6ти ден, скробен, појадок јаболко и две киви (морав посилно апче да пијам), ручек ориз во тавче со свежи шампињони потпечено и салата домати,малку маслиново и босилек и вечера ќе биде супа.
^ Лилит појадокот треба да е две исти овошки, а не различни. Подобро само киви или само јаболки, па макар и 3 да се. Вечерата е пола од ручекот. Супа и тоа бистра можеш во протеинскиот, но не и денес.
Да си ги исповедам гревовите Spoiler Јадев парче пица и парче торта и чаша(мала) кока кола. и тоа со таков мерак ги изедов леле леле, ми се чини секое симнато килце го вратив Криво ми е ама ајде крв нека ми се стори И се измерив, не издржав пустото не можев ме повикуваше вагава Откако почнав па се до сега имам симнато 6 килограми и 700 грама, ама нали јас на 7 си заокружувам затоа што сум (пре)јадена. Јас сум многу задоволна Е сега имам уште многу, поточно премногу за симнување да си бидам искрена, ама се надевам дека ќе идржам и нема да тргнам по некој лош пат повторно.
Ѓумбиров не ви го пијам, ама ќе си се навратам на старата љубов-лути феферони и лут буковец. Буквално со секое јадење јадев, но во бременост прекинав оти ми сметаше а после изгубив навика. И мислам дека заради тоа почнав да се дебелеам
Знам дека треба,ама денес така испадна,ај донт фил вери гуд тудеј. (со тоа што не јадам леб,а може,па едно јаболко нема да направи штета) Супа не е кокошкина или не знам каква, туку зеленчукова чиста,со дајкон и компир и тук таму карфиол со бибер и сол зачинета,ама уште не сум ја сркнала,немам желба.
Со млака вода од бојлер ѓумбиров нема шанси да го пијам. Други проблеми ќе си начукам затоа, 200 мл. си ги греам на шпорет прво па ставам ѓумбир и лимон цедам. Мене ми е вкусен напитоков, штознам
Здраво,јас сум нова на форумов и се зачленив токму заради ова.Постојано ве чиав во темите за диети,бев најредовен гостин. Јас имам 14 години (за месец ипол 15) и сум 8-мо.Сакам до почетокот на септенври додека да почнам средно да ослабам,навистина ми смета вишоков.Треба да симнам 20 килограми,доволно ке бидат и ке бидам таман.Ама како? Не е така лесно како што изгледа.Секој почеток е најтежок.Се откажувам пред да почнам.Сакам да ја почнам УН диетата но никако да ја почнам.Ми треба поддршка.Им се восхитувам на сите тие што успеале,можам да кажам само едно големо браво ,бидејки навистина не е лесно.
здраво друштво ве читам редовно и можам да кажам дека се мотивирам од некои од вас навистина поцнав да вежбам пред 10 денаи за една недела со редуцирана исхрана и вежбање во теретана по 2 -2,5 часа симнав 2 килограми значи - 2 килограми за една недела јас сум задоволна сега за сега наредено мерење во понеделник па ке ве информирам ако има некој прашање
Ајде и јас да се исповедам Почнав со ѓумбирот, значи една шоља за чај топла вода со пола лажичка ѓумбир во прав и еден цеден лимон, па и не е толку гадно акко што кажуваат. Денес ми е четври ден и ок се осеќам. Е сега за начинот на исхрана, си направив јас свој режим. Сабајле нели наместо афе пред работа си пијам ѓумбир, во 9 кафе, во 9 и 30 доручек кој се состои од овесни снегулки потопени во јогурт, околу 12 на ручек една рака бадеми, за ручек се (компир со салата, месо со салата, ориз со салата, риба со салата, нели да не се мешаат) и никако леб. За вечера, ако ми се пријаде јадам морков или два или зелка парченце некое. Сега за сега добро се снаоѓам, а ако ми дојде криза за благо се частам со едно бонжита, па ќе видиме како ке се покаже овој мој режим. Поздрав
Најдобро ви е житариците да ги јадете со свежо цеден сок, или пак со растително млеко (препорачувам бадемово) за да не се чувствувате подуени. Јас, како добропознат љубител на млеко, успеав да го исфрлам целосно од мојата исхрана. Пијам ретко само јогурт, ама уште сирењето не можам да го откажам.
