Епа драги девојчиња/девојки/жени редно е за прв пат и јас да си се пофалам. Утрово се мерев и за точно 10 дена -1,5 кг. Сега сум си стварно хепи.Само нека продолжи вака.
Ах Валерин. Многу си исфорсирала, исто како што направив и јас со скокањето на јаже. Твоето тело било научено на поголемо количество на храна а ти наеднаш му го смалуваш на количина сигурно полама од половина што претходно си ја внесувала, а со тоа си му задала шок на организмот. Друго, само две овошја на сабалје се многу малку според мене, можеш да ги комбинираш со житарици или нешто слично. И појадокот треба да ти е наобилниот оброк во денот а вечерата најслаба. Тоа што пиеш вода воопшто не ти штети, ама за да имаш подобри резултати (барем кај мене делување) пиј по две чаши вода пред оброк и по две чаши еден час после оброк. Извини сега јас си се распишав ама и јас ги правев овие грешки порано затоа знам како е. А што се однесува до мене, сум ослабела барем така викаат мерките на обем. Имам изгубено по 1,5 см на градите и колковите и цели 7 см на стомакот. Е сега на бутовите имам изгубено само 1 см ама стварно не знам зошто ставам фолија и на нив како и на стомакот додека вежбам а сепак многу малку ослабени. И плус овој целуитов како да се оттарасам од него?
Dazey сите овие работи ѓи применувам и денес си кснав туна со едно парче леб и веќе се чувствувам како нова бре 4 килограми за 16 дена ОоОh YeAh! Плус во обем имам стварно доста смалено...Уште месец два и готова сум ако продолжам со иството темпо, а ќе продолжам па мајка Јана нека е, таман се навикнувам пополека И еве сега откако го напишав ова добив мотивација за вежбање.
Да ви кажам 66 Дури и се сликав.Јас искрено не очекував дури се думав дали имам барем 2 кила ослабнато , а јас 4. Гледам и почнав да плачам од среќа. Дида сум малце. Сликата само за вас ја сликнав
На мене ми оди одлично . Не се оптеретувам колку сум намалила за еден циклус, што ќе јадам и сл., и воопшто не ми е тешко, ниту сум опседната со резултатите. Секогаш кога ќе почнев со диета се замарав со резултатите. Сега не. Ќе ја држам онолку колку што ќе можам. Вчера овошниот ден помина без поголеми маки. Само вечерта пред спиење имав криза и толку. Се обидов да бидам само на овошје и бадеми, ама вечерта каснав малце и салата од зелка. Не пишувам во темата за УН, односно слабо пишувам за диета оти сама на себеси сум си досадна, а и темата стана каша попара. Се прашуваат секакви работи кои убаво си се кажани во диетата, ама кој да прочита. Јас немам живци повеќе да читам, а уште помалку да одговарам на веќе едно 100 пати кажани работи .
Јас повеке нема да држам диета.Не дека неможам да издржам ама и вака сум среќна.Сакам да го живеам животот така што ке правам работи кои ме прават среќна.Храната ме прави среќна.Нема да се лишам од тоа задоволство,бидејки неморам-си се сакам и ваква.
jaс за едне месец 3,5 килограми кје осламнам уште 5 и потоа секој ден вежби за затегнување а сега овие ги правам презадоволна сум http://www.youtube.com/watch?v=noDkFXX5r2Q
Јас немам ништо ново. Тапкам во место еве една недела, ама по своја заслуга, лично и персонално! Вчера со цел памет, на не изгубени ни 5 килограми си дозволив слободен ден, и тоа без апсолутно никаков повод! Не знам што ме спопадна, не ми е ни циклусот на праг, бар мислам Затоа денес како попче си вежбав час и 15 минути на орбитрејк, испив 4-5 литри вода и ќе си легнам гладна за инат на стомакот, па да видиме кој ќе победи. Јас или гладот. Патем сакав да прашам, за овие кардио вежбиве...Тие ако не се лажам служат за затегнување на телото, не? Е сега, ако е така, моето прашање е дали оние со многу сало на себе смеат да ѓи применуваат? Зошто така ми се чини дека нема да се ослаби, туку само ќе се зацврсти салото и ќе остане. Дали сум во право?
Кардио вежбите служат за кондиција, општ фитнес, за здраво срце и секако за затегнување и зацврстување на мускулите. Има кардио што ќе зацврсти само една група на мускули (главно на нозете и задникот) како и комбиниран кој ќе опфати и повеќе мускулни групи (зависи од сопствените преференци). Личности си поголема тежина треба да почнат внимателно и постепено со вежбање зашто прекумерното сало го оптеретува срцето така да слабеењето и тренингот треба да се прават постепено за да има време организмот и срцето да се прилагодат на зголемениот напор паралелно со слабеењето. Салото тешко се зацврстува ако е прекумерно а ако е во нормала (да не му штети на здравјето и срцето) со вежби ќе стане активно заштитно сало што кај женско е многу корисно. Со кардио се слабее под услов да се трошат повеќе калории отколку се внесуваат во текот на денот .
