^ухх тие никогаш не сум ги можела. Инаку добро е. Викендов бидејќи не внимавав на храната-таков беше турбо и со гости,ручеци...качив 55,8. Но еве 2 дена се вратив на вежбање и режим и веќе сабајле се виде резултат 64,5 .... мојата цел е под 63 да сум за една недела. Па ќе видиме.
Ана, мислам дека не е препорачано да се јадат такви работи, поготово бидејќи се пресолени, полни со зачини. Замислата на држење диета е да се јадат здрави работи, не само заради диетата туку и онака да се избегнуваат тие зачини, тие нездрави храни. Чипсови, зачинети кикирики, смоки, грицки, заборавете ако сакате да ослабете здраво и да не ги вратите бргу килограмите.
Еве ме мене пак во темава. И покрај тоа што на сликите кои ги имам ставено во модни критики изгледа дека немам вишок килограми, сепак не е така како што се чини. Не треба да ослабнам многу, но сепак треба! Вчера си го анализирав телото и искрена да бидам во огледалото видов едно огромно разочарување. Стомакот ми е критичен, всушност тој ми е и најголемиот проблем. Морам да кажам и дека си видов целулит, не многу, но штом се појавил значи отстранувањето ќе оди многу тешко. Да го отстранам засекогаш мислам дека не е можно. Ќе се изгуби но огромни се шансите да се врати повторно. Вагата повторно покажува 56 кг. не сум мрднала ниту нагоре - ниту надоле. Со љубениов мој одлучивме да почнеме да трчаме навечер, бидејќи тогаш немаме обврски. Најпрвин ќе го измерам обемот на стомакот, а за некое време и ќе очекувам резултати. Не сакав да трчам бидејќи е ладно, но сепак МОРАМ! Посакајте ми среќа, се обидувам да јадам здраво, а ете сега и ќе почнам со трчање. Кога да очекувам било какви резултати? Знае некој?
Јаготка, трчањето во овој период не ти баш и најдобра одлука, си знаеш, нели. Тешко дишење, плус ладен нос резултира на една голема настинка. Најдете подобро некоја алтернатива за трчањето или едноставно почекајте да се зголемат малце температуриве, затоа што надвор е премногу ладно. Инаку, првите резултати очекувај ги за минимум една недела. Плус - минус, зависи од многу фактори, организам, исхрана, вежбање, стагнирање па и метаболизам. Со среќа и пази што правиш на ладново .
Абе види, братучед ми на далечниот север џогира со триста шалови на него, ама и јас не би рискирала Јаготче. Плус кај нас куќите се ладни, ние не сме учени на ладни зими. И мене трчањето ми фали, посебно патекава кога ја гледам тука, шта речи. Ама поарно да не трчам неголи да се испоразболам... Пробајте да зумбате со момакот по дома, се кладам дека ќе ви биде ептен интересно.
Јас со надеж дека ќе ослабам 3 килограми во рапсустов, симнав само килце . Па не е така лошо, можеби за останативе 4-5 дена ќе симнам уште едно. Некако не оди вежбање на зима. Инаку вежбав вежби од јутјуб. Си пуштав музика и 45 минути вежбав во денот. На јадење толку толку не внимавав поради празнициве. Ручекот без леб, а нешто поручекот нешто благо (според диетата на Ирена го презедов ова). Вечера што ќе најдев јадев до 7 часот. Само за Стара Нова година каснав покасно. Се на се добро е До мај ми останаа уште 4 килограми да симнам. Се надевам не ќе се здебелам , па да имам повеќе килограми за симнување
Готово, сосема заврши одморот за мене. Иако пишав пред недела дека почнувам, отидов во Крушево и таму по кафани и слично, пропадна се во вода. Еве денес се вратив и од сабајле до сега сум на едно турско, бидејќи патував и немав баш избор освен некое печиво па затоа ќе си почнам со ручек. Сеа ќе кркнам една салата од свежа зелка
во август кога се мерев бев 72кила да се разочараш а вчера се мерам 65 не држам никаква диета само не пијам газирано не јадам леб и благо колку што можам поретко така да до лето на чоек ќе заличам само упорност , а заборавив да кажам многу пешачам поздрав
Неколку дена со диетата на ирена (незнам колку точно) -1 кг.Премногу сум задоволна.1 кг не е нешто многу,ама задоволнам сум што тргна работата и затоа продолжувам.
