Сакав да ја почнам УН,ама ја видов диетата на ирена и таа повеке ми одговара затоа денес таа ја почнав и планирам да ја држам 6 месеци.
Јас со Eagleeye не можам да се сложам, можеби во екстремни ситуации и би било сево ова ок, можеби и навистина е во право, но сметам дека ова е еден вид посебна исхрана која ја практикуваат Веганите, ако грешам поправи ме, ама мислам дека си Веган и затоа размислуваш вака, што не е лошо се разбира, секој си одлучува како ќе се грижи за здравјето. Јас сум се одлучила за немешање на намирници и сметам дека сега засега тоа многу ми одговара, во комбинација со овошје за појадок, во мали количини се разбира. Сметам дека не е баш како што викаш ти, дека млекото не е создадено за да го пијат/јадат луѓето, дека е предодредено исклучиво за телињата и слично, потоа со оној дел кај што велиш хормонски третирано, ти сигурен си дека твојот зеленчук не е третиран хормонски? Не можеш, зелениот листест зеленчук е најголем “сунѓер“ на лоши зраци кои секојдневно се испуштаат во природата, да не речам на радиоактивни зраци, ако до нас немаме нуклеарна централа не значи дека сме сигурни во тој аспект. Неретко јадам морков а имам чувство како да грицкам од ауспухот на комшијата, демек морковот од бавча, ама комшијата што се грее на нафта не можам ништо да му направам што прегорената нафта ја истура веднаш до бавчата. Да бидеме реални, Македонија нема услови за производство на органски зеленчук и овошје, а и да има, не знам која би му била цената и дали би можеле да си го приуштиме. Значи да се разбереме, што и да направиме не можеме да се храниме здраво и да бидеме изолирани од хормони и зрачења. А баба ми и дедо ми што цел живот живееле на село, со природно млеко, со патлиџани од бавча, со месено лепче од пченица која ја купуваат од комшијата, со сите салтанати, но ете пак не живеат до 95 здрави и прави, дедо ми почина на 83, со триста болести и маки, баба ми нема нешто што не ја боли, од друга страна пак, другиве баба и дедо, што цел живот живееа во Скопје, ми се чини Цеметара во двор им чуреше иако живееа во Пржино, целиот чад се осеќаше, јадеа исклучиво лоша храна, јајца и колбаси од сомнително потекло, најефтиното сирење и најефтините батаци со сомнително потекло, пиеа исклучиво млеко од кесиче, значи ништо природно освен патлиџаните и салатата од бавча кои не беа поштедени од чадот на Цементара, па ете ги здрав и прави, и двајцата имаат отидено на лекар исклучиво заради скршена рака/нога, немаат ни по еден заб изваден, немаат никакви болести, ништо не ги мачи. Што ми беше муабетот, природата нема граници и не прави разлика, никогаш не можеш да бидеш сигурен што ти носат гените, тие се многу посилни од природниот зеленчук и живот без млеко и месо Нема правила Познава девојка која се храни со таканаречена жива храна, искрено жива глупост е тоа ама ајде, но кога ги читав сите глупости околу оваа храна, сфатив зошто девојката изгледаше како да има 50 и кусур на 25, зошто изгледаше како да ќе се распадне пред нас, зошто изгледаше како да е болна од некоја тешка болест, луѓе, нема сила што ќе ме натера да јадам храна печена на сонце, вода стоена 5 саати, сунчана на сонце и сите тие глупости, да не се разбереме, јас почитувам сечив избор, не вреѓам, за некого тоа е религија, за други е глупост, јас сум во вториве Умерено внесување на секаква храна, под ова не спаѓа Седмица и МкДоналдс, мислам дека тоа е лекот за нас кои се бориме со вишокот на килограми, за сите кои имаат болести предизвикани од некаков вид на храна, за сите кои имаат алергии тоа значи избегавање на храната на која се алергични, па дури и оваа алергија на лактоза, или нејзно неподнесување како што наведе Eagleeye се решава, тоа најчесто се случува во почетокот, првата година, потоа толерантноста на млекото е поедноставна и нема повеќе алергии, барем сите бебушки кои сум имала можност да ги знам а се алергични на лактоза тоа го средиле веќе по првата година. Но сметам дека целосното отфрлање на млеко и млечни производи не е решение за решавање на килограмите, за здрав живот, и во никој случај не можам да разберам како жени кои внесувале млеко во текот на својот живот се поподложни на остеопороза од оние кои внесувале, јас лично знам дека секоја жена која во текот на својот живот внесувала барем по една чаша млеко на ден или јадела млечни прозиводи, е многу посигурна во однос на оваа болест за разлика од жената која не внесува млеко и млечни производи. И пак ќе речам, сите овие мои знаења за исхраната се темелат исклучиво на читања и интересирања, како викаат прашај паталец не гаталец, ако грешам некој нека ме исправи
Не сум многу стручна на темава а ни компетентна ама ме заинтересира прашањево што го имате отворено па да си прокоментирам. Знам сигурно дека нутриционисти кравјо млеко НЕ препорачуваат. Сигурно има и на форумов девојки што оделе кај Тања и/или Цеце па ќе ви потврдат кај нив млеко е непостоечки производ. Млеко да ама или козјо ако можеш и не ти мириса или соино/оризово. Јас како што знам освен за лактоза полно е и со отрови и многу тешко сварливо за човечкото тело и покрај општоприфатеното мислење дека е многу здраво и неопходно. Побарајте и на интернет за нетолерантноста на човечкото тело за кравјо млеко има тон натписи. За млечни производи исто сум слушнала и добри и лоши работи ама на нутриционист ги даваат а ПОСЕБНО Јогуртот. Значи единствениот производ којшто го препорачуваат сите или за кој барем јас не сум слушнала ништо лошо е јогуртот. Е сега нормално на кој како му одговара и како си се снашол, Ако гледате дека некој метод ви делува тогаш држете си се до тоа. За останатите ако пробувате да ослабете а не ви успева размислете на варијаната покрај шеќер брашно сол да исфрлите и млеко.
