И јас да не останам покусо си купив ѓумбир у прав.... 120 ден на Виталија у тинекс Тужно и ружно, остај што со заби ја отворив ќесичката, аууууу лутиии. Го голтнав на Екс, ми дое еден нагон на повраќање ама се стабилизира Тиххх море, чим јас чајот од рузмарин го преживеав, па за ова каде.... Моира ако ова делува имаш едно гиро и суфлаки од мене
Лилит, а да пробаш со месо? Тогаш ќе видеш колку ќе бидеш најадена . Еве земи еден ден јади две парчиња стек, салата, супа па ако каснеш и млечен производ, бидејќи е дозволено, оваа права гозба ќе излезе. За вечера истото, во протеинскиот ден не се дели вечерата. Си запнала со јајцата, епа гладна ќе си, цревата ќе ти се залепат. Јас и ќебачиња со кромид си јадев . Инаку пробав и со помала и поголема количина на храна, и во двата случаи исти резултати. Само што не знам колку диетава е за тебе, бидејќи не делува кај лица кои имаат помал вишок за симнување. Кај мене се случи токму тоа, кога имав поголем вишок, ослабнав повеќе, кога имав помал едвај скромни 3 кг за 20 дена. Сега зависи каква ти е целта.
Веќе 12 дена бројам калории (1250), кога можам вежбам (кардио и за затегнување). Вагата пред 1 недела ми покажа -1 кг, АМА не е тоа тоа што мене ме радува, јас сакам резултат на мене.. овие бутиниве на продажба ги давам, не ги сакам, навистина веќе! И се демотивирам и пак се мотивирам и пак се замарам... и мислам дека оваа година сум најопседната со моево тело, а тоа не е на арно. Психички се имам пореметено, некогаш си го сакам телото, некогаш сфаќам дека ооооооо колку сум далеку од она што сакам да бидам. 4 кила се во прашање. Еве 3 нека се. Некако не одит. За малце не сакат да одит. И само листам на групер понуди за кавитации и слични работи кои се создадени само да ти лапнат пари, а да те направат да си мислиш: ох, шубо ми е! Е не е така! И така, велите во ѓумбирот да веруваме, м?
Прочитав што напишала Moira за ѓумбирот па малку разгледав на интернет за неговите својства. Она што ме интересираше, а само на два сајта го сретнав, е за забрзување на перисталтиката и работата на цревата. Сакам од неа да слушнам дали има вакво својство, ако има одма се снабдувам. А колку чини, и како се продава во паковки или на размер? И колку време отприлика треба да се консумира пред да се забележат првите резултати?
Вака само психички се малтретираш остај ја вагата ставија некаде каде што нема да ја гледаш.Почни разликата да ја гледаш на тебе бидејќе треба да ослабиш само 4кг ако веќе си опседната до толку земи си едно метро и измери си го струкот и бутовите еднаш во недела или две.Ова со калориите ти е топ и малку зголеми го вежбањето и не очекувај резултати на вага туку на себе бидејќи сега почнуваат да се формираат мускулите а сало има се помалку.Поздрав и само keep going
Утре месо. Тоа све испланирано. Абе знам,ама реално,имам и бејби фетс што се викаат, а и знаеш од х проблемот што ме гњави и морав нешто да направам. И онака не планирам да ја држам цела,дали 15-20 дена,плус турбо ун. Плус вежбам секој ден. Мора да има резултати. Ако нема НЕМА ДА ЈАДАМ НИШТО еее па више и со салце и калории и се! А инаку според сегашната цел... 8-9кг треба... А онака,веднаш се осеќам полајт. Вчера дури и ми дадоа компликации демек што ми е,а мене тоа отоците од по лице и секаде ми спаднаа,а појас околу мешето (спојлерите ми се најомразени! ) си има. А ова овошјево пошо не го сакам многу,ама знам дека ќе огладнувам брзо, дали е ок на секој саат по една овошка? Еве ќе ми доминираат портокали и јаболка,ама банани? Може? Покасно ќе си почнам со зелечук,салати. А и дали може златна мешавина да сварам без сол? Еј и јагоди беее. Може и јагоди? Леле кисели се... сакам шеќер...а може и шлаг!
