(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Дали е за слабеење или за градење мускулна маса на организмот му се потребни 3 нутриенти:

    Протеин
    Главни извори: јајца (но што помалку жолчки), немасно месо (стек) и риба (туна, лосос, ослиќ и сл.)

    Јаглените хидрати

    Главни извори треба да бидат сложените јаглени хидрати: компир, ориз, овесни снегулки, интегрален леб, свежо овошје и зеленчук (овошјето да се конзумира на гладно срце или после тренинг, поради високиот индекс на шекери што го содржи)

    Здрави масти (не заситени)

    Главни извори: јаткасти плодови, риба и умерена конзумација на маслиново масло (не претерувајте со јатките и зејтинот, значи тие се извор на здрави масти, еден оброк со 20-30гр бадеми/ореви/кикирики е сосема доволен во текот на еден ден, но ако јадете количински многу од овие производи кој се богати со масти, мислам дека нема потреба да пишуваме во што ќе ги претвори организмот.

    Не е пожелно
    : благо пред се, пржено, газирани пијалоци, "густи" сокови и сокови за "енергија" (богати се со прости шеќери, кои ако веднаш не се искористат телото се претвораат во масти), мрсно месо, кашкавал, сирење, павлака и други млечни производи кои се богати со масти избегнувајте ги.
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    13.013
    Пол:
    Женски
    Ајде на здравје, од денес ја почнав Аткинс.
    Почнувам со 62-63 кг, сакам до 59 да стигнам (и 58 не е на одмет) и тука застанувам.
    Си каснав за појадок парче сирење и малку лутика. Арно ли е?
    Сега ми е лошо, се навикнав пола година на овошје за појадок само. А може насабајле да си јадам овошје?
    Trendafilka како искусна да ми каже ќе може ли?
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    ^Тинкербел, јас во првата фаза како што разбрав овошјето е скроз исклучено.
    Само зеленчук и протеини буташ тука. :D
     
    На Doozy и thinkerbell им се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    бЛАГОДАРАМ НА СОВЕТИТЕ ЗНАЧИ ЈАС НЕ ДРЖАМ ДИЕТА НЕГО НА СВОЈ РЕЖИМ СУМ....ИСФРИЛВ СЕКАКОВ ВИД НА ЈАДЕЊЕ ОД МОЈОТ ЖИВОТ БИДЕЈКИ НАВИСТИНА САКАМ ДА УСПЕАМ А КОГА КЕ ДОЈДАМ ДО НЕКОЈ РЕЗУЛТАТ МОЖЕ ДА ПОЧНАМ ПО МАЛКУ СО ХРАНА НО СЕКАКО СО МНОГУ НАКАЛЕНО КОЛИЛЕСТВО ЕДНИСТВЕНО ШТО КОНЗУМИРАМ ОВИЕ 6 ДЕНА Е
    ЦЕДЕВИТА
    ЗЕЛЕН ЧАЈ
    КАФЕ
    МУСЛИ
    КРАСТАВИЦА, ЗЕЛКА, КАРФИОЛ И СЛ
    ПОНЕКОГАШ ЗА ДОРУЧЕК 2 ЈАЈЦА
    ЛЕБОТ ГО ИСФРЛИВ КАФЕТО БЕЗ ШЕКЕР КАКО И ЧАЕВИТЕ НЕГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ, АЛХОХОЛ НИКАКО И ВЕРУВАЈТЕ МОЖАМ УШТЕ МНОГУ ДА ИЗДРЖАМ ВАКА БИДЕЈКИ ОСЕТАМ МАЛКУ ГЛАД КОГА СИ ЛЕГНАМ НО НАБРЗО ЗАСПИЈАМ И УТРЕТО СУМ НЕКАКО СИТА, ЈАС МИСЛАМ ДЕКА КЕ ИМАМ РЕЗУЛТАТИ ВАКА А ВИЕ ШТО МИСЛИТЕ ? ШТО ДР БИ МОЃЕЛА ДА ПРИКЛУЧАМ ДА ЈАДАМ
    И РЕДОВНО ВЕЖБАМ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ПО 2-3 ПРАВАМ ПО 20 СТОМАЧНО И ОКОЛКУ 2 СААТА ПЕШАЧАМ А ПОНЕКОГАШ И НЕКОИ ДРУГИ ВЕЖБИ ПРАВАМ .ПОЗЗ

    i ve molam kazete mi sto drugo smeam da jadam !
     