Pocnav vekej sekoj den vo teretana vezbam po 2 saati so trener,a dieta nemam nisto posebno se si jadam samo ne mnoguuu onaka kolku da probam,i onaka denovive niso ne jadam pa kutriot trener samo mi se dere da jadam :3
Луѓе те` ме и мене со моите маки. Значи имам една мана што брзо се откажувам и дозволувам коментари од типот “Ма не си дебела само ти треба малце вежбање и супер ќе бидеш‘‘ лесно да влијаат на мене.Имам и една предност што имам брз метаболизам и со 10 дена Ун намалувам и спојлери и стомак и све. И ете се откажав пак,видов мала промена и пак дозволив да влијаат на мене,па и моиве дома не ми даваат поддршка,све пред нос ми ги носат омилените јадења Немам значи многу вишок,единствено ми треба малце кај нозете да си намалам и кај стомакот.Имам широки колкови и тука изгледам најдебела Од денес почнав со трчање.Немам некако кондиција ама ќе се навикнам имам едно другарче фудбалерче и му правам друштво.Почнав да го вртам фудбалското игралиште.Почнав со 2 круга потоа ќе си зголемувам. И што викате да се придржувам кон режимот од Ирена? Не ми се брза ама сакам до лето (до Август) да си бидам тип-топ и за свадбата на вујко ми да си облечам едно фустанче на мерак :geek:
Епа децо, решено е, јас почнувам со Аткинс. Знам знам, Јуле не ме карај, читав што ти се случило од диетата, ама ова го одлучив од две причини. Првата е што јас и онака имам проблеми со инсулинот и мислам дека не слабеев во УН баш поради тоа што само еден ден беше протеински, преовладуваа јх и скроб, и ето. Би било супер ако ги откачам и Глукофажот во овој процес, а од многу читање и истражување, заклучив дека ова е најдобро решение, барем за мене. Сакам да пробам да видам со чисто протеинска исхрана (месо, млечни производи, јајца и зеленчук) до каде и како ќе стасам. Втора причина е што во периодот кога најмногу ослабев, јадев претежно протеини, и некако мислам дека ова ќе успее, и тоа прилично брзо ќе успее слабеењево. Моментално, фора за првата фаза имам додека не почнам на факултет, тогаш ќе морам да преминам во втората и да вклучам овошје и семки, морам да појадувам нешто такво на факс. Ќе пробам,значи ќе пробам да бидам само на зеленчук и месо и јајца, со помалку млечни производи, ама ќе видиме. Читав дека во оваа фаза, најправилно е да се внесуваат под 20гр јх, ама не знам колку е возможно тоа, не знам ни како да ги избројам/соберам, тоа е една чаша јогурт само. Да речеме дека во глобала ќе се фокусирам на внес на протеини, а помалку на броење јх. Идеи за јадења, појадоци и слично, како и сугестии за диетава, се добредојдени.
И јас ќе ја почнам Аткинс нареден месец, па Господ здравје да и даде на Трендафилка, ја изнамачив да ми каже што всушност да јадам. Значи, како што кажа Трендафилка, ќе гледаш/ме исхраната да ни биде повеќе на месо и јајца. Во сооднос со салатите да биде 3:1. Може да се касне ајвар, туршија, ама со усул и без леб. Исто ми кажа дека може до 100гр сирење дневно, зденки може, дури и половина павлака може . Е сега не ја сфатив баш дали смее или не смее сувомеснато да се јаде. Дузенке, па ќе видиш пример позади на производот колку гр. јх има на 100 грама. Ќе си помножиш по колку сакаш и те го. Мене ми е во план месец дена да ја држам, ама сакам уште некоја недела да сум на одржување (од кое патем помина 1 месец). Мака ми е, многу ми е мака, што се опуштив неколку дена и оп +2 кг. А не беше тоа опуштање па да јадам по цел фрижидер. Не ни мешав намирници, па затоа се чудам зошто ? Ајде да добијам прво па ќе се мерам пак. Муки бре. Си ги сакам клучните коски вака троа видливи. Ете така Дузи, јас не сум многу искусна, Трендафилка е поупатена, потпрашај ја . Ќе си се поддржуваме јас и ти.
Добро ке биде утре да издржам.На гости сум,на ручек и ке има месо ,ама се надевам дека нема да попуштам и дека се ке биде како што треба.Не јадам од што ми се јаде,ама кога нешто ми е забрането ја па бетер сум.Ама ке соберам сила и ке изадржам.
Јас еве трети ден како внимавам што јадам, имам резултат 1 кило за три дена, наутро мусли со млеко и кафе или чај без шеќер, преку ден салати и многу овошје и течности, ко камила сум, исто и навечер, кога многу ми се пријадува зошто учам до касно, мандарини, јаболко, лебот го исфрлив скроз и шеќерот, денес еве планирам туна салата преку ден, тоа и навечер, ама моментот е кога ќе се опуштам јас додувам плус од тоа што бев и веќе мака ми е, претходно бев некои 72/3, пред некој ден мерење 74 бамм, се разочарав и сега сум решена многу да внимавам, никогаш не сум била волку.. почна да комбинирам со трчање во место по дома, зошто надвор влажниот воздух ми смета поради атсмава, и нешто стомачни, па пуштајте среќа очајна сум веќе..