^ Лилит не ти препорачувам златна мешавина во овошен ден воопшто. Јади ја во скробен, и онака се од неа е скроб, а скробот нели е сложен шеќер. Банани можеш да јадеш, но не претерувај. Воглавно јас најмногу ги сакам бананите, затоа што најдолго ме држат сите, па така скоро секогаш појадокот ми се состои од една банана. Јагодите колку што можеш избегнувај ги, полни се со чудо шеќер. Ама па ако ти се јаде касни си. Подобро да си каснеш 2-3 отколку душичката да ти пати ..... Инаку ова ѓумбиров многу гаден е. ОД-ВРА-ТЕН. Како по ѓаволите да не губам апетит кога цел ден си подждригнувам на ѓумбир. Туку, се надевам ќе ми го крене малку имунитетот, оти вака не ја бива. Цела зима сум болна.
Hе, не јагоди да не избегнувате никако . Грешка ви е тоа, одлични се, верувајте чуда прават. Јас ги избегнувам само оти се скапи ... инаку за ѓумбирот шта речи едвај го испив и јас... Mалку ми лути желудникот од него ама ајде ќе се навикнеме нели. Jас си земав 2 паќетчиња, ми беше страв да не снема ѓумбир, мислам после рекламава овде.... па си се обезбедив.
Леле ама да знаете колку не се убави...кисели и пластични,леле,леле... Пет изедов и ми дојде онакво знаете кога ти е кисело како болка накај крајниците,кај ушите? Епа тоа! Две банани,две јаболки и портокал и пол,повеќе не можам со овошјево. Да ми дадете праски и цреши и така и така,лубеница исто,ама овие зимниве овошја...не можам,душава ми плаче. Сега ќе си испечам на рингла три пиперчиња,ќе им ставам кари и сол и ќе се јадат некако и салата огромна цвекло и морков. И вода. Иако малку прекршив,донеле моите багети од Тинекс и морав мааааалку да скршнам од крајчето,ама онакво 5 на 5 едно залче. Инаку треба да го вметнам ова со ѓумбиров веројатно (ама затоа јадам по една овошка за појадок,место две),ама јас го јадам како лек. По една голема лажица наутро, мешавина во тегла мед два корена ѓумбир најситно сецкани. Мајка ми превентивно си го лапка (ма да она и го изеде лекот за...хемороиди на баба ми пред да и го однесе,па купуваше нов...така што... Пошто вкусен,а и превентивно де ) ми тврди дека симнала 3 кг,мада јас не и верувам. Ама нема врска, ви го препорачувам и како лек за било што. Изгуглајте ја мешавината,благопријатно делува на се. http://pcela.info/proizvodiodmed/26-medigjumbir Не е пишано тука,природен лек е за тироида,може и лимон да се додаде,ама што знам зошто не додавме ние.
Лилит за следниот овошен ден пробај направи си смуди од овошје ,и јас мака мачам со овошјето ич не ми оди а јаболка кога јадам цревата играат уште повеќе. И зошто не јадеш суво овошје сливи(од кам испробани и преубави) исто и урмите ,смокви,ананас,па бадеми,лешници,ореви несолени непечени многу заситуваат можеш 100 гр на ден. Јас веке 55 дена ја држам и претходниот овошен ден првпат издржав без суво овошје и бадеми само на смуди од овошје бев. Еве утре ми е овошен ден па ќе видиме како ќе го истерам . И зелениот чај од виталија со лимон ти го препорачувам мене ме заситува .