  5. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    И Цедевитата има шеќери!.Јас вака си правам-2 лимони и еден портокал ги цедам во 2 Л вода, додавам вештачки засладувачи и ете ти-voila!- здрав, витамински пијалок за цел ден. Или можеш да си свариш чај од ким(една кесичка во 2 л вода, пак со вештачки засладувач ако не можеш незасладено како мене.) Велат кимот е добар за стомакот и за слабеење(сега ми текна колку долго не сум го пиела). И обавезно напи се барем една чаша зелен чај на ден, наутро или пред вежбање да те"крене".
    Мулси не, подобро обични незасладени негулки(овесни,јачменови итн.).
    Воведи варива(имаш замрзната боранија,грашок,морков,брокула, внимавај со пченката,варен компир 1-2 понекогаш, ориз-обарен ,не во тавче запржен со кромид, леќа и други легуминози,но внимавај на количината, зашто гравот на пример има доста калории, и зависи пред се како е направен).
    И обавезно протеини. Читај постови нагоре кои да ги одбираш(белки,туна,ослиш,сардини,телешко но се или обарено или на тостер или на грил.)Почасти си се некој ден од неделата со ред црно чоколадо.Пиј јогурт,една чаша, на млекото внимавај, во умерени количини и само со намалена масленост.
    Ете ти разновидна исхрана. Не е диета, туку само здрав начин на исхрана. И внимавај на комбинирањето на намирниците(протеини со зеленчук, јаглехидрати со зеленчук, не со протеини).
    И пишувај тука, секој од свое искуство ќе ти каже. Ќе добиеш многу контрадикторни совети можеби, но најдобро ќе учиш на своето, позитивното искуство-што ти помага(прија што би рекле северните комшии) а што не. Поздрав!
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753

    BLAGODARAM :*
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753

    BLAGODARAM :*
     
  8. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    2.597
    Здраво девојки! Сакам да ви кажам и за мојот напредок. Ова го пишав во октомври, и после месец дена дојдов ,верувале или не до 94- 95 кила. :( Бев преочајна, не знаев што да правам и точно средината на ноември цврсто решив дека е веќе крајно време да направам нешто за себе. Ослабев скоро 20 кила, дојдов до 75, имам уште многу за симнување ,ама си ветив самата себе дека нема да се откажам. И НЕМА!

    Значи лебот , благото и соковите сосема ги изоставив од исхраната. Имаше и моменти кога знаев да си седнам и да си се најадам како претходно, ама тој пусти страв да не ги вратам пак назад кг беше, и уште е поголем од искушениото по пусто благо. ах... :| Сите што ќе ме видат , ми велат лелел преполовена си . Е тогаш душата ми се исполнува. Најголема желба ми е еден ден кога ќе застанам пред огледало да си речам , да ОВА СУМ ЈАС каква што отсекогаш сум сакала да бидам..и да можам да облечам што душа ми сака. :)

    Имам голема комплекс и несамодоверба во врска во изгледот, и ден денес на самата помисла чувствувам како некоја грутка во градите и така солзите сами ми течат ;( ....
    Ама феминки, немојте да се откажувате, патот е долг, ама на крај знам дека ќе се исплати . Патем ја поздравувам Lux за секогаш исцрпните одговори и поддршка :hai:
    Е сега сакав да ве прашам, сакав да почнам и да вежбам по дома, ама незнам со што и како да почнам?
    Дали со тие вежбите на Џулиен (незз дали така се викаше ) или ...? :?:

