(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Оф, маки.
    Морам да се пожалам, жими се.

    Не знам зошто, ама мислам дека работава со сите мои диети е лузинг батл. :| Немам ни желба, ни живци, ни волја, мислам дека повеќе држам диета за да не се здебелам отколку што држам за да ослабам. :D Аткинсов е супер, мислам океј е, немам напади на глад, најверојатно инсулинот ми е под контрола, ама не знам колку ќе издржам јас, и психички ради песимистичко расположение поради неуспехот, а богами и финансиски.

    Еве денеска ми купиле брокула, и едно тајни литл, минијатурно парченце брокула е 80 денари, а тоа не е ни оброк, мислам да седнеш да го јадеш повеќе гладен ќе останеш. :fubar: Планирав како комбинација со нешто да го јадам. Ами другото мевце, јајца, ами јогурт чат-пат, ами салатите, туршиите, тие не се ни вклучени. Некако... ко да одам сама против сите, и не можам баш да ги задолжувам да ми купуваат по 2 кила месо на 2-3 дена. :geek:

    За вежбање не би ни да почнам да ви објаснувам во колкацка соба сум сместена, мораш нога за нога да минеш меѓу сите кутии и работи и глупости, а не па да земеш да вежбаш. Во претсобјето ми е ладно, читај мразарници, и не можам таму. Трчањето е убаво решение, за некој месец. Дотогаш, ќе се тркаламе. :D

    И знам дека ако ослабам, еве да речеме, знам дека пак ќе се поправам. И не викајте не е така, еден не знам кој успешно ослабел и останал цел живот таков. Ме плаши и како ќе биде летото кога ќе морам да јадам тоа што ми се нашло на патот...

    Абе смачено ми е од се, ете тоа е. И некои дип даун психолошки бубачки си имам ради кои сакам да седнам и да сркам еурокрем. Ете. :D

    А иако викам вака, смачено ово оно, најмалку од се сакам да станам стокилажно ,,нешто,, кое си вика - Ех, па гените ми се такви, хормоните ми лумпуваат, не можам да ослабам, таква сум си, што да правиме, ајде јади си слободно. Ни тоа не е решението.
     
    На Annath, Ammy.Lee, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Иста мака делиме на психички план, некои денови ми е толку смачено од диетирање и вежбање и здравата храна, кога гледам девојки што не мрднуваат со мал прст и на крај памет не им паѓа да свртат опаковка и да прочитаат калориска вредност, само ждерат и бутаат и се фит, а јас се опседнувам, ме мава искрено и блага депресија, и разочараност, ми доаѓа да земам симултано да буткам чипс и боза, солено и благо, да кренам раце и да си бидам дебела принцеза. :D

    Арно ама нејќе да е така едноставно, црно и бело, не си се сакаш со спојлери, со дебели бутови и разлеан стомак и си буткаш јаболки и вода и си трпиш.
    Борба е ова, па кој како сфаќа.

    Туку Дузенка, мој најдобронамерен совет, да не те плаши Аткинс и храната во него.
    Не ме зезај, месото е реално поевтино од овошјето.
    Една туна и 2 виршли и си завршил работа цел ден.
    Можеш да извадиш 2 оброка за помалку од 100 ден.
    Јас за 100 ден. едвај купувам овошки за 2 дена.
    Оди купи си 5-6 ќебапчиња и марула салата и си свршила работа.
    Или риба конзерва, ајвар или лутеница мора да ти се наоѓа, туршија грицкај.
    И до 100 гр. кравјо сиренце на ден можеш, оние огромните зденки во кам - 8 за 38 денари, тоВа го нема никаде реално.
    Свари си две јајца, марула, биберче, малку мајонез, и ете ти ја Мимоза во супер верзија. ;)
    Со еден килограм стек ќе си извадиш 4 солидни оброци од по 250 грама месо, а стекот е околу 200 ден.
    Кој ти дава порција месо за пеевче?
    ;)

    Има многу варијанти, и гарантирано ќе поминеш поевтино од многу други диетички. ;)
     
    На Annath, ma4enceEdno, Ammy.Lee и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Бидејќи дефинитивно понеделникот е најлош ден да се започне било што, затоа јас решив мојава диета да ја започнам во недела,можи повеќе ќе тргни работава :lol:

    Овие празнициве колку што ги сакам толку и не ги сакам, секогаш заршувам со 2-3 килца+ ма колку и да се обидвам да одолеам на храната.

