Јас да се пријавам , да ви кажам дека многу сум задоволна како ја поднесувам “диетава“ Морам да кажам дека до вчера ми беше многу тешко, навистина ми се јадеше, но секое чувство на глад го заменував со течност, дури и кафе пиев после сигурно година дена. Сега ќе пијам по едно кафе дневно, дефинитивно. Вечерта кога си легнав, цревата ми кркореа, но не попуштив, си одземав внимание со други мисли и заспав Денес е веќе подруго, скоро да немав никаква желба за јадење утрово, но јадев зошто сакав да го задржам редот, обавезно да појадувам, сепак доењето преку ноќ ме истоштува. До вечер повторно сум или со манџи без леб или со супи. Задоволна сум, иако сеуште ништо не се познава, сепак е многу рано Важно дома сите ги построив и не смеат да ми нудат храна
^meU навечер пробај со пуканки, кога ти се јаде благо земи овошје, супа со кнедли мн.заситува, а и тие о'cake кексовите се добри за со чајче. Се ова мн.ќе ти помогне. (мене барем ми помогна) А и ти самата како што велиш, кафето исто така помага да умртви глад.
Повеќе пати се имам жалено низ форумов знначи не знам како успеав да си ги повратам килограмите.Не сите ама половина да.Од 75 кила слегов на 56 а сега имам 65.Две години ја опдржавав таа килажа али кога почнав на факултет скорс ги повратив во рок од 3-4 месеци.Се обидував пак ама тешко ми оди немам ни волја ни мотивација ништо.Не знам што ми се дешава дали дека зимно време вака.Пробувам леб да не јадам пак,да вежбам колку што ми дозволува времето и мрзата али резултати нула.Не знам што да правам,ме фаќа страв дека повторно ќе бидам како пред две години
Овошен ден во мојов живот да се биде или не. Ах овошјево го штедам од сабајле еден портокал,една чаша компот од сливи и јаболка ,едно кафе и 5 на број бадеми непечени каде е ноќта сакам да се стемни и да си легнам ама ова ѕверчево активно сака да си игра небаре чоколадо сум му дала а јас енергија нула .
пуканики за време на диета ????? никако тоа е едно од најмрсните нешта што може да постои на овој свет блак
Девојки ве читам и забележав дека некои од вас споменуваат чајни колачиња, брускети марети, бисквити итн. Е сега, јас несакам да ве разочарувам и демотивирам но, морам да ви кажам дека тие брускети, чајни колачиња и сите останати производи кои претходно ѓи споменавте најмногу дебелеат и се практично прикриена калорична бомба. Малите закуски (макар и во помала количина), содржат шеќери и доволен број на калории за да не ви овозможат здраво слабеење. Се додека не сфатите дека треба првин нив да ѓи исфрлите од исхраната и да ѓи замените со лешници, бадеми, урми и суво грозје ќе се мачите. Знам дека горе наведеното е можеби 100 пати полоша верзија во замена за чоколадото, свесна сум за тоа Spoiler али јебеш га ако сакате поефикасно да биде слабеењето, навечер пред спиење наместо да јадете се и сешто, направете си домашна супа без фиде, турете и јогурт и готово. Ем повеќе течност, ем колку-толку ќе ве засити. Послушајте ми го советот, кога организмот ќе ви се навикне во рок од недела до две нема толку да се мачите.
Здраво девојки....Јас од диети си го упропастив метаболизмот. Не држев стриктно некоја диета туку почнав да јадам по малку во текот на денот и ме држеше така најмногу до 2 дена и следниот ден глад осекав невиден, ми се лошеше, ми се вртеше и ке се најадам едно убаво, ке надокнадам за претходните денови и тешко ми станува на крај пошо така прегладнета и губам претстава колку ми е доволно да внесам ...и во следните денови пак ништо нема да ми се става во уста по цел ден и после тоа пак ке се најадам исто и се така.. се упропастив скрос. И на крај ни 1 кг не успеав да симнам
Јас кикснав овие три дена, на симпозиум сум од 09 до 22 навечер, и има храна тука од симпозиумот, за ручек сендвичи, за вечера шведска храна, и на кафе пауза, колачиња и јас како другите да не бидам парти брејкер, плус винце ово/оно едно кило си го вратив додека да трепнам, уште денес ми е ваков денов, ама од утре пак се враќам на моето, дефинитвно тоа е тоа кај мене што ме прави буцка мешањето на протеини и карбонати.
