(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Абе не е дека Анабела не знае како да ослабе, 40кг ослабе девојчето, ама психолошкиот фактор диета е тоа што ја ништи. Како и сите нас уствари. Еднаш ако имаш проблеми со тежината и цел живот ќе ги имаш, тоа е факт. Јас и реков, прекини некое време од диетите, дај си одмор, среди си ги мислите/телото. :D

    А јас што да речам, ПМС, подуена како балон, немам време да јадам, кога јадам јадам што ми се најде прво, вагата си стои во место... Не знам што да речам. Обемот ми е ист од летоска, ама вагата си покажа постпразнично фини 3кг плус што дефинитивно не се вода.

    Што се 3кг, е што се де... Така се почнува пак назад. Прво 3, па 5, па 10 и ајмо исти сме од порано.

    Добар советов да не се мерам, јас преспивам на вага некогаш. |(
     
    На lunicka, anabel-a, drugarka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Мене ова ми е втора недела на Аткинс. Ама ја држам од понеделник до петок, без да се преморам, а викенд правам пауза.
    Истегнав лигамент за време на вежбање и тоа бајаги лошо, и приморана сум 2 недели да одмарам, т.е. да мирувам.
    Затоа и го искористив ова време за Аткинс.
    Ама мислам дека две недели се доста. Минатата успеав да симнам скоро 2.5 кг, а оваа се надевам на уште 2, до петок.
    Инаку диетата ме исцрпува. Ми се лоши од варени јајца и месо, ми се повраќа буквално. :(

    Во состојба сум да вежбам и по саат и пол дневно, отколку да се лишувам од нормална храна.
    Слично како и Анабел-а, немам веќе ум за диети и храна, значи НЕМАМ. И од се` ми е смачено. ;(
    Ми доаѓа да се затворам во соба 2 недели со суви крекери и вода и да излезам како нов човек.
    |(
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.912
    Допаѓања:
    110.204
    Пол:
    Женски
    Анабелче без нервози мила. Ајде малку поангажирано, ти цело лето го помина на диета и успеа па сега нема да успееш. Ќе се караме еј :!: Сеа ќе ти се пуштам во ЛП да те искарам малку, не смееш така, ти си позитивно детуле и мораш да успееш ;) Да ти каже дада Ангел, ослабе што ослабе, од дома седење ми се чини за една недела пак ми рипна горното меше а долното се стопи за уште 4 см, да да, се ближам до бројка од 30см во обем, многу сум хепи, уште похепи сум што заврши мојата голгота од недела дена дома дремење, почнувам наскоро со работа па уште повеќе позитивна енергија во мене. Знам дека 10 кила се многу, затоа те карам, знам дека за тебе се многу, ама ти ќе ги симнеш. Сместа Орбитрекот да го ангажираш, кога можеше по најголемите жештини да вртиш можеш и сега, ајде доста плачки. Јас мислам дела сум симната веќе до 72, барем би требало, немам вага да се мерам, треба да набавам и да ја увидам фактичката состојба, ама сакам да продолжам со Одржување наскоро, ако не снема веќе смисла Одржвањето од Ун, поминаа скоро 10 дена ми се чини. Инаку еве веќе 10 дена по диетата, јас ги намалив оние 4 см, осеќам многу помалку глад од порано, појадувам како досега, овошје, освен во исклучителни ситуации кога појадувам според Ирена, односно ЈХ, пример денес бев со обрвски па каснав ѓеврече и еден кроасан бидејќи после диетава ми паѓа многу шеќерот, почнувам да се тресам некаде претпладне и не можам да се сконцентрирам. Наскоро ќе започнам да работам повторно, тоа значи 2-3 километри наутро пешачење, 2-3 километри навечер пешачење, дома понекој стомачен и чучњеви, малку степер а планирам и да уплатам фитнес или пилатес, зависи што ќе ми фати повеќе око. Како иде пролет, како поминуваат деновиве и овој голем нов почеток што го имам ми дава особено енергија да продолжам таму каде само малку застанав. Многу сум среќна, успеав нешто што го сакав подолго време, ослабев и изгледам така како што отсекогаш сакав, се надевам дека помогнав доволно на темиве со совети, во ЛП сите кои ми пишаа си добија соодветен одговор, се осеќам спремна и книга да напишам за слабеењево жими све, толку имам истражувано и толку имам прочитано што се осеќам спремна. :lol:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Преземено од The Man

