Еве јас за 1месец ослабнав 8килограми и 12см во обем.Малку ми е. А сеа за неколку дена сме на систематски преглед,лелее мајко.
Појадок-јаболко Ручек-салата ужинка-витанова за вечера планирам само 1 чаша јогурт или пак салата Имам многу набиен дневен распоред, нема да имам денес време за вежбање. Ама сепак пешачев денес околу 1час поради извршување на обврските кои неделава ги имам премногу
Луничка ова не е доволно за еден ден. Премалку калории внесуваш, Може на почеток брзо ќе губиш килограми, ама потоа ќе стагнираш, метаболизмот ќе ти забави, организмот ќе заслабне и телото ќе почне да ја складира секоја можна калорија затоа што е изгладнето. А башка што кога ќе ослабеш килограмите брзо ќе ти се вратат, па и повеќе од што си изгубила, баш заради тоа што телото ќе складира се што може од “страв“ да не биде пак изгладнувано.
Грешев. Многу грешев. Ја мразам Аткинсов. Ја прекинувам. Ми е напорна, ме уништува. Ми требаат јаглехидрати на мене, така функционирам. Затоа и УН ми пријаше толку. Ете вчера јас ручав тавче-гравче, со намера си спакував тоа за ручек. Денес каснав едно мало најлепше желице чоколатце. Од утре се враќам на овошје за појадок, режим нешто како УН. Абре холестерол ќе качам од јајцава. Секој божји ден јајца. Не, не и не Не знам како сте издржувале со ова чудо и по еден месец девојки. А си викав што им е на луѓево, диетава е лесна. Лесна е, не си гладен само, друго се ти фали. NEVER AGAIN.
Девојки јас ви се приклучувам со 16 ти ден од диета. Држам протеинска диета и овој пат сум решена да ја издржам до крај и да симнам околу 20тина кг. Сакам еднаш во животот да видам како е да се биде слаб. Не излагам, не пијам, шетам преку ден со дечкото кој патем се мурти околу мојот став, бидејќи навистина е дека ме запозна во елегатно пополнето издание. Ако нешто ме вадеше сите овие години се градите и задникот. Но решив дека сакам да видам како е да си 50 кг и крај. Како што пишав 16ти ден, прв пат толку да издржам и да намалам 5 кг од салово. И да се познава.
Искрено, досадна е Аткинс. Го тупи многу - особено за оние што не се по месото, пример како мене. Не можам јас секој ден да избегнувам месо во протеинска диета. Отров невиден! Ја прекинувам. И многу ми маваше на психа она дека ја ,,цица'' енергијата - така добро си го увртев во глава тоа, па кога немаше да ми се учи или прави било што, читај додека ме имаше фатено тешка мрза и летаргија, диетава ја правев крива! Ма Бран..., овај Аткинс де, тој е крив! Не знам што да правам, од утре дефинитивно стартувам со нешто ново, а тоа нема да биде ниту УН, а ниту пак Аткинс. Нешто сасвим трето, до сега неиспробано! Гледам дека има многу нови на темава, јас ви посакувам на сите до една успех! А јас кога би рекла дека ми иде лесно со диетиве овој пат, ќе ве излажам, многу! Ми доаѓа да се отрујам... Дефинитивно не е исто слабеењето додека си постојано дома, и додека си во движење. Не - е - исто !!!! Или слабеење во лето и зима. Нема резон да правам компарација, јасно дека зимата е јадачки и тмурен период! Во лето има лубеници барем Јас со душа како никогаш до сега чекам времево да се затопли, кога има сонце немам желба за јадење. Официјално од сега мразам зима.
Абе, ај да постиме? Сега размислувам за таа опција... Без месо, јајца, млеко и млечни производи... Друго што не се јаде?
Јас па мислев сама ќе си постам ама изгледа ќе има и кој да ме дружи. Нема месо , млеко ама ќе нема и благо-добро де има и посно ама не е толку вкусно како другоно мрсначко Лиги ми потекоа трета недела како немам ништо благо ставено во уста. А во врска со Аткинсов ја ќе го терам до недела па од понеделник идемо режим на здрава исхрана, само малку а можда и малце поише ќе ми биде тешко пошто ја првата недела ја постам без зејтин ама ќе си се дружам со златното овошје Ќе ви пишам како ќе ми оди Поззззззззззззз
Да се пријавам и јас за постот,од понеделник Ух посна варијанта ќе терам. До сега 45 дена остатокот ке ги поминам во пости ,мислам дека со ух нема да биде тешко само месото со риба ќе го заменам и готово,за другите денови се е исто а има и посни убави блакца бајадери,сникерс ,домашни торти со мармелад ,баклави ехее ама ова се хом мејд . Туку Цакица првата недела риба дали се јаде дали си упатена јас сум ги држела постите но ете сега со ух диетава во протеински ден имам риба да јадам можам во фолија да ја спремам без зејтин,но дали се јаде риба хм не сум сигурна ако не ќе треба само печурки од тегла да кркам друго не ми иде на памет.
