(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    strelecF, ова сигурно ли е?
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.594
    Допаѓања:
    14.219
    Пол:
    Женски
    Не е логично да е точно. Настегај се со се живо и диво во тие 8 часа, тргнувајќи од леб, благо, па протеин и баш ќе се поправиш.
    Ах луѓе мили, основата на слабеењето е немешање на намирници (касно сфатив јас, ама сфатив битно) и секако јадење со усул :!: .
    Не се палете одма по вакви работи. Всушност, пробајте си де, иако мислам дека е чиста глупост ова.
     
  3. sofce

    sofce Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    20
    dali vi se slucilo posle nekolku dena drzenje dieta da imate vrtoglavici?
    [mod-kirilica:267siftg][/mod-kirilica:267siftg]
     
  4. strelecF

    strelecF Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    14
    Па во самата статија пишува дека во тие 8часа не треба да претеруваш со јадење.Таман работа ако јадеш се и свашта, па што дека после 17ч нема да јадеш-тоа нема никаков ефект.

    Јас јадев само 2 оброка во цел ден. Значи околу 11часот тоа што си јадев секогаш за доручек и после околу 15часот го јадев ручекот. и до крај на денот не јадев ништо ни овошје ни зеленчук само зелен чај пиев.

    За една недела 4кила симнав.


    Но вие може поинаку да направите важно во тие 8часа да не внесувате повеке од 900 до 1000 калории. Меретеси ги калориите и нема да има никаков проблем ви гарантирам !
     
  5. Valenteen

    Valenteen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    65
    Од утре ве дружам и јас , т.е. од денес пројдено е 00:00 :wasntme:
    Сакам да симнам 3-4 кила .. ке намалам на храна и ке вежбам до лето има да се направам :emo:
    И да , ке ве известувам тука за храната , а за вежбањето во темата за фитнес .
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    Еве сега се читам на прозивката :D за жал не сум никаква поддршка во моментов, оти ќе испаднам најголем лицемер ако кажам дека не сум јадела, кога јас пукнав од јадење овие две недели, еве вакво сум. :D
    [​IMG]

    Знаев што ќе ме очекува и дома и по гости, секаде ти нудат, можеби и можев да издржам храбро и херојски, а можеби и не, сепак си се решив да си се опуштам и да си ручкам, свесно се впуштив во процесот, накачив неколку килограми :D , нормално, ништо што не може да се реши и да се симне со малку труд.
    Празниците се за тоа, да си ја пуштиш душичката и со убава храна и со вино, да си прославиш, а да не се лажеме - со краставички и карфиол и соја не ја бидува работата.
    Од се` сум си каснала и не се каам, повеќе ќе се каев ако не апнев (ама морална поддршка, кажете, а?) :D

    Тоа е тоа, човек сум, луѓе сме, гурманчиња што би рекла Анушка, вреди да се пушти срце две недели во цела една година, јас не го сфаќам ова којзнае колку трагично... кога си постои решение.
    Некои си рекоа дека ќе почнат од следниот понеделник после стара-нова година со санирање на вишокот, јас си почнав уште денес (така и ми беше планот, веднаш после Божиќ), овошје и многу вода, па продолжувам со некои супи, чорби и лесни јадења, како ориз или компирчиња печени со многу салата...

    Не се обесхрабрувам воопшто и ве советувам да не го правите и вие тоа. ;) :)
    Едноставно пронајдете го режимот што ви одговара најмногу и терајте си, без ука-бука.
     