    Еве зошто медитеранската исхрана е најдобра за слабеење


    Медитеранскиот стил на исхрана кај луѓето со висок ризик од срцеви болести може да ја намали веројатноста да се случи срцев или мозочен удар за дури третина, покажува истражувањето кое ги тестирало ефектите кај високо-ризичните групи.

    Медитеранската исхрана се базира на големи количини на овошје и зеленчук, три пати неделно риба, зрнести плодови, житарици и здрави масти како што е маслиново масло, а истовремено и мали количини на црвено месо и млечни производи.



    Во истражувањето кое е спроведено во Шпанија на 7.447 луѓе на возраст од 55 до 80 години кои имале вишок на килограми, биле пушачи и имале дијабетес или други фактори за ризик од болести на срцето, биле поделени во две групи. На едната група им била дадена програма со медитеранска исхрана, а на другите исхрана со малку масти.

    Оние кои биле на медитеранска исхрана јаделе пет порции овошје и зеленчук, три пати неделно риба, користеле маслиново масло и јаделе зрнести плодови секој ден. Исто така јаделе бело месо наместо црвено и најмалку три пати неделно јаделе грав, грашoк и леќа. Требало да пијат по една чаша вина дневно за време на јадењето. Биле замолени да избегнуваат произведени слатки и да го ограничат консумирањето на млечни производи и преработеното месо.

    Луѓето кои биле на медитеранска исхрана имале 30% помалку шанси да доживеат срцев или мозочен удар од смрт предизвикана од срцеви заболувања во споредба со оние на диета со ниски масти.

    Истражувањето објавено во магазинот "New England Journal of Medicine" тврди дека ова е прв пат да се истражува медитеранската исхрана на вака ригорозни услови. Научниците ги изненадиле брзите ефекти при слабеење од ваквиот начин на исхрана.
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Браво за тебе мн ми е мило и јас би сакала да ослабам околу 15 кг како успеа ? Која е таа лимонова диета дали ке сакаш да ми ја пишеш...
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    13.012
    Пол:
    Женски
    Анабелке, убаво девојче, зошто се опседнуваш?
    Сите ние варираме со килажата, колку и да пазиме. Ете си имала таков јадачки период, секој има, не си го земај тоа при срце, ами едноставно сфати дека ти требало тоа.
    Сега стегни се. И самата си свесна дека не можеш преку ноќ да ги симнеш качените килограми. Барем на тебе не треба да ти се кажува. Полека, каде брзаш, земи си време колку што ти треба. Месец, два, три...
    Само нека не те фаќа паника, ништо нема да направиш така.
     
    На anabel-a и ana-girl им се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Најпрвин сакам да ги подржам сите и да им посакам среќа во губењето на килограмите...
    Имам голем број вишок на килограми и секогаш кога почнував диета 2-3 дена не јадев ништо но четвртиот ден се најадував за 1 месец а тоа не води никаде.
    Одкако добро ја разгледав темава и после неколку разочарувања што неможам ништо да си купам што сакам се ми е тесно добив силна воља да ослабам...
    нај битно е вољата да ја имате ако имате воља мислам ке успеете....
    Веке трети ден не јадам леп почнав од денеска да одам и успеав 45 мин да одам, пијам многу вода и чаеви од нане а од денеска ке почнам и зелен чај но ги пијам без шекер исто така и кафето го пијам без шекер, газирано никако нема да пијам освен вода и компоти и некои густи сокови...Овоа не е енекоја диета но јас сама си ја поставив и еве што планирам да јадам и пиам а вие кажете ми ваше мислење дали би ослабела вака
    1.ЗА ДОРУЧЕК ТУНА БЕЗ ЛЕБ
    2.РУЧЕК СУПА БЕЗ ЛЕБ
    3.ВЕЧЕРА МУСЛИ СО ЈОГУРТ НО ПОКАСНО ОД 7 ЧАСОТ НЕ ВЕЧЕРАМ И НЕОГРАНИЧЕНО ВОДА . НЕГАЗИРАНИ СОКОВИ, КОМПОТИ , ЧАЕВИ И ПОЧНАВ ДА ОДАМ ПО 45 МИН ВО ДЕНОТ ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА КЕ ИМА РЕЗУЛТАТИ ? БЛАГОДАРАМ МНОГУ МНОГУ КЕ МИ БИДЕ ВАЖНО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ
     