Чисто да си кажам така среќничка сум си сабајле на вагата пишуваше 64,9 Знам дека не е којзнае што ама мотив ти е кога знаеш дека ова сега за сега е најдобро и кога гледаш дека можеш Епа одиме по натаму...
Леле луѓе не ми се верува за 3 дена на овошје сум ослабела 5 кг. Нормално ли е тоа бре?? Јадев само портокали и вежбав на орбиттрек по 10минутки дневно. Планирав да ги симнам тие килограми за недела па и две на овој начин на исхрана ама за 3 дена некако Гледам доста од вас овека се разбираат во тие работи па кажете ми нормално ли е ова??
Ooo браво ја за 5 килограми , ми требаа 3 месеци ,и не сум ги вратила и со празничните јадења те прејадувања , си држам до 50( ослабнав 3 дека бев болна ама си ги вратив и пак сум 50 ) . Сметам дека ова е многу нагло за 3 дена 5 кг се мн , ама чим си јадела само портокали има логика . Ама нели не можеш да живееш само од портокали Продолжи си со вежбање , и храни се здраво да не настане јојо ефект . А за нов начин на исхрана со зеленчук и овошје само , јас не се сложувам треба умереност и од се по малку . Нормално дека се здрави ама требаат и протеини така да без нив не се може на долг рок . Е сега кога сака некој да изгуби повеќе килограми мислам дека паметно е да се почне со диета на пример ун сит си а слабееш . Ти треба некој план за да ги изгубиш тие килограми па после диетата може здрава исхрана.
feminium,ако 2/3 дена се задржиш на таа килажа одлично...бидејќи 1 кг нон стоп варира. Јас за 3 дена скоро 3кг...и мене ми е чудно,ама си велам ај. А и јас толку вежбав. И + стомачни.
Нормално е да губиш вода на почетокот, па штом се вратиш на нормално јадење ќе ги вратиш и килограмите. Не се ставај на диета, почни да применуваш режим на исхрана подолго време - ем ќе има ефект со губењето на масните наслаги и помали се шансите да ги вратиш изгубените килограми.
@mimiiiii па знам дека ке има јојо ефект ама ми требаше да симнам килограми за брзо време затоа се ставив на ваква исхрана, но сепак не очекував резултат токлу бргу- тоа ме изненади,инаку после ова планирам да се хранам по УН диета (цел ден ке јадам само протеини пример,нема да ги мешам) @Snow-Queen но обично симнував по 2 -3кг од телесни течности,затоа многу се зачудив денес, но валјда оти па и малку вежбав си велам и јас сепак је видиме колку ке ги задржам @Annath се плашам само да не се откажам како што обично правам кога држам диети
За медот мислам дека нема лоши страни, а и не е штетен за забите како шеќерот. Не мислев на аткинсовата дите, него повеќе на палео. А за тие "диетални" житарици што ги збориш со вкусовите има свашта во нив, и не личат на храна, а камо ли на здрава . @AngelOfArh Прво не сакам да те терам тебе или било кого да го имаш моето мислење. Само сакам луѓето да размислуваат за нивното здравје. Второ, не кажав дека млекото е хормонски третирано, туку дека има хормони кои кравата ги има природно кога е бремена. Порано луѓето барем не ги молзеле кравите толку доцна во бременоста како што тоа се чини денес. Трето Каква е таа жива храна ? @Buubica Јогуртот е далеку подобар од млекото @feminium Мислам дека не е можно физички да изгубиш 5 кг сало. Знаеш колку енергија е тоа? Си изгубила течности...најверојатно. Зошто не го смениш сама твојот начин на исхрана комлетно, и го следиш истиот цел живот, туку одиш по познати диети (не велам дека не делуваат), кои најверојатно, а и како што кажа самата за 6 месеци се откажуваш. @mimiiiii Белковини имаш од месо, џигер, риба...и растителни од зеленчукот Знае некој како да направам multi quote?
