за ручек дали е добро да се јаде боб со туршија без леб ? запражен или онака посен што велат постарите ? може брз одговор ?
Толку ми е преку глава веќе од диети, не можам да опишам. Најголема желба во живот ми е да јадам кога сакам, што сакам без да мислам што ќе ми направи тоа, дали ќе покачам килце. Многу е напорно, многу, ако апнеш нешто што не треба те гриза совест, ако пак не јадеш сите можни задоволства ти излегуваат пред очи . Не можам и не можам Ун диетата да ја држам веќе, првиот пат со лесно ми одеше, сега никако и никако не можам. Можно ли е организмот да ми се презаситил од тој редослед на храна во диетата? А пак вака, не знам како издржувате само да пазите на исхрана, јас се губам потполно, кога немам некој распоред. Иако лани ова време издржував и така, си пазев на исхрана, не јадев калорично и прженици. Што ќе се прави, ќе видеме...
дали е добро пред да си легнеш,да се напиеш од овие што се рибино масло омега 3 ли како беше мало како апче црвено?
Forgive me father for I have sinned..A lot!!! Доручек:пица, домашна, сочно налиена со кашкавал и јогурт. Ручек:мешана скара( ја распалил татко ми во двор, комшиите гарант се крстат и мислат дека ги помешал месециве); форнети(домашни) со лукче,сусам и оригано; пржени суви,црвени пиперки со јајца; француска салата;ресана тората и се што се најде во фрижидер се стави на маса. Вечера:зелка салата и она што остана од скарата. Ама ќе си лапнам уште едно парче и од тортата дури легнам, гарант! Сега си го галам мешето-ептен ќеифови му направив денес. Од утре-построго. Онака како што си терав, мојот режим на исхрана(кој навистина се покажа како функционален). Веќе ме собира во старата гардероба, уште малку фали до таман да биде. Ама ми е морална поддршкава за слабеење ајдеее...отидов јас!
Полека,полека и јас се приклучувам кон темава. Имав 10 кг. вишок после бременоста (69 кг.) и на моја висина од 162 см. никако не одговара, со 2 спојлери на стомакот и огромни бутки. Се трпев некако заради доењето, но готово неможе веќе вака. Пред некои 10-на дена бев на пролетен шопинг за обнова на гардероба и си купив само 2 блузи и тоа ист модел, различна боја затоа што само тие ги најдов така поширочки кои ме правеа лична , останатото катастрофа. И да блузиве се величина ХХL дабл шејм он ми. И така решив барем да не вечерам, иако се` уште се доиме и морам да признаам дека тоа ми е најголема кочница за држење диета. Меѓутоа наместо обилна вечера со слатки и вкусни високо калорични сендвичи решив да вечерам житарки со јогурт или павлака, колку нешто да внесам за да имам млеко во текот на ноќта. И да се пофалам во средата (06 март)се мерев на вага и имам 66 кг. Ама и болна бев па многу, многу не јадев, повеќе бев на течности-супи, чаеви и сокови и ослабев. Се изненадив и израдував. Така што уште овој цел месец вака ќе терам, да вечерам житарки и наредниот здравје Боже планирам малиот скрос да го одбијам од доење и активно да се фрлам на слабеење. Треба да стигнам до 54-55 кг. тоа е моја идеална тежина, се надевам ќе успеам....т.е. знам дека можам и знам дека морам да ослабам лично за мене, затоа што се фрустрирам кога ќе се погледнам во огледало и искрено ич не си го сакам телово вакво големо и мрсно. Не сум многу дебела, ама ова не сум јас и морам да се пожалам тука и ако сум патетична слободно изнасмејте ми се. шмррррц
Дузи пиши ме и мене таму на списокот за мерење на вага на 1 -ви април Сега ја пикнав во шкаф, да не ме искушува. Валерин, камо среќа да бев 165 или повисока Верувај ми, не си замислувам дека сум дебела, јас сум дебела моментално, не сум полна, туку баш ДЕБЕЛА. Висока сум 161/2 цм Барем 15 кила треба да симнам
Знам дека не е местово на прашањево мое тука,но сакам да прашам,и би ви била благодарна ако ми одговорите. На висина 168 која тежина е идеална?