  8. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    Феминки сакам да ве прашам дали некој ја има држено оваа диета и дали има ефект? Ја најдов на една страна, мислам дека станува збор за диетата на Жан Митрев ама не сум сигурна.

    Појадокот е ист за сите денови:
    1 овошје (освен банана и грозје), 1 двопек, кафе или чај без шеќер

    Ден 1:
    Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 канче кисело млеко
    Вечера: 2 домати (2 дл. варени домати), 2 јајца, 1 краставица, 2 двопека

    Ден 2:
    Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 канче кисело млеко
    Вечера: 125 г. варено мелено јунешко месо, 1 домат, 1 портокал, 1 двопек, кафе

    Ден 3:
    Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 канче кисело млеко, 1 краставица
    Вечера: 125 г. варено мелено јунешко месо, 1 портокал, 1 двопек, кафе

    Ден 4:
    Ручек: 125 г кравјо сирење, 1 домат, 1 двопек
    Вечера: 125 г. варено мелено јунешко месо, 2 домати, 1 јаболко, 1 двопек

    Ден 5:
    Ручек: 200 г варено месо или риба, 1 домат, 1 двопек
    Вечера: 500 г варен зеленчук (морков, грашок, компир), 1 јајце, 1 домат



    Наведените намирници можат да се јадат топли или ладни, но мора да се јадат по дадениот редослед (едно по едно), да не се изоставаат или менуваат. Ако намирниците не се земаат по дадениот редослед или се промени некоја намирница, нема да се постигнат очекуваните резултати.

    Не смее да се користи шеќер, сол и масло, а вареното месо/зеленчук се зачинуваат со вегета.



    За 5 дена се губат од 2-3 кг, потоа се прави пауза од два дена, па диетата се повторува 3 пати по 5 дена и за 15 дена можат да се изгубат 10 до 15 кг. без последици по здравјето. Изгубените килограми не се враќаат. По завршувањето на диетата, јадете нормално, а за одржување на тежината се препорачува во понеделник да се јаде:

    Појадок: 1 чаша сок од лимон без шеќер
    Ручек: 1 јаболка, двопек
    Вечера: 1 варено јајце, домат.
     
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.108

    1.НЕ пишувај со капс лок, ставај интерпукциски знаци, точки, запирки и нов ред.

    2.Погрешен ти е распоредот. Муслите за доручек, зошто повеќе време држат ситост и даваат енергија. Туната за ручек по можност онаа што е во вода а не во масло, тоа се протеини. И супата за вечера, најдобро доматена или зеленчукова со морков, брокула итн., а не купечката со конзерванси, тон сол и тестенини.
    Ако си активна преку ден ручекот ми изгледа многу мизерен нема да те држи, подобро направи си една голема зелена салата/спанаќ/зелка со 2 јајца или парче сирење или стек на скара/тостер или една конзерва туна или друга риба.
     
  10. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Замени го доручекот со вечерата(наутро јаглехидрати навечер протеини и зеленчук). А за ручек задолжително и зеленчук со супата, било свежа салата или вариво).Припази на компотите,особено ако се направени со шеќер и во главно не претерувај со нив,филџан компот од сливи или касии/праска и толку.
     