    На lolyta777, SkarletOHara, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.573
    Допаѓања:
    113.267
    Пол:
    Женски
    Така бе Тренди, царица си, баш така, повеќе ќе ми беше мака ако продолжеа празниците а јас гнетев само протеини на Бадник, само Скроб на НГ и слично, кога на крај пак ќе се сведеше на повуци потегни за уште кило две. Си каснав, и ич не чувствувам грижа на совест, што демек парчето свинко што го изедов вчера на ручек ќе ме здебелее, гравчето во земјано тавче што свекрва ми ми го направи по мерак ќе ми се фати за спојлерите, нема, ама и меракот ми помина, не сум сега како мало дете пред тегла со колачиња, ем сита ем со желба уште повеќе да намалам ;) Женчиња, опуштете се малку, само почнете еднаш да намалувате па и да погрешите не е крај на свет, симнете вие 5 па едно ако качите за празниците не е страшно, ќе го симнете, може нема да ослабете за еден месец, ќе трае три месеци, ама па затоа после нема за една недела да вратите дупло од што сте симнале. Затоа се одлучив на УН, затоа што ме научи пред се како да се хранам здраво, како што треба и без да имам грижа на совест за секое залаче во уста. Од мерак сум се прејала вчера, затоа што знам дека денес нема, денес ќе делкам мандаринки и ќе глодам брокула, со истиот мерак со кој вчера го делкав прасечкото и си ја мљацкав чоколадната торта, па залиено ус чаша црно, од мерак, ко што ми беше паднат притисокот, ми се качи веднаш. Уживајте, патот не е лесен, ако се тргне веќе еднаш може да биде само позабавен на лето кога ќе ги облечете купаќите и кога наместо да паѓате во несвес од гладување ќе си јадете, здраво и правилно.
     
    На Ammy.Lee и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    Девојки ми се плаче...ова празнициве ме сотреа ;(
    Аххх тие 63кг. кога кога???
    Е да идам и у вардар да се фрлам ако за 2недели не успеам да ги симнам.
    [​IMG]
     
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    :bandit:

    Јас за празнициве, и општо месецов што е зад нас, си се опуштив бааѓи и си јадев ко да ми е последно. Секој ден као демек почнував со диети, ама на крајот од денот завршував неуспешно пред фрижидер, со поглед вперен кај сувомеснатите, ајварот и сиренцето или со главата нурната во фиоката со грицки и благи работи. И така си качив така повеќе килца(да се разбереме, нема врска тоа што употребив деминутив - се работи за поголема бројка, бројкиште ]:) ) ми е срам дури да кажам колку, Лудо знае, ама ќути жити мајка, не спомнувај :D

    Вчера добив еден коментар кој сериозно ме натера да седнам и да си ја чукнам малце главичкава, која во последно време не ме служи баш како што треба. Коментарот не беше у врска со надворешен изглед ор стаф, него за нешто посуштинско. Така нагло ми дојде сето тоа и си решив од денеска да сум на турбо Ун, во комбинација со аеробици, зумби и чуда. И така и бидна. Најцврсто до сега сум решена дека морам да се доведам во ред, макар и да се окозам. :D

    Има да ги тргнам тие обравчињата што ми се направиле :devil: , спојлерите и стомачето ќе ги решам одма - впрочен јас кај нив и најбрзо слабеам, и ноџињата ќе си ги доведам во состојба како во летото. Млада, згодна и неопходна :D.
     
    На Hipster, danichap, pamelche и 7 други им се допаѓа ова.
  10. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Еве сум и јас после празниците, секако назад на почетна точка. Ахх ќе ме умрат еден ден бабиве мои, значи за секој можен рецепт ги бива :D
    Не знам точно колку тежам ама знам дека сигурно си ги имам вратено и оние 2 килца што успеав да ги симнам на почетокот на декември. Утре ќе се мерам и со нови сили и мотивација почнуваме повторнооо !
    :*
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    ^ и јас вратив 67,0 бев вчера.... ;(

    аххх таа исхрана,ме убива.
     
    На MidnightFlower му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Јас уште со цврсти 80, 82 навечер. ]:) А си каснувам, онака, што знам, можда дека не појадувам нешто лепчесто па ми држи... Си каснувам и чоколатца и сувомеснатко, :?: а почнав после ручече (сарма и гравче со фурнаџиско лепче :geek: ) и по чаша сокче да се напивам. Ми се згади после го отпишав сокот, сега само на сарма и леб сум. :rofl:

    Не реално, јас дружба ради храна никогаш не би одбила, ма не вреди едноставно. Празнициве каква дружба има, мислам, шта речи, не можам да дремам на маса. Па голема работа ако изедам три лажици макарони и мајонез салата. Некако се мислам дека салово на мене се уништи само ради третманите, ако бев само на режим, досега милион посто 90+ ќе бев. Со ова темпо. :D