Ич не сум по смудисот,ама нареден пат ќе пробам,а може едно сега да смучкам,ама не ми има избор бе овошјево...бананата е само царица. Абе ич не ми е тешко,само не го сакам овошјето премногу,а и не сум гладна. Добро ми оди сега за сега. Суво овошје помислив,ама па многу повеќе шеќери има и некако се поколебав,а ореви и бадеми имам,ама ги одложувам,се тестирам до кај можам,ама ќе ги мцнам до после. Хахахахаа! http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... rIBftSOZDI
Шта то ПМС може да уради жени, питају се свииии. Изедов Spoiler тост вечерва. Ама мама е виновна. Им било жал на моите што се ,,изгладнувам'' како божем, без оглед на тоа што денес изедов макарони со кило ќечап, морков и печурки па сега мора да надополнат. Не не, не оди вака со процесов зини голтни. Џабе трудот кој го вложувам во вежбањето бидејки се пропаѓа во вода. Овој месец многу лабаво си го фатив, со многу повеќе слободни денови отколку што треба. Од утре здравје построго Spoiler со печурки и стек за ручек со зелена салата Ама што е, тука е. Се надевам диетално е, бидејки искрено немам намера да се изгладнувам себе си. Ќе вежбам повеќе и ќе ги надоместам исклучоците до крајот на месецов. Ветувам. И да, јагодите ѓи чекам со душа. Сакам да поефтинат за лезетски да седнам и да изедам 1 кг. Сериозно, зависна сум од јагоди.
И јас да не останам покуса си купив ѓумбир од Жито маркетот 115 денари на Виталиа. Го испив едвај некако почнав голтка по голтка па се изнервирав и до крај го испив на екс. Многу ми лути али ќе се навикнам како и да е
девојќи само што се вратив од маркет- си купив Ѓумбир ...и го стегнав на екс многуу лути ама ќе издрзам , пусто за слабеење се ќе направам...ме интересира после колку денови пиење на овааа ѓумбирчево ке има резултат
јас пијам 4-5 дена ни метаболизам ми е побрз ни ништо ама сите сакаме ОДМА РЕЗУЛТАТИ и ако нема ОДМА откажуваме ама неможи ништо за неколку дена
stefi за 3-4 дена не очекувај да се случи чудо. Почекај една до две недели, верувам дека ќе има промени. А да ти кажам искрено, само од чајот не очекувај да ти се забрза метаболизмот. Ти конзумирај го, ама не заборавај да пешачиш што е можно повеќе или да имаш некоја друга физичка активност. Бар 30 минути во денот ако не повеќе.
Купив ѓумбир во прав на виталиа, ама не можам да го пијам никако , ајде првиот пат демек ќе пробам да се напијам повеќе со затнат нос, голтнав и после неколку секунди ми дојде нагон за повраќање, не не, не го можам, нема ни да го пијам и реков на мајка ми да го става во јадење за да не се осеќа многу за да го истроши. Колку сака нека е ефикасен, она чудо блуткаво и луто(и сега ми прави нагон за повраќање) нема да го пијам, пре би да јадам цел ден марула него ли она да го пијам.
zdravo feminki, jas sum nova na forumov. jas pijam jabolkova kiselina sekoe utro, vo edna casa voda edna lazica supena kiselina, potoa uste edna casa cista voda, i ke vidime. porano piev i imase rezultati se nadevam i sega. nemozam da pijam se i sesto zasega kiselinava mi e ok. se nadevam da oslabam 20kg
Jас денес ги мавнав три чаши на Eкс Tоа не дишам на нос, голтам и 5 минутки дишам низ уста, гајле немам така пробајте. Mене само ме интересира дали смеам по толку да пијам на ден, оти јас и цела лажичка турам, а не пола. и дали водата смее да биде ладна? Oти топла ме мрзи да греам сега ајдеее..
Само пола лажичка треба? Јас на 200мл млака вода бапнав 2 кафени лажички ѓумбир, ако не треба толку, ете од каде мене нагонот за повраќање