    Па бидејќи си сум личност бавна во слабеењето од сега си го земам предизвикот за до на лето да имам тип-топ тело, добор не ми треба многу освен едно 5-6 килца помалце и мноогу вежбање ама тоа да се стопли времето па во градски парк ќе трчаме оти за друго не не бива :lol:

    Нема да прам некоја диета со режим, туку едноставно ќе гледам да се придржавам здраво да се хранам и да одбегнувам благо колку што можам :doh:

    Епа ај нека ми е со среќа мене и на сите стари и нови диеталки.

    Нешто за мотивација..
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На tessi, Doozy и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Значи мојава килажа не е нормална :@ , како што ви се фалев дека симнав 5кг за 5 дена сега да ви се пофалам дека 4 однив си ги повратив за 2 дена :!: ( точно дека цели 2 дена јадев се нешто мрсно и не се движев воопшто но 2 дена се бре :@ :@ ).И денес- 3ден пак се нафрлив на јаддењето како свиња :swear:
    Но од утре пак нова диета- нова приказна овојпат како што ми препорачавте :!: не 10дневна диета туку режим на исхрана..
     
  5. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    од 20 дена распуст, јас еве вчера и денес наоѓам време асално да си седнам на компјутер и да видам до кај сум на форумов :D
    ОФИЦИЈАЛНО прва и се надевам не последна зима како јас немам качено апсолутно ни два грама, а можам да се пофалам дека нешто имам и стопено! :)
    незнам нешто психички ме мавна на апетитов, да не биде како лани и немав апетит.. и сеуште немам..:)
    од утре ја продолжувам ланската традиција која трае до јуни, само оваа година имам + вежби кои што здравје боже од 1 ви ги почнувам :)
    оваа зима се затегнав малце од малце, постојано само негде одев, шпартав, чистев и времето ми беше постојано исполнето и некако не ни помислував на храна ...
    Од утре нема грицки, нема газирано, редуцирана пржена храна, малку леб и малку благо... неможам пишана диета зашто баш коа нешто не треба да се јаде мене ми се пријадува... :D
     
  6. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    И јас од денеска почнувам не диета туку мој режим на исхрана,насабајле овошје после овесна каша ручек што има дома со малку леб и вечера салата.Ако се ставам на диета вториот ден ке прекинам,а сега мислам дека имам најголема мотивација пошто имам 30 плус.Сега ке се мерам и на вага и во обем,па се надевам на успех
    Подршка до сите кои пробуваат или се мачат да ослабеат,заедно можемеее
     
    На Ammy.Lee, Doozy и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Денес биднаа два месеци. Јас од ништо не се лишив, еве за два месеци симнав три килограми, и од прилика по сантиметар и пол во обем, не е многу, ама па и не е стоење во место. Јадам некогаш и леб, и пијам и сокови, ама гледам да е многу намалено од порано. И не ме фаќаат кризи. Е сега добро, кај мене има поише за симнување затоа и вака ми одговара :D ама како што ќе поминува време полека ќе се привикнувам на помалку и помалку се додека скроз не тргнам од исхраната се што е штетно, па здравје до наредната нова година ќе бидам како за на модна писта :D
     
    На Buttterfly, Ammy.Lee, ljubam и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Е денеска добро поминавме
    Доручек: препечено лепче и маслинки
    Ручек ( не може да се нарече ручек туку ужина на училиште)
    [​IMG]
    ме зачуди ниската калоричност
    Вечера: варен зеленчук ( компир, грашок, морков, пченка) :)
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Иииииии ја усрав денеска, :D четврти ден, јадев торта со бисквити и пудинг, и тоа две парчиња. Фала на прашање, одлично ми легнаа на меот, имам две витки. Се зафркавам, подуена сум како пивтија, треба да ми дојде. Ви викам, некако мува не ме лази за диетиве веќе. Ама ај, од утре пак јово на ново. :geek:
     
    На pamelche, mimiiiii и anabel-a им се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    :D
    Зарем? Ништо не е, ќе се навикнеш, јас вака месец уназад ја укакувам работата :rofl:.
    А барем тие парчињата торта така убави беа, подебелки? Барем да не ти биде криво :rofl:

    Оф бе, тежок живот диеталски, што ќе правев јас да не беа друшките диеталки на форумов :D
    Готово, сега сериозно се заозбилувам. Од утре стартувам со чика Аткинс се до следниот вторник, ако немам нус појави - планирам да ја држам уште една недела. Повеќе не.

