на листовите, изгледа неприродно, грдо и одвратно. Ај на што личи таа првата девојка на последната слика, на што се држат тие цицки и за кое машко е секси оваа грдосија? Па посекси и поубава е на втората фотка, што дека има стомак и подебели бутови, отколку на последните. Ако ова е репер и поим за убавина и секси тело, кревам раце, и се гнасам од светот, и од идеалот по кој пекаме. Ако некоја се најде навредена, баш ми е гајле. За мене е навреда да плачеш за вакво тело, наместо да си ги славиш облините.
Не мораш вака некултурно да напаѓаш некого да не меша баби и жаби, јас стојам позади тоа што го напишав. И да ти појаснам, доколку не знаеш што се контрактилни протеини, се работи за актин и миозин, земи прочитај и ќе видиш дека освен останатите структурни делови, изградени се и од моносахариди. Тоа е мал, можеби за некој занемарлив дел бидејќи сепак јаглехидратите во структурата на телото се застапени со само 1%, но не ми кажувај дека не е точно ако не си доволно информирана. Поздрав и се извинувам за офф топик девојки.