(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
    јас не реков ништо чисто потенцирав :D[/quote]

    Ти викаш џабе се диети ако вежбаш па затоа реков јас.
    Инаку не можи секој да си приушти 700 ден месечно за на фитнес па ке си се снаоѓа во домашни услови и тука нема ништо лошо.Ако човек сака да вежба ке си најди начин и дома да го прави тоа.[/quote]

    тоа секако , дадов само предлог и мое мислење, јас на тој начин се мотивирам на пример - ке платам и за да не ми пропаднат парите обврзана сум да посетувам пилатес, го правам тоа со поголема група луге, зашто сигурно нема да ми текне наместо да гледам филм, да станам да вежбам :D моралната поддршка има улога исто :)
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.956
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да намалиш тежина во двоцифрена бројка, повеќе од 10 дефинитивно ти треба режим, не диета, режим и начин на исхрана кој нема да биде она што дотогаш те довело до таа состојба. Со вежбање исклучиво не можеш да ослабеш, можеш да си помогнеш тогаш кога ќе симнеш веќе одредена килажа, па да му дојде како дополнување на слабеењето, а со тоа и зацврстување. И во темава каде секоја се фаќа како слеп за стап за некоја диета и каде очигледно се постираат резултати немојте со вакви постови, има девојки на кои толку им треба одма ќе се откажат, ние сме си овде една на друга подршка и колку можеме се подржуваме во нашата борба со килограмите. Некому му требаат 5, некому 10, но некому 50 килограми да намали, за сите имаме разбирање и совет, таман работа да им викаме на сите не ти нема шанси да ослабеш. Ова е чист добронамерно, немој да мислиш дека тебе ти се обраќам, сакам да им укажам на сите кои негодуваат во врска со диетиве, има успех луѓе, само треба повеќе упорност :!:
     
    На pamelche и ana-girl им се допаѓа ова.
  3. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
    во ред ,туку поентата ми беше паралелно со исхраната да се практикуваат и вежби :) ништо повеќе :)
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.956
    Пол:
    Женски
    Тука си во право, да, треба паралелно со диетата кога ќе се достигне до одреден степен да се започне со вежбање, јас вежбав и признавам имам две недели паузирано бидејќи се селев и немав можност, но штом се стабилизирам почнувам веднаш. Многу ми беше убаво да заспијам откако сум вежбала, а и ептен полесно е така, се губи повеќе бидејќи внесуваш малку а трошиш, што е во секој случај подобро отколку да внесуваш многу а да трошиш или да не трошиш воопшто. Јас вообичаено вежбав 30 минути степер, 50 минути Зумба и 10 минути Кардио од Викторија Сикрет.
     
  5. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
    Така е .. ко бајче спијам и јас :lol:
    само препорачливо е вежбите да не ти бидат еднолични.. јас ваму каде што одам за саат време вежбаме со тегчиња и пилатес топки најизменично по час, инструкторката е ѕвер искрено - од раце до задник цело тело го поминуваме и секој пат различни вежби - во тоа е и ефикасноста ;)
     
  6. Lizzy.Grant

    Lizzy.Grant Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Ако продолжи вака времето да биде ,,топло,, (читај 5+ степени :D ), планирам денски пак да си почнам со мојата омилена активност од летоска - трчање! Патеката ми е пред врата, да мине Божиќ, и си почнувам пак. Јогурт/овошје насабајле како досега, ручек што има, е за вечериве малку забушавав, плус и многу пиев :tmi: , ама ќе се стабилизирам.

    И уште едно големо ако - ако фанам стипендија, една рата си ја уплаќам повторно за купонче со третмани. :D
     
    На pamelche и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Doozy какви третмани? Во козметички салони? Ти помогнале? Јас никогаш не сум правела, некако сум скептик...
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.956
    Пол:
    Женски
    Леле ми текнува летоска Дузенка кога идеше на третмани, ако не се лажам тогаш беше на УН, па како раскажуваше, ми се чини дека некој овошен ден одеше или нешто слично беше, ако грешам нека ме поправи Дузи. Иначе сега има комплет третмани пак на попуст, убави комбинации има, од Колектива, ама некако не сум задоволна од Колектива и реков нејќам веќе да купувам, па ќе видиме.
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981

    Се самоцитирав, да не пишувам одново... :D И пазете во кој салон одите, цимерката воопшто не е задоволна од еден во Аеродром, јас одев во Кисела вода.
     
