не, имаат многу калории! A за кризи за јадење, мене ме фаќаат највеќе на сабајле, што од една страна е убаво што и да јадеш на сабајле, најбрзо се троши, метаболизамот е најактивен на сабајле! навечер ретко да ме пукаат кризи, општо навечер не ми се јаде
Како се држите девојки? За лененовото семе, јас пијам лененово масло. На сабајле на гладно, една супена лажица и одма после тоа многуууууу вода(зошто мене ми е очајно грдо). И јас колку што знам семето не игра никаква улога(мислам на зрнцата), подобро е или маслото или пак мелено лененово во мусли да се додаде. Најдобро е лененовото со лимони цедени. Ајде јас да се пофалам, вчера морав да се мерам зошто сите ми рекоа дека сум видно ослабена. Па ајде нека ми се на здравје 7 kg down Вчера правев и крвна слика, се е супер, па искрено ептен сум задоволна. Се радувам ко мало дете на сладолед А сите ми ја пунеа главата како и годините играат голема улога во слабеењто- не си ти девојчица од 17 години па се да оди глатко, ама добро е го побив и тој мит Да се надополнам- за 37 дена ќе му дојдат 14 кг. И јас тука застанувам Сега ќе бројам калории или пак само ќе внимавам што и како јадам
Bака сега:јас од сабајле изедов 2 варени јајца(само белка) со препечено лепче+нескафе(со нискокалорично млеко) Cега им правам на овие дома плескавици,и салата со маслиново и балсамико,имам план да каснам мала плескавица со салатата,ама оваа кафево многу ме подува,ко трудница се чуствувам,а не посетив тоалет после ке мавнам едно пешачење со керка ми в количка и така
Eдит-ништо од плескавиците,заминаа в губре,не ги погодив Cега останувам на салата и 1л вода со цеден лимон-ја послушувам на пирамитка Bие како се држите теди и лудо ? кога ве факаат кризи,мене денски,навечер ок сум
Вчера си ја прекршив диетата...бевме вечерта на род. и не одолеав, каснав торта, минијатурно парче ама сепак торта Бидна, готово, нема да ми се повтори Да прашам, смее ли да се јадат кикирики..или поточно колку калории имаат? И дали смее да се конзумира винце, една чашка барем од време на време? Што се однесува до кризи, најмногу ми се јаде наутро, до ручекот..После ручек не ме фаќаат кризи, а ако ми се пријаде јадам краставица или патлиџан, така без ништо, дури ни сол.
Мене до сега неколку пати асолни кризички ме фатија и тоа или за ручек или навечер. Ама издржав, одбив и јадење од мекдоналдс. Ниту едно компирче не си дозволив да пробам. Од сабајле јадев банана, и си направив нескафе па до кај 12 ќе го тинтрам несот и вода, па ќе јадам супа, и попосле ќе си зготвам варени јајца за јадење (3 јајца, само белките), а вечер марула и туна. Се чувствувам убаво, претежно насабајле јас обилно сум јадела а сега не ни имам желба. 6ти ден, и супер ми е, горда сум си на себе. Ама да не беше форумов, т.е темава, не знам до кај ќе стигнев да бидам искрена.
Hемој да се разочаруваш за едно парче торта, си згрешила продолжи напред! епа луѓе сме, и ние си сакаме малце ништо нема да ти биде од парче торта, овие денови продолжи си и не смее кикирики, гојат многу калории имаат па сигурно 500-600 калории, ако не и повеќе! и мене наутро највеќе ми се јаде, затоа мораш да појадуваш, за да не те мавнат јаки кризи навечер
Aх како се држам нели реков нема ориз да јадам.... Aма...... мајка ми малце е откачена, насабајле во 6 го готви ручекот,пред да оди на работа, зашто сами сме, татко ми не е дома да зготви, и свари ориз интегрален (таков јадеме) и во 7 беше готов, и си наполнив една чинија плитка, и си каснав ! и кога отидов во веце се Spoiler искакав , ама она убаво, 3 дена не сум била во вц, а секој ден по 2-3 пати ми е стандард Aјде јбг, ориз беше, во 7 сабајле, сега сум најадена, до 14 часот ништо нема да ми се јаде Aјде утешете ме сега, осеќам вина
Сега гледам за водата дека сте пишувале. Тоа да се пие вода додека се јаде е голема грешка. Половина час пред јадење и половина час после јадење вода не треба да се пие. Водата оди низ организмот побрзо, и побрзо стигнува до желудникот. На тој начин ги разредува желудочните киселини и од храната баш оние потешки состојки не се разградуваат како што е потребно. Подобро со салата да се лажеме дека сме најадени отколку со вода. А со пиење вода да си продолжиме најмалкуи половина час после оброкот. А водата е здрава да се пие заради многу други работи, добрите дејства што ги има врз организмот и се по ред. Само пиши на гугл ( не мит екнува која феминка не знаеше зашто се пие) и ќе ти излезат мал милион текстови. Лудо, оривчето денес ќе го потрошиш. Не е страшно, јас пред некој ден ручав обичен ориз без леб. Уживај.