Решив да истерам еден круг ТУРБО УН без ниту една грешка, чист како солза. Навистина треба да постои некое место каде што се положува заклетва за држење диета без грешки, а ако погрешиш, да има некоја јавна осуда, иссмевање или 10 стапа по газ, на сред Плоштад на пример. Па да те видам дали кришум ќе јадеш тутку, да речеме. Не, сериозно сега е моментот за ваква диета, кога сум физички активна и организмот и умот ми се расположени за ваква авантура. Инаку, успеав да си ги разрешам сите дилеми во врска со вежбањето благодарение на Xman, кој беше доволно трпелив и љубезен да ме исслуша и да ми даде совет, огромна јавна благодарност и поздрав. Денес се ставам во поход да си купам и јаже за скокање, откако увидов дека хулахопот не е моја справа. Вие не сте виделе поголем антиталент, ем смешно, ем жално е, зашто имам прилично добро чувство за ритам. Ама не ми оди в`тење хулахоп, не и не.
зошто, мене вртењево хулахоп баш ми е забавно, а и дефинитивно помага во имање слаб струк ( ме потсетивте да го вртам ) само бара време и трпение, и упорност, па за 1 месец вртење од половина час дневно, ќе се изненадиш колку си ослабната, па во комбинација со диета е е ее... туку искрено го гледам, ќе вежбам еден ден, наредниот ќе си кажам ај утре пак, денес ќе одмарам, и наредниот ден потполно че го заборавам, ќе ми текне на него кога некој ќе ми го спомне и релакс тоне земав, иста песна упорност ни треба, девојки, не друго, и кога нешто ќе почнеме да истераме до крај... ама лесно е да се каже, направи го да те видам ама од понеделник било што било, се враќам на УН диетата, колку и да ми е тешко, морам да симнам 3 кг, не се многу, ама најтешко се симнуваат, подобро да стегнам заби сега, отколку кога ќе станат +6
Ја утнав.......... скроз ја утнав со диетава . Колку убаво си почнав, а покрај веридбата неможев да останам доследна на тоа што го започнав . И не, неможам да продолжам и покрај грешките затоа што од 20 дена јас 10 утнав.... морам одново !!!!!! Ја почнувам повторно УН од понеделник... ја држам до крајот на април па што сака нека биде. Паралелно ќе продолжам да си вежбам на Орбитрек, да скокам јаже и плус некои вежби со пилатес топка. Може 10кг не се многу вишок.... ама не се ни малку . Девојки ми требате........ ми треба вашата мотивација !!! Едит: И тикерче си ставив за мотивација, па ќе видиме како ќе биде
Едвај издржав вчера во кино.Многу сакам пуканки и кока-кола ама се воздржав да не купам .Сега за сега за сега добро оди,една недела издржав (со денешниов ден) и се надсевам дека така ке продолжам.
Па чувството кога од XL ке успееш со малку мачење да влезиш во M е непроценливо ПРОДОЛЖЕТЕ девојки , трудот се исплаќа.
Да ви кажам искрено, две недели како одам на фитнес, вчера во петокот прославив, до пред 2 дена си јадев контролирано, ама мои некои комбинации. И вагата не мрднуваше. Вчера ја почнав турбо ун, и за инат почнав со мојата најоскудна и најнеомилена комбинација - варено пилешко и зелена салата. Се качувам на вага отсабајле - минус 2.2 кг. Значи, по не знам којпат - и правилна диета и вежбање. Едно без друго, ко жена без цицки.
Здраво. Така ништо добро нема да постигнеш. Знам зошто и јас така правев порано и на крај не ја намалив тежината (може дури и ја накачив не сум сигурна), туку ја ослабев крвта и после ми требаш месеци за да се зајакне пак и плус си го расипав желудникот па може неколку години ме болеше барем три пати неделно. Она што сега треба да направиш е да ја вратиш исхраната во нормала, што значи доручек, ручек, вечера обавезно. Е сега, доручекот треба да е со поголема хранлива вредност од другите оброци, а вечерата може да е и некое овошје. Најважно е да се храниш здраво. Здравата исхрана е и најдобриот начин за слабеење.