  11. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    Ако те мотивира исхранава, тогаш оди со неа, пробај. Како и да е, јас би ја модифицирал. Ти фалат многу хранливи материи. Немаш овошје и зеленчук доволно, да не речам воопшто, а тоа треба да ти биде столбот на исхраната.

    За доручек туна. Ок добро, но само туна? Можеш да додадеш, маслинки, морков или некоја салата ако сакаш. Супа? Не мислам дека ти е добра идеа, и така што има во супата? Наместо тоа, земи направи си некоја голема салата, зелка, со морков, со цвекло итн, или можеш да направиш грав(ако го покиснеш доволно мислам дека нема да ти направи проблеми), сарми, варен компир и слично . И супер што не јадеш леб, тоа е одлично, али немој мусли, не се здрави колку што мислиш(не сум сигурен за чистите овесни снегулки али тие се малку :puke: . За вечера можеш овошје, банани, портокали, јаболки и тн, дали во вид на салата, или џус не е битно.

    А да те прашам нешто, зашто баш 3 оброка :) ? Јас од секогаш сум имал 2, не знам зашто сите луѓе мислат дека мора да се јаде 3 пати. Митови...

    И менувај, експериментирај, пошто ако ти е монотона исхраната, секој ден тоа па тоа ќе ти здосади. Немој да правиш во стил, "леле сега што требаше да јадам" пошто ќе завршиш како многу други што завршуваат - ќе се вратиш на стара исхрана и ќе се здебелиш уште толку. Биди креативна, прави комбинации, и најбитно од се - прифати го како животен стил, како начин на исхрана, а не како моментална диета којашто ќе ти ги "реши" проблемите.
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753


    Денеска премногу ми се слоши и изедов една кришка леб со 2 пржени јајца но затоа околу 2 часа пешачев и после јадењето пиев само чај од нане и зелен чај без шекер, а супи купив некои диетални но до вечерва ништо не јадам утре за доручек супа ке јадам, што би ми препорачала ти како режим на исхрана бидејки имам потреба мн да ослабеам те молам.благодарам
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Денеска си го оставив денов слободен, ослободена од диети, а ни на зумба ни на аеробик не отидов.
    Сакав малце да се растеретам од сето она што ми се вртеше низ глава, и да одлучам без тензии и притисок, што планирам понатака...

    Она што прво ми дојде на памет, од она што најмногу ме фаќа паника, страв и колку и да звучи глупаво и бизарно - несоница и пореметување на сонот, е тоа дека ДЕФИНИТИВНО не сакам да се вратам на стариот начин на живот, т.е (полу)живеење со цели 102 кила - распоредени насекаде на мене! Сакам да дојдам повторно до оние 62 кила, кои сметам дека и најдобро ми стоеја.

    На УН не сакам веќе ни да помислам, се ежам! :(
    Колку што ја сакам и обожавам, таа беше сепак диетата со која се започна, исто толку ја мразам и презирам!

    Утре си ветив и на себе, и на вас сега, дека започнувам со Аткинс и ќе ја терам минимум еден месец.
    Тој период колку симнам - симнам, за останатите дополнително ќе му ја мислам тогаш.. Пред некое време детално ја проучив, и навлегов во ,,психата'' на диетава :D, при што Дузи и Трендафилка мноооогу ми помогнаа, тие беа оние на кои им се обратив за совет кога планирав да ја почнам, и заради тоа сум им бескрајно благодарна!!!

    Фала ви девојчиња за зборовите и утехите што ми ги упативте!
    Баш сега и на Ангелче по порака и го пишав ова, убаво и фино е кога имаш некој диеталец ,,до тебе'' кој може да те разбере и да те окуражи, а јас како за беља сум опкружена со најнеподржувачите на диети кои можат да постојат, толку се негативни кога се работи за намалена исхрана, слабеење или слично. Е, токму тука се губи секоја искра од мотивацијата. :(

    Ќе пишувам барем еднаш во неделата во темава до каде сум, ќе ве читам постојано вас - вие до каде сте со процесот, и еден ден се надевам ќе пишеме сите повторно во темава дека ја постигнавме целта.. Искрено се надевам!
     