Безмалку сум со симнати 20 килограми. До крај на февруари ќе бидат точно 20. А после уште трички И знаете што...? Секој го може ова. Ама баш секој, тргнувајќи од сите тука што се жалите(ме) за неможност на симнување на килограми. Само јака волја. Има прекршоци да, и тоа колку сум ги правела, ама не се каам, затоа што во ниту еден момент не сум претерала, и затоа што на писхава моја и беа потребни понекогаш. Ама верувајте дека секој може.
Баш така Тинкербел со 2 л, јас за 3 месеци, мојата прва целосно држана диета, ослабев точно 15 килограми и 25 см во обем, со многу прекршоци и што вика Џули во другата тема, голем успех е што после сите тие прекршоци, после сите тие празници, после толку малку физички активности, јас сум во - а не во +. Задоволна сум, знам можеше и повеќе, но овие килца ми се многу подраги што ги симнав него ли -17те за 2 месеци со Хербалајф, затоа што се симнати на здрав начин, со правилна исхрана. Наскоро ќе ви се појавам и со фото документ колку сум ослабела и како отприлика идеше моето слабеење, да видите дека е можно. После години и години залажување се решив конечно да направам нешто за себе и да ослабам еднаш засекогаш, не знаете кое е чувството, феноменално, самата се сакам повеќе а со тоа и останатите околу мене, затоа што не може некој да те сака и да му се допаѓаш ако сам себе не си се допаѓаш и сам себе не се сакаш Имам многу повеќе воља, имам одлични мотиви и имам одлични резултати, па има ли подобар старт на Новата година од овој а? После ова никогаш повеќе нема да си дозволам да забегам повторно
Во мојот стомак расте туна, зелена салата и пилешко.. Садница човече.. Еве сум јас на ми -5 откако почнав пред неколку месеци. И не не сакам повеќе,сега за сега, ,шок ќе ми дојде толку многу.. Не само на организмот туку и на гардеробата.. Може да симнам уште пет до седум, ама тие се здравје до летоска предвидени. Комбинирано со вежби и здрава исхрана постепено и не брзам си симнувам килца. Сакам нешто одржливо на долг рок, не е целта нагло да симнам килажа... А во изглед и обем сум видно раззгоднета.. Кога се сака се се може, јас не прегладнувам, си јадам правилно распоредени јаглехидрати и протеини.. И многу ми се вкусни јадењата... И не е потребно многу финансии, да давам пари по фитнеси по апчиња не дај боже... Дома можеш, доволно е сопствената тежина и интернетот што сите го имаме... А за истите пари ќе си купам кило портокали, лимони и јаболка и златен мој соковник и блендер си правам такви кашички и сокови со витамински бомби.. Spoiler Единствено што можеби недостига е време, ама па еден саат во денот, ќе си скратиш од интернет, од серија и ете ти го, секој го има, само воља..
Вечерва не внимавав толку на мојата исхрана и изедов неколку мали крофни кои ги направи свекрва ми, ама од утре продолжувам.
Се пријавувам за јавна осуда и 10 стапа по задник, може и повеќе, колкав ми е, и онака нема да осетам ништо Пред 2 дена сфатив дека сум вратила 5 од 6-те кила кои ги симнав во октомври, благодарение на новогодишните пакетчиња. Добра вест е што чоколадите се при крај, а и нема веќе од моите омилени, па овие другиве не ме дразнат, исто ко да ги нема. Не знам дали е добра или лоша, ама вест е дека се ми е мало од новите парчиња кои ги купив тогаш кога малку подослабев, и сгеа не можам да дишам во нив. Среќа што не ги фрлив старите, па имам колку-толку што да носам И така денес копчето толку ме стегаше што на крај добив болки во стомакот, да не стигнев дома на време мислам дека преплет на црева ќе добиев. А и стомакот нешто вонредно подуен ми е, не знам што му станаа, изгледам како да сум 4-ти месец трудна. Почнав да припазувам - за сега не држам диета, ама гледам да поминам со житарки за појадок, овошје за ужина, стандарден ручек и супа или јогурт за вечера, па ќе видиме како ќе оди. Ќе гледам и секој ден да сум физички активна. Ич не ми се држи диета, а многу сакам да си ја носам облеката и да можам да дишам во неа!
Од понеделникот престанав со гнетење на се' и сешто, јадам овошје, житарици, јогурт насабајле, ручам/вечерам покасно и гледам да одам и да се враќам пешки од факултет кога дозволува времето... и оп, денеска кило и пол помалце. Не се важи, тоа е постпразнична вода, кај слабеам јас кило и пол за четири дена. И така ќе продолжам, ама многу ќе се израдувам кога ќе видам едно седмиче напред како се смее.