Аааа teddybear, ама сериозно си ја сфатила, алал да ти е Ме потсети дека и јас имам, ама никако да го ставам во употреба, а и ме мрзи додека да го исчистам после Туку ќе треба да се ангажирам малку повеќе дефинитивно
Блендер користи, плус и цело овошје се употребува, и после е лесен за миење. Соковникот е давеж, вака овоа јас некогаш и го плакнам само, па после го мијам.
Тедибеар прво ослаби, па пред крај со слабеењето кога ќе си почни со кавитации. Вака нема да имаат никаков ефект.
Епа Тинкербел ќе те послушам, уште месец и пол ми важи купонот па ете за еден месец од прилика ќе отидам. Spoiler Фала Меу Дузи ма и тука се ставаат цели овошја и зеленчуци, си буташ што ти душа сака и тече сок Е сега, јас ги лупам од причина што повеќе горчи сокот кога ги ставаш целите овошја(од тоа кората). Инаку моите кога решија да купуваат им реков да не е многу комплициран зошто знам дека има соковници со 500 делови и да ти се смучи додека го измиеш и средиш. Овој за миење има три делови, и тоа дека одма после употреба ги мијам само со вода ги поминувам убаво и светат. 4 делови се мијат уствари ако го сметам и тоа за ѓубрето, ама таму кеса му ставам таа трае два три дена и нема потреба од миење на тој дел, така да за две минути се е готово Ептен ми се допаѓа што соковите немаат pulp(не го знам македонскиот збор ) и се прекрасни. А во блендер правам некогаш, ама тој потежок ми е за чистење и повеќе бучи Spoiler А првиот ден кога го земавме соковникот и го донесоа моите и ајде ќе правиме со брат ми, исековме јаболка и прво го уклучивме соковникот (а прво се става овошје и зеленчук, се покрива па се уклучува) па ги ставаме јаболката кога фатија на сите страни низ кујна да летаат немаш време да ги покриеш баба ми и мајка ми се свиткаа од смеење... ама после му влеговме во шема и веќе сме профи
Teddybear исклучи го геврекот, ако сакаш јаглехидрати за доручек прави се овесна каша, со чисти,plain овесни снегули. Можеш да ги гиснеш во 0,9% млеко или уште подобро во топла вода да омекнат па додади им засладувач, Стивиа ако можеш, ако не некој друг вештачки засладувач без аспартам. Или со мало кафено лашиче мед, мошеж и цимет да додадеш. Ќе те држат сити дури си во школо/работа, плус имаат мал гликемиски индекс. Ќе ти треба само 10-15 минути порано да стануваш наутро. Можеш да им додадеш и мала лажица мелено лененово семе(само купи обично, или уште подобро интегрално и сомели го). За лененовото семе веројатно знаеш дека има многу полезни ефекти, прогуглај на интернет. Само немој да земаш од оние засладени житарици, од типот на конфлекс и слишно, полни се со калории(ако сакаш да ослабеш).
Јас вчера почнав со УН по 100-ти пат . Најсоодветна ми е за на работа. Инаку ме мачи тоа што обично ручекот и вечерата ми се различни оброци. Вчера јадев за ручек пилешка чорба, а за вечера туна. Денес за ручек компир, а за вечера грав. Протеини со протеини е и скроб со скроб, се надевам дека не е погрешно, ама условите ми се такви, ручекот го јадам на работа, а дома мајка ми готви. Теди јас од непишана диета не слабеам. Јадам здрава храна, ама нема ефекти, освен кога вежбав. Од пишана диета слабеам, бидејќи не пркршувам, ама вака на сопствен режим не. Добро е што почнав, секој ден одложував, еве супер се снаоѓам, барем еден месец да издржам, за повеќе сама си признавам дека тешко. За месец дена сакам да ослабнам најмногу 6 кг или минимум 4. Почнувам со околу 66 кг . Границите ми се поместија и со 60 кг би била задоволна .
Браво Меу! Инаку јас се симнав пак на 6 напред, деновиве сабајлечки почнав да правам смуди од јагода, боровинки, киви, ручек и вечера ми е претежно салата микс од рукола, со авокадо, сирење и јаболко. Ама завчера си мцнав и едно убаво парче торта со тон калории, ама учев па си реков ајде Ирена. Може. Овошје и многу течности стандард. Ама многу сум среќна што количински намалив на храна и немам кризирања веќе.
Јуле не е проблем во скробниот ден да јадеш различни оброци мислам, се додека е скроб тоа што го јадеш. Е во протеински мислам дека не треба да се комбинира еден оброк јајце а друг месо, а ова ако си јадеш само супа за ручек, мислам дека е во ред. Инаку иста ситуација сум и јас, знаеш колку пати ја почнувам од Н.Г навака и никако да ја почнам. Страв ме е да кажам дека од утре планирам да ја почнам од што знам дека пак ќе биде иста приказна, ама не утре стварно почнувам, веќе нема смисла. И јас ја имам истата килажа од 65-66 и сакам барем до 58 да стигнам. Не знам што е работа, јас летото како од шала држев и овошни и водени денови.
