(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    А ти што не земеш и цел не си го туриш? :D :D :D
    па Моира пиша 1/2 лажичка, тоа значи пола, бар ја така мислам :rofl:
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Моира рече по половина лажичка за почеток, а после зголемувајте кој колку може, т.е. му трпи стомакот - една, две, три.
    Може во млака вода, не мора топла. Помешај Лудо водичка од бојлерче малку топла со ладна и готово. ;)

    Јас овие два-три дена бев лошо девојчиште и јадев. :devil:
    Срам да ми биде, не пишувам зашто ако земам да пријавувам што и како, веќе не сум за во темава реално.
    Од утре започнувам пак од почеток, како на ролеркоустер сум, стварно ќе си патам еден ден од оваа луда глава.
    Има ли вакви како мене - смотаници?
    ]:) :(
     
    На anuskaNESTLE, Doozy и ludoto19 им се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Требаше во леѓен цел да го растворам и после ќе сркав цела недела :rofl:
    Па не ни помислив колкава количина треба, од памет си ставив, ако овде прочитав, не ми текна да проверам :fubar:
    Како и да е, ни со пола лажица не можам да го пијам, гаден ми е, ако не ми пречи лутото.
     
    На AhThatFemaleProblems, SexiLy и ludoto19 им се допаѓа ова.
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Jaс купив мало пакетче ѓумбир од Алкалоид, да си ја пробам среќата. Ама си реков денес не, ама од утре сабајлечки мораш! :lol:
     
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    па јас се навикнав ако не пијам мнгу време, а како се погоди овие дена ми тргнува сабајлечки со лутото после цел ден луто јадам :D :D :D
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    13.020
    Пол:
    Женски
    Here I am.
    Гнетев како стока овие два дена. Вратата од фрижидерот уште не ја изедов. Среќа вагичкава арна е, покажа само половина килограм плус.
    Од утре построго. Понеделнички овошно ќе почнам, а за натаму веќе се знае.
    Само не знам кој ми беше проблемот овие два дена, толку стрв една година ме нема фатено.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.847
    Допаѓања:
    163.366
    Успешен овошен, денес 5ти,протеински,појадок банана,ручек шопска и пилешко, не вечерав,не е у агенда,ама грицнав тро сончоглед по логиката на мојот експерт нутриционист мистар татко,у ред би било,требало да го сметам како неутрално добро да не ви објаснувам по која логика на нештата. И ова беше една дооолга реченица. :D
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Женишта а појадокот и ѓумбиров имаат ли некаква врска, во смисла на тоа дали може веднаш да се јаде или треба да помине одреден период?

    Јас редовно ја читкам темава, моментално сум на некој мој измислен режин, се јадам т.е. не баш се избегнувам прженици, во главно нешто слично на режимот на Ирена.
    Јас многу гадно се сј*бав лани од февруари/март до негде јуни бев на режимот од Ирена и таман си ослабев, супер си бев (вежбав + ), резултатите беа ептен очигледни. Ама ме фати јунска сесија, онаа пред дипломирање, 2 недели незнаев кај ми е главата, каде газот, не знаев кога си легнувам, кога станувам, па се дешаваше да се најдам и да си легнам (најчесто цел ден кафе и цигари додека учев) навечер кога ќе паднев ми текнуваше да јадам, а немав време да си готвам, а свекрвица тогаш имаше ептен обврски па и ретко готвеше и за тие две недели пореметување вратив дел од тоа што изгубив.
    После сесија ме фатија други обрски, јас веќе опуштена цело лето некако се трпев октомври/ноември го достигнав максимумот едвај ги закопчував фармерките кои претходно ми беа број до два големи.
    Од тогаш до сега малце подослабев али пак си имам вишоче, што на стомак (највеќе) како и на спојлери (критична зона ми е тој дел од телото) дел (помалку) нозете и фацата, за рацете генетиката од татко ми ме спасува па и 100 кила да имам пак чечкалици ќе ми бидат.

    Али ајде ќе ја биде, се надевам :$ .
    Од минатата недела почнав режимот т.е. денес го прекршив и вчера( се опив :tmi: ), али после алкохолот вчера денес морав да јадам поише (појадок кифла со шунка и кашкавал+осминка бурек со месо) и ручек/вечера две тостчиња(4 кришки од сецканиот леб) исто со шунка и кашкавал +печурки.
    Од утре па до наредната недела планирам да си бидам строго до режимот и да вежбам првенствено кардио некое време додека набијам колку-толку кондиција а после ќе се потам на справата минимум два пати неделно и два пати зумба или кардио + обични вежби (стомачни, грбни, чучњеви, степер, склекови и сл.)