    Ах стипендиичка само, само стипендиичка, манекенка ќе се правам. :devil:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    68 крава сум :D
    си ги сакам празниците ама претеризам е ова.. :|
    како и да е без грижи феминки :)
    [​IMG]
    :*
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    Како таа може а не можам јас :doh:
    [​IMG]
    Зошто бе мораше организамов мој да не прифаќа зеленчук, што убаво ќе си јадев салати...а не вака се што не треба. Девојки дајте некоја диета каде што нема зеленчук. Да е на количина и слично :( ;(
     
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Читав диети низ форумов и ништо не ми се погоди или трае цела година или не е веродостојна па си одредив своја :emo:
    Прв ден од мојата диета(дозволено само овошје,забрането-се останато :$ ) успешно поминат! :!:
    [​IMG] од утре одам во теретана :rofl:
     
  16. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    Веројатно мислите на отстранување на вишокот сало или масни наслаги. Моја препорака е разноврстен свеж или готвен зеленчук, овошје во умерени количини и месо. Значи главен да ви биде зеленчукот. Со ваква исхрана е многу лесно да се ослабе и да се одржува тежината. Без леб и др житарици, без грицки, соленки, чоколади, паштети, салами и друга храна која е измислена пред 50 години. Да тука спаѓаат и газирани сокови, диетални пијалоци и мастики за џвакање со аспартам кој сам по себе си е проблем. А тие што имаат проблеми со тежина нека бегаат посебно од MSG или "мононатриум глутамат". Сакам да бидам што поконкретен и да не навлегувам во материја која не ја разбираат повеќето, односно не разбираат зошто одредени состојки во храната здебелуваат( во најмала рака) или предизвикуваат одредени болести во организмот.


    Е сега...возможно е да се намали тежината(масни наслаги) со нездрава исхрана во големи количини, ама не е баш лесно...ако некој се интересира... :D нека праша :D , иако сум многу, многу против тоа.
     
