Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Да, да, само маслиново користам, строго ладно цедено :) и некаква си сол, незнам демек поздрава, татко ми ја зима....значи не правам грев. Целулитов страв во коски ми има набиено, му се плажам да се не врати, мора да пазам
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас ставам јаболков оцет, маслиново, и јодирана сол. Што знам, така сува да се јаде па и не иде. :D

    Не мора до толку лишување од се, тоа е лошото кога држиме диета.
    Кога бев на здрав режим, салатите нормално си ги јадев, супа си јадев со букви или школкички ама не го јадев месото од супата ...

    Ако веќе се држиме до некоја здрава исхрана треба да стекнеме таква навика и за понатака во животот.
    А сигурно дека јас нема да седнам во ресторан и да им речам дајте ми мимоза без зејтин :D

    Од се по малку, умерено, контролирано, и килограмите ќе си одат. Зашто на толку строг режим едвај се чека крајот на диетата па да се фрли човек на хамбургер од стоилко :rofl:
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Баш имам една таква другарка, држи диета 10 дена ама целта и е 11тиот ден хамбургер од 7мица :D срцка, се мачи 10 дена зашто знае што ја чека на крај, тоа е и е мотивација. Резултати никогаш немало, а цел живот е на диета, 5 дена на вода, 3 на брза храна. Така небива
    Инаку теди и јас назад кажав дека ми требаа 7 месеци за да симнам 7кг, мнооогу полека ама од ништо не се откажав, само полека скратував количина, и полека по малку се откажував од ептен нездрави работи. Сега си јадам така, без ништо да ми фали. Се е до навика
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас би во 7ца и вили :D :D мф мф мф, со сосови мосови, леле, леле лиги!
    инаку уште немам јадено од 7 саат сабајле, мака ме пукна за оризот пуст :D реков до 17 не јадам, и тогаш ќе си направам обична салата со патлиџан и крастајца, без ништо внатре, шоља јогурт, и една огроооооомна ротквичка, колку јаболко, така си ги јадам јас, многу ми се вкусни!
    и Tеди, немој купечки супи, нити букви бројки, буквари, тетратки, дебелеат купечките, најнездрави се и полни со маст!
    свари ја, остави ја во фрижидер, утре дента види колку мрснотии ќе се соберат на врвот :puke:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.177
    Допаѓања:
    156.630
    Мече да бидам реална,без да преувеличувам,малку јадам и онака и она што го јадам е вареници,да не речам здрава храна,со тоа што си каснувам и бел леб по едно парче,ама интензивно слабеење само со глад,нема инаку.Ама не можам да замислам на пример сега до тој степен да се лишам ама баш од се за цел живот.Храната е уживање,па така што е ок да си приуштиш и оброк во Мекдоналдс,хамбургер од седмица,милка,пица,нејмит...ама да не биде на дневна база или повеќе пати неделно.
    Вака или онака не сум по благото,па преживувам и ок ми е.Е сеа има една лоша ствар,што цело време мислев дека ми е од недостаток на витамини и минерали,ама испадна дека ми се луштат и ноктите и косата ми се крши зошто се имам испостено скроз.Варено,па варено,ако е печено,мајка ми сирота брои капки и јас и татко ми сме терсене за мрсна храна,свинско фамилијарно не јадеме бог знае од кога,јунешко ретко,преретко,повеќе сме на мисиркино и пилешко...и морска храна,која јас не ја сакам ама ич,не знам зошто.А зеленчуци мора да се има и овошје,без сиров,варен зеленчук не смее дома да се остане,се јаде ама многу!Се почна од една замастена јетра пред 15 години. :D
    Еден дечкич што се занима со слабеење,билднање и слично,ми рече,ти треба шок да му направиш на телото за да забележиш нешто екстремно,а не диета,зошто и онака мрвкаш,не јадеш.За доручек богат,протеински оброк и нејадење после 6-7,со поредуциран ручек,а не цел ден по малце,особено за доручек...ама некако немам гз да станам сабајле и да правам оброк за кралевите,со белки од јајца и месиште некое,со јогурт или млеко...

    Значи и кога ќе престанете со диета,ок е да му направите славје на телото со еден сочен хамбургер,ама затоа два дена потоа редуцирано јадење,полесно ќе се справувате,отколку целосна забрана.
     
