(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    795
    Да прашам, дали можам да ги јадам во замена за благо? :)

    [​IMG]
     
  2. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Прочитај му ги нутритивните вредности и процени ги мислам ако дека не ама сепак прочитај си и види :^)
     
  3. ina09

    ina09 Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    кои апчиња ги зема ако може да ми кажеш?
     
  4. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804

    е исто и јас ја гледав и истото си го реков - кога некој можел да ослабне 100кг, зошто и како јас да неможам барем 20... иначе сега около 80 имам :( за греови сум... ама почнав, веќе 3 недели благо немам каснато, леб многу ретко и строго црн, повеќе сум на јаболки и салати... сега од понеделник ке почнам и да постам, па барем малку до лето да се средам :( сега најмногу имам желба.. гледам некоја мала промена газот сум го намалила :D , а и откако ја сменив исхраната зашто порано цело време бев на благо, брза храна.. се што е масно и калорично, по расположена сум, незнам како да опишам ама многу има врска значи храната во нашиот организам. и повеќе пијам вода сега, по 1-1ипол литар дневно,плус чаеви... а порано 1литар за една недела можда ке испиев :$ и си мислам, како сум можела.. ццц... ама гледам најважно е да имаш волја, и СИГУРНО ке успееш. јас сега се надевам :) тоа ми останува
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.666
    Пол:
    Женски
    пред малку се вратив од првиот роденден на керкичата на братучед ми и погодете што не ја прекршив диетава.

    Додека сите си мезеа од ордеверите јас ги празнев тањирите со салати т.е пасев по тањирите

    Додека сите ја јадеа роденденската торта и палачинката со банана и крем јас ја шетав малата по ресторанот

    Ама што да се прави.

    Абе зошто мене животот ми даде ваков Сизифоф камен ?
    Еднаш гурни двапати врати се :@ :@ :@ :@ :@
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.320
    Допаѓања:
    13.018
    Пол:
    Женски
    Ај да ви се приклучам и јас за немерење до април. Иако се сомневам дека ќе издржам, секое сабајле имаме средба со вагата.
    Инаку, милина ми е на стомаков откако се вратив на овошјенцето. Не сум полесна (вагата така вика), ама се чувствувам полесно и полетно :lol:
     
    На Mygirl и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Епа крени ја вагата за да не те искушува, јас така направив :) Тоа изгледа кај сите што имаат вага дома е така, опседнати сме со неа и се мериме по 100 пати на ден.
    Инаку да, со промена на исхраната, не само овошјето туку целокупната исхрана и јас се чувствувам подобра. Некако имам повеќе волја за вежбање, не ме мрзи да одам и по 3 пати до продавница (а далеку ми е, порано еднаш одев во ден, зошто морав), па и садовите дури не чекам на крајот на денот да ги измијам, туку секое извалкано садче одма го мијам :D Стомакот порамен си го чувствувам, иако е привидно, знам, рано е за да сум ослабната, ама ете добрата храна стварно чуда прави :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Јас сега си ја читам темата како Моралана поддршка за сите што не сакаат да се поправат (многу) :D
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Женски ми треба еден совет. Дома си се вратив 10 кила ослабена и тоа беа цели радости, посебно затоа што 5 месеци се немав измерено, во несвест ќе паднев кога ја видов вагата. Е сега имам уште нешто за симнување, ама не се форсирам најважно ми е да не си ги вратам овие килца.

    Веќе една недела вежбам со оние вежбите на Џулијан и морам да признаам дека се супер, вежбаш пола саат ама навистина вежбаш. На мајка ми на мејл редовно и стигаат од оние попустите на Групер и сега има некој со третмани за 700 денари се три типа на третмани. Мислам дека некој пишуваше за третмани ама не можам да најдам, па ме интересираше има пробано некој и како сте задоволни? :^) Идејава ми е најмногу за затегнување малце и мотивација инаку само да се оправи времево па планирам Водно и кеј да ги освојувам. :)

    Некој вака искуство да сподели. :)
     
  10. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    19ти ден :inlove:

    Денес денот го започнав со сардина и лут кечап. Вечер се знае: две варени јајца и салата. И официјално симнати 5 кг. :D

    Ми улета прееска вага и морав да се измерам, зашто се немав мерено. Ама договор е договор, до први април не се мерам.

    Диетата ја почнав со 76, сега сум 71.

    Сакам времево да затопли. Сакам да трчам на кеј! |(
     
    На Trendafilka и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Видеово е страшно :muscle: Нема мускул што не се активира, плус е динамично и одма проаѓа времето. Конечно нешто интересно, преку глава ми дојде од орбитрек и мои комбинации на вежби.
    Свака ти част Трендафилке кај го најде :clap: :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Денешното мени ми е следното:

    За појадок испив една чаша јогурт со цимет(пробав и не е лошо :D ) и едно парче интегрален леб
    Потоа изедов еден портокал и испив една гуарана (грешка знам)
    За ручек ќе си печам стек на тостер, може како додаток сос од томатело и печурки.
    Вечера може и ништо да не каснам, вчера не вечерав и не ми беше тешко, може да грицнам два моркови само.