    И вака одамна не сум била возбудена за некоја диета, едвај чекам утре да дојде и да ја почнам. Рибче, мевце, сиренце, млекце, абе рај. Се сум прочитала по интернетов за Аткинс, дури и година на раѓање и проштевање од живите му знам :D

    Леле ако ги симнам овие непотребниве кила создадени од аздис, има Дузенка и Трендафилка да ги частам. На Тредафилка по еден гранола бар да си заблажи душичка, на Дузи една пастрмка да тргне работава :D
    :^)


    Редактирам, постот на Љубам ме потсети да пишам дека се снабдив и со домашна јаболкова киселина и тоа ќе пијам од утре.
     
    На pamelche и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    Ти кажав и претходно, мислам дека беше пред недела дена, да ја промениш целосно исхраната, а не да одиш со магични диети. Не дека се лоши тие диети, али самиот чин, е од сега сум на диета....знаеш како завршува - по некое време јадеш повеќе и по нездраво него било кога. Се надевам дека овојпат ќе ме послушаш :)
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Денес не се мерев ама утрово кога станав, прво чаша вода со цеден лимон.

    Доручек : пак мусли со млеко.

    Ручек: учев и заборавив да јадам само едно јаболко.

    Вечера: зелена салата и едно парче малооо свинска кременадла. Ама количнски малку каснав дека не ми се јадеше многу.

    Се зачленив на фитнес, од утре вежбам, кардио со стомачни, бев во пордавница пробував некои работи и ми се згади сама од себе, стомакот ми е ко пет бебиња да носам, сите ме прашуваат да не сум трудна, а јас само дебела. :tmi:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    ^^така изгледа и ке биде Eagleeye :tmi: .Вообичаено мразам кога на некого треба да му кажам воправо си ама овојпат ти навистина беше воправо признавам :!: ,ти ги исчитав сите мислења на темава и какошто пишував претходно се сложувам со тебе има многу логика во тоа што го пишуваш :) . :worried: но ете мислев дека ќе има побрзи резултати со кратка диетa :doh: .Но од денес почнувам со целосна прамена на исхраната купив мнооогу зеленчук :D и јадев варени јајца и салата(иако малку ми одзема повеќе време за припремање од тостот и пицата :) ќе се придржувам на ваквата храна)
    Ќе ви пишувам резултати ако има :P :*
     
    На Eagleeye и ljubam им се допаѓа ова.
  14. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Женски долго време ме мача 7-8 кг. многу пати сум се обидувала со разни диети но 3 4 дена и ми паѓа мотивацијата и ја прекинувам диетата и си продолжувам со јадење :tmi: И секогаш си се тешам дека не сум многу дебела, ама кога нема да ми стои некое парче облека и тоа поради мешето е тогаш се нервирам.
    И сега баш ве читав во темава и некако повторно ми се јави скријаната желба за да ослабам :) но овај пат ќе се обидам со здрав режим на исхрана, а не со брзи диети бидеќи никогаш целосно не можам да ја издржам диетата бидеќи се нешто ми се пријадува а тоа го нема во диетата а и плус тоа со брзи диети се враќаат брзо килограмите.
    Од утре си давам ветување на самата себе дека:
    1.Ќе пијам повеќе вода и чаеви :!: без шеќер
    2.Ќе јадам умерено, а не да се прејадувам и тоа само од тоа што сум стрвна
    3.Ќе намалам со внесување на благо, односно на 2 дена ќе си дозволам едно малечко чоколаце
    4.Ќе јадам повеќе салати и овошје
    5.Повеќе нема кога ќе ми е досадно да земам грицки или пак благо и да јадам, туку ако ми се пријади така од што немам што да правам ќе се напијам вода или пак чај за да ми помини гладот
    6.Ќе играм на физичко и ќе пешачам
    7.Ќе јадам тоа што има дома зготвено :!: ќе јадам диетален леб и по едно лешче најмногу по едно ипол фазла не
    И ветувам дека ќе пишувам редовно и заедно ќе се бодриме а кога ќе ми падни мотивацијата ќе ве читам и ќе си најдувам слики од слаби женски со убаво тело и си викам ќе успеам овај пат да симнам некое кило и да ја имам фигурата која ја сакам :) па ајде со среќа и мене и на сите :$ па ќе видиме што ќе направам :sweat:
     
