(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Пак ќе бидеме , здравје Боже. Јас не губам надеж, се си викам штом еднаш успеав, ќе успеам пак. Само со стомакот незнам што ќе правам, на моменти мислам дека ни липосукција нема да ме спаси.
     
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Јас јадам само по една банана и портокал .

    :hai:
    Друшки...
    Ај малце да се пожалам и јас :sweat:
    Значи од поручек сум на училиште,наутро најчесто јадам Сиренце,јогуртче,за ‘‘ручек‘‘ (кај 3) на училиште по една банана и портокал кога ќе си дојдам дома во 9 ч исто како од појадок и пак како подуена се чуствувам.Моментално и имам` ... ама стварно се нервирам.Гледам школски слаби слаби како соленка и на одмор идат со по 2 хамбургери со кечапи,мајонези а јас си лупам портокал и ми свиркаат цревцата :devil: Ми иде да се фрлам од 3ти |(
    Стварно да не знај чоек шо да прај,ама не се откажувам ќе си го терам режимов,па од сабаље ко ќе бидиме на школо ќе се смисли нешто друго :D
    пс.Сакам да прашам каде се купуваат ваги и по колку пари се? :wasntme:
    Поддршка за сите вас диеталки :*
     
    На Grejsi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Ејми денеска гледав каталог од Техномаркет и имаше дигитална вага за 999 денари. Разгледај си, јас се мислам дека треба да инвестирам во една нормална вага, оваа дома... Ќе откаже кај и да е. :D
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499

    Oooo, не ми збори те молам.
    Јас секој ден се соочувам со ова, ги гледам со кифлишта, симити, буреци, и разно разни теста во раце и од мака ми иде да се фрлам на бутање и јас чипсови, и кикирики, и лиснати и чоколадо истовремено. :| Многу глупаво чувство во секој случај...

    Инаку, јас дигитална вага купив пред година ипол од една локална продавничка со тракатанци, за 500 денари. Прашање е дали и толку беше. Да не ја урочам :D ниту еднаш ме нема зезнато до сега, како нова е. Само еднаш и сменивме батерии и тоа беше се, презадоволна сум. А рачунај во летото кога слабеев, не се симнував од неа :D. Секој ден се качував по едно 50 пати, насабајле кога ќе станам, пред јадење, после јадење, пред одење во тоалет, после тоалет, пред вода пиење, после вода пиење :rofl:

    http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... ath=31_191

    Еве разгледај и тука :).
     
    На Doozy и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  5. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    eve me i mene... i jas od pred 10tina dena se trudam da sum na dieta, ama nesto tesko odi...се извинувам за латиницата, сега ја приметив :) значи си бев 54 кила,треба да сум 52, нели висината - 110, ама до 54 некако се јадеше :D кога после празнициве се качувам на вага, 56, паника ме фати, и решив да сум на УН диетата, ама некако лани полесно ми одеше, ослабнав 7 кила, сега неможам да додржам ни еден ден како што треба, се нешто прекршувам...еве денес овошен ден, неможев само на овошје, па јадев малку пржен праз, и сега ми се јаде, ама гладна ке спијам :D сега е ладно, и не се вежба...уф... зошто толку лесно се дебелееме, а толку тешко слабееме :@
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Де се пријавам денес: 70.80 одиме надоле. Јеааа!

    Пишувам мени за вчера и денес:

    Доручек:чаша вода со цеден лимон за добро утро *тоа секое утро*, кафе без шекер, немав мусли, па изедов две мали крекерчиња со намаз со вкус на лук.
    Доручек 1: мусли со млеко
    Ручек: туна салата
    Ручек1: денес планирам да испечам риба со зеленчук таман за на факс храна.
    Вечера: таратор салата, ама каснав и пола рака јаткасти плодови со суво грозје, дека учев не знам се растресов.
    Вечера 1: планирам една чаша овошен јогурт со исецкано овошје ама најкасно до 19 часот, за да ме држи малку дека седам и учам до касно.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Исто како тебе се чувстувам. :)
    Нај криво ми е тоа што бар поголемиот дел од слабите луѓе ја јадат истата храна како и ние и речиси воопшто не се дебелеат. Додека јас кутрата 3-4 дена да јадам некоја по калорична храна веднаш накачувам по некој килограм плус.
    Сакам да ослабам. Планирам таму до август (ако издржам со режимов), да стигнам до својата идеална тежина 50-55 килограми и доста ми е. Освен ако не се решам да одам манекенство па да продужам ама за тоа има време.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Абе секој со своето, и мене на кратко ме маваат мини-депресии, зошто има такви сламчиња кои гнетат се` и сешто, и не им се лепи ништо, ама не мислете дека се совршени, секој си има недостатоци и проблеми.
    ;)

    Најубаво да си пазиме на себе, и да се насочи енергијата секој кон својот организам и избор на храна.

