Сум пробала и јаболков оцет во млака вода и таблетки на база на јаболков оцет, ги има во Зегин и не се скапи, некои 100тина денари. Мене искрено не ми делуваше воопшто и ми го надразни желудникот. Можеби домашниот јаболков оцет е подобар избор отколку купечки, не знам. Ако пробувате, пробајте со таков.
Јас споменав пред некое време дека на вагата и откажав љубов, затоа што не ми е добар показател за тоа колку сум ослабната и колку сум намалена во обем (особено затоа што вежбам). Никогаш не сум се придржувала кон некои конкретни диети, и искрено го мразам тоа, па самата си правам распоред на денот - што и колку ќе јадам. Многу пазам при исхраната, паралелно и доста вежбам, ама се ми се чини дека тапкам во место. Ова сум јас, последниов период Сите ми викаат дека сум ослабена, а јас кога се гледам во огледало, никаква разлика не гледам. Денес пробував кошули, тргнав од L, стигнав до S, затоа што широки ми беа. Другарка ми ми вика дека струкот ми е многу намален, јас си викам таков е кројот на кошулите. Дали дека колковите ми се широки, па тоа ми го одвлекува вниманието - не знам. И признавам дека малку си се форсирам во последно време, ама два до три дена во неделата одмарам од вежбање. Еве сега ми останаа уште 10 километри од точаков, пилатес вежбите ги завршив, а во меѓувреме пијам чај како луда и некако немам апетит. И за моја среќа, почна периодот со салати, а тоа многу ми помага. Повеќе јадам салата отколку ручек, а сепак не сум гладна. И секако - верен пријател сум му на зелениот чај
Јас постојано сум во борба со мешето, а проблемот ми е бавниот организам. Имам пишувано и во друга тема, кај мене нема фајде од ништо, се случувало дури по еднаш во 5 дена да се испразнам. Значи што и да јадам, како и да правам исто е кај мене, нема ефект. Ако јадам помалку значи повеќе дена ќе чекам да дојде до празнење, ако јадам повеќе доаѓа до подуеност и ајде де. А имам приметено последната година дена ми се појавија гасови ако јадам после 6 или некое овошје, па избегнувам да јадам во тој период или овошје кога идам некаде. А пржената храна ми е неизбежна, дома секој ден ни е на менито. Во школо јадам бели пецива или смоки.
Spoiler Маркуса, пробај да избегнуваш пржена храна, пример јади печена или варена, и мене од пржено ми е многу тешко на организмот и одбегнувам кога можам, исто ми е и со свинското месо... види што му делува добро на твојот организам и внесувај тоа. И јас имам проблеми со одењето во вц, ама кога ќе обрнам повеќе внимание колку толку се оправа работата. На пример пиј наутро пред школо лен со сок од лимон, пиј чаеви и јогурт, јади супа, намали со бели пецива, јади повеќе салати и ќе се среди. Инаку јас не можам да постам, одма знам дека ќе почнам да јадам ептен леб и такви работи и ќе се доздебелам. Плус не можам да живеам без јогурт, сирење, млеко. А и организмот ми е таков што ептен ми трпи месо а не сум некој голем љубител на месо, а воопшто не ми трпи бели пецива и теста а сум им голем обожавател и ептен беше тешко да ги тргнам од исхраната и да ја префрлам да биде повеќе месо и слично на тоа. Од секоја гледна точка постењето за мене е многу лош избор. Една другарка лани успеа да симне дури 6 килограми додека постеше, ама не е мерак ниту на благо ниту на леб па не и беше многу проблем... Инаку се приклучувам на договорот за да се мериме на први април зошто и без тоа вагава не покажува резултати, мислев до старата вага е, ама отиде таа забегана беше цела, па сега и новава ме нервира. Значи до мене е проблемот не до вагите Ќе ја скријам сега и на први ако не ме израдува ќе ја џитнам во отпад. Блејм ит он д вага ќе биде работата Деновиве ептен ми беше тешко, уф леле, не можам ниту да напишам што се ми се јаде/ше зошто мислам од самото размислување за тие јадења дека се дебелеам.
Добро еве имам едно прашање, што да јадам на школо? Прва смена одам, имам само еден оброк од 7 до 2. Што да биде тоа? Ве молам не ми кажувајте соја, суво грозје или некои слични залажувачки, зошто стварно ми треба енергија, неможам да поминам цел ден со нив. Нешто што би ме држело тие 7 часа, ако воопшто постои нешто такво.
Кога бев во средно, и тогаш бев на режим од кај цеце од вита и кога бев прва смена ќе станев порано кај 6, пиев една чаша соино млеко, затоа што нели тетрапак е скапо си правев од прашок, чоколадното многу го сакав. Ќе се спремев за во школо и пред излегување пиев чаша лимон со лен. Во школо после првиот или вториот час јадев банана и јаболко. На голем одмор 100 грама јаткасти плодови, геврече, бејк ролс и јогурт, овошни јогуртчиња... навистина ама навистина е претешко, знам. После тоа ми се придружи и другарка ми, па затоа што не ни беше гајле кој како ќе не гледа си носевме во садови компир салата, шопски салати, сецкано месо и гајле си немавме кога ќе се распостелевме на клупа со тоа пластичните вилушки чиниш на пикник во природа бевме. Е сега ако до толку не можеш да издржиш јади некое бело пециво ама гледај да е полесно.. што знам, варено геврече, обично геврече, геврече со вегета, геврече со маслинки, кифла со сирење или џем... избегнувај лиснато, симит погачи, пица кифла, бурек и слично. И обиди се наутро да го пиеш ленот. Мислам дека неколку дена ако почнеш да внимаваш веднаш ќе почувствуваш промена.
