Мене и на мм (кога е дома) ни стана навика ова со ѓумбирот (фала Моира ). Мрчеше мм на почетокот, па му ставам малку медче колку да ја заблажи острината на ѓумбирот, јас веќе без мед го пијам, цела лажичка ставам, цел лимон и 200 мл млака вода - сето тоа на екс. Дефинитивно помага и за целулитот барем јас кај мене забележав дека се намалува (има доста работа). И не само за слабеење, ова е одлична превентива против бројни заболувања меѓу кои и ракот. Верувајте ми, вреди! И да не смените начин на исхрана, помага. Ама многу повеќе ако јадете здрава храна. Јас веќе готвам без масло и запршки, само со зачински билки, масло додавам кога го вадам јадењето од оган, само заради малиот, исклучиво ладно цедено маслиново масло, а во план ми е да го купам кокосовото масло. Инаку, кокосовото масло е најдоброто нешто за вашиот организам, не само за јадење, слабеење, туку и за лице, кожа, коса... ако се нафатите да го купите, купувајте од продавници за здрава храна, мислам дека и во ДМ го има, од Зегин не го купувајте! Таму е најевтино, ама не е квалитетно.
^ Ете конечно некој да ме послуша, знаев дека нема да зажалиш! Исто и мм, на почетокот мрчеше, ама јас упорно му го пикав под нос, без мед, без ништо, за да се навикни. Сега секое сабајле истото ме прашува: А ѓумбир ќе правиш?
Аааа... и мојов почна да ме прашува тоа насабајле му фали да го излути малку, а знаеш, најсмешно е тоа што не сака, не јаде луто, дури ни минимално да налутнува. Како да не те послушам, таман работа... паметно женче си ти него, немаше ти нешто многу за слабеење колку што се сеќавам... ама ако мислиш дека си имала што да симнеш, нека ти биде. Сега сигурно си риба и пол, не дека претходно не беше Инаку, девојки, не ме прашувајте за кг, јас немам вага дома, нит се мерам, само по обем гледам, а за целулитот е прилично видливо дека делува, пошто ништо друго не правам за да го снема. Настрана подвежбувањето (Џилијан Мајклс е закон).
Јас искрена ќе бидам ( ) и ќе кажам дека НЕ ВЕЖБАМ Вежбав претходно, ама не ослабев само од тоа....после сменав исхрана, почнав ѓумбир, и како се топеа килограмите и маснотиите - така Орбитрекот стануваше закачалка Сега се спремам да си почнам со тенис пак, така да сепак ќе имам некаква физичка активност
ова напитоков мислам ќе ми дојди како кец на десетка пошто си пазам на храната и плус вежбам,секој ден минимум 1,5 час кардио вежби...па би требало да има резултати леле женички ако се намали стомакот и бутовите ма има да ве частам една лесковачка фала Моира..фала Аната
Е а за во бременост, има штета од ѓумбиров или? Пиев и јас едно време заради циркулација, но брзо го баталив, сега смеам да го пијам?
Симнав неколку килограми, не беа многу за симнување ама од недоволно волја си стоеа на мене, и не знам дали е од тоа, јас мислам дека да, но се чувствувам како преродена периодов...буквално. Кога и да се погледнам во огледало само си се смешкам, си правам некои безвезални фаци како шмизла тинејџерка, а и кога се движам ми се чини потскокнувам од леснотија. Со килограмите мислам дека и негативните мисли заминаа, пак сум си старата јас. (бакнежов си е за мене )
Јас колку што знам ѓумбирот ги намалува утринските мачнини. Не мислам дека би имала проблем со пола лажиче секое утро, напротив
Си го најдов одговорот http://eyeopening.xomba.com/warning_gin ... ot_be_safe Значи според овие Американциве ништо не е сигурно. И за други работи што прочепкав, според наши и српски сајтови ако се препорачува според нив е
Ако ви падне шеќерчето јас ви препорачувам урми. На 100гр имаат 282 калории, а една урма без семка тежи 5гр, измерено и проверено Со две урми и 28 калории, имате шеќер на Нивоу, да живеат урмите
Јас прееска читајќи ваши мислења, тркнав до маркетот и си купив ѓумбир. Од утре сабајле почнувам. Па ќе видиме, се надевам на резултати
И јас си купив уште додека бев на работа и околу 13 часот мавнав половина лажиче со еден цеден лимон во 250 мл млака вода. Некако многу јак и интензивен ми дојде вкусот, ама ќе продолжам да го пијам. На екс се издржува. Денес јадев риба, а за утре веројатно ќе имам некои тестенини. Појадокот ми останува ист (мусли и парче овошје), а си ручам на работа. Кога се враќам јадам овошје и корнфлекс или салата со јогурт за вечера, зависи како сум расположена - за солено или благо.