    На LilBaby и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  11. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
  12. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Почнувам. Готово почнувам. :D Не оди ова повеќе вака. Дефинитивно! :lol: Верувале или не, ќе вежбам играјќи оро, поточно пајдушкото. Колку што ме поти тоа, ни трчање 15 минути не ме поти. А и онака сакам музика, така да ова ми е повод. Т.е. почнав пред два дена. И го играм по 10 пати. Да соберам малку сила па ќе почнам да го играм по 20 пати во ден. Од што толку се внесувам во играњето, сега ме болат мускулите. Ама ќе биде, имам такво претчувство. За до јуни да бидам во топ форма. И оп, на плажа во бикини. 8) Совршенство! :D И некои третмани ќе си правам сама со виткање во ќеси, ќебиња и такви слични глупости. Има милиони примери на youtube. :rock:
     
  13. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    хахаха
    ме насмеа ....и како си пушташ музика и по 10 пати го повторуваш истиот чекор? :lol:
     
  14. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Мене трет ден ми е УН ^_^
    Преубо ми оди,се надевам дека нема да прекршам околу празнициве. ]:)
    Не нема,нема и нема. Цврсто сум решена.
    Ве молам за поддршка ама искрена,и пишувајте како успевате да оддолеете на толку јадења за празнициве...Дузи? Тренди? Лукс? Ајдее јавете се вие порано ми бевте најголемата поддршка :hug: :hug:
    :call:
     
    На Lux и Doozy им се допаѓа ова.
  15. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Епа 10 пати си ја пуштам песната, ja има на youtube и играм дури не се препотам. :D Денеска мислам да паузирам бидејќи ме болат мускулите. :( Но, чим ме болат ефикасно е. :lol:
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Кој ме прозва мене? Се чувствувам должна да одговорам :D
    Прво добредојде назад и овај пат гледам си се решила за УН, ама овај пат издржи цврсто до крај!
    Лично јас издржав најмногу за мојата слава. Иако посна, имаше полно јадења и благи и солени од кои можев без проблем да посегнам т.е без да размислам ни една секунда, ама :!: цврстиот став, ветувањето на самата себе :nod: , но и совеста заедно со мојот внатрешен глас не ми дозволија да оставам да падне се во вода што сум постигнала за два месеци. :hai: Конкретно за тогаш ми се погоди скробен, па имаше салати и се задржав само на тоа, можда изедов малку отповеќе за вечера, ама се во рамките на денот, без прекршок, а се случуваше и покрај диетата неколку пати да си пијам газиран сок во различни прилики и покрај тоа иако претходниот ден сум испила да речеме две чаши сок, наредниот ден вагата пак покажуваше бројка во минус.
    Значи потполно те охрабрувам да ја држиш и покрај тоа да не правиш прекршок во исхраната, додека ако не ти се брза слабеењето дозволено е и да се прават ситни прекршоци во поглед на течностите, значи еднаш во неделата можеш да си дозволиш сок (нека биде газиран, зошто колку и да дуе, густите се многу поштетни и содржат многу повеќе шеќери) и кафе со шеќер ако не можеш да го пиеш без. :geek:
    Уствари многу пати пробував да го откажам нескафето 3 во 1, ама дека се навикнав да го пијам, кога немаше да се напијам 2 дена ме заболуваше главата, па си реков ајде, нема да се откажам и од него, ама ќе вежбам понапорно за да трошам непотребни калории. :shake:
    Покрај тоа, освен што си ја држев диетата и уште ја држам ми останаа 6 дена, не правев клучни прекрошци кога беше во прашање храната ако се повторувам, ама морам да споменам зошто тоа е најбитно. Значи во никој случај не смее да има мешање протеин со скроб или јх со протеин или скроб со овошен ден, значи си одиш стриктно, е сега луѓе сме, може да се деси некогаш и да се прекрши и денот. (мене во текот на овие 80 и некој ден ми се случи само еднаш овошен ден да заменам со сите денови, ама таква беше приликата, не прекршив за поголеми настани, ама ете тој ден попуштив, не од што бев толку гладна или дрчна, туку од тоа што ми нудеа полно јадења, а ја не можев да им одолеам, после цел ден поминат со едно јаболко и еден цитрон)
    Можда малку раскажувам поопширно, ама го споделувам со сите вас моето искуство со мојата борба и издржливоста во слабеењето.
    И ти, ама и сите други мора да знаат дека секоја борба е тешка на почеток и иако крајот некогаш се гледа недостижен или недофатлив или неостварлив, :!: секогаш мора да имате на ум дека ако одите правилно по патот кој што сте го зацртале успешно ќе стигнете на крајот кој тогаш ви изгледал така и ќе излезете на крај победници само силно ако го посакувате тоа и секако ако работите според планот правилно и како што треба. :)
    Некоја посбена техника за возджрување во текот на празнициве немам, за Нова година си јадев салата, сите јадеа месо и други салати, јас си јадев таа што ми одговараше со скробен ден и тоа е тоа, ако нештото силно го сакаш и си одлучен дека ќе биде така, нема да посегнеш по друго јадење, барем за мене важеше тоа.
    Буквално и тоа со славите, кога имало пред мене полно јадење, па не сум посегнувала, и цимерката моја кога ќе си извадеше пред мене секакво јадење, од стек, руска салата и други јадења, а мене не ми е тоа денот, значи гледаш како јадат, а јас во тој момент не чувствувам никаков апетит за јадење туку напротив чувствувам гордост, што сум успеала да го победам јадењето, т.е што уште еднаш си докажувам на себе си дека јадањето не може да ме контролира.