    Си го знам јас проблемот, стврнотијата и гурманството ме убиваат, но и кај мене проблемот е додека се решам и почнам (најкритична првата недела ми е додека се навикам) после си терам.
    Од утре режим на исхрана, насабајле ѓумбиров (од утре го почнувам), литар ипол зелен чај и плус уште сигурно пола литар/литар вода и наравно вежбање и салото ќе мора да се топи, ќе нема кај да бега :D .

    Ептен се распишав јас, на долго и широко, али ајде не ми превртувајте очи ни вас полесно не ви било :D. .
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Имааааааа :D Не може да нема, луто е. Истиот ефект ќе го имаш и чили пиперче да јадеш :) Проверете што состав имаат апчињата за слабеење на „природна база“, ќе видите дека се` е луто :lol:

    Да, реагираат цревата и тоа како. Еве баш ме интересира дали новите ѓумбирџики веќе имаат ваков ефект :wasntme:

    Врска....па имаат, ако после чаша вода со ѓумбир стегниш четврт со месо и јогурт :D
    А нема ако за доручек имаш житарки, на пример....или како мене - само зелен чај и јаболка (скоро 1кгр, и тие топат маснотии), па после ручек. Ама напоменувам - мене овој начин на исхрана МИ ОДГОВАРА на организмот, затоа најдете го нештото што на вас ќе ви одговара и не следете слепо воопштени диети. Што треба модифицирајте, исфрлувајте, додавајте, ама најдете ја ВАШАТА лична диета, зошто само тогаш ќе имате најдобри резултати .

    Најубава....1 1/2л зелен чај???? Женче, ќе се издрогираш од кофеин :D Прочитај колку е максимално дозволено дневно внесување на зелен чај..или исфрли го целосно кафето, немој и тоа и тоа, да не треба после валеријана да пиеш :rofl:
     
    На Markusa2, najubava2010, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Кај мм после две недели има резултати од ѓумбиров, кај мене после два месеци. Намален обем - мм сабајле облече панталони што ги нема облечено од есента :rock: а јас вчера облеков ленени панталони (се спремам за одмор) што не сум ги облекла од пред бременоста :rock:
    Ама кај мене, како што кажав, си има доста работа, уште доста за слабеење (иако мм не би се сложил, освен за стомакот). Кога како подвежбувам, низ дома сум доста активна со малиот, ама не е доволно :(
    Инаку, јас си имам и гревови, ете сабајлево изедов една баничка со сирење :$ а вчера скара јадев :$ после цела недела постење. Ама не верувам дека ќе продолжам со калоричнива јадења. Инаку, мислам дека постот прилично ми помогна да се ограничам во некои работи (читај благо) и сега ми е полесно да одолеам на таков предизвик.
    Јас обично го почнувам денот со овошје, не задолжително јаболка, ама мешано овошје, цитруси, киви, банани (да, банани), некогаш со житарици, некогаш само овошје. А задолжително пијам од зелениот чај на Виталиа со лимон и ѓумбир, две шолји дневно, обично после јадење, мислам дека ми помага во варењето. Има ефекти, иако после одреден период. Затоа девојки, ако реално немате мака со ѓумбирот освен нагонот за повраќање, истрпете го тоа, ќе се навикнете. А да не ви кажувам како ги разработува цревата...
     
    На ludoto19, Bright, Noemi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.645
    Пол:
    Женски
    Малку јас да ви се замешам со ова ѓумбиров, да го барам во Дм ќе го има? Има некои призводи од виталиа, ама сте го виделе ѓумбиров?
    Конкретно за тој ДМ на бит пазар тој највеке ми одговара.
     
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    A што ве чуди? :) Знаете дека кога е човек на диета баш тогаш се живо му се јаде, и тоа е нормално бидејки имаш забрана да јадеш одредена храна.
    Мене среќа па ми помина кризата со ПМС :devil: проклет нека остане.
    И еве денес да си се пофалам, ништо не ми се јаде, барем до сега, и немам некоја посебна потреба да гњетам.
    Камо среќа до вечер да ме држи ова нејадачко расположение и до утре уште еден килограм во минус ќе бидам. Па, до крајов на месецов ќе прогласам mission complete. Ок, де, не целосно ама првите 10 килограми официјално ќе бидат симнати, иии идемo даље. :rock:
    После ми се чудат дома зошто месецов чим почнува јас чекам да му дојде крајот. :lol:
     
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Леле ѓумбиров! :doh: 0,2 вода + пола лимон + 1 лажичка ѓумбир... и за малце ќе повратев. Од сега само со пола лажиче, не планирам денот со нагони за повраќање да ми почнува.. денес пак и понеделник... супер :drunk:

    Браво за Моира, Аnnath и маж ти, мотивирате, да знаете ;)
     
    На ludoto19, Moira и Annath им се допаѓа ова.
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    13.020
    Пол:
    Женски
    Брајт, ѓумбирот со цел лимон прави го, така рече Моира :)
    Инаку јас почнав да го навикнувам полека. Гаден ми е уште, ама барем ги немам веќе нагоните за повраќање. Почнав полека да ставам 3/4 лажичка ѓумбир.
    Се надевам на резултати.
     
