Еј, а да смените оризот да почнете да го јадете со зеленчук сварен како рижото Не ме тепајте, јас така го јадам ццц Тогаш е погоден за диети и повеќе од погоден Од сирењата и воопшто млечните производи, најмалку маслено е козјото мислам, ама тоа кој го може јас секако НЕ! Јок ццц
Tрендафиљ, едно питање... може да ми кажеш што јадеш ти кога си на диета?? баш ме интересира, млечни производи не јадеш што јадеш?? Kако си ги планираш оброциве освен супа и салата?
Eпа вакааааа... Насабајле, веднаш по станување пијам 2 цедени лимони со 1 голема лажица ленено семе. Го сркав до вчера немелено, денес откривам - мелено требало да биде, машинката античка не мелит, и јас го сомлев со забите. До 12 часот јадам овошје, не многу, мала чинија јаготки или цреши, 1 банана или 1 портокал. И задолжително 1 чаша млеко од соја во прав (тоа на Виталиа). Дали било калорично или имало ГМО, (инаку пишува ГМО фри на него ) ич не ми е гајле, ова е препорака од нутриционист и едно супер пријателче и јас сум послушна. Ако ти е премногу гадно, а не е, може да се уфрлат 4-5 јаготки и се добива шејк кој е супер вкусен. Пауза од минимум 4 часа. Јадам од ручекот што си има зготвено, на пола од порано + салата. (без леб. никаков). Претходно супата со оцет. И до крајот на денот - или салата или супа или пуканки без сол. И толку. Нема сирење во салатите, нема кашкавал, нема бутур. Нема житни штангли, колку поедноставно мени за мене - толку подобро. Кај и да е, ќе уфрлам кисело млеко кравјо, зашто е топ, и цело едно да изедеш на ден, ќе биде ОК.
Јас еве 1 месец како го ифрлив лебот, ретко јадам компири и ориз ослабев 4 кила. Претежно јадам салати и протеини, само кога ќе осетам ептен дека ми треба шеќер внесувам јаглехидрати. Фино ми е што салото околу половината ми се истопи и перничињата меѓу нозе.
E, да супер ти е мениво, ама кај нас претежно мајка ми прави некои пити,пици, лазањи месишта за татко ми и брат ми компир печен не јадам, грд ми е.... инаку убава ти е диетава, мислам дека би требало резултати да има! сега не сум при пари, ама да се опарам и јас ќе купувам јаготки, ќе си купам од соиново млеко шејк ќе си правам! жапче абе сирење јадам 2-3 големи лажици на ден (30-45 гр) од 220 калории, да кажеме 110 ми идат од сирењето, 300 од јогуртот, 150-200 од јајцата и се останато ми е од зеленчуков денес богами само обична салата со патлиџан ротква и краставица! без сирења итн! инаку јас воопшто масло ни сол не им ставам, и тие калории си ги заменувам со сирењето! зашто не знам дали сте знаеле ама една голема лажица масло има околку 100-тина калории подобро сирење ќе си јадам за тие калории
Е Лудо, УН диетата на пример е поделена според групите на оброците. И така девојките ги комбинираат јадењата секој ден. Првиот ден е ден за протеини... значи месо или јајца или млечни производи... додаток зеленчук (компир не влегува, ама можеш, домати салата, краставици, марула, пиперки печени со оцет ммм кој јаде нека се удави во тоа или пример месо печено со зеленчукот, домати и пиперки и кромид со зачини потпечете ги со сирење малку и салата итн. ) Вториот ден е ден за скроб.... па јадеш манџа, дали грашок, дали леќа, дали грав, спанаќ, компир или јадеш ориз-ко шо реков рижото со зеленчук или можете турли-тава да си направите со компир, домати, пиперки, кромид... сето иде со салата, марула, краставици, домати (сирење не денеска!) Третиод ден е за јаглехидрати... па можете тестенини (дали со кечап, дали само со веѓета, дали со сос од домати, босилек ваш избор) можете и пица со кечап само или пица со домати и лукче, ѓеврек, кифла обична солена, или некое друго не мрсно пециво ... а вечерта е дозволено дури и парче торта ред црно чоколадо м м м ццц Четвртиот ден е ден за сиромаштија со зеленчук сиров само и ОВОШЈЕ ГЛАВНОТО.. овошје со овошје ццц Лудо, знам. Можете што сакате да јадете, само да е во ограничена количина. Јас ви го кажав како најмалку маслено ова, а јас инаку не го сакам воопшто. Јас јадам кравјо. Кисело млеко пукни се од сркање ако сакаш цел ден само тоа и леб јади со сирење нема да се здебелиш само да не испадне цел леб... кришка до две. Калориите се битни во денот и маснотии многу да не се внесува. Пошто џабе е да помалку од 1200 калории внесувате а во тие да имате празни калории, т.е јадења пуни маснотии. Пошто тие потешко се горат и со физичка активност. Секако се слабее. Милиони диети има
да да да, знам ама Yн диетава ми е кога ќе видам 90 дена коса ми се крева! A скробниов ден па тужен Aбе јас вака ќе терам уште 2 недели, ако нема резултат ќе фатам ко Tрендафиљ, ако нема ни така ќе видиме! имам уште 50тина дена до одмор, не се брзам јас
Абре не дека и јас се брзам нешто, уште 2 месеци до одмор, ама изгледа ова ќе тера и после одмор И кај нас дома на менито има месо и тестенини, јас најстрого ги имам забрането и забрането им е да купуваат многу сувомеснато. Ептен се дисциплинирани. Секој ден ме потпрашуваат што сакам / треба да јадам, за да се прилагодиме. Работава, аман ќерко само ослаби и трева ќе јадеме за тебе.