    На Konfetka, macence85, AngelOfArh и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Дали за време на диета смее да се јадат марети и лаки гриц ?
     
  15. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    Избриши го зборот диета или нема да имаш успех, и не, марети и лаки гриц(не знам ни што е тоа) не се јадат. Сигурен сум.
    Јас би ти препорачал убаво да ги прочиташ постовите каде те цитирав тебе и анабела. И не барај Magic pill пошто не постои такво нешто. На пример јас имам симнато околу десетина кг сало(тоа мои проценки, многу ретко се мерам).
    Што да јадеш? - Овошје, зеленчук(свеж или готвен) и месо(ако јадеш месо) и секоја нивна комбинација.
    Ако ти се припие сок, исцеди си од овошје, ако ти се пријаде благо, урми, мед...ја разбираш поентата. Се друго јадеш на твој ризик.
    @anabel-a
    Мотивацијата треба да ти извира длабоко од твојата самопочит, а не од другите што мислат за тебе.
    @Noemi Убаво што сакаш да помогнеш, но тоа со кога што да се јаде ти е погрешно. Не постои правило кога што да се јаде. Како сака може човек да си ги распореди јадењето во денот, може во 5 мали оброка, може во 2 поголеми оброка, нема правило. Кога сака може јагленихидрати повеќе, кога сака може белковини повеќе.
     
    На Sunchild му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Оваа диета е катастрофа со оваа нема да издржиш ниту 1 ден се е монотоно...Овошје имаш премалку а за доручек само овошје не бива за доручек ти треба енергија која ке те одржува цел ден,за ручек само јајце не бива тука треба месо и салата а за вечера нешто полесно.Со секој оброк треба да имаш или овошје или зеленчук.Треба да имаш некој ужинки на пр. овошје или зеленчук и најважно од се е да ги броиш калориите а плус тоа и ако вежбаш треба да согоруваш повеќе отколку што внесуваш значи околу 1100-1200 на ден.Не смееш никако леб.пржено,зејтин,шеќер и се што е џанк фуд....Се надевам дека ти помогнав и само со диета без никакво вежбање многу потешко се слабее, се слабее но многу поспоро.Се разбира ова е твој избор но кога ќе заврши диетата можно е да има и јојо ефект па затоа подобро ти е да се храниш здраво т.е да живееш здрав живот отколку да јадеш нешто 1 месец а потоа да се вратиш пак на старо..
     
  17. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Ова не е толку лошо но за доручек можеш да јајца(варени,пржено),туна но да ги комбинираш со зеленчук,за ручек супа не тука можеш месо пилешко мисиркино ама не пржено за вечера нешто полесно и обавезно овошје и зеленчук со доручек или ручек мегу треба ужинка може пак овошје или некој јаткасти плодови.Леб никако млеко и млечни прозводи да ама зејтин,шеќер тоа никако и да напоменам дека треба да се храниш ЗДРАВО ова да не биде диета за 1-2 туку да биде начин на здрав живот и јас истото го практикувам и не сум на диета немам потреба да ослабам....кога е во прашање вежбањето ако вежбаш можам да ти кажам во лична порака некој вежби и поздрав до тебе и со мноооогу голема желба едноставно да го сакаш тоа само тогаш ке успееш без никакви диети туку само со здрава исхрана и вежбање :D
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.307
    Допаѓања:
    259.440
    Анабел-а се мислев за ЛП, ама мислам дека подобро овде да стои коментарот.
    НЕ ЗА АТКИНС!
    Имам пишувано, ама пак ќе кажам, јас едвај оздравев од диетата.
    Пишував во соодветната тема, што се не ми се случи.
    Штетна е, никако не ја препорачувам.
    Истото би и го рекла и на Тренди, иако го знае веќе моето патење и мислење за диетата.
    Размислете дали вредат тие неколку килограми во замена за здравјето.