Онаа со која ќе се чувствуваш удобно и задоволно со твоето тело. Инаку имаш безброј интерактивни интернет алатки за пресметување на идеалната тежина. Еве на пример оваа:http://www.halls.md/ideal-weight/body.htm
А јас да ви кажам стигнав до 64 Ми рекоа другарките ''нозете ти се како гризина''. Струкот ми е каде каде смален. Сега имам спојлерчиња и стомак ,а се надевам и нив ке ги нема. Spoiler А да и гради немам поке. Скроз штица
ееееееј го терам 7 -от ден од аткинс ама некако ми се згади бре од јајца месо и таа пуста марула. На вагата мислам на секои 5 минути ме деконцентрира неможам ни испитов да си го спремам а на 25 полагам ај може ќе научам до тогаш. И ветив и на групата предводена од Дузи дека до први април нема мерење и ќе нема . ПМС ме дрма како никогаш до сега не познавам ниеден дел од моево ,,саласто,, тело а сега и невидено подуено во мешето. Не се мерам ама решив ќе се сликам за да имам после што да документирам на форумов и потсетувајте ме дека ќе треба да ставам слики за да го видите мојот резултат за да не се опуштам . А и да пред малку читав за рекордите во слабеењето за да добијам некоја мотивација и да пукнам знаете мене што ми текна кои ли биле нашите рекордни резултати во дебелеењето
И јас со градите имам проблем. Освен тежината. Големки ми се а јас сакам мали. Па верувам дека со слабеењето ке намалам и градите малку од малку? Уште сега си ветив ако ослабнам и дојдам до посакувана тежина ке си ги средам и градите на хирургија да си се почастам за успехот. Па феминки се врлам на штедење новац. Во глава си имам зацртано каква сакам да изгледам и готово. Нема бегање од тоа. :geek: Школо за други пут. Верувам ако ослабнам 30 кг ке ми биде памет за секој пат а пред да посигнам по НЕздравата храна. И морам да се пофалам иако не се мерам да, тренерките што пукаја на мене сега ми се лабави. Идемо напред во поголеми и посакувани успеси. Навистина не е се во изгледот, карактерот на човек е најбитен но сепак секој сака да се чуствува добро во своето тело.
http://stipka.com.mk/moderna/sex/9110-tridnevna-dieta дали некој ја има пробано и дали ја препорачува?
^ Немојте бе луѓе со вакви диети уствари ова и не се диети ова се изгладнувања а пак ти пишува дека не може секој исто да ослабе зависи од метаболизамот и од самата личност.Што за што 5 кила за 3 дена ем е многу ем е нездраво . А за Бонитоп би и препорачала прво да ги симне килограмите колку што се сеќавам беа 30 -тина ако грешам поправи ме а со ослабнување на толку килограми сигурно ослабнуваат и градите ilent:
Вчера прекршив Јадев скара и се напив сок. Ама ептен беше убаво времето надвор и седевме во двор. Знам, знам дека не треба да ја поврзувам храната со убав помин, не мора да гнетам за да седам во двор, можам едно кафе да пијам пример, ама ете, се случи. Се тешам дека затоа што сум на почеток на режимот мој, па затоа уште не сум се одвикнала од тие стари навики. А се е до навика, имаше време кога секојдневно си ја пазев мојата килажа пошто знаев дека лесно се дебелеам и ми беше супер, не осеќав толку потреба за храна и не бев зависник од неа. Да, беше мачно на моменти, постојано да се пазиш и ако еден ден претераш другиот ден се казнуваш заради чувство на вина, ама сепак не беше толку тешко колку што е сега ова тешко, после толку време со лоши навики во исхраната, толку време не ми беше гајле како ќе изгледам, сега маки мачам, организмот ми се свикнал на грицки и сокови. И решив тука да ги пишувам сите мои киксови, за да ме срам да ги повторам пак
Од денес почнувам сериозно! Не сум на некоја одредена диета, но нема да бидам ниту на оној режим на изгладнување! Појадував кифла, за ручек изедов 2 рибанчиња павлака, во меѓувреме каснав 1 банана и 2-3 штрудли. Тешко дека со овој начин на исхрана ќе симнам неколку кг. Еве, нема да вечерам ништо, а од утре ќе пробам колку можам поздраво да се хранам!