    п.с. Мене најголема мотивација ми беше Chris Powell(личен тренер ), има емисија ја даваат на TLC (Extreme MAkeover weight loss), незз дали сте ја гледале, ама е предобра. Се пријавуваат предебели луѓе и во рок од една година ги прави како манекенки. А друга работа па колку е згоден , убав :inlove:
    Му пишав и на фб неколку пати, лично ми врати, со совети и ми рече да не се откажувам.Муабетот ми беше. си реков ако можат тие , епа можам и јас!
    Еве и вежби од него, ги пробав ама некако мн ми се напорни за правење.

    http://www.youtube.com/watch?v=m367puuiAf8
    Поззз
     
    На Cakica, MidnightFlower, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Јас насабајле јадев јајца најчесто, со нешто. Не можам да зинам за месо, ама што знам... И мене ми е најдобро со овошје насабајле. Можеш и кашкавалче мислам, и сиренце, нешто такво, попојадочко. :D
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Девојки решив и јас да ви се приклучам, колку да го споделам моето искуство и да ве мотивирам малку ;)
    Во рок од година дена успеав речиси 20 кг да симнам , од кои некои 15 во рок од 3 - 4 месеци. Одсекогаш имав по некое вишок килце на мене кои добро ми стоеја, се дури еден период секој втор што ќе го сретнев ми делеше комплименти дека сум поправена :)
    Е тогаш малку паднав во депресија и решив дека нешто морав да сменам. Диета не ми ни паѓаше на памет да држам ( ја имав држано диетата со супа од зелка пред две години и го пореметив метаболизмот, после тоа се што ставав во уста се лепеше за мене, јојо ефектот беше 12 кг за некој месец ) , а и мразам ограничувања ' денес ова, утре она' или ' едно јајце, едно јаболко ' и сл. ( што ако сакам две ? )
    И почнав да се интересирам околу нутриционизмот, што , кога, со што да се јаде со што не.
    Прво што сменив беше појадокот. Стекнав навика да станувам порано и да јадам дома ( до тогаш имав навика да јадам на факултет ) . На менито имав Виталиа мусли што као викаат ' без шеќер ' и млеко 0,5 % масленост или пак овошна салата ( правев грешки во комбинациите , пр.банана и портокал, самото млеко со ј.х )
    На факултет не јадев ништо, евентуално ако бев по 7 - 8 саати земав јаболка ( имено овошје конзумирам само во првиот дел од денот и секогаш на гладно )

    Ручекот, ми се состоеше од неколку комбинации кои ги вртев нон стоп : варено пилешко со салата, варена риба со салата, три варени јајца ( едно цело + две белки ) со чаша јогурт и салата ( салативе без зејтин ги правев ) .Стално јадев и урда. Јадев на почетокот и варена соја, па престанав ради хормоните. Сирење, кашкавал исклучив од старт. И јаглехидратите ги исклучив од ручекот. Леб,тестенини, компир, ориз, па и мешункиве ( имаат протеини, ама и доста скроб ) со месеци немав пробано.
    Не вечерав , зашто касно се враќав од факултет и касно ручав. Евентуално салата или јогурт .Затоа пак сабајле бев гладна и доручекот најубав момент од денот ми стана :D
    Стекнав навика да пијам по 2, а преку лето и повеќе литри вода денот. Порано по 2 чаши едвај пиев.Индустриски преработени сокови исклучив, кафе, чај и онака без шеќер пијам, е пиев и Цедевита ( минато време :D )
    Обавезно пијам вода 15 мин.пред јадење , и не пијам 2 саати после тоа.
    Мислам дека нема потреба да пишувам за чипсови, мајонез, кечап, ајвар, пржени ствари ,бурек, хамбургери и слатки, се подразбира :)
    Евентуално црно чоколадо коцка две уз учење, кога осеќав потреба.
    И да напоменам, не се ограничував количински, не се прејадував,но јадев колку ми се јадеше, не осеќав глад ( особено многу салата јадев, ваљда ради тоа )
    Исто така ни еден ден не поминав во вежбање ( постојано сум над книга ) згора на се со такси нон стоп идев на факултет ( поради тоа и немам тело како што сакам :$ )
    Ама со трпение резултатите сами по себе си дојдоа.
    Лани јануарито имав 69, сега пред некоја недела кога се мерев 50 :)
    Така да не е се и во вежбање . Бројам калории ( до 1400 денот ) , пијам многу вода и зелен чај, се трудам да ги комбинирам правилно намирниците колку толку. На овој режим сум веќе година дена и да чукнам во дрво немам вратено ни грам ( да не се заречам :D )
     