    Јас сум презаситена од диети, УН не би можела да ја држам пак. Пробувам и се откажувам.
    Те сфаќам како ти е, но јас се откажав.
    Од диетите се упропастив. Се разболев, едвај си доаѓам при себе.
    И ви велам не вреди.
    Јас сум среќна со моите 64 кг.
    Освен внимавање на исхраната, на друго не ни помислувам.

    Ти го следам блогот. Не си дебела.
    Може самата не си задоволна од себе, ама постојат и други начини да ги симнаш тие кг.
    Вежбаш, внимавај и на исхраната.
    На твојот организам не му требат диети. Доволно е исцрпен, а Аткинсот ќе го дотолчи.
    Те советувам најдоронамерно :) .
     
    На Hipster и anabel-a им се допаѓа ова.
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Јасно пишува ''МОРАЛНА ПОДРШКА ЗА СИТЕ ШТО САКААТ ДА ОСЛАБАТ''
    а не '' ОБЕСРАБРУВАЊЕ И РАЗОЧАРУВАЊЕ '' на сите оние кои што не се задоволни со своето тело
    Мене оваа тема ми даде голема боља и подршка во мојта желба еден ден да облечам нешто што јас сакам и кое шти истото ке ми стои како на многу девојки...Па затоа ги молам сите оние на кои што не им успеала диетата, или кои што се одкажале неморате тука да ги пишувате своите постови и да не разочарувате сите нас кои што се бориме и измачуваме со храната само за да дојдеме до некој килограм помалку....Денска кога почнав да ја читам темава добив толку многу надеш од некои феминки кои што пишале колку многу ослабеле тоа многу ми значи а верувам и на многу други но сега навлегов подлабоко во темата и читам постови како
    1.Лелеле нема ефект од диети колку време не јадам а не успеав
    2.Сакам да држам диета но чоколадата ме спречува
    3.Не мачете се со диети нема никакви резултати
    4.Со диетите само ке се разболите јас едвај се оправив
    5.Куснете си што сакате животот е краток и нз што веке не
    -Негативните и несакани резултати ве молам задржете си ги за себе или отворете тема НЕУПЕШНИ ДИЕТИ или нз како но ве молам не не обесрабрувајте сите нас кои никогаш во животот не сме го облекле омилениот фустан и со ласови одиме по будици за на крај да купиме нешто што ни се фаќа а тоа ни најмалку да не е во нашиот стил...Не сакам да бидам груба но мислам дека секој кој што е на овој пат кој што секојдневно се бори како мене и кога ке осети голема глад голта вода мислејки дека ке го спречи гладот и варем 1000 грама ке ослабе....Исто така сакам да изразам благодарност за неколку феминки ке се пронајдат тие самите кои што ни помагаат со листата на оброци кои што треба да ги земаме а кои не и искрено не подрѓуваат.....Некои феминки очигледно постираат само за да добиат лајкови на постовите па не е битно што ке се пише....
    ДРАГИ ФЕМИНКИ И ЈАС СУМ НА ДИЕТА ОД ПРЕД НЕКОЈ ДЕН И ДЛАБОКО ВО СЕБЕ ВЕРУВАМ И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КЕ УСПЕАМ КОЛКУ ТОЛКУ И ДЕКА ЕДЕН ДЕН КЕ ГО ОБЛЕЧАМ ФУСТАНОТ КОЈ ШТО КЕ МИ СЕ ДОПАДНЕ А НЕ ОНОЈ КОЈ ШТО КЕ МОРАМ ДА ГО НОСАМ ЗАТОА ШТО САМО ТОЈ МИ СЕ ФАТИЛ.ПОЗЗ
    НЕКОИ ЛУЃЕ ЈАДАТ ЗА ДА ЖИВЕАТ, А НЕКОИ ЖИВЕАТ ЗА ДА ЈАДАТ ! ПА ДА БИДЕМЕ ОД ОНИЕ КОИ ШТО ЈАДЕМЕ ЗА ДА ЖИВЕЕМЕ И СО СРЕЌА НА СИТЕ КОИ ШТО СТЕ ТРГНАЛЕ НА ТОЈ ПАТ СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СИТЕ КЕ УСПЕЕМ БИДЕЈКИ СИТЕ ТОА ИСКРЕНО ГО ПОСАКУВАМЕ
     
  20. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Сакам да постирам нешто што го најдов на ФБ и се однесува на заблудите околу т.н. здрава исхрана. Внимавајте на продуктите со фиктивни low fat/no sugar added...итн!