7ми,јагленихидрати. Појадок,две јаболки. Ручек,Пица со кечап, оригано и малку кромид и пиперче. Вечера...ќе видам,не знам,може некое бело пециво ќе земам,не сум по тортите,а и ми мина меракот за сладолед. 3 кг помалку ми покажува вагата,плус добив,уште некој ќе се смали за ден-два. Како и да е,не планирам да се зафаќам со цела УН,тоа е многу долго за мене. Може уште два круга ќе терам вака и после уште два круга турбо УН. А и ... не вежбам умерено,туку исцрпувачки,што вибрирам целата откако ќе завршам. По половина час орбитрек, вежбите од планот тука што го поставив,плус имам апликација на мобилниот,па од неа уште половина час кардио вежби.
женски може некоја од вас да ми каже ефикасна диета, се здебелив 7 кила за два месеца, се обидував нешто да ослабам, ама слабо, пред две недели почнав со диета, и сум се здебелила уште две кила.. -.- а и плус вежбам секој ден, пијам 2л вода, веќе губам надеж да си ја вратам старата тежина, не се поднесувам вака.. фала ви
почни да посетуваш тететана и таму ке добиеш совети во врска со исхраната а килограмите здраво ке си ги изгубиш и реално потешко се вракаат килограмите изгубени со вежбање отколку со диета
Сепак лапнав домашна бајадера едно парче (сум го мерела со линијар, 7 сантими на 2 големо ) и некоја си паста до пола,како торта,ама мало парче беше. Не можам со благово значи...
24/90 Доручек:Банана Ручек:3 варени јајца со марула салата и едно лепче Вечера:2 варени јајца со малку павлака и едно лепче.
Ме примате назад? Нека да Прво, да ви се пофалам, вратив само, читај убаво, само три килограми откако завршив со УНот И пошто е веќе крајно време да престанам да се опуштам со гнетење, од утре пак ја почнувам УН диетата Знам, можда требаше одржување, па едно друго, ама немав упорност до толку, па сега пак ќе си почнам регуларно, и ќе се обидам да се направам шланг Веќе ми е испланирано менито за неделава, сега ми треба мотивација
Милка млечна од големите ја делкам 10 дена, бавно пополека, по некоја коцка или ред... ама денес криза ме фати од учењево и последните реда со мерак си ги изедов, и дека забрането уште толку ми се виде слатко и неодоливо И затоа.. сега сум +20 грама благо Да трчам околу зграда или да се радувам што веќе немам ништо благо в кујна освен кафеав шеќер?
Јас мислам вака што пишувате дека сте изеле милка чоколадо, скара, ова,она... повеќе ни го отварате апетитот и не гледам никаква поддршка за сите што сакаат да ослабат ( нели де, за тоа е темава ) Гледам дека некои си пишуваме што сме изеле во текот на денот, дали сме направиле некој пропуст или не, ама дајте бе женски нека биде тоа во спојлер, мене ми се пријаде сега благичко од ова што читав Ја отупивме со ѓумбирот, ама да ви се пофалам дека кај мене почна да делува! Забрзан ми е метаболизмот и почесто одам во wc. 1ви април се наближува ( знам дека повеќето девојки тогаш ќе се мерат) ,па ви посакувам успешен остаток од овој месец, work hard-play hard , и сигурна сум дека ќе ги постигнете посакуваните резултати! Се надевам и јас во тоа, иако нема да се мерам на 1ви април, мислам сеуште е рано, џабе ќе се демотивирам така
девојки а да ве прашам дали ѓумбур и џумбур е едно исто оти сегаде по сите маркети го најдов како џумбур не ѓумбур јас мислам дека е едно исто