  15. emekreme

    emekreme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    209
    на режим сум кај турунџиева, многу строги менија ми дава, многу се слабее доколку се придржуваш,
    кај мене има резултати за 1,5 месеци симнав да не претерам 6-7 кила, она ми викаше дека е малку, и дека треба да се држам до режимот, а пустото нели не си жив ако не прекршиш, сепак добро ми оди, јас сум задоволна. посетете нутриционист, поголем мотив имате и побрзо се слабее
     
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ама као бре малку? Каков шок му правиш на телото, што кога ќе престанеш? Мораш да го навикнеш телото, можеби е ок на почеток шок, ама константо, јес да телото ќе ти се навикне.. ама мене ми е страв од драстично намалување на тежина, само поради фактот дека ми почина другарче од тоа, го изгуби имуниот систем и плус тромб, затоа пазете малку ве молам.
     
    На Hopeful и pamelche им се допаѓа ова.
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    А и плус кога ќе стигнеш до посакуваната тежина, ќе престанеш со режимот и ќе почнеш пак да си јадеш како порано, па ем невиден шок на организмот, ем бројката на вагата ќе рипне како претходно... ако не и повеќе
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.296
    Допаѓања:
    259.315
    Леси се врача кучи :D .
    Тука сум, да и мавнам на камерата :hai: .
    Со многу килограми на мене. Искрено страв ми е да се мерам :tmi: .
    Видно поправена, видно истечена, со стомак, кој ретко го имам, со бутови и нозе, па и некоја ракичка.
    Состојбата алармантна, и мајка ми реагираше. Што за здравје, што од маки од моиве диети.
    За некој месец имам контрола, и јас наместо стегната и ослабена, ете ме растечена, тромава ]:) .
    Празнициве полека завршуваат, си го зедоа данокот, и сега ми останува да слабеам.

    Не сум расположена за ниедна диета, се мислев за УН, ама ми се гади од месо. Јајца не јадам, само пржени. Аткинсот ја откажав, ама еве потврдувам дека е ефтина, нека не ве застражува месото, постојат ефтини варијанти. И така си останувам да си скројам свој режим, кој деновиве интезивно го мислам. Уште да го смислам.
    Тешко оди.

    Се мислам за појадок кој вклучува овошје и мусли, ручек без леб, вечера да нема.
    Здрава исхрана ми е опција, ама ќе видеме.

    Во меѓувреме ме очекува роденден, и тоа не еден туку два :whew: .
    Немам волја за слабеење, а сакам да ослабнам. И ај сега, НЗС?!
    Нема! Море има, да си затворам устата, и гнетање ЈОК.
    Се чуствувам и лошо, со опаднат имунитет од нездравата храна која ја консумирам во текот на месецов. Па затоа, морам да ја менам исхраната.
    Се надевам ќе започнам во брзо време.
    И тоа, си се олеснив, си кажав што ми тежеше на душичката прејадена :D :D .
     
    На Ammy.Lee, AnaKarenina, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Утрово 71.8 јухууу.

    Мени за денес:

    Утро: немав мусли имав овошен јогурт, исеков јаболко и мандарини две мали, и тоа изедов.

    Ручек и вечера: мешавина од зелена салата, домат исецкан, само малку обарени шампињони, маслинки, и можно е да додадам кубети, ќе видам.

    И денес почнувам со фитнес. Планирам 1 саат кардио, и после стомачни. Најмило ми е што обемот ми се намалува и трудничкиот стомак.
     
    На JuLleE и Doozy им се допаѓа ова.
  20. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Не можев да најдам соодветна тема за прашањево, па се надевам нема да смета тука :) дали знаете некоја диета за убави нозе? :D Идам на фитнес, ама некако не гледам дека има промена во нозете:/