    Инаку, вчера варев ориз, го направив баш како тука што читав, вода со ориз три спрема еден, чеква водата скроз да испари, арно ама, оризот не беше доварен, некако цврст беше, т.е. некои зрна беа поцврсти, некои помеки. Не знам што е со мене, да не можам ориз да сварам, а камоли да ми текне нешто покомплицирано |( Битно јас си го изедов таков и после тоа не знам дали беше до оризот или до нешто друго ама ме стегна стомакот, два пати пр**ив имав. Може и за тоа не бев гладна вечерта, кој знае :wasntme:

    Треба една тема во рецепти да се отвори за јадења приготвени на најлесен можен начин, за да немам секој ден вакви инциденти :D
     
  13. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.738
    Допаѓања:
    6.709
    Пол:
    Женски
    За третамни јас имам пробано во ова Ангелиус студиото што е, исто ги купив преку Групер. Добри се за конкретни делови од телото, не се слабее мн во килограми ама во обем. Е сеа мене ми рекоа ако не се комбинира со здрава храна џабе се третманите :) ;)
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Еве ме и мене, повторно. :)
    Се надевам дека не ви здодеав бидејки како што забележавте јас постојано пишувам на темава, па еве и денес. :)

    Имам голем проблем, и оние кои сакаат да ме осудуваат поради она што го правам подобро воопшто нека не читаат.

    Знаете дека веќе подолго време сум на режим. Овие две недели решив лебот и макароните комплетно да ѓи исклучам од исхраната, меѓутоа само првата недела успеав да го одржам ветувањето, додека вторава кикснав. :tmi: Навечер јадам по 5-6 лажици ајвар со половина кришка леб, дури во понеделникот и повеќе. Е сега работата е во тоа што денес јадев грашок на пареа, но вечерва огладнев, а бев воедно и разочарана бидејки се погледнав на огледало и ѓи видов своите огромни колкови па отидов да повратам :tmi: на сила. Проблемот е во тоа што треба да добијам за 2 недели, и секогаш овие 2 недели ми се кошмар. Чудно нели? Изгледа само како обичен изговор за мојата стврност, но на мене ми се случува. ;( Утре сакав слободен ден но, се премислив, а ми се јаде...Во депресија сум!
    Језда имам симнато 8-9 килограми ама ич некако не се познава на мене, само моите дома ми велат дека сум ослабена. Секој ден вежбам по 90 минути и повеќе а нема некој виден резултат, ќе полудам!
    Не можам да најдам соодветно огледало. Секое различно ме покажува. Зависна сум од диетата, 24 часа мислам на тоа откако почнав.
    Имав 84 килограми сега имам 75, и не забележувам разлика. Дали е можно навистина да ја нема? :worried:

    Добро...на ден јадам понекогаш и по 2 реда чоколадо но тоа го трошам со вежбање и пот до исцрпување. Во што е проблемот? Не можам повеќе. Во мали количини јадам, вежбам повеќе, по две големи шишиња вода пијам на ден, 2 месеци сум на диета а нема некој резултат. Никогаш нема да ослабам ;( ;( ;(
     
  15. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.666
    Пол:
    Женски
    Јас му кажувам бај бај на чичко Аткинс многу ми е жал ама нема да се дружиме веќе.
    Дружбата ни престанува не оти не можам да издржам туку затоа што почнувам со пост од понеделник.
    Утре здравје боже Прочка е па ќе си се почестиме со по нешто да не ни биде мака следниве 7 недели.

    Бидејќи првата недела јас секогаш ја постам без зејтин , планирам да си ја правам супата од зелка па ќе видиме колку ќе издржам зашто за неа имам слушано и позитивно и негативно. Јас ќе пробам да ја направам со кисела зелка некоја моја модификација зашто не сум љубител на свежа зелка.
    Не знам колку ќе издржам ќе ви пишам а за мерење на 1 април
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    Валерин никој нема да те осуди, ама секој тука ти мисли добро па секој ќе ти каже дека повраќањето на сила не е здраво, а мислам дека и самата знаеш до што можеш да се доведеш ако продолжиш со повраќање на сила.
    Долго време си на режим, долго време го мачиш организмот со диети и логично е да се гледаш во огледало со повеќе критицизам. Си симнала скоро 10 килограми и јас верувам дека на тебе се познава, најлесно можеш да провериш преку некои фармерки кои ти биле тесни па ќе видиш дека сега ти се големи.
    И зошто го јадеш лебот навечер? Касни ја таа кришка со ајвар наутро кога веќе ти е мерак... секако ќе ги потрошиш тие калории во текот на денот.
    Секоја девојка има неколку кризни денови во месецот, некој пред да добие, некој откако ќе добие, некој откако ќе му заврши... и доколку си допуштиш да каснеш нешто неколку дена не смееш толку да се измачуваш со лоши мисли и да се демотивираш, денес ќе каснеш нешто повеќе, утре ќе испиеш едно литро вода повеќе и ќе постигнуваш некој баланс.
    Сигурна сум, ама сигурна дека ти се познава промена, само отвори ги очите и ќе ја видиш.
    и гледај се само во едно огледало, дојди кај мене гледај се во моево, сите ги прави послаби, сите го обожаваат :D
    И не се откажувај, на добар пат си... али ако сум до крај искрена, 90 минути дневно е пренапорен тренинг, според мене доволен ти е еден час дневно, ама добро тоа кој како си сака.
    И без нервози :hai: :hug:
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    20 ти ден :inlove:

    Ручек: 3 мали слатки испечени батачиња со еден тон марула. :rofl:

    Пола саат пешачење после ручекот.

    Вечера: Исцедена сардина со лут кечап.

    Денес имав неопислива потреба за благо. Можеби дека ми касни неколку денови, па затоа имам зголемен аптетит. Не се нервирам зашто знам дека секад коа држам диета, поминувам низ истото патешествие во однос на добиеното. Меѓутоа одолеав и одиме на нов ден.
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Здраво на сите,
    Јас се породив пред 3 месеци и ја дојам малата. Досега бев преокупирана со неа и незабележав како изгледам ниту пак дека постепено (демек заради млекото) се поправам и повеќе од тоа што бев кога се вратив од болница. Дури сега забележав како ме гледаат луѓето што не ме виделе одкако бев бремена и без ништо да речам ме тешат дека ми е рано и ќе ослабам :(
    Секој ден скоро излегувам со малата и пешачам брзо околу 1 час но килата си доаѓаат од исхраната.
    Плус со оглед на тоа дека сум окупирана со малата често немам време да зготвам нешто па јадеме готова замрзната храна која знам дека не е здрава и дека дебели.
    Решена сум полека но сигурно да ослабам но ми треба поддршка бидејќи многу ми е тешко што имам само едни панталони а несакам да купувам други.
    Што би препорачале за случај како мене :sweat:
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Ќе ти го послушам советот teddybear, во право си. Мене целта ми е што е можно побрзо да ослабам. Ама со оглед на тоа што и да сторам, јас си слабеам само по еден килограм од недела, па честопати напорите кои ѓи вложувам се чинат залудни.
    Единствено ме мотивира тоа што денес утрото се видов со едни другарка со кои 4 месеци се немаме видено и ми кажаа дека сум подослабена. :) Тоа ме направи среќна. Па, според тоа автоматски претпоставувам дека сепак има некаков резултат. :)
    Ти благодарам на исцрпните одговори, и во иднина нема да си штетам на себе си на таков начин. :x
    Или бар ќе се обидам поретко, речиси никогаш. :tmi:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  20. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Истиот случај бев јас јас заради недоволномлеко јадев се и сешто и до 4 месеци дури и качив кг ,но тоа не ми го зголеми ни млекото ни количината на истото ,престанав да дојдам и после 6 месец почнав со диета со ух сум и уште ја држам до сега 49 дена -8кг.
    Еве што би направила да сум на твое место сега ,ти се уште ја доиш малата не е убаво да се ограничуваш но би ти препорачала од сабајле до ручек да јадеш овошје колку сакаш,за ручек ке гледаш еден ден да јадеш протеини ,еден ден скроб,еден ден тесто ,е сега да не ги мешаш месото со компири битно е да јадеш една иста храна што ручек тоа вечера салата колку сакаш,еднаш во неделата ке си се почастиш благо торта колачи и слично.
    Ако во текот на денот не можеш да издржиш без благо ке јадеш суви смокви, сливи,урми и по 10 бадемчиња.
    Леб по една кришка за ручек црн по можност еве нека бидат и две ама за вечера не.
    Ако неможеш да готвиш секој ден различно гледај тоа што го имаш зготвено да го јадеш и за ручек и за вечера ,манџа,супа нека биде во мени 2 пати во неделата за да зготвиш манџа ти е потребно исто време колку и за да поховаш и испржиш само што од сабајле ставаш се да се вари и после си со малата и привремено надгледуваш.
    Вода чај колку сакаш ,млечните производи гледај да ти бидат во исти ден распоредени значи ако денес јадеш јајца со сирење ке пиеш и јогурт.
    Ако имаш некои информации слободно прашај и информативно прочитај ја диетата на ирена или ух диетата.
    Борбата со кг после пораѓај е голема затоа на време треба да се реагира,јас мислам дека со 6 месеци малку закаснив ти имаш време постепено да се навикнуваш .
    Среќно