Здраво, прв пат ја отворам темава и додека ја листав видов дека еден период сите ве фатила ѓумбир-манија, па ајде и јас да го споделам моето патешествие со ѓумбирот. Значи цел живот сум на диети и највеќе имам ослабено 3-4 кг. Минатото лето решив работите да ги превземам во мои раце и да се ослободам конечно од салцето.... и успеав од 67кг за месец ипол да дојдам до 58кг(инаку со 67 изгледам огромна бидејќи ниска сум а и имам крушка форма на тело па така стомакот, спојлерите, нозеве и задникот ми се шират ненормално кога се дебелеам). Значи го здогледав ѓумбирот во кујна и прогуглав да видам за што е и оп кога гледам за слабеење бил Секој ден пиев чај од ѓумбир 2 пати дневно, 2л вода дневно, леб јадев само 1 кришка со ручекот и не јадев после 18ч, балаго пак си јадев ама помалце, а се друго нормално си јадев колку ми душа сака. Од кога почнав да го пијам ѓумбирот почнав во вц(по голема нужда де ) да одам и по 2 пати дневно а порано одев еднаш во 3 дена. Исто така трчав покрај кеј 3 пати неделно по 20минути и секое утро правев по 20 чучни-стани и стомачни колку можам. И што е најважно си ги задржав килограмите се до зимава аама признавам дека се подув од јадење. Сега решив да се напаравам ептен шланг па така освен горенаведеново ја почнав и УН и секој ден вежбам по 1ч вежби за затегнување а да се потстопли времево па ќе го посетам кејот И за крај: се се може ако се сака а кога еднаш ќе видите што можете да направите со вашето тело, никогаш повќе нема да се помирите и да си дозволите да бидете она што сте биле порано. Првиот чекор до промена е маратон, ама затоа секој нареден пат со спринт ќе одите до целта зашто ќе знаете што ве чека Поздрав
јас пушено мисиркино(гради) јадам коа се има купено на рефус, сега здраво-незраво незнам, ама нема калории 3 парчиња (кришки) имаат 60 калории имам у замрзивач пушен батак, ме мрзи да го одмрзнувам инаку јас овде сум за ѓумбирот да си се вратам на мојата тема јас не можам да приметам дали ме тера често во веце, оти јас и така си одам многу често . го пијам и ќе продолжам, искрено му отрпнав веќе, по 3-4 пати пијам на ден, плус и навечер, јас немам проблеми со спиење, мене батка ако ми се спие жива сила не ме крева
^Jас пијам по еднаш на сабајле ѓумбир и без 3пати да одам во wc не сум. Така да кој има проблем со столица ова му е лекот.
Мече, јас за ова со крвните групи го знам уште многу одамна... ама мислев дека мојата исхрана ми е погодена во однос на тоа што го внесувам... демек нели, крвна група А - вегетаријанци, ова-она... Единствено мислев дека утнувам со јогуртот и со сирењето... ама сега кога ја отворив оваа табелата, подеталната... се запрепастив... Всушност, се што јадам јас не ми одговара на крвната група... ајде, месо не јадам, само пилешко, ама редко и тоа + пилешко според табелата ми одговара... Гледам рибите ми одговараат, барем тие што ги јадам... Ама луѓе бе... домати, зелка, печурки, пченка, компири, чај... па на овие работи се заснова целата моја исхрана... Една добра страна... излезе дека смеам да јадам јогурт и сирење, само за млеко важело тоа не... И ајде сега, според табелата, би требало 2 оброка дневно мусли да ми бидат ( затоа што очигледно само житариците, јатките и овошјето не ми е забрането) и за вечера евентуално лукче, кромидче и праз... И после правец диско... или најверојатно ќе си легнам затоа што ќе ми падне притисокот... Ах, и портокалите, милите мои портокали... еве уште еден тука има останато и го гледам, дали да го јадам или да го фрлам Ах, и за забрзувањето на метаболизамот... јас пијам лажичка-две ленено семе наутро со чаша-две вода... Го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот... Кисели краставички не смеам бе
Од понеделник и јас почнувам ,но ке држам диета што сама ке си ја измислам бидејки ниту една диета не ми е онака баш добра и погодена.УН диетата е добра,се слабее според мн,но не можам сабајле да јадам овошје и немам кога,а цело сабајле додека сум во школо да не јадам не можам.До 1 ипол во школо,станата во 6 ипол и само со едно јаболко? Дури и 2 јаболки не би можела само со тоа.А и како што не памтам кога сум јадела овошје.Не викам дека нема да јадам,нормално дека ке јадам овошје,ама сабајле само со едно овошје не,не.