Teddybear, sупер што си ги елиминирала тестенините или барем се што е од бело брашно. Обиди се да ги елиминираш и слатките. И терај со месо, зеленчук и овошје. И зошто веќе не вежбаш ? Мораш да најдеш некоја физичка активност која редовно ќе ја применуваш.Со здрав режим на исхрана и барем минимална физичка активност, секако ќе имаш резултати. Ама, физичката активност е КЛУЧНА.Пред се заради забрзување на метаболизмот. И да не ти солам сега памет за работи кои сигурно веќе ги знаеш... Не мора да е теретана, вози точак, пешачи до Водно... Ајде, повеќе среќа оваа пролет
Срцка знам како ти е, не се откажувај, јас успеав, можеш и ти! Значи мноогу труд и без откажување, нека јадат другите остави ги, ти гледај си за тебе
Да се запишам и јас овде. Од понеделникот сум на диета.Брстам зелена салата во неограничени количини,наутро јаболко или портокал ,корн флејкс или нешто слично,за ручек парче месо и пак овошје,навечер пак некоја салата... без врска ми е диетава ама ,мразам да јадам по список.Значи избегнувам шеќер ,тестенина,пржени јадења. Како се чувствувам? Не ме прашувајте И ова ме насмеа утрово.
Пред некој ден гледав емисија од „Др Оз“, онаа синхронизираната што ја емитуваат нa некоја од нашиве телевизии. Имаше една жена која ослабнала 100кг за 4 години , практикувајќи здрава исхрана и фитнес (не сум сигурна дали беше баш фитнес или некоја друга физичка активност). Битно, женава не подлегнала на искушение, заменила се‘ живо во исхрана (без бел леб, бел ориз, бел шеќер, со повеќе растителни влакна, броење калории и сл.) и успеала. Си реков, да издржев и јас од летото до сега - ќе ги имав скинато овие 20кг вишок што толку ме мачат. Мислам, некој можел да ослабне 100кг (без операции и хемии - барем така рекоа), а јас не можам да ослабнам 20кг?
Си реков, да издржев и јас од летото до сега - ќе ги имав скинато овие 20кг вишок што толку ме мачат. Мислам, некој можел да ослабне 100кг (без операции и хемии - барем така рекоа), а јас не можам да ослабнам 20кг? само труди се и биди решителна вежбај не јади се , бирај малку , јас не сакајќи ослабев 12 ... од невнимание ајде со среќа еден живот е биди онаква каква што сакаш да бидеш
И вчера помина добро Јас може досадна сум со овие извештаи за секој ден, али помаже бре лјуди Само што појадив сега, мусли со млеко. За ручек уште не сум одлучила што, ама знам дека ќе биде со печурки нешто Решив денес да пробам сама да си зготвам, да не чекам од мајка ми да ми прати јадење, па ќе видиме како ќе излезе Ќе почнам едноставно, ете најверојатно ќе си сварам ориз, ќе си ги потпечам печурките на тостер, ќе ги измешам со оризот може и златна мешавина да му додадам, па би требало да биде добро За вечера супа ќе биде, да одморам малку од јогуртот Инаку, многу паѓам во искушение да ја извадам вагата и да се мерам, ама нема да го направам тоа, ќе издржам до 1, за да не се разочарувам сега Толку од мене, поздрав до сите
Чекајте да ве прашам, салепот дебелее или не? Од пред еден месец ми е ново откритие и секогаш кога ми е протеински ден пијам по 2 чаши на ден - го пијам растворен со млеко секако и превкусен ми е. Благ си е, има цимет, па нема потреба од дополнително шеќер. Има и на докторс ама тој е околу 100 и нешто денари, ама јас во мојот град си купувам еден турски за 70 денари, ем повеќе има, ем ми е некако поубав. Сте пиеле?
18 ти ден Денес исто како вчера, меѓутоа си најдов преубав сос, што ако се брзам у него натопувам измиено сирење и сита сум. Сосот се состои од една супена лажица кисело млеко, пола мала лажица сенф и една супена лажица лут кечап. Со таквиот сос си го јадам вареното пилешко или виршлите. Не се мерам ниту јас до први април.
Колку се броиме во пактот немерење до 1ви април, да се преброиме жени еј! Каков десерт, т.е. ужинка сум си открила јас. Какво витанова, какви бакрачи. Од продавничката за здрава храна во Буњаковец, снабдена, нема што нема, 100 гр. интегрални кекси со цимет (немаат додаток на шеќер) и 100 гр. свежа аронија. Си мешаш 2-4 кекси (тенки се и малечки) со 50тина грама аронија. Со кафе како оди, мх.
Дебелее и тоа како, не претерувај, ист е како бозата. Мислам дека си го згрешила денот, треба во јаглехидратен или скробен ден да го пиеш. Јас го пиев од мака, кашлав многу и само салеп ми ја смири кашлицата. Убав ми е, ама не би ризикувала да го пијам баш поради тоа што сум од оние на кои се лепи дури и вода.
Затоа јас не слабеам, а се чудам зошто, ама дека со млеко го пијам затоа го пиев во протеински, со вода не можам да го поднесам. Ништо, значи дека ќе морам и од ова уживање да се откажам барем до крај на одржување значи уште некои 2 месеца.
Лукс у една шоља салеп,имаш околу 317 калории. Тој турскиот и не ви го препорачувам веќе ако сакате да го пиете... зошто не е чист салеп,затоа и е евтин...
Лелееее калориска бомба човечее па плус млеко, е сега се запрепастив, ете и објаснување зошто ме најадувал и се чувствувам заситено од ко ќе испијам една чаша. Строго на вода и на шумечи таблети од утре, нема зафрканција повеќе.