    На ana-girl, Trendafilka, thinkerbell и 5 други им се допаѓа ова.
  11. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Прво секоја чест на истрајноста и секако дека ќе успееш да ги симнеш и останатите.Прво да ти кажам дека со голема желба се се постигнува а за вежбите на Џилијан немам зборови најдобри се има отворен за неа тема во фитнес и таму ќе најдеш нејзини вежби.И голем поздрав до тебе и само продолжи така и не се откажувај :D
     
    На molikaMk и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Ајде и јас да си ја кажам маката. ;(
    Очајна сум значи, очајна! Вежбам веќе точно три недели на орбитрејк по еден час дневно секој ден, пијам по 2 литри вода од прилика, некогаш и повеќе а некој посебен резултат нема во обем. :|
    Според планот кој го зацртав требаше и во обем да бидам падната ама не сум. И ми верувате ли дека кога ќе се погледнам во огледало сум си иста како пред месец и нешто? :| :o Нема речиси никаква разлика. Моите дома ми велат дека сум малку ослабена, но тоа дека ми се родители па ме тешат.
    КАКО Е ТОА МОЖНО? Имам ослабено речиси 8 килограми во рок од еден месец и две недели а нема разлики во обем. Порано кога ѓи имав овие килограми во обем бев драстично послаба за разлика од сега...

    Можно ли е вагава да е расипана? :?:
    Иначе секој ден се мерам и ја контролирам тежината ама што знам...Можно ли е да покажува 2-3 килограми повеќе?
    Помагајте!
     
  13. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Еве сликата ти покажува колку место зазема едно исто количество на маст и мускул. И не се откажувај. Сигурно внимаваш на исхраната, но биди си искрена самата на себеси, колку навистина јадеш. Количината,пголемината на порциите и видот на храната,се најважни. И секако не го заборавај вежбањето. Обиди се со HIIT, најефикасен се покажал за редукциј ана телесната тежина.
     

    Прикачени фајлови:

  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Многу малку јадам....
    Еве решив јаглехидратите скрос да ѓи исфрлам од исхраната следниве 2 недели.
    Јадам по две овошки наутро, 2 литри вода на ден, за време на ручекот не ѓи мешам продуктите и следниве две недели решив да бидам повеќето на манџи и да го минимализирам внесувањето на месо па се надевам дека ќе има резултат.
     
  15. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Прво мери се еднаш неделно, секогаш наутро после празнење на цревата(да си се искакаш бе, што би се рекло). И на режим си само 3 недели, тоа е премалку време за да забележиш некакви резултати.
    А за тоа дека многу малку јадеш, тука грешка правиш, ако си под 1200 кал. на ден, само ќе го успориш метаболизмот и намалувањето на тежината ќе ти оди побавно.Има многу интернет алатки за да си го пресметаш твојот личен BMR, и колку треба калориии да внесуваш за да ја постигнеш посакуваната цел.
    И не заборавај-се е во калориите! Инпут-аутпут. Твојот организам е како кола-колку бензин ќе ставиш толку и ќе возиш. Е сега некои коли се поекономични(односно некои организми имаат поспор метабилозам). Треба да го подтикнеш организмот, да го зголемиш метаболизмот. Тоа се постигнува со јадење високопротеинска исхрана(затоа не ги исклучувај протеините, туку напротив задолжително внесувај ги), јадење често, на неколку саати мали оброци и ВЕЖБАЊЕ. Орбитрекот е добар, посебно сега во зимски услови но мора да внимаваш на колкав отпор го возиш(циклирај наизменично повисок отпор до изнемоштување па полесен отпор за одмор и така еден саат). И не заборавај и на другите вежби за кои не ти треба опрема ако ја немаш дома, а можеш да ја најдеш овде на Фитнес форумов. Едуцирај се малку. Не е научна фантастика слабеењето, туку едноставен биолошки процес. И најважно БИДИ УПОРНА И НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ.
     