се двоумев дали да го пишам мојот проблем али сепак решив да го споделам со вас... три месеци сум вкревет имав големи болки во грбот и ногата лева се снимав на магнетна имам два издујани дискуси...вчера бев битола дојде специјалист ортопед од филип втори да ме види од скопје...ми кажа се отворено дека морам да ослабам 15 кила вежби да прам за истегнување на грбот...иначе постоела можност да останам инвалид...цел ден ми беше тешко и плачев само едно ми се врти низ ум и без благо и без се се живеј само не без нозе наредниот месец треба да одам на контрола докторот ми рече ако не направам ништо од тоа што ми рекол да не сум одела воопшто поќе кај него...сакав да ве замолам да ми кажите која диета е најефикасна за да можам да ја држам бидеќи не сум способна за физичка активност...планирав да ја држам диетата на обединетите нации па би сакала ваш совет да слушнам...
Има свежо мисиркино во Тинекс, пакувано е додуша, по два стека одат во пакет, производ на Виндија. Јас само такви сум видела. Гледајте таму кај што има свежи стекови и батаци, таму се. Инаку, замрзнатите се оние свежите на кои им поминал рокот. А мисиркиното месо е посно, вкусно и богато со железо, затоа и е препорачливо. А дименото баш и не е здраво, не само што не е за диета.
Еве и во ВЕРО имало свежо,само што донесе татко ми. Така што навалете. А нема во секој Тинекс изгледа,затоа што прашувале моите,немало. Не знам од кај им текна оваа политика на нашиве маркети да имаат различни цени и различен избор во нивните маркети на различни локации. Значи ненормално нервира. Ќе ги разберам пензионериве со возакањево по автобусиве зошто за не знам колку денари некаде нештото било поевтино.
Вчера ветив слики, ке ставам пред и потоа, да го споделам мојот успех за овие 27 дена. Пред: Spoiler edit: заборавив да напоменам дека тука носам и мидер... Немам слики како сум сликана исцело, но, се потрудив да доловам две каде што можете да процените колку сум била пред 27 дена. Моментално: Spoiler ставив во ун, ама ај, да се пофалам и тука. на овие две слики, нормално не носам мидер..
Браво BonnieTop само така продолжи немој да се откажуваш да знаеш ќе те следам кога ги видов сликите како да си се видов себе, не ми текнало да си се сликам за да не се откажувам и повеќе да вежбам
Како сте диеталки? Се спремавте ли за мерење на први, еве го дојде Јас не знам колку и дали ќе покаже вагата минус, ама веќе чувствувам промени, верувам дека имам скинато барем две кила, па ќе видиме. За прочка знаете дека направив прекршок, два дена јадев како луда, ама толку беше, потоа се вратив пак на режимот. Од ѓумбирот изгледа ќе се откажам ако не се навикнам во скоро време, многу ми е грд. Ќе си купувам може свеж за во салата, така повеќе го поднесувам. Инаку си уплатив и за третмани за слабеење, ги начекав ептен евтино, 10 стимулации и 10 боди врапинг, па ќе видиме дали и тоа ќе даде некој резултат.
Mygirl ако не е тајна пиши ми во приватна порака каде има евтини третмани за слабеење? Јас исто така барам некаде по поволна цена бидејки ми е потребна за колковите. Благодарам.