Здраво девојки! Гледав по темиве и незнаев кај да се одлучам да пишам, па си реков овде, се надевам дека нема да згрешам. Ја видов оваа диета и некако ми изгледаше добра за држење, има што да се јаде, па да ве прашам дали некој ја има држено и какви се искуствата. Диетата трае 13 дена и за тоа време можете да ослабнете 8 – 10 килограми. Диетата е балансирана и се препорачува од нутриционисти. Ден 1/ појадок чаша зелен чај, ручек две варени јајца, домати и зелена салата без зачини. Вечера 150 грама варено телешко и спанаќ на пареа. Ден 2/ наутро чаша зелен чај, ручек печено телешко 150 грама, салата од домати и марула. Вечера супа од зеленчук, но без компири. Ден 3/ наутро мусли со јогурт, ручек варено пилешко и зелена салата. Вечера две варени јајца и салата марула. Ден 4/ наутро чаша зелен чај, ручек едно јајце, парче сирење и 2 моркови. Вечера овошна салата и чаша кисело млеко. Ден 5/ наутро рендани моркови со лимонов сок. Ручек риба на скара и домати. Вечера телешко варено и зелена салата. Ден 6/ наутро мусли со јогурт, ручек парче пилешко на скара и салата марула. Вечера телешко варено и домати. Ден 7/ наутро чаша зелен чај, ручек телешко варено и салата. Вечера овошна салата и чаша кисело млеко. Од 8 – 13 ден менито се повторува. количината месо на секој оброк изнесува 150 грама. Вода се пие по 2 литри секојдневно.
Од ваквите диети не сум баш сигурна колку може навистина да има ефект. Сепак се многу малку денови во прашање, а од 8-10 килограми може да изгуби само оној кој има исклучително брз метаболизам. Бидејки сепак постојат варијации и сите не сме исти. Башка ако ја држиш само толку малку, после извесно време ќе имаш јо-јо ефект и ќе си ѓи вратиш изгубените килограми, а уште полошо може и да надокнадиш уште некое плус. Познавам пријатели кои ја имаат држено речиси истава диета со мали измени и се случи токму она кое што ти го пишав погоре.
Еве сум јас дојдов да ви се фалам Немам вага дома, па затоа си запишав мерки од гради,колкови и половина, за колку толку да имам ориентација, да знам дали нешто се случува или џабе е трудот Е вака, во половина сум намалена 4цм, во колкови 3цм, а во гради 1цм(ова не е важно, зшто уште дојам, па очекувам кога ќе престанам таму нагло да намалам). Не ми се верува дека успеав и полека се намалувам, многу сум среќна Морам, а и сакам да си се вратам на старата тежина, зошто вака ми е мака, и грб и половина ме болат, не сум научена да носам толку тежина Не ми беше важно и по 1цм да намалев пак ќе ми беше мотивација, а вака кога видов дека се повеќе се изненадив навистина пријатно. Убав почеток на денот Ве поздравувам сите и да знаете дека упорноста е многу важна, не само за ова, туку за се во животот
Моите земаа соковник пред некое време, и последниов период секој ден пијам цеден сок. На брат ми му правам пред или по тренинг(негов тренинг ) и си цедам и за мене... се и сешто ставаме, моркови, јаболка, портокали, киви... се што ќе најдеме дома и во подрум Уште зелка не сум пробала да ставам Е сега буквално живеам значи на соковиве, гевреци, пуканки, јогурт, вода, ручек некој без леб, спанаќ со кисело млеко или стек со салата или нешто... здрави работи јадам цело време и се чувствувам здебелено. Празно во стомакот ама здебелено, не знам како да ви објаснам, и се нервираааааааам ептен. Значи морам да купам една вага оти чорба е работава вака. Имам една мизерничка, за ништо не ја бива, еднаш дваесет килца ми покажа па си викам еј вагава ми ја измери само едната нога друг пат ќе ти покаже 120 килца, нзс не и се наоѓа Инаку за некој ден ќе почнам да одам на неколку кавитации, колку некој сантиметар да ми го снема, и за недела две ќе почнам да подвежбувам, поздрав до икс мен за одлукава И тоа би било тоа од мене сега за сегааа