Многу е важен, но јас би рекла и тежок почетоков. Особено кога ти се брза да ослабиш а немаш доволно услови или време за тоа. Ама сепак мене главна мотивација ми е песната од Pink - try http://www.youtube.com/watch?v=yTCDVfMz15M Која се однесува на љубовна приказна но за мене песнава претставува мотивација за слабеење. Особено рефренот кога вели ,,You got to get up and try try try'' Како и да е мора да бидеме упорни, трпеливи и истрајни и со сигурност ќе има резултати за некој период од 1-2 месеци најмалку.
И мене а ме нема а ме има во темава. Абе што убаво си ослабнав од милина ама пустата моја дрчност по благи и тостови со сув врат ме докрајчи. Мене вагата ми стои исто 53 ама луѓе ја се осеќам подуено ми се чини сите патенти и копчиња на панталоните ќе ми пукнат а во фустан се осеќам како трудница од трети месец И јас од денес си ја почнав Аткинсовата диета и ќе ја држам две недели па и нека ми се слошува ако сака ама јас досега не сум имала лошо искуство со диетава напротив јас на неа сум навикната и само со неа успевам а и ги задржувам килограмите ако продолжам да јадам умерено и ако многу малку внесувам благо. Ама.......ама јас сум ти аждаја за благо. Не ме критикувајте ми треба силна подршка
Мислам дека ако имаш 53кг не треба да држиш никаква диета само почни со здрава храна без тостови,без леб а што е до благото може да си дозволиш 1 на ден една коцка чоколадо или па мед,урми нешто што ќе ти ја убие желбата за благо.Поздрав
Здрава диета - нема. Има само здрав режим на исхрана и редовно вежбање.Се останатото ти е ветер и магла. Ќе го измачиш организмот,ќе го намалиш имунитетот и да, можеби ќе подослабеш,ама во моментот кога ќе прекинеш, истите килограми ќе ти се вратат како јо-јо ефект.
Можеш да ја пробаш диетата на ирена ја имаш во диетиве ќе ја видиш. За мене лично е доста ефикасна за една недела -3кг И не е некоја ригорозна диета туку начин на исхрана, а се си јадеш само правилно распоредено. Многу е лесна. Јас скоро цел живот ќе престанам па ќе почнам со диетиве,а оваа доста ме мотивира, а и одлична е барем според мене. И УН доста ја фалат, ама тоа јадење по 2 овошки на сабајле не ме привлекува баш. Со среќа
Мене вчера првиот ден од диетава моја ми помина супер , може од тоа што бев многу најадена викендов па ме држи сеуште а Сега моментално си го испив кафето и некако сеуште не ми се јаде ама планирам да си сварам 3 јајца и да си изедам една краставица а за ручек ќе имам варен стек и марула уф уф Рапорт вечер Поздрав
Денес имаше честење, се пиеше кока кола, се јадеше чипс и Дорина сексом (со кекс). Не земав ништо и знете ли што е потрагично? Не ми беше ни криво, ама воопшто. Ниту имав потреба, ниту желба за таква храна, дали и мене ме држи јадењето од викендот или буквално ми се згади од прженици, благо и грицки, не знам, ама знам дека 100 пати поубаво се чувствувам без пржено и нездрава храна.
Да не се разбереме погрешно- ја поздравувам твојата иницијатива да ги намалиш килограмите. И ти посакувам успех! Само, мислам дека диета не е најдоброто решение. Наместо да се измачуваш со диети, обиди се да го смениш начинот на исхрана.И да спортуваш!
Сакате да ви постирам едно лесно планче за вежбање што функционира? Не знам дали сакате,ама еве ви го! Десет недели трае. Ми го фалеа дека функционира за слабеење.
^ Прекрасно е и не делува тешко, може да се проба. Уште само да се научат сите вежби, на пример ова: Russian twists појма немам како се прават или Bird-Dogs и некои други вежби. Да има видеа, многу полесно ќе е.
Јас ги гуглам. http://www.youtube.com/watch?v=4DYuSXvpu0g Не мораш со тег, можеш склопени рацете една у друга или со помало топче во рака. http://www.youtube.com/watch?v=zL0YEtJulBs Не се тешки. И после више ќе ги знаеш. Плус планот за трчање ептен ми се свиѓа,мотивирачки е. Правилно како да набиеш кондиција и да не се фрустрираш.
Абе луѓе јас сум се преполовила! баш така! Ме гледа вчера мајка ми, во широки тренерки додуша, и ми вика: "Тебе те снема!" Јас ваква А на вага, сеуште не се качувам, не сакам да се преоптоварувам со бројки. Доволно ми е што пантолоните ми лепршаат околу мене. Стомакот веќе ми го снема, скроз е рамен, се наsираат срамежливо стомачните.А газето-мераци! Си остана онака заоблено и прчлесто, ова Insanity цар е мајке му, Господ здрваје нека му даде на Shaun T(и на Замунда за пиратериското download-ирање ). А не дека не си правам ќеифови на душичката. Па зарем сега дури сум на гатрабајтерски одмор/боледување во Македонијава, да си ускратам и да не пробам сармички со лозов лист, штрудла со вишни, пита од тиква, проја, варено ѓеврече, потпечени јувки, мазник под вршник,пита со спанаќ, зелник со праз и слични мераклиски наши деликатеси? Но се во умерени количини, само колку да го осетам вкусот на непцето, само колку да ми евоцира некое сеќавање, некој фрагмент од старото добро минато, детството, запечатено во некој мозочен енаграм, скриено во мојата подсвест. Онака за мерак. Но во умереноста и во ВЕЖБАЊЕТО е клучот! Останете ми поздравени јас одам да бркам за специјализација! (Ако се смилуваат дотичните и ми доделат една, приватна де, сама(лично јас), да си ја плаќам).
Crunch: Fat Burning Pilates with Ellen Barrett Крај, нема нешто подобро. Обичниот пилатес за затегнување е одличен за тонирање, опуштање, релаксација, ама овој е богами за потење и за издржливи. Изгледа навидум лесно, ама за 45 минути има да се испотите и измачите до последна капка. И препони и се` ме боли, ама вреди да се симне, имате торент.
Линк имам, ама нема ниту еден сидер, и не можам да сфатам како сум го симнала. Ќе испадне дека сум лажга. Еве го целото видео онлајн. http://v.youku.com/v_show/id_XMjcyMDM3NjQ4.html И реклами имате на почетокот.
Ве молам одговорете ми! http://relaxirano.mk/News/2114/brza-dieta-so-limon-i-med#_=_ дали некој ја има пробано и дали има резлутати?
ова не е диета ова ти е истоштување на организамот со 15 лимони цревата ќе ти скиснат Јас ова не би го пробала а за тебе не знам размисли малку имаш безброј диети кон кои можеш да се придржуваш и да ослабнеш а ваквите брзи постапки обично т.е. секогаш имаат јојо ефект ти се враќаат килограмите како бумеранг
Како да добиеш мотивација за слабеење кога инструкторот (ако може така да се нарече) ти виснал над глава додека вежбаш и ти збори дека без л-карнитин и други хемикалии нема да ослабеш, дека за џабе се трудиш ?????? Ти трчаш на трака целата испотена и без здив, а тој застанал пред тебе насмеан и те убедува дека трчањето не е добро и дека со брзо одење ќе го имаш истиот ефект Ма немој молим те Јас си водам грижа за исхрана, вежбам, а стомакот упорно подуен Проклет ПМС