знам ама многу тешко се осеќам! вчера јадев само 1 јајце со 2 патлиџани на тефлонско, и после 5 саати малце таратор и тоа беше се! и кога станав сабајле, видов оривче, и ајмо на весеље Aма не претерав, јас знам и репете да си земам! Tака да се исконтролирав за количина
Aх бе лудо,не е страшно,една другарка ослабна 15кг и кога ја прашав што јадеше ми рече ориз и супа,гевреци,јогуртчина. A мене оризот не ми влијае баш убаво,осекам дека ме наполнува премногу лолита и кај тебе не е страшно,велат дека ако јадеп здраво имаш еден ден во неделата да канеш нешто мрсничко,му требало на телото,другар му на мажот ми прездраво јаде и во секоја сабота си дозволува пица,мекдоналдс и слично. Mече еј чипсите се најзаразни,мене стрина ми донесе сега чипс онај грчки,и кога си замина ги испрскав со windex инаку ке ги лапнев Mене некако не ми оди водава со салатава,ме дуе наеднаш,во право си за после или потоа Eдит-таратур јадете онај со павлака(кисело млеко)и краставица и лук,или за некој друг станува збор?
Ете така, и мирна глава ем задоволно меше. а за јаткасти плодови, најубаво е да се јадат бадеми, може и суво грозје или сува брусница. Кога ќе ве фатат кризи а да не е повеќе од еднаш дневно, една шака бадеми или суво овошје. Шаката не мора да ја преполнувате Волфче, таратур јадам со овчо кисело млеко, краставица и малку сол и киселина. Друго ништо. Павлаката е далеку покалорична
Jас тараторот го правам со јогурт кравји обичен 1 голема лажица дробено сиренце, краставички, ротквички, и зависно од колку калории сум внела во денот, можеби и сецкано варено јајце навистина освежува мнооогу и те држи најадена долго време едит- Tеди, немој овчо, многу е мрсно и не е диетално, замени го со кравјо ќе те карам
Не сум јас крива, татко ми е, поздраво било тоа овчото, т.е најздраво и само за мене го купува, ама ќе му речам да ми смени на кравјо. Еве го и сега доаѓа дома со лепчиња од фурна. Човеков ќе ме однесе со една нога во гроб од пред време. А јас само ќе ги гледам со брат ми како си лапкаат чајни и топли лепчиња. Тотално нефер суштества. Ама јас им реков се е во ред. Па жал ми е и тие ради мене на режим да бидат. Е сега ќе си трпам. Вака се ојачувам бе.
Hапред Tеди, не се предавај!!! Mисли на италија, мисли на секси мужиња, мисли дека мора да мувнеш нешто таму, дури и за мене Mисли си дека си посилна од лебот и колачињана, и не им се предавај! и ќе успееш!!! верувај во себе, малце поддршка да ти пратам, да не ни потклекнеш
Неее, нема потклекнување. Ах Италијо Хахахахахаха тенкју на поддршката, добро ми дојде. Затоа и сме тука нели. Си се чудам еј, тука ќе се олеснам и после немам проблеми. Ех да не бевте вие ... до сега може 8 пати да се откажев А вака неее Сега си ставив супа на оган. Нека се крчка.
Дечки, оти така му сте се запнале на оривчето бре? Па во УН диетата, јас секој 4-ти ден јадев ориз и салата. Имаше да се бира - грав, грашок, боранија или ориз и со мајка ми 90% од диетата бевме на ориз. Не зафркавајте, зборувате за кашкавал, зденки, таратур сега оризот бил страв и трепет. Одговорно тврдам дека е здрав и се слабее со ориз и салата. Не ме интересира колку калории имал, дали имал 3,6 повеќе од леќа или не знам ти што. Заситува, минимум 4 часа нема да помислите на храна.
И јас си јадам ориз, без леб со малку сирење и многу патлиџан. Дури и го обожавам. И не знам зошто не е погоден за во диети демек. мене убаво ми делува, сакам да јадам ориз, ем заситува. Поготово и порција супа ако изедеш претходно, цел ден нема на јадење да помислиш
еми и јас со сиренце и патлиџанче го јадам Aма му се плашам зашто не е протеин! и да, заситува, ехееее, пред 3 саата го јадев уште сум бајаѓи најадена и теди се разбравме, овочото никако, кравјото кисело млеко има 60 калории на 100 мл