    Прикачени фајлови:

  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Ова веќе не оди вака, а ќе појаснам и зошто.
    Значи викендов се претрупав со храна - солено, благо, пилешки прсти, пица, фурнаринки, ќебапи, салати, палачинки, алкохол, сокови, кафиња... а што не.
    :|

    Вагата на пример покажува еден килограм во плус.
    Не е проблемот во тоа, проблемот е како се чувствувам.
    Прво значи тешко ми е на стомакот, на желудникот му задавам мачнина.
    Претходните две недели со Аткинс се мачеше, само со варени јајца, салати и месо, сега ова за два дена.
    Хаос. Ова е веќе играње со здравје и малоумност од моја страна.
    Стрелајте додека е време.

    Вакви шокови на организмот - де малку храна, де многу храна, не завршуваат на арно. :( Почнува страв да ме фаќа со вакви ролеркоустери на внесување на храна.
    Ви кажувам, да бевме во Америка досега, ќе не` пратеа сите на психијатар за советување околу пореметување на исхраната.
    Тука сме сите само - гурмани.
    Епа не оди, у пм, не оди вака повеќе.

    Под итно исфрлам секакви чоколатца, благо, алкохол и грицки од исхраната. Леб и лебишта исто, сирење исто.

    Од секоја група ќе изберам по 2-5 здрави продукти и тие ќе ги кобинирам, како Дивајн во постот погоре.
    Значи - овошје, зеленчук, чорбите и супите остануваат.
    Пилешко и риба, гравче и грашок, јогурт и млеко со ниска масленост.
    Од житарки само мусли без додаток на шеќер, ни плочки, ни Витанови, бидна тоа.

    Морам да се ставам во ред, а ако не можам да кажам стоп на количината засега, ќе кажам стоп на дел од намирниците.
     
    На Mrs.Cuper, anabel-a, Divajn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Шта се то догодило са мном? Понеделнички ме дрма некоја еуфорија и желба за слабеење.
    Компензација со желбата за учење изгледа, книга не ми се фаќа.
    :D

    Аткинсов од денеска официјално според сите правила и прописи го започнувам, има да ги издржам тие ,,воведните" 2 недели без грешки како што е пишано, ако треба и ќе се окозам - затоа што ова не оди веќе вака. Што вика Трендафилка, вагата и килограмите на страна, и мене на стомакот и желудникот ми е тешко. Бутав се пред мене што ќе најдев, као последно да ми е. И што е најтрагично, секое сабајле после тоа се соочував со киселини, тегоби, тешкотии во желудникот...

    Кога сум веќе кај вагата, сум ја сокрила во едни пакети на таван, сум ја умотала убаво, не смее да мрдне!
    :D

    Не ја можам, кога е пред мене кој што прави јас само се мерам.
    Вака решив ќе ја извадам после 2 недели, ако ми се уарни - уопште не ја вадам бе. :D


    [​IMG]

    Aјде амин!
    :D
     
    На Doozy, Mrs.Cuper и Trendafilka им се допаѓа ова.
  18. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    893
    Најпријателски совет да не го ни почнуваш Аткинсот.Ако сега ти е тешко на желудник,после него допрва ке видиш и киселини и болење и све.Мислам дека 2 години се опоравував после 20 дена диета,желудникот си го упропастив,нон стоп имав нагон на повраќање и киселини,испив милион апчиња и никогаш више протеинска диета не би држела.Поздрав :hai:
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Навистина се изненадив вчера кога астанав на вагата и кога видов минус 3-4 килограми помалку е навистина се израдував и добив поголема воља да продолжам понатаму сега почнав да јадам само за доручек а ручек и вечера салати чаеви и сл и многу пешачам
     
  20. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Word of the day:
    SITIOMANIA (a.k.a. SITOMANIA) [noun] obsessive eating; an obsession with food.
    :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.