    На Trendafilka, Phyramide, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Eден совет од мене за физичката активност :D :D
    Aко имате помали братучедтки или сестри,земете ги на прошетка и ке видите како ке се испотите :lol: :D
    Jас си вечерав ориз,и ме фати криза за благо и си каснав лажиче џем :wasntme:
    Aма од сабајле сум многу подуена :swear:
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да да Лилит, потполно си во право, тоа и ми беше зборот.

    Јас кога одев во вита кај Цвета одев, знаеше да ми даде и четврт бурек и сникерс во еден ден, па после два овошни денови да ми репне.

    Свинско не јадам ни јас, иако сум нулта група не сум многу многу по месишта, не дека не јадам ама повеќе сум по тестенини.

    Зборот ми беше не е морално пример до тој степен без малку маслиново масло или сол да се стави во салатата, некогаш треба и да си дозволиме мали престапи, организмот ќе може полесно да свари.

    А вака имам една другарка т.е повеќе познаничка, 14 дена пиеше само вода, крвта ја ослабе, дојде да лежи во болница, и после хамбургер ова она секој ден, па оди сега да ја видиш...
    Тоа е она што сакав да го кажам ... така не треба.

    Треба да си имаме некоја здрава исхрана.
    Ти како што викаш зеленчук, јас варен не го јадам ама салата јадам, да имаме секојдневно така здрави оброци и колку толку активност.

    Таа во вита пример ми даваше спанаќ, па мајка ми со ориз ми го подготвуваше и белките само од јајце ги јадев, плус со кисело млеко. И Лудо, тие супи ми ги даваа во вита, таа со букви и школки ама мевцето да не го јадам. Јас не си ги ставив сама на мени :)
    Плус грешев додека одев знаев да кснам некој кроасан макс, и еднаш во мц јадев, и во макарони обавезно ставав сирење иако таа ми викаше не, па пак за 2 месеци ослабев 14 кила, а во обем да не ни зборувам.

    А после се вратив на старите навики и да, дупло ги вратив.
    затоа сега сакам нетшто што цел живот ќе ме држи во нормала.
    Ама прво да се доведам во нормала. :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :^) Jас не знам зашто тие ти ги дала,мрсни се, вештачки, ни в од витамина! Hајубаво домашни бар знаеш што си ставаш внатре итн, но, ок чим така текла нутриционистката това а :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Дечки мечки, барам барам, и не ми текнува на македонски како се вика начинов на исхрана, и ајде се помачив малку па ви преведов од еден сРански сајт.

    Еден мој другар, кој рапидно се здебели (9кг) реши ќе слабее и сосема го смени начинот на исхрана. И знам дека доста брзо а сепак и на здрав начин симна 5 кг за еден месец. Па - вреди да се проба.
    Јас не го додржувам многу стриктно овој принцип на исхрана (но на пример се навикнав да комбинирам ориз со зеленчук, месо со зеленчук и слично). Се раководам со она познатото - доручкувај како крал, ручај како принц, а вечерај како голтар бидејќи реално и немам некој голем вишок на килограми. Но ете сакам да внимавам да не му дозволам на желудников да си бара повеќе отколку што е потребно бидејќи заради брзиот метаболизам можам многу лесно да се лизнам и да „паднам“ :)

    Јас воглавно навистина се слагам со Лилит - не е финтата да се измачувате (освен ако навистина немате ептен вишок на килограми и не сте навикнати да јадете во изобилство, тука мора малку шок терапија на телото да му удрите). Треба да се јаде од секоја храна, но да не се претера.

    Еве ја диетава односно начинов на исхрана. Ако ви е познат, дај упатете ме на нашки како се вика ова....дури ни на англиски не можам да го најдам како се вика. Не знам да не треба овој дел да го вметнам во некоја друга тема. Еве во спојлер ќе го ставам.

    Постојат три групи на прехранбени продукти и битното е да не се комбинира во никој случај групата А со групата В!!! А со Б, или Б со В е дозволено. Зборувам за комбинирање при приготвување на оброци.

    Група А - ткн. „КИСЕЛА ХРАНА“ - месо, бело месо (пилешко и сл.), риби, морска храна, соја, сирења со масленост до 50%, јајца, некои видови на овошје како грејпфрут, јагоди, малини, овошен чај, шампанско

    Група Б - ткн. „НЕУТРАЛНА ХРАНА’ - зеленчук како грашок, краставици, зелени салати, спанаќ, домати, кромид..., семки, ореви, разни билки како босилок, магдонос итн., кисели млечни производи како јогурт, кисело млеко, кисела павлака (тука спаѓа и рикотата како сирење или урдата на пример), маслинест зејтин, шунка и други сувомеснати производи, димени риби, путер

    Група В - ткн. „ОСНОВНА ХРАНА“ - леб, тестенини, колачиња, чипс и други грицки, крекери, шеќер, мед, ориз, зеленчук како компири, морков, пченка, овошје како банани, јаболка, сушено овошје, сите видови на житарици освен сојата, пиво, овошни сокови, сирупи.