Јас ептен сум мотивирана и од денес почнувам со седумдневната диета која ја најдов на форумов и со вежбање. Си имам зацртано да симнам едно шест килограми, па со среќа нека ми е
Ако постојат боговите сакам да знаете дека покрај чоколадото тие испратиле уште еден грев на земјава кој решиле да го направат во огромни количини. Spoiler ајварот Вчера од теглата едно 5-6 лажички си зедов, а башка плус 1 ипол кришка леб намачкана со сирење, и сето тоа комбинирано со зелена салата. Претпоставувам дека од цел ден само салатата вредеше. Башка мајка ми од жал (нели бидејки божем гладувам), во фиока ми бутнала едно огромно 10000 гр. чоколадо за готвење. Колку да не ми падне шеќерот де па и од него секој ден си поткаснувам по 3-4 коцки ако не и повеќе, ама не наеднаш туку континуирано, кешки помалку ќе се фати. Ама затоа до дома веќе решив да не го користам почитуваниот превоз на ЈСП Скопје туку да си доаѓам пеш. Па, ако не ништо друго, бар 20 минути пешачам и плус после веднаш откако ќе дојдам дома му писнувам на орбитрејкот и терам по еден час на него. Се надевам дека до крајот на неделава ќе стигнам бар до 74 килограми и ќе бидам пресреќна бидејки ќе ја поминам границата на клиничка гојазност и ќе бидам само overweight.
Во втората недела сум од јогурт-диетата. Појадокот ми е ист секој божји ден - или е овес со јогурт или мусли со обично млеко. И по едно овошје задолжително, јаболко или портокал. За ручек задолжително си носам од дома. Од Карфур си купив три пластични садови со поклопче за смешна сума, и големината им е идеална за еден скромен оброк - ниту премногу, ниту премалку. Си го полнам тоа со варена златна мешавина, варени макаронки, грашок, оривче... што ми дојде. Сирење откажав сосем, благо исто (во неделата каснав тенко парче чоко-торта, зашто беше посебна прилика и да ви кажам шубе ми дојде), леб не јадам воопшто, газирано ич, вчера испив џус од портокал додека се пиеше пиво после работа... навечер супи и салати, или туна... ако имате некоја идеја за оброк кој е непржен и немрсен кажувајте, зашто ми снемува идеи, а не сакам брзо да се заситам од ваквата исхрана, убаво ми е ептен, и се чувствува огромна разлика. Многу сум задоволна, само избегнувам да одам кај баба, зашто ќе ми збута некоја палачинка во уста.
Мене вчера добро ми помина денот. За појадок две варени јајца со една чаша јогурт, една мандарина и една јаболка за ужина. За ручек пире. Потоа изгрицкав два моркови и за вечера се напив една чаша јогурт. Денес за појадок мусли со млеко. Сега си каснав една мандарина и до ручек можеби уште една јаболка да изедам. Ручекот ќе ми биде пилешко печено со сос од кари и печурки, за вечера не знам, ваљда пак чаша јогурт Морам да се согласам со Трендафилка за јогуртот. Абе измислен од боговите е, изненадена сум колку многу заситува само една чаша јогурт. Башка што ми помага да си го замаскирам вкусот на варени јајца, пошто варени јајца не сакам многу. Инаку исто негде прочитав дека добро е во јогуртот да си ставиш и малку цимет, добро било за слабеење. Јас не сум го пробала со цимет, страв ми е да не биде грд, ајде некој јунак нека проба па да каже