јас во прав незнам каде да го најдам ама во супермаркет има свеж, што да му правам? Така да го јадам? А да и мариниран во тегла има во кинеските продавници, него може?
И јас си купив прееска ѓумбир, море бре сите одговорни девојченца Ама јас не пробав одма, страв ми е затоа што ич не јадам луто, па сабајле пред да пробам јас прво на татко ми ќе му подметнам да видам како ќе реагира Ако почне да скока низ соба ќе морам со мед да го пијам
и јас си зедов ѓумбир баш ме интересира дали ќе ослабам. јас имам и мигрени болки а имам читано дека ѓумбирот е добар за тоа така да се надевам со еден удар две муви има свеж губир ама тој е многу неубав, има свеж пробано катастрофа јас зедов во прав од тинекс кај што се зачините од алкалоид 10г 15денари
Има потреба да пишувам дека и јас си купив ѓумбир?! :geek: Премногу интензивен вкус, што не можам целодно да го дефинирам на што точно ме потсеќа. Малце така ми дојде тужничко првиот пат кога го пробав, ама што вика Трендафилка, на екс да го испиеш се издржува. Мореее, се за фигура би направила моментално, не ѓумбир, ако треба и корења разно разни ќе дегустирам.
Еве и грешникот да се јави на репорт Значи овие два- три дена за ќотек сум. Почнувам нормално, а до вечерта сум каснала уште триста глупости. Баклава, благо, пита со праз, сок, па дури и мусли за вечера јадев вчера, дупла доза Ужас, за никаде. Знам дека не е оправдување, ама во циклус сум, па тоа уште повеќе ми влијае да бидам слаба, да подлегнам на искушенијата. Ама од денес се враќам на режим пак. Не смеам да повторам уште еден таков ден. Денес се разбудив пак со тежок стомак, полн, со неубаво чувство и дури и мачнина имав, што не се случуваше дури бев на режим, се будев наспана, со убаво чувство и празен стомак. Сега одам во град, треба да купувам нешто, па успат и ѓумбир ќе си купам Се надевам дека делува, јас го знам вкусот на ѓумбирот зошто го имав користено претходно, не во прав туку оној суровиот за во салата, исто имам пробано и сушен ѓумбир, се продава и таков како суво овошје или што и да е, така да, знам што ме чека, ама ќе трпам. Инаку си купив нови патики и и она Јога мат што го викаат Американците, за да не ми се лизгаат нозете кога вежбам
Нема да зажалите за ѓумбирот. Јас го земам на Виталиа пакувањето од 100г, некаде 170-180 ден е во Тинекс. Инаку може и во колачи да се става, за деца е така добар, бидејќи вака е многу лут. Јас колачите ги користам да му го подметнам на син ми
Вчерашниот ден бил изглеа рекордер во продажбата на ѓумбир во историјата на МК И јас купив односно ми купи мм со зборовите ај и тоа чудо да го видиме Мене па за чудо вкусот ми се допадна во млака вода со лимон, дали дека очекував нешто многу полошо дали од почетничка еуфорија не знам. Ако станеме манекенки по еден кг ѓумбир за Моира од секоја феминка!