Млечните производи многу ги кудите , имале калории , добро ( пример сирењето ) не се за диета ама секако дека треба да бидат вклучени во исхраната . А јогурт не знам зошто би го исфрлале , и кога сум била на диета сум пиела и тоа секој ден , а за девојките јогуртот е многу корисен
Дечкии.. и јас сакам да ослабнам уште 2кг. и ништо повеќе не ми треба. Само незз како, се плашам да не си ги ослабнам градите и задникот уште повеќе.. бидејќи пред има веќе изминато 6месеци одкако бев на "диетa" да речеме.. но не беше тоа некоја диета во вистинска смисла на зборот.. се што го правев за да ослабам е тоа што не јадев 2 месеца леб и благи работи и газирани пијалоци. И ослабев 11кг. Ама сега сакам и лицето малку да го ослабам, бидејќи ми е така побуцкасто А иначе се друго ми е така како што сакам Дал има некоја нешто да ми препорача што да направам за да го постигнам тоа ? Ќе ви бидам благодарна
Леле нејќеш да знаеш за таа жива храна, жива глупост пред се, според мене. Јадат исклучиво храна нетретирана термички, односно третирана исклучиво на температура помала од 50 степени, вода пијат исклучиво не знам колку саати сунчана на сонце одсабајле, ама битно јадат се како нас, си прават храни кои имаат исти имиња како нашите јадења, пример, пудинг, мусака, супа... се тоа готвено на само 50 степени целзиусови. Но во ред, право на избор, мене не ми се допадна почитуваната г-ѓица Платнар како изгледа на промоцијата на нејзината храна, повеќе болно отколку здраво, но нели право на избор, како и сите други диети и начини на исхрана, како што јас сум го избрала УН за начин на исхрана и како што тој делува на мене совршено, така Живата кујна за некого е избор.
Пробај со Photoshop, многу го фалат . Шала на страна, не можеш да бираш на кој дел од телото ќе топиш сало. Организмот твој сам одлучува, топи од секаде по малку.
леле сакам да ослабнам ама пустото никако да почнам со диета, празнициве ме унистија ај белик и василица помина па ке биде работа се надеваме сакам да ја поцнам ун
Ах леле, ме уништија празниците.. Не одам на вага аууу уште то ми фали на сето тоа јадење вчера, не планирам на вага.. Ама не ни се откажувам.Денес цел ден овошен ден , само мандарини ,јаболка, портокали јадам... И мнооогу вода и чај.. Пак си почнувам .Можеби и утре уште еден овошен ден да си го стабилизирам стомакот малце оти ми се чини ке ми пукни. Сега излегувам да пешачам малце , некој саат време а утре зумба уклучувам и 50мин ке скокам... Април се ближи, свадба ме чека, лето иди , мора убав да се биди.. шала мала
Јас да си се самопофалам за изминативе 6 дена поминати на овошје и малку зеленчук и за 5 те килограми кои сеуште стојат како изгубени (иако се од течности,како што ми кажавте погоре ).Планирам вака да продолжам уште долго(без маснотии,без производи од конзервасни,бои и ароми)
Иако не пишував што јадев за секој ден поединечно, веќе по 6 дена јас сум -2 кила, од 53 на 51.. стомакот скоро и да ми го нема =) Целта ми е да имам 50 кила најадена, значи насабајле би требало околу 49. Со висина од 162 мислам добро е. Иако повеќето викаат -110 од висината со 52 кила јас не си се свиѓам како изгледам, се е до телото.Да ги досимнам уште овие 1-2 кила и после до јуни има да вежбам секој ден и да си го зацврстам телото Пред околу 1 ипол година, на висина од 158 јас имав 65 кила што е премногу! Ги симнував долг период, некаде 1 година, бидејќи сум мала за некои тешки диети, го исфрлив лебот и благото, не јадев навечер. Од летово до сега имав 52 кила , но за празнициве качив 1-2 кила па сега ги симнувам, и лесно ми оди. Овие неколку дена немав многу време да јадам, зашто станував накај 1-2 поручек , легнував накај 3-4 сабајле и јадев два пати дневно. Доручек мандарини или житарици со млеко , во зависност што има и тоа накај 3-4 поручек и ручекот/вечерата ми беше накај 9 навечер , зелка салата со јајца варени и двопек.Ако ептен навечер неможам да заспијам 1 витанова и желбата за храна ми ја нема.Исто така и пијам шумливи таблети од лимон, имаат 170 калории на 100 грама , а кутивче од 20 таблети е 80 грама што значи дека минимално малку калории содржат тие . Така да бидете ми поздравени, и постигнете си ја целта сите, само упорност и мотивација и сите можете да изгледате како што сакате =)