    На Bright и ludoto19 им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.460
    Кај најдовте сега за ѓумбирот, кога сум бремена ]:) .
    Знаете, јас се си пробам :D .
    Ама ако, ќе си го чувам за после пораѓај, ќе ми треба и те како :nod: .
    А дотогаш ќе анализаирам резултати :D
     
    На Bright и ludoto19 им се допаѓа ова.
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Моирче јас прашував дали може одма откако ќе го испијам ѓумбиров да јадам или да почекам 10-15 минути да речеме, иначе мене доручекот ми е најчесто овошје т.е. јаболка 2-3 помали или една поголема, вчера бурекот ми беше за да го смирам желудникот зошто ми се превртуваше од превише алкохол. А еве денес си испив ѓумбир, пола лажичка во чаша млака вода и за чудо не ми е дотолку лош ко што го зборите и изедов 2 помали зелени јаболки.

    А за чајот не го пијам јас чаша по чаша, туку првин во ѓезве си растварам 2 или 3 филтер кесички зелен чај + 1 нане или камилица, откако ќе одстои тоа некој 20 минути си го растварам во флаша со 1/1.5 литар вода и си го пијуцкам нате-нане цел ден. Не ми е прв пат, одамна јас така си пијам и не ми пречи. И подобро ми е, знам дека имам цел ден да го испијам чајот и дека ќе внесам доста течности и + вода, зошто иначе слабо пијам, 2-3 чаши вода преку сила.

    Денес за ручек спремам свински коленици и потколеници, варено/пржено/печени со ориз во сос од зеленчук, и наравно без леб, за вечера веројатно два поголеми моркови ќе зобам и толку ќе ми биде јадењето. После ќе протрчам малце и ќе поскокам на јаже и доста ќе биде за денес.
    Јуле не изводи сега и ти, уживкај си во бременоста, а за слабеење и за ѓумбир ќе имаш време. ;)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Ајјјј, јас онака од ракав истресов за бурекот, ко тоа - ти стварно си јадела вчера :rofl:
    Немаш проблем од јаболка, јас само тоа јадам до 17 саат секој ден, и супер се чувствувам.

    За вториот болд - не смее зелениот чај да се остава по 20 мин. Уствари, тој не смее да се остава повеќе од 5мин (3 е идеалното време), зошто после тоа станувал токсичен (прогуглај, ова ми го кажа пар кој живееше во Јапонија и редовно го конзумираат).
    Нека ти отстојат другите чаеви, ако сакаш, ама зелениот ставај го последен, и вади го по само 3мин

    Еве зошто е добро да јадеме јаболка секој ден
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    а зелемиот чај исцеден колку време можи да седи???јас варам 1кг и си го пијам во текот на цел ден???
    а ова лутото и ѓмбирот да ви кажам кај мене НЕ делува цревата мој се толку мрзливи што кога одам во вц скокам од радост, можи треба да ја зголемем дозата на 1лажиче ѓумбир
     
  19. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Женичкииииииииииии :D
    Јас си пијам ѓумбир (точно дека има поспецифичен мирис и вкус, ама не ми смета многу,колку што викате вие овде.. :?: ). Почнав да вежбам по дома :angel: ... А планирам од утре да почнам да пијам и зелен чај!


    Иииии, јадам здрава храна веќе 2 недели, се чувствувам многу добро, 8) кај и да е, ќе има видливи резултати :!:
     
  20. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Во врска со ѓумбиров и јас да си кажам :D
    Треба да се пие на сабајле на гладно со млака вода со лимон ако е во прав
    или да се исецка малку од коренот ако е свеж и да се промеша со лажичка мед и малку цимет .
    Јас ја правам вторава варијанта , затоа што ми кажаа дека свежиот бил подобар заради некои влакна што ги содржел во таа форма и со медот некако подобар ми е вкусот не е толку гаден .
    Нутриционист ми кажа ова да го правам 3 пати во текот на денот ,
    на сабајле на гладно а другите два пати 30 минути пред оброк , затоа што само на тој начин ќе го забрза и подобри процесот на варење на храната.
    Добар е за топење масти (во што лично се уверив) , подобра циркулација и многу добар афродизијак :lol: , затоа продолжете да го користите во пакет со партнерите :D

    Инаку на темава да си се пријавам и јас си се ставив на ,,пролетно чистење ,, на организмов , паралелно со велигденскиов пост. Режимот ми е налик на УН диетата со која лани ослабнав бајги .
    Малку си се запуштив последниов месец(или два :$ ) , запоставив и вежбање и се :$ но еве ветувам дека ќе си се вратам во нормала .
    Поздрав девојки :*