Девојки, јас Аткинсот го имам разработено до најмал детаљ. Spoiler Мојата, поштено ќе ја наречам опсесија, отиде дотаму што упорно сакав да дознаам дали може од време на време, кога реално се нема избор, да се испие една кока кола лајт, знаете дека во пола литар има половина или само една калорија, така нешто. И нула шеќери. Арно ама, од 6 можни видови вештачки засладувачи, во Аткинс е единствено дозволена спленда, што кај нас, за жал, ја нема. Ние ги имаме оние вештачките засладувачи од типот на цикламат и аспартам (во мастиките без шеќер се присутни најчесто) и тие во Аткинс се no go. Сувомеснато може да се јаде. Секако со усул. Бидејќи се конзервирани, имаат доста додатоци и понекое шеќерче, на кое треба да се внимава. Значи пилешка и свинска шунка, сланина, печеница, саламчиња, па дури и некоја виршла и колбавче. Секаков вид на месо, салата (свежа или туршија) која ќе внимавате да не надмине 20 гр. ј.х. на ден. Тоа ви е многу важно. Јајциња - пржени, варени. Омлет направете си, 10 маслинки на ден е дозволено или половина шолја печурки. Томи мајонез, бидејќи е единствен со нула додаток на шеќер, другите имаат. Туна и риби, скара. Може да си фукнете шеф салата или цезар, минус кубетите. Пијте дополнително шумливи таблетки, земајте ц витамин, пијте чаеви. Читнете на нет работи исклучиво за првата фаза - induction. Може и по едно какао на ден, без шеќер нели. Кафето читам американците го пијат со некаков creamer, тоа мислам дека му доаѓа ко слатка растителна павлака, зашто таа има најмалку ј.х. во составот. А може и млечна павлака, од онаа за готвење течната, неутрална што е, лажица или две во инстант кафе нема да е проблем (ова ако сте си кафе-зависник). Инаку фурајте си турско, иако не претерувајте, мора да ја смалите што е можно повеќе количината на кофеин во индукција. Друго во моментов не ми текнува, ако има нешто слободно прашувајте. И не претерувајте, 3 недели индукција ви се тамам. Инаку, јас веќе 2 пати бев на фитнес. Каква разлика има од тие орбитреци таму со мојот никаков и расклатен по дома. Таму вчера извртев 30 минути, а денес 50. Скоро 500 калории потрошив, зашто вежбам на 6 отпор, од 8 вкупно. Моментално сум сконцентрирана на кардио и вежби за нозе и задник. Следнава недела ќе сменам со вежби за раце и стомак. Така си ги поделив сама, искрено ме прашуваат таму - да не ти треба помош, што да им кажам, теоретски сум експерт за тоа како треба да се јаде, да се вежба, уште само да го применувам. Не се лишувам од храна, направив само корекции во режимот. Имам 3 оброци и 2 мали ужинки. Јадам исклучиво корнфлекс и овошје насабајле. За ручек само една група на храна (или скроб или протеин или ј.х.) со салата. Вечерам - супа, риба, салата или јогурт. Пијам цеден лимон засладен со лажичка мед, а ужинките ми се гранола бар, некое овошје, мал јогурт, некое бадемче, или 2-3 o'cake, што ми се најде при рака. И убаво ми е да ви кажам право, иако е рано за резултати. Не ми се брза никаде, сакам да го навикнам телото на физичка активност и сакам да се обликувам натенане. Ви посакувам успех на сите.
Веќе имам пишувано дека мене Аткинсот ми е најделотворна диета и со неа си доаѓам до посакуваната килажа.Ме зачуди ова што го пишала Трендафилка за кока кола лајт,зошто јас редовно ја пијам додека ја држам диетава и слабеам без никаков проблем.Јас одбегнувам да внесувам млечни производи иако се дозволени,зошто во еден наврат ми се деси да имам застој во слабеењето баш поради нив,па повеќе се фокусирам на јадење мевце,јајца и салати во неограничени количини
Пред некое време бев супер,бев слаба,ама не премногу,туку нормално имав до 52 кг најмногу.Ама последниве 3 масеци нагло си ја зголемив тежината за 25-30 кг.Дури сега се освестив.Едноставно јас не се чувствувам добро во споственото тело.И затоа сакам да ослабам. Јадев од што бев зависна од храна и од што во тоа наоѓав некаква си утеха.Ама време е да кажам стоп. Од утре почнувам со диета.Знам дека ке можам да издржа,бидејки сум цврсто решена и нема назад.Останува само да одлучам која диета ке ја држам.А и секој ден ке ви пишувам и заедно ке си се бодриме.
Дечки јас среќна се разбудив сабајлево, ќе почнувам да запишувам овде килажа за да сим имам тек со работите и сум изненадена, ја нема значи онаа бројка 74, 4 мислам беше пред 4 дена. Денес мерење и оп 72.4, тука ме гледаат чудно оти се смешшкам сама. Наутро чим стана почнав да пијам, чаша вода со цеден лимон и сипнувам малку јаболков оцет. И потоа порцијата мусли со млеко. Ручек денес, пилешка салата, сецкани парчиња бело пилешко месо, со зелена салата, оваа не е марула, ама слично, ставив неколку маслинки, почнав да ставам скоро во се чили оти го забрзува метаболизмот, и малку соја балзам, сол пробувам да избегнам, ставам сосема малку, тоа ќе ми биде вечера исто, решив така да правам, полесно ми е,што за ручек тоа и за вечера, а од супите само течноста, има сериозно голем разултат за овие неколку дена и ми дава надеж, и многу почнав да пијам зелен чај.. вежбање само во затворен простор соба.. за понатаму здравје..