    Мене некои денови ми се јаде многу, а некои пак воопшто.
    Едно е сигурно, организмот ми бара храна, не можам да се лишувам од јадење.
    Не знам со кој памет некој ќе се напие јогурт и си фура 6 саати без проблем - јогурт пиев. :^)
    Браво за тебе, и кутар твој желудник. :(

    Мене ми треба овошје, и салати, супа задолжително.
    За ужинка гранола, насабајле мусли и корнфлекс.
    За ручек си јадам месо, пилешко најчесто, вечерам риба конзерва или туна, или пинџур и сирење на голо.
    Не јадам леб, не јадам благо и грицки и не пијам газирано.

    Се мислам дали да вклучам малку варени тестенини онака без сосови, само со салата, ама ќе видам искрено...
    На фитнес се чувствувам преубаво, досега бев 5 пати, и планот ми е одам најмалку 3 месеци.
    Си вртам орбитрек 40 минути без проблем и со другите вежби заедно, трошам над 500 калории на еден тренинг.

    На килажа немам смалено многу, само 1.5 кг засега, ама каква разлика има во обем, во половина, стомак и нозе, уф.
    Само кардио му е мајката, со балансирана исхрана.
    А да гладувам нема.
    НЕ-МА.
     
    На Ammy.Lee, anabel-a, Grejsi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.883
    Допаѓања:
    110.040
    Пол:
    Женски
    Тренди вчера во Козметички салон една кажуваше дека ја држи Ун скоро година дена, ослабела прилично малку со оглед на тоа дека ја држи толку време веќе. Е сеа, она кажуваше шо праи во ЈХ ден, вика сецкам марула, варам таљатели или некоја друга паста и си ставам во марулата, зачинувала со биберче и со сос од рен, оној ко мајонез што е, ама не бил мајонез тој туку сос бил, значи не оној мајонез со рен внатре туку течен еден. Исто така вика може да зачинни и со сенф убаво изматен со лимонска киселина, му иде пак нешто како сосче. Тоа ти е опција за тестениниве што сакаш да ги внесуваш. Инаку и твоево не е баш јадење што ти сака душичето, пак си скратуваш доста. Мевце јадеш? Внимавај да не се зезнеш, се си сака организмот наш, и мевце и јајце и салатка и супа и риба и овошје и тесто и блачко, се во умерено, ама да си има, од се по малку и се знае да не се меша де ;)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Месо јадам, ама освен со салата не го мешам со друго. :)
    Пред некој ден имавме компир, грашок и месо, јас јадев само скроб и салата.
    Се решавам или за едно, или за друго.
    Јајца не сум јадела одамна, ете добра идеја, две варени во облик на Мимоза нема да ми дојдат лошо. :D
    Благо во моментов внесувам само преку житни чоколатца.
    Некако не ми се разјадуваат чоколади и благца, ситни колачичи или класична торта, тоа е патот од кој (за мене) нема враќање.
    :D

    Во принцип, кога сум гладна и сум решена да јадам поголеми порции си викам - добро, ти се јаде, земи си, ама барем одбери нешто здраво.
    И така - супа, чорба, салати, домашен компот, печена тиква... има многу избор.
    Секогаш подобар избор, отколку ќеса колачиња со крем или ресана едно пакување со чоколадно млеко, нели? :?:
     
    На Ammy.Lee и Annath им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.883
    Допаѓања:
    110.040
    Пол:
    Женски
    Ах, се разбира, јас веќе не ни поминувам во продавница покрај колачите, некако ги игнорирам и не ми се интересни веќе, пре ќе си купам намирници па во ЈХ ден ќе си направам некои колачи што се така поздрави, не полни со сода. Инаку чоколадо за готвење не заборавај, купи си го од Кам она горкото, ќе имаш за цел месец, јас си јадам на 4 дена по две коцки, т.е. после вечерата во ЈХ ден, супер ми доаѓа. Ајде ајде ќе ослабеме, не може вечно да бидеме буциња, ма има да оптегнам танга на плажа :?:
     
    На Milenalena и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  12. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.257
    Пол:
    Женски
    леле женски кажете како да се решам веќе еднаш. Cамо ги започнувам диетиве и никако да ги завршам. Cе ми се јаде во изминатиов период, буквално се! Aма и дечко ми е крив. Hаместо да ми рече: Cи се поправила, стави се на диета, он само ми дава благо да јадам.
    порано кога држев диета, после една недела полесно ми беше. ќе видам на вага дека сум намалила некое килце и тоа ми даваше мотивација. Aма сега ни една недела не можам да издржам. Aххх :/
     
    На Ivanatassstic му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ivanatassstic

    Ivanatassstic Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Истото е и кај мене, недела дена најмногу да издржам, а и дечко ми истото ми го прави со храна, а он мука нема колку и да јаде =))) Сега ја почнав УН диетата и 4ти ден ми е денес, па ќе видиме овој пат колку ќе бидам карактер =)))
     
  14. Violeta86

    Violeta86 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    Сакам да се зачлрнам во 8-ка клубот и сакам да прашам дали има неко што е зачленет таму да каже како е.
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Туку јас планирав да направам една измена во режимов на ,,здрава исхрана''. Ставам под наводници бидејки режимов веќе си претрпи неколку измени во однос на количината. На пр. јаболки наместо 3-4, јадам само 1 бидејки сакам побрзо да ѓи смалам килограмите а од јаболкото ми се лоши и ми се дуе стомакот :puke: Бадеми и суво грозје исто така јадам многу малку.

