Значи УН диета но без овошен ден? Јас ја имам држено УН и слабеев од неа ама не бев сигурна заради овошниот ден. Еве од понеделник ќе почнам па ќе видиме Фала на советот
Ајде и јас ви се придружувам. Во последните три месеца се испуштив многу - почнав да јадам и 24 часа сум гладна. Секоја минута јадам и пак не сум најадена . Порано одев на аеробик, бев затегната и слаба. Во последните четири месеца немам отидено ни еднаш од мрза.Мајка ми секој ден ме кара што јадам ама од утре ветувам дека повеке ништо не јадам мрсно и благо . Неможам ни минута без слатки ама морам да одлабам морам!Најголем проблем е тоа што јас не јадам многу овошје и зеленчук. A, за да се хранам здраво и да ослабам ке треба да јадам најмногу овошје и зеленчук. Се надевам дека ке успеам. Висока сум 1м и 66цм, а 68кг, имам 12 год. Од утре ке почнам да одам на аеровик редовно и секој вторник, четврток и недела на баирот со татко ми -на св.Илија црквата која се наога во шума и таму лугето одат да пешачат... Се надевам дека ке ослабам и дека повторно нема да ја направам истата грешка со јадењето .
Денес си згрешив и изедов и повеќе од што требаше и сега многу ми е криво Значи жива ќе се изедам.Што не јадев: баклави,аравании,риби,салати,некои кифли од кори,сокови... Ми иде да се отепам... Ама добро што е тука е. Од утре со нови сили! Само здрава исхрана и без непотребно прејаување. И да,одсега ќе почнам почесто да пишивувам во темава !
и јас денес се испрејадов и од утре конечно на диета и има да вртам на орбитрек а не како закачалка да го гледам )))
Тие што веќе маки мачат, ви посакувам многу среќа и стискам палци за да станете баш какви што сакате да бидете. И јас сакам да ослабнам до летото. Бар неколку килограми. Бутовите од што ми се дебели ми се тријат И мешето ми е големо. Има ли некои посебни вежби за нозете или...?
истиот проблем го имам јас со бутовите и во стомакот Ако некој знае вежби нека ни напише... само јас мислам барем 20кг би требало да ослабнам , за греови целата сум сало ама па си сакам да си јадам, МНОГУ СИ ОБОЖАВАМ. сега почнав да се контролирам... 1 месец веќе и има резултат да ви се пофалам. од денес почнав да постам па ќе видиме како ќе излезам после Велигден. искрено немам желба веќе за јадење,за благо,за мрсничко сега желбата за да ослабнам е поголема, и ја потиска,ја преовладува желбата за храна
Епа кардио вежбите се наменети за слабеење значи трчање,вежбање на степер,возење точак а еве ти и едно видео што е одлично за нозете а и за цело тело. http://www.youtube.com/watch?v=kDwdturFDJs
Значи денес, лелееее денес беше многу тежок ден, од сите страни имав искушенија, абе како за инает само никнуваа торти, колачи, гумени бомбончиња, чоколади со лешници донесени од кој знае каде кои МОРАЛО да се пробаат, мињон коцки, а јас за инает... Spoiler НЕ ПРОБАВ АПСОЛУТНО НИШТОООООО Мен ај фил гуд абаут мајселф, идемо даљеее
Затоа што јас немам проблем со тежината(ту ту ту) ќе кажам за брат ми.Имаше 111 кг.Се запна дете и за неколку месеци(можеби и пола година) симна на 65-70кг.Мене не ми се допаќаше 1.затоа што јадеше само јаболка 2.работеше и трчаше многу и3.не изгледаше добро голем маж а слаб како скелет.Можам да кажам дека беше на работ од анорексија(треба и со тоа да се пази )После некое време (кога и тој виде дека не изгледа добро)се здебели.Сега има можеби 80-90 кг,но е висок. Мотивација би била помислата на тоа дека после неколку месеци ќе изгледате поубаво него пред тоа.Со тоа би растела и самодовербата.Сакам да кажам се може да се постигне со желба. Многу среќа понатака на сите што се на пат кон својата цел .
Само да ве потсетам: ПИЈТЕ ЃУМБИР НАУТРО, да видите како ќе ви се топат маснотиите! Докажано, не само на мене и на сопругот, туку и на колешка, а и на деверчо, кој пиша од странство: Снајче, ХАРТИЈА се направив од ѓумбиров, топ е! Не знам уште колку пати треба да ви кажам, уште дома да ви дојдам и секое утро да ви правам Најприродно нешто е, зачин - јак, лут, зголемува циркулација и со тоа телото само си ги топи маснотиите. Ве прави да се чувствувате полетни, полесни, нема главоболки, намалува апетит, а зголемува имунитет. Толку проста работа, а толку ефектна, од искуство кажувам Значи, денот не смее да ви започне без - чашка млака вода, 1 цеден лимон и 1/2 лажиче ѓумбир во прав (после зголемувајте колку можете). Ако дента немате лимон, слободно направете само млака вода со ѓумбир, ич не е проблем. Нормално, не мора да напоменувам дека уз ова треба и здрава исхрана (сурова најдобро), а не 2 пати дневно 7ца
е ова го пробвам уште вечер фала ти Моира....па ќе му покажам јас на маснотиите,да видиме кој е поинаетчија-јас или тие
А бе ако пиеш ѓумбир навечер мислам дека нема да можеш да заспиеш Ќе ти зголеми циркулација, со тоа и притисок.....најдобро е насабајле, за да ве освежи, а ако сакате уште еднаш, тогаш некаде околу 16-17 саат, да имате време да се смирите до спиење И да, минимум 3 шољи зелен чај во денот, и од него ќе се чувствувате прекрасно, а во исто време е и супер антиоксиданс, ќе ви помогне во исфрлување на сите отрови од организмот.
Јас лично не им верувам на готовите чаеви, па не би пиела. Можеш ако сакаш да го попариш со врела вода ѓумбирот во прав и да исцедиш лимон, ама не би знаела да ти кажам дали и каков ефект би имало.... А зошто не би пиела вака ѓумбир? Пробај, ако не можеш (мада за лепота сите се` можеме нели ) смени нешто, стави мед, малтекс, агаве сируп...
Па не дека неможам,искрено н см ни пробала вакво нешто до сега....ке пробам така како што велиш.....ај кажи ми какви резултати имасе и за колку време??
^ ајде тогаш ќе пробам поручек да испијам а сушениот ѓумбир можи да се најди и во локален супермаркет како зачин или да го барам во продавница за здрава храна?
Може во било која продавница, каде има производи на Виталија. И многу индивидуално е тоа „резултати“....јас за 2 месеца слизнав 9кгр, следниот месец уште 2, сега уште 1, ама јас си сменам и исхрана комплетно, исфрлив месо, млечни производи, јадам 80% сурова храна...