Не знам да ти кажам право, може и толку е, ама се си мислам дека беше 170 ден. Јас го купив во Супер Тинекс спроти Бриколаж, а знам дека цените во сите маркети на Тинекс не се исти, зависи од локацијата најверојатно, нема врска дали е обичен, супер или дисконт.
Моира најдобро да си отвориш листа на должници и да почнеш со евиденција Ако стигнам до саканите 65 килца од мене немаш кило ѓумбир, туку те носам на скара. Да не останам покуса и јас да си кажам го купив ѓумбирот уште пред некоја недела (се гледа кој читал мислења овде) ама не сум најредовна во пиењето. Се трудам наутро да станувам порано и да си спремам, но не секогаш ми успева. Инаку на вкус ми е нешто како бибер, на почеток ми беше тежок ама се поднавикнав и сега ставам по пола лажиче во чаша. Не знам дали кај сите е така, но откако ќе го испијам ме мава топлотен бран, ама во овие ладни утра и те како добро ми доаѓа. Планирам да си купам едно за на работа и да си цуцкам тука. Ај можда ќе ги навлечам и колешките па групно ќе си цедиме лимончиња и ќе се топиме.
^ 110 ден на Виталиа во продавница за здрава храна во Буњаковец. И јас купив вчера, сабајле испив за вкусот не дискутираме а ќе видиме резултати за месец дена :geek:
Јас не толку за слабеење колку што за целулит и циркулација али и ако намалам некое кг нема да се бунам Направи си чајче, ставај во супи, чорби
Ајде и јас ѓумбир ќе пробам сабајле. Се чувствувам како загар бе. Немерње до април- ајде и јас (патем прекршив вчера или завчера, ама нема веќе) Пиеме колективно ѓумбир- ајде и јас... Покуса да не останам. Уште 3-4 килограми се во прашање за симнување, ама некако слабо ми оди.
Прашање до ѓумбир гуру Моирче, сабајле на гладно се пие? 200 милилитри млака вода, лимочне и мед по желба и нешто друго е рецептот. Колку ѓумбир една лажица супена или кафена? Ние имаме дома, ама мајка ми не знаеше зашто се користи и така си стои. Јас немам проблем со луто, баш и обожавам, ако топи маснотии и ако посебно убива апетит ќе пијам. Јас оцет пиев што ми се гади од оцет, па тек ова тамн лутко. После може да се ксне нешто за појадок, мусли, овошје? Може замарам со прашања, ама сакам да се инфомирам, ми изгледа супер ова а и нема штета нели
Девојки...па како сте. Јас редовно ве читам, мене ми е турбо периодов и буквално немам време за пишување. Ама ете чисто да ви се пофала дека стигнав до рекордни 62кг. И остануваат уште 2кг. до мојата цел.
Јас му откажувам љубов на ѓумбирот... сабајле пиев и по 5 минути ми дојде нагон за повраќање и го повратив цело, ајде каснав една банана и направив пак, вториот пат и мед ставив и повторно се случи истото и не можам, не ни знам да повраќам колку и да е смешно, во животот дали два пати сум повратила и денес во едно утро пак два пати повратив... ќе продолжам да пијам само цеден лимон наутро а вас ви пуштам среќа
200мл млака вода, 1 цеден лимон, 1/2 лажиче ѓумбир во прав (после зголемувај, или колку можеш од старт ) на гладно. После 15-20 минути јади ако сакаш, јас не јадам, туку цел ден (до 17) пијам зелен чај и зобам јаболка
Сабајле го дрмнав на екс ѓумбирот, половина лажиче, 1 цеден лимон и 200 мл. вода. Веднаш по испивањто сркнав половина лажичка мед и ок поминав. Ми кажаа дека ѓумбирот бил многу ефикасен при настинка и затнат нос, посебно во топла супа. Моја колешка пие комбуха, и ефектот е многу сличен со ѓумбирот, потпомага слабеење и топи маснотии, само треба време и трпение. Само и двете се лоши на вкус, реално. Ама се трпи. За убавина.
Амиии, јас што пијам зелен чај со пола цеден лимон и спирулина насабајле? Кога да го пијам ѓумбиров? Каша попара ќе ми биде во желудник
Може да се искомбинира мед и ѓумбир? На пример во тегла со мед да ставам ѓумбир во прав и така да го јадам или мора во комбинација со млака вода и лимон?
Не знам женче, јас директно го пијам - само така правев, и од тоа имам резултати Ако не можеш да го пиеш чист - стави мед во млаката вода...
Сакам да те прашам за колку време забележа намалување на тежината и на целулитот. И колку кг ослабе за кој временски период, ако не е тајна. Поздрав
И после? Редактирам: А бе тајна не е воопшто, ама тоа е тооооолку индивидуално да сметам оти ќе нема поента информацијата, ама ај нема врска... 12кгр за 3 месеца, во обем - не знам, не сум се мерела, ама сум -3 конфекциски броеви Иначе сало/поткожни маснотии никаде нема да имате по телото, ама треба да се пијат и многу течности, зелен чај, овошје, зеленчук...