^ Не мешам јајце и месо, ама еве вчера јадев пилешко за ручек т.е. чорбата, а за вечера туна. Протеини е, можеби грешам, ама реков вакви ми се условите, битно е да не мешам ЈХ и протеини, или скроб. И вака ќе слабееам со оглед на тоа што до вчера јадев се и сешто и по еден тон благо .
Тајната за брз метаболизам е јадењето зелка. Па не е лошо да се испроба секој ден да се јаде барем една чинија салата од зелка. Или може и свежа зелка без ништо така да си грицкате.
Значи не знам што е со мене последниве два дена.. Ме боли желудникот, ми се лоши, а не ми се јаде. Значи ова ми е 15 ден и овие промени ѓи почувствував од вчера. Не можам да вежбам по еден час бидејки се чувствувам исцрпено за разлика од пред неколку дена кога беше се во ред и имав премногу енергија. Инаку накратко ќе ви го напишам режимот според кој се придржувам: - Наутро по две овошки (пр. банана и портокал) - На ручек пр. манџа со многу салата, макарони со салата, или само овошје... - Навечер само јогурт Се ова комбинирано со едночасовно вежбање на орбитрејк и од прилика 3 литри вода. Каде грешам? Во распоредот на деновите ли? Знаете на што мислам..Скробен, протеински, јаглехидратен ден... Има некој некаков совет за мене? Ме фаќа страв а несакам никако да прекинам.
Не е никаква грешка, 1-2 лажичиња на ден слободно може да си сркнеш, без претерување. Медот е здрав и нема многу калории. Валерин, можеби премногу го напнуваш организмот. Знам дека сите сакаме побрзо и поефикасно слабеење, ама некогаш и покрај сите убави желби и намери, одбива послушност. Јас имам прочитано некаде дека со овошето треба да се заврши до пладне да речеме. Значи пробај овошје само за појадок и ужина, не јади го со или после ручек, зашто сум слушнала дека буквално скапува во организмот и не му годи. Попладнето префрли се на повеќе салата и полесни оброци, како што и правиш. Дали внесуваш воопшто млечни производи, јогурт, млеко, малку сирење? Пробај еден ден и со нив, некому повеќе му годи месо, а некој побрзо слабее со млечни продукти. И не мисли премногу, кога се опседнуваме, тапкаме во место. Физичка активност имаш доволно засега, 3 пати по еден саат на орбитрек е одлично, вклучи уште некои ситни вежби, како стомачни, planks, step ups и ќе биде уште подобро. Јас сум скоро на средина на ТУРБО УН. Утре е мојот 6ти овошен ден, и продолжувам понатаму. Планирам откако ќе ги завршам 12-те денови, да свртам уште еден круг. Загрижена сум утре како ќе поминам на фитнес со мојот циклус, ама нема да претерувам, подобро нешто, отколку ништо.
Сеуште стагнирам со тоа од 63 до 64кг. Ама и искрена да си бидам, слабо вежбам но на исхрана пазам. Инаку малку и да си се насмееме. Тие што не се сеуште со цврст став кон слабеење нека не го отвараат спојлерот зошто може да добијат спротивни мотиви Spoiler Можам да и љубоморам на Адриана Лима на телото, ама може и она мене на сите изедени пици и сендвичи.....
Сноу со ова за Адриана ме изнасмеа, ама да така е во право си. Btw јас се немам мерено може има повеќе од две недели бидејќи немам вага дома, ама се чувствувам како поослабена, а стомакот и видливо ми е намален. За сигурно утре ќе си измерам обем па ќе споредам со мерките од пред две-три недели.
мозе ли да ми пишеш која е таа турбо ун диета ?ми треба слабеенје барем 5-10 кг за 30 дена а мозе и повеке .јас сум околу 85-90 а ова лето имам некои прослави и сакам пак да сум си слабицка
Samovilamila Турбо Ун е пропратна диета на Ун диетата, не се држи самостојно, оди во комбинација со неа и немаш ама баш никакв ефекти од неа ако ја држиш 12 дена, нема да ослабеш толку многу. Почни со Ун стандард и комбинирај си со Турбо во вториот и третиот месе, за тоа имаш и тема во категоријава, Ун диета, прочитај ги првата страница и последните неколку доста работи се објаснети. До лето имаш време и ќе ги симнеш, јас тие килца ги симнав за два месеци, но еве сум при крај и ќе продолжам додека не симнам упте толку, т.е. до свадбата има да бидам на диета па што сака нека биде, не смеам да си дозволам да ги вратам назад изгубените кила и да се вратам на старт. Оваа диета ти е доста ефикасна и ќе ти помогне многу
Забрането ми е влегување веќе во темите: -Омилени продукти на месецот -Што ручавте/ вечеравте/појадувавте Јануари со празнициве и сесијата се лоши! Овошје (свежо и сушено), зеленчук (свеж и тегла), протеини, скроб. Нема поубаво нешто од ново парче облека кое ќе паѓа по убавата фигура, нема, нема.