E мајка ми беше таква, ама после напињање од моја страан диета диета 5 дена не јади, 3 дена јади... веќе скептична стана со мене инаку кај мене си кркаат сувомеснато, чајни, ама јас не го сакам тоа многу многу, така да не ми течат лиги! мене на благо ми се влажни устево Aма, мајка ми не прави, така да и за тоа немам гајле! абе ајде, за 50 дена да ослабам 8-9 кила доста ми е 51 и славам
Јас од денес денот ќе го почнувам со 200-300гр. јаготки и вода и зелен чај до ручек. За ручек ќе јадам половина од тоа што ќе го имам во чинијата без леб. Вечерата ми е јогурт со овес и половина парченце сирење. И салати секако. Само леб никако
Ауф мене вчера цревата ме пукнаа па не знаев што да правам и изедов половина лимон со си кората знам чудно звучи ама мене кората ми е превкусна обожавам кисело! Инаку не знам што да појадувам некој предлог?
Откако почнав да ја држам диетава моиве дома се претупанија од јадење До пицички, питички, чварчиња, лазањи, хамбургери... Голема морална подршка ми се нема што! Меѓудругото од време на време си поткаснувам по некое мевце, лепче со маргаринче (залченце де)... ама гледам пак слабеам. Месецов сум симнала 7 клограми што мислам дека и не е мала работа, зарем не? До летово ќе дојдам барем до приближно нормална тежина. Некои 67 килограми планирам да направам, што ќе биде за мене ОГРОМЕН успех. И да бидам искрена едвај чекам на тоа слабите исушени шмизли што уста не затвраат да им покажам дека сум убава девојка со преубаво тело! И од таа намера нема да се откажам па мајка Јана нека е Освен тоа во септември му е мајката. Планирам кога ќе се појавам да не ме препознаат. Така барем ќе се исплатат вртењето на хулахоп, дрмањето со Рилекс енд тоун и вежбањето на орбтрејк. Има да ги затнам па што сака нека биде. Затоа девојки вреди да ослабете. Чувството на самодоверба верувајте дека е бесценето!
Дечкиии -1кг down....ама не сум какана бее и тоа едно 4-5 дена....ке пукнам. Кажувајте нешто инстант зошто ке полудам...нешто испробано и моментално. Аххх овие мои муки...дури ни сега со толку овошје и зеленчук не поминуваат
Пф...утрово се осејчам тип-топ!Ми се јаде,ама реков кризирам кон 3,немам гајле до тогаш,јаболко не ми бега.Чувствувам конечно дека има промени.Прво,она видеоно Зумба од 20мин,веќе не ме заморува,ниту препотува,од денес одам со тие од еден час,плус орбитрек.Второ,кога ќе се допрам по нозете и рацете вишокот вода го имам исфрлено,мека сум ко пердув на деловите каде вообичаено се складира вишокот салце и трето,боли како модрици да имам,што значи влегов во фаза на вистинско слабеење,односно согорување на вишокот масти! Гуд!Задоволна!Реков,тефлон ќе се сторам!Масленце да немам залепено на себе! А инаку,леб,ок е бе леб,само повеќе од една кришка не.На 100 грама има 40 до 80 калории,зависи од типот на лебот,така што ко ништо ќе го согорите и без активност,за самите потреби на телото,а нема да чувствувате треперење на рацете и телото.Јас јадам по половина парче влажен леб.Оној вакумираниот германски со цело зрно и лен и супер ми е.
Зелен чај проба? Него женски мене ме интересира како ги подготвувате салатите. Јас јадам салати мноооогу, ама не се моиве баш здрави, ќе им ставам зејтин, оцет и сол и отиде се по ѓаволите Не ми е вкусно да јадам само свежа краставица или марула на пример, некоја алтернатива?
На истиот начин како тебе ја подготвувам. Не е трагедија ако се стави сол, киселина и малку зејтин. Затоа е салата.
Со лимон место оцет,ако не можеш без маснотија,маслиново.Јас не ставам ништо,пошто маслиновото ми е тешко,ама затоа си каснувам три маслинки.Не јадам масни работи и онака,се вареници,а неопходно е за нормална функција,па така што маслинките ми се супер замена и имаат околу 7-8 калории,оние зелените крупни.