    10 продукти кои луѓето мислат дека се здрави а НЕ СЕ!

    Житарици – житариците се промовирани како здрави и хранливи и се препорачуваат за намалување на телесната тежина. Доколу го прочитате составот на житариците ќе забележите дека тие се богати со шеќер и сол и дека витамините и минералите кои тие ги содржат се добиени по хемиски пат.
    Здрава алтернатива: за појадок - овес, млеко и банана; омлет со кромид и домати и слично.

    Колачи од овес – овие колачи се направени од овес и мешани зрнести плодови кои се здрави за јадење. Меѓутоа, оние кои можат да се набават во продавниците се мешани со сирупи како на пр. сирупот од пченка, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Некои вакви колачи исто така содржат и чоколаден чипс кој ги прави исто толку “лоши” како и обичното чоколадо.
    Здрава алтернатива: домашно подготвени овесни колачиња.

    Овошни јогурти – кога на амбалажата ќе прочитате “без маснотии” не значи дека станува збор за здрава храна. Овие производи содржат шеќери, сирупи од пченка или вештачки засладувачи.
    Здрава алтернатива: обичен јогурт со парчиња од свежо овошје.

    Леб – лебот е достапен за сите и во исто време е вкусен, но не е толку здрав како што мислите. На одреден вид на леб ќе забележите да пишува дека е составен од цели пченични зрна. Ова не значи ништо посебно. И црниот леб исто така содржи сирупи од пченка и вештачки (заситени) масти, па со негово прекумерно конзумирање може навистина да се здебелите.
    Здрава алтернатива: намалете ја количината на леб во исхраната.

    Сендвичи – многу често на некои сендвичи ќе забележите “фитнес” или пак “со ниска масленост”. Ова не значи ништо бидејќи сендвичот содржи салата богата со шеќери, малку зеленчук и протеини и многу бел леб.
    Здрава алтернатива: подгответе си сендвичи дома.

    Пакуван овошен сок – дури и 100% овошните сокови имаат шеќер како додаток, особено фруктоза. Вишокот на фруктоза предизвикува дебелеење, лош холестерол, лоша контрола врз апетитот и сл.
    Здрава алтернатива: пијте домашно подготвени сокови или јадете свежо овошје.

    Спортски пијалоци – спортските пијалоци најчесто се промовираат како замена за електролити, јаглехидрати и сл. Меѓутоа вистината е дека се работи всушност за зашеќерена вода.
    Здрава алтернатива: пијте вода за време на вежбањето, протеини и јагле-хидрати после вежбањето.

    Салати од ресторани за брза храна – станува збор за салата богата со шеќери, пржени лепчиња од рафинирано бело брашно или бели тестенини. Понекогаш, подобро е дури да нарачате двоен чизбургер отколку пилешка салата.
    Здрава алтернатива: сами подгответе си свежа салата.

    Замрзнати оброци. Нема ништо лошо во замрзнатиот зеленчук или овошје. Но, на замрзнатите оброци често може да се забележи “со ниска масленост” или “здрава храна”. Вистината е дека станува збор за преработена храна, богата со шеќери и натриум. Ве советуваме да избегнувате замрзната храна.
    Здрава алтернатива: гответе ги своите оброци за тековнот ден, навечер или наутро.

    Диетални газирани пијалоци – диеталната сода содржи вештачки засладувачи како што на пример е контроверзниот аспартман (метил хемиско соединение добиено од природни амино киселини). Проверете колку се здрави овие вештачки засладувачи и одлучете сами дали ќе ризикувате.
    Здрава алтернатива: вода, вода со исцеден лимон, зелен чај.