    Тоа треба да се гледа само како потреба и нешто што е од неопходна важност за преживување т.е за полнење на организмот со енергија за да може да ги наполни клетките и сите други делови во организмот со потребното гориво за да можеме правилно да функционираме.
    Никој нема да умре од глад за еден ден, па така и не можам да ги разберам сите оние што ми се чудат како можам цел ден да бидам на овошје и на салати :?:
    Напротив, овошјето има прочистувачко дејство и има хранливи вредности кои ќе те заситат, некогаш во овошен ден имам повеќе енергија отколку во скробен, па никој не може да ме убеди дека ќе чувствувам повеќе енергија со два варени компири или со тањир манџа грашок него ли со една банана или еден цитрон.
    Ќе ме разбете што ви зборувам, посебно знам дека потполно ме разбираат оние што се моментално на УН и оние кои веќе завршиле со неа.
    Јас ја држам официјално до крај по 2ор пат, еднаш успешно пред неколку години, два пати ја почнував безуспешно, се откажував не дека не бев доволно силна за да идржам колку што си наоѓав други изговори и си смислував некои мои режими, се додека не се решив еднаш дека таа е вистинската што ми треба, а веќе и испробана и сигурна. :emo:
    Ете така се надевам дека преку моето искуство научи некои нови работи кои ќе ти бидат важни додека ја држиш, ама секогаш гледај да бидеш задоволна од твојот личен постигнат успех.
    Ова важи за сите: никогаш немојте да се разочарувате и доколу вагата покажува многу мала бројка на симнати килограми, подобро е да одат надолу, него ли нагоре, и -1 да е, бидете среќни зошто и тоа е некаков знак дека вие нешто сте превзеле и не дозволувате повеќе бројката да се движи ни грам нагоре.
    Секој изминат ден ќе бидете поблиску до целта, на почеток тој ден кога ќе треба да престанете со диета или крајниот ден ќе ви се чинат многу далеку, ама одма ќе помине времето и ќе се сеќавате на почетокот како да било вчера, а вие веќе сте на средина или на крајот.
    Ама за да го доживеете тоа, мора одма нешто да превземите, во првиот момент кога ќе увидите дека нешто не е како што треба, во првиот момент кога нема да бидете задоволни од вашето тело или од бројката на вагата, одма треба, без чекање и двоумење во истиот момент да превземите нешто, да направите план и да одите во поход!
    Зошто секој изминат ден без превземање на акција е потполно изгубен ден, времето си тече, а ако не сторите ништо во врска со тоа што ви смета, тоа само ќе се наталожува и ќе ви создаде некогаш уште поголеми проблеми. Одлагањето е најлошо! Поарно да сторите нешто додека "проблемот" е помал, за да не биде после уште потешко.
    Многумина ќе прочитаат нешто што веќе го знаат, што го научиле во текот на нивната битка со килограмите, многумина ќе се согласат, ама знам дека не постои еден што не би се сложил со мене, ако има таков, слободно нека се јави.
    Некој ќе си рече, леле оваа Лукс како се соживеала и заозбилила со постов, како кој знае каков проблем треба да се реши, ама на овој "проблем" кој денес го има скоро секој втор човек(проблем со вишок кг) не е нешто кое треба да биде одбегнувано и одложувано, некогаш треба да се сфати и посериозно, зошто ако не се спречи на време може да дојде и до посериозни болести.
    Сега да не навлегувам тука, тоа веќе е друга тема и тоа се други случаеви со екстремно вишок на кг, ама мора да се знае и дека и тие не биле цел живот такви - и тие почнале од некој мал вишок, па со текот на годините го таложеле и тој вишок станал огромен.
    Што повеќе да кажам не знам, постов е предолг, ама го заслужува целото внимание на тој што си ја сфатил озбилно работата во врска со неговиот здрав начин на живот.
    Толку од мене за денес во темава.
     
    На MidnightFlower, Angel.Heart, glosipgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Лукс ти благодарам,сериозно постов ме охрабри :bow:
    Само сакам да те прашам еве утре ми е овошен.Ама неможам цел ден овошје да јадам.Некако салативе повеќе ме заситуваат.И освен зелка дали смее да се јаде кисели краставички..брокула,карфиол..?
    И дали е голем прекршок да се јаде салата во овошен..?
    Имам читано по други теми дека тој и не е баш само овошен туку треба да биди *витамински*.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Можеш да јадеш и салати од зеленчук исто и туршија брокули, карфиол, зелка.
    На српски форум прочитав демек дека туршијата содржела многу сол и била штетна, ама нема врска, потребно му е на организмот во овошен ден и зеленчук, така да слободно можеш да јадеш зеленчук.
    Ама овде пак рекоа, ако јадеш пола ден да речеме овошје и после тоа јадеш зеленчук, после цело време да јадеш зеленчук, да не се навраќаш на овошје.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. strelecF

    strelecF Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    14
  20. Elennnaaa

    Elennnaaa Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    срелецф(ако го погодив името) го испроба ти? :D