    Е сега мене конкретно прашањето ми беше околу овошниот и течниот ден...
    Дали би било океј ако на пример во текот на цел месец, секоја недела правам по еден овошен и еден течен ден? Всушност според моја пресметка се на се тоа би било околу 4 овошни денови и 4 течни денови месечно. Мислев од здравствен аспект дали би било океј? Несакам и да се онесвестувам нормално, само целта ми е малку побрзо да ѓи губам килограмите. Патем диетава планирам да ја држам околу 5 месеци.
    Мислење?
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    И таман ја испофалив вагата моја во темава како има долг животен век, вчера отиде јабана.
    :D :'(

    Сега нема да бидам во тек со резултатите, ама од Аткинсов приметувам деновиве дека стомачето ми се смали значително. Амаааа, денеска ја утнав работата. Свесно ја прекршив и искрено не се потресувам нешто посебно :^) :D. Од утре почнувам повторно, се надевам без понатамошни прекршоци. :)
     
    На cinderella5, Ammy.Lee и Doozy им се допаѓа ова.
  17. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    246
    Девојки да ве прашам, ве факаат ли кризи навечер за јадење како мене :D Се ставив и јас на диета но не можам да си ја отстранам никако таа пуста навика за јадење навечер. Преку ден не осекам толку многу глад ама кога ке дојде вечер 10,11 часот не можам да издржам ниту пак да заспијам гладна :worried: Донекаде и едно парче овошје може да ме засити ама не е работата навечер да го јадам и да си легнам..џабе така диета што држам. Дајте некој совет за одвикнување ??
     
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Дај бе више.
    Ајде конечно да се мотивирам за слабеење, оти, кај и да е ќе ми испопукаат шавовите на оваа жабевска кожа.
    што од дебелина, што од нервози због дебелина. :D
    Секој ден почнувам во последниве две недели и... нормално, никако да почнам :D
    Ко по обичај, нема да држам конкретна диета. Варијација од разни диети ќе биде.
    Ќе си доручкувам овошје (јаболка,портокал..нешто такво) и цеден лимун, разбира се.
    Ручек, што попосно, помалку калорично, по зеленчуково да биде.
    Грашок и такви, мешункасти работи избегавам, оти ми го дујат стомакот. А, избегавам и лешници,бадеми и се од тој сој, оти исто, ми го дујат стомакот.
    Какаото ќе го избегавам, освен во екстремни ситуации за енергија на мозокот.
    Ќе гледам нешто да вежбам...амаааа дома :( чисто сумљам дека мотивацијата за домашни вежби ќе ја одржам..ама ајде, цел ден денеска зјапав во слики на убави згодни моми, со стегнати тела.. да си пукнеш од мука.
    Потапкајте ме по рамо, молим вас, оти маф ми е работава ако сега не ставам крај на ова ширењево на кожата жабевска.
    Мора да се ставиме во ред, оти ваква не ми се ни излегува од дома ццц
    Озбилна сум!
    Срам ме од суштеството во огледалото :( :D
     
    На JuLleE, ljubam, thinkerbell и 6 други им се допаѓа ова.
  19. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Луѓеее...ја морам да ви се пожалам зашто ептен сум демотивирана :@

    И така јас после 1 година пак си се здебелив (не многу ама доволно да се мразам ), и нали повторно на диетаааа. Се мерев пред диетата, и се мерам денес пак, а килажата иста, обемот ист, се исто. 8 дена бре поминаа, гладна сум и што е потрагично стрвна сум станала....све ми се јаде.
    Може не е многу временски ама барем 200-300 гр да симнев ќе се израдував. Стварно незнам диетава како ми делувала пред 1 година??? уффффффф
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Мелани, прво морам да ти кажам, дека те читам редовно во УН, многу добри рецепти имаш. :D

    Не се демотивирај, не се ништо 8 дена... можда си подуена, можда се мериш во лош период, ништо трагично. Јас викам, секако немаме ништо попаметно за правење, терај си ја диетата, до кај стасаш, стасаш. Полошо секако не може да стане, немаш ништо за губење.

    За стрвност те сфаќам, и јас, а верувам и сите други, баш прееска со Мечето тоа муабетевме, страшна работа е тоа. :tmi:

    Ајде, земи длабок здив, легни си, утре поарно ќе ти биде, ќе ти мине нервозата. :D