    На Sunchild му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Без леб и житарици?! Леб да ама житарици? Зарем не се препорачува на пр. овесни снегулки за доручек?
    И објасни подетално за MSG, ако знаеш повеќе...
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.426
    Пол:
    Женски
    Како очекувате да ослабите за празници, кога кај и да одам, сите ме нудат со храна и алкохол, секој да се покаже и да те почасти за празник со некој вкусен рецепт, и кој и да дојде се трудите да го почастите за празнициве, де салати со мајонези и чуда, де мафини, де колачи,торти плус додади на тоа алкохол?
    50 посто од муабетите се за храна, размена на рецепти и кој колку се прејал или препил.
    Не сум се стаила на вага, страв ми е, уште пострав што до 1 Февруари има каца да се напраам, имам тонови за учење, ми се плаче уште сеа, колку ќе се нервирам, и ќе гнетам.
    Ама после ќе го јавам орбитрекот, сигурно и плус режим од кој нема ич да остапувам, ни залак.
    И искрено не жалам тоа што 2 месеци пазев и за 2 недели го вратив, зашто ако се измачував па без храна ќе немав никаква мотивација да продолжам сеа со слабеење, плус сила за учење, бетер :D
    Плус јасно е дека без вежба се пише пропало.
    Сите што се стопиле и останале такви, се со вежби и нормално лишење од џанк фуд, 2,3,4 месеци кој колку има намера да стопи.
    Сноу нема некоја посебна диета каде не се јаде зеленчук, обично се комбинирани со овошје, овошјето наутро, зеленчук за ручек и за вечера.
    Со сигурност знам дека треба да се избегува овошје за вечера.
    Јади поише риба, печено пилешко, варено, јајца ако вежбаш посебно, протеински чоколатца, житарици, јогурт, ориз и компир ако можеш да јадеш..
    Варено и динстано, никако пржено.
    И без Мекдоналдс, знам вкусно е, ама поише калории и масти има и од чоколадо.
    И понездраво е од чоколадо, поготово ако е црно чоколадото.
    Мене кога ме фаќаат кризи јадам пуканки, зашто мене за чипс ма фаќа па тоа едино ми е солено и прекусна грицка и костени(ако не сите им се благи, мене на солено ми маваат :rofl: )ама само печени.
    Чај пиам зелен без шеќер, го навиканав не ми е грд.
    Кафе со малку млеку, секогаш пијам такво и со едно шеќер кафен.
    Газирано не пијам не ни сакам, сеа само за празнициве се подув |(
    Од се, мене највише чипсови, крекери и смоки ми фалат.
    Можам и без благо, и без сокови ама без чипс не :(
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.573
    Допаѓања:
    113.267
    Пол:
    Женски
    Сноу, реално не сфаќам како може организмот да не ти прифаќа зеленчук, што не ти го вари? алергична си? не ти е вкусен? мора да има причина, дали секој зеленчук или само одредена врста, пример, коренест (цвекло, морков и ним слични), зеленест (зелка, марула, спанаќ и ним слични), плодови (патлиџан, краставица и ним слични), муабетот ми е дека не ми е верно дека од нигде никаде не поднесуваш зеленчук, а мораш да го јадеш, не може едноставно не го сакам и готово. Обиди се да го најдеш изворот и причината заради кои не го јадеш, сакаш или поднесуваш, ако не варен или готвен, нека биде свеж или обратно, нешто мора да има. И да, во УН диетата немаш зеленчук, освен Скробниот со мешункастите и компирот, ама тоа не е мислам страшно, веројатно манџа јадеш, салатата не мора да ја јадеш, едноставно одбегнувај ја и готово. Мора да има решение ;) И да си провериш од каде иде таа нетолеранција на зеленчук, самата ти, мора да има решение.
    Дузи, и со мајонез и со сувоместано, јас слабеам, ама не јадам секој ден, во две недели на три пати се опиштив по ден-два, и резултатите си стојат, тука се, не значи дека треба да ги малтретирам луѓето поради мојата диета, и кока кола се напив и торта каснував, ама не секој ден да се разбереме, така планирам и да продолжам. Ми одговара, си слабеам а сум секогаш најадена, ако не го рачунаме оној Воден ден. И јас како тебе планирам да одам на третмани на пролет, дотогаш ќе си слабеам и мислам дека ќе постигнам ефект до наредно лето.
    Еаглеј, се надеам добро те преведов :lol: , сите овие работи ни се јасни, но не зна дали знаеш една по која јас се раководам, дебелината е резултат на сиромаштијата, може звучи грубо но така е. Еднаш една феминка пиша, секој ден детето јаде маргарин кристал и бајат леб за доручек, за ручек се претупанува манџа пошто од појадокот не ја држи маргаринчето, вечера ако има ако не нема, е ова е коренот на дебелината. Или она што мајка ми го правела на времето, ме научила како да пржам јајца и цели 5-6 години секој ден за појадок две јајца пржени кајгана со сиренце и ајвар, леб бесколичински, а кога ќе сум сменела сум јадела лепче и крем, сега вика сакаше како да ти го земам од раце, така ќе ми го земеш, ќе ми ја врзеш една и ќе ми го земеш, а не ти полесното за тебе, само да не плачам, е така се гојат деца. Мојата генерација изразнаа деца по 2метра и кусур, предебели и со стапала над 39 сите. Се тоа резултат на хормонски третираните салами, јајца и батачиња амерички. Што е тоа ако не е сиромаштија, да имала мајка ми да ме храни секој ден со корнфлекс и мело, па салати со секој ручек, па за вечера лесно нешто, па ручек со салатаи супа, сигурно немало да дојде до тоа до што дошло, ама тоа е тоа.
    Хипстер, празнициве маме ни за**аа на сите, но јас не се давам. Во право си, секој пат има избор, а изборот не е МкДоналдс и газирани сокови. Во чаша Кока кола една третина е шеќер, докажано. Грицки, ич не ми фалат, си ги надокнадувам со еднаш во месецот наместо обични бадеми непечени печенки со солче, напати костени печени во скробен ден. Јас сум таков гурман, и си спремам и си јадам, па успевам, си тргам на страна од тоа што се јаде тој ден за денот кога можам да го јадам, ги планирам оброците и така успевам да намалам, досега за месеципол намалив околу 8 кила и околу 20 см во обем.
     
    На kate21, Trendafilka, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  20. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    :( Луге ве читам нонстоп-ПОМОШ,имам 35 килограми плус,имам дете 2 години,нонстоп сум дома нон стоп си јадам,од досада од нервоза од се.Се мислам да ја почнам по празниците УН диетата ама не можам да издржам ни еден ден.Не се движам,зависник сум од благо и што е најбитно не знам како да си го скротам гладот.Секое мисленје се брои,ви благодарам однапред