    Шеќер се употребува исклучиво кафеав. Сол исклучиво морска или соја сос ако сакате да зачините некое јадење. Леб никако бел. Не се препорачува да се пие чај со оброците. Најмногу се препорачува вода.

    Епа то је то, биопро! :)

    Едит. Ова горе дечки мечки не е со омаловажување - сега видов што сум напишала :tmi: :D Да не ме сфати некој погрешно па да добијам ќотек :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас ги зачинувам салатите со најобично масло за јадење и јаболков оцет.
    И супа јадам една нискобуџетна, говедска, а месо ни за лек :D супата ми е со наградна игра - пронајди го месото.
    Со 40% смалени маснотии ви се молам. :!:

    Абе ајде, не можам сега да го скратам маслото во салатата.
    Жити се, од што ќе ми живее организмот, од трева буквално?

    Му треба мрсничко, јајценце некое, пилешко мевце понекогаш, печурчиња...

    Мене ми е за на подолги стази слабеењево, не ми е за тој пуст одмор.
    Стварно не ми е, сакам да се ратисам што е можно повеќе од килограмите, нека оди бавно, да не биде јо-јо ефект после па да има плачки, како и секогаш.
     
    На ludoto19 и teddybear им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    што се однесува на печурките Tрендафиљ, кога сакаш и колку сакаш јади, мнооогу малце калории имаат, и се неутрални!
    Oва ми остана во глава од професоров :D Aбе човекот паметно си кажува ама кој да го слушал (кога бев редовна) :rofl:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    А општо взето што се печурките? Протеин?
    Инаку си апнав бопче. Вечера таратор.
     
  13. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    8-10 :$
     
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    3 кг. за 5 дена... :o супер...некако подобро се дише..

    Само се изненадив мн. е некако или .. :^) (си се частив неколку бисквити ;) )


    Штом можам јас можете и вие !!! :up: :up: :up:

    Вода вода вода++++++ зумба зумба зумба+++++салата салата салата :up:
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    само салата јадеше 5 дена??? :o :o
    без оцет зејтин итн?
    леле бре кенди, не е убаво вака, JO-JO ќе ти се деси :)
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Лудо цело време си на темава :lol: не е убаво цело време на тоа да мислиш, најди си занимација, или читкај си низ другиве теми. Тука муабетот е само храна, храна, храна....
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да ве прашам, житарици кога е најпогодно да се јаде ??? наутро, попладне или навечер ???
    [​IMG] си купив вакви, и ниско масно млеко, па да знам кога можам да си јадам од нив. :)
    И дали се премногу калорични дека се чоколадни ??? :)
    Тенкју:)
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :D и да седнам на книга, истово го учам!
    калории, диети, слабеење, така да боље на фемина да учам :rofl:
    мече- насабајле е најубаво да се јаде житарки, за појадок се најпогодни!
    а тие со чоколадото имаат некоја калорија плус од обичните :D
     
    На teddybear и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Не бре лудичко...За појадок пред јадење пијам една чаша млака вода па преминувам на јадење било што има по дома(со малку леб) не бирам многу,со појадокот мн. вода...по појадоко турско кафе без шеќер ...и вода...

    За ручек салата со зејтин,оцет...вода....+ зумба пола саат....вода или чај....

    Во мегувреме еден ред чоколада (доколку имам потреба) или ич благо..

    И за вечера или салата било каква или пак пуканки и секако вода.....

    Не си се ограничувам мн. за појадок си јадам било што не гледам колку е калорично или мрсно....не си го ограничувам барањето на организамот...но веќе долго време газирано никако не пијам,сокови никако ....и се трудам мн. малку сол да користам во исхраната и благо исто така...
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    А зашо си земала од овие чколадните? и оние другите се многу убави, и со помалку калории. Јас ги јадам наутро и навечер. А на нив пишува да ги вметнуваме во секој оброк

    [​IMG]

    Мене од што ми се убави ги јадам по цел, си грикам од нив :) ептен ги сакам
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.