Девојчики, јас и Јуле предупредивме за Аткинсот. Ама ок, добро е што сте пробале, знаете сега и нема што да се навраќате на него. Не може да се држи диетата кога имате обврски или сте во движење, тоа е факт, слично како и прочистувањето со јаворов сируп. Треба да сте дома, во мирување, без обврски, за да не ви падне премногу тешко. А реално мава и на психа, и го уништува и телото и здравјето, јас барем така ја чувствував. Лоша диета, не е за добри дечиња. Што ми се вредни тие 3 кг, кога после сум како бесна кучка пуштена од синџир кога гледам јадење околу мене? Сум симнала 3, сум вратила 5. Без врска. Пак ќе кажам - здрава храна си е здрава храна. Постот не е за мене. Размислував што би јадела, и се сведува грото на ЈХ или мешунки, а првиве ме дебелат дефинитивно.
Добро утро диеталки! Уште еден добро поминат ден вчера Само за ручек наместо без леб си каснав едно парче интегрално лепче, ама нема врска не е многу нели Башка бев сита до вечерта и не грицнав никаков зеленчук, само со една чаша јогурт за вечера и не си легнав гладна Сега уште си го пијам утринското кафе, па ќе појадувам палента со јогурт. За ручек некое пилешко месо со сосови и марула салата, е сега сосот претпоставувам е малку покалоричен, има и брашно во него мислам, ама ништо страшно сега, сепак без леб го јадам, а за вечера пак чаша јогурт планирам Туку да прашам јас, проба некој јогурт со цимет? Или јас ќе си пробам на крај пак Инаку, со среќа на тие што ќе постите, јас не можам, никогаш не сум постела, па си мислам кај сега ми се забранети многу продукти, па со постењето уште повеќе...Мислам дека по нема да издржам, дупла си ограничен така, во постовите јадат леб, ние не смееме да јадеме леб, јадат благо, користат зејтин и јадат и пржени работи. Плус, сега откако го открив јогуртот, од него не се откажувам па што сака нека биде
Леонтина , јас знам дека риба не се јаде првата и последната недела од постот , барем така јас правам
17 ти ден Вчера во кафана одолеав на бело вино, пилешки прсти и пријатна смрдеа што излагаше од кафаната. Плус тоа либето изнакупи мали слатки чоколадциња и на крај самиот си ги изеде. Се задоволив со минерална вода и шопка салата. Денес за ручек туна со марула. За вечера две варени јајца со виршли, кисело млеко и урда.
ајде и јас да се придружам денес ми е трет ден на здрава исхрана... бев и пред нова година цел месец и ослабев 4 кила, ама после некако заборавив на здрава и се вратив на нездрава.. добро е што не ги вратив.. имам цел до средина на мај да ослабам 7-8 кила, па ќе видиме што ќе испадне wish me luck
Грешка си, баш јајца и месо треба да се јаде, салати, овошје, манџи.. абе какви постови.. ако сакаш да ослабеш не јади благо и леб и секој ден 40 мин трчање и вежбање, за 1 месец си БОМБА! По мене си знам
Ај ќе си поќутам дали така лесно станувам бомба, оти многу сакам кога некој ќе ме просветли по 600 страни и речиси три години здрава исхрана, а ич не сакам да бидам иронична. Иначе и ние тоа со цимерката се мислиме баш ради оваа причина, ќе треба ако се пости да јадеме само овошје и зеленчук, некако ќе се скренам така до април.
Еве кога веќе Дузи спомна пост... Пред некоја година постев 2недели и тоа без масло, абе луѓе на секој 5минути ми се јадеше, де варен ѓеврек, салата, вакво слатко такво слатко, компоти и труги триста чуда и пак не бев наситена уште ми се јадеше и верувале или не едно 3кг може и повеќе качив. Дефинитивно постот не е за мене зошто ништо не ме заситува ми бара душичкава јадење и нешто што ќе ми држи ситост!
Девојки од утре и јас ви се придружувам.Често ке ви пишувам на темава,се надевам нема да ви станам досадна и дека ке си се бодриме мегу себе. Од утре почнувам со УН диетата.Некако ми се гледа како за најдобра и најефикасна.Се надевам дека добро ке ми оди и дека за 3 месеци ке ослабам од 15 до 20 кг.Многу ми се пофалиле за оваа диета,а и не е тешка. Ова ми е прв пат да држам диета и се надевам дека ке бидам задоволна.