бони топ разликата е очигледна прекрасно изгледаш стомакот ти го нема жено како успеа да го симнеш со вежбање??? дај пиши молим те инаку за похвала си супер си срцка
Ева, во целата диета а начин на исхрана не сум вежбала ниту минутка. Едноставно немам време да вежбам но премногууууууу сум физички активна. Нон стоп работам - на работа, приватни работи па така ми се собираат добри 15-18 часа во денот одење, трчаници, работење а со тоа и топење на салото. :geek: Сакав да вежбам според советите на Џулијан но се откажав пред да почнам а сигурно би имала плус резултати, немам време ни очи да измијам, камоли Џулијан да ја пратам. Цел ми се уште 15-20 кг и ке бидам супер задоволна!!! само едно ме мачи - градите. Ни малку не ми се намалени, зарем навистина ке треба да штедам и средам истите на друг начин?
бони морам да се пофалам и јас за една недела вежбање во теретана и редуцирана исхрана си симнав 2 кила немам многу засимнување едно 6-8 кила сега у понеделник баш ке видам оваа недела колку сум симнала па ке пишам тука значи ти за 27 дена си ослабна од ун така? а за градите барем за мене ке си кажам секогаш ми се толкави балони големи и со малку и со многу килограми не сакам да се радувам пред време ам аденес се качив на вага ми покажа-5 за овие 2 недели вежбање али да н ебрзам званично у понеделник ми е мерењето пред тренинг с надевам нема да се разочарам
Браво. Ти имаш помалце вишок па затоа и поспоро оди. Јас имам многуууууууууууу па и побрзо оде. Многу убаво се чуствувам кога облечам некое алиште и застанам пред огледало, не дека сум таман али далеко подобра од пред 27 дена. Иначе скоро и да немам алишта за облекување, се ми е големо али не планирам да купувам уште овие два месеца. Решена сум и одам до крај. Ке ги теснам фармерките кај шивачката. Иначе да, оваа мала трансформација ми е за само 27 дена. Пред тоа конзумирав нездрава храна, газирано и тако даље... Ун ме научи поинаку .. подобро речено ме превоспита и тоа на подобро! Уште од самиот старт ја држам доста строго, ако сум прекршила еднашка и тоа мала грешка. Незначајна. Значи кога сме решени во нешто тоа и го можеме. Не се познавам, дали е ова навистина бони, до пред 27 дена имав сосема друг поглед кон овој свет...
Ме мачи режимов, ама навистина...Тешко го поднесов денес. Божем реков построго, ама нема ден да не изедам по 3-4 коцки чоколадо, некогаш и повеќе. На пример сабајлето изедов макарони со малку сиренце и 2 лажици компир со пиперки столчени внатре. Се каам бидејки планирав течен да го правам. За да надокнадам вежбав 1 ипол час, уште 800 калории согорив на орбитрејк од инат. Почнав да плачам разочарана од минималните резултати после два месеци и една недела во обем. Имам симнато некаде околу 10-11 килограми, ама ми се чини дека немам мрднато ниту сантиметар во обем бре. Btw и вагава не ми е точна! Ми покажува 73 килограми, ама не и верувам. Јас се мислам дека имам 80 и она ме лаже цело време, а јас си се тапшам по рамо дека не сум далеку од успехот. Оф тешки маки аргатски. Што сторив јас за вака да се мачам? Не ни јадев премногу. Јадев нормално, како сите нормални луѓе (со брз метаболизам).
Не се разочарувај остај ја вагата на страна и почни да се мериш со метро 1 во 2 недели и тогаш сигурно ќе видиш резултати на себе. Затоа што си преоптоварена со вагата остај ја малку да одмори
Јас мислам дека дека е обратно... Вагата е преоптоварена од мене. Кутрата, ја жалам. Јас, мајка - ми, татко - ми, сите колективно како договорени во ист термин. Ќе се потепаме кој попрв да застане на неа. Од дневна, до мојата соба, па се до кујна стаса денес. Не би ме чудело и фрлена од тераса да ја најдам некој ден, бидејки на крај усвет ќе фати од нас. Инаку, јас мора да се мерам за да видам имам увид до каде сум. Вообичаено, јас имам едно правило до кое се држам од почетокот на држењето на диетата. Ако не е остварена целта до крајот на месецот, макар и крајниот ден ако треба ќе ја постигнам по цена да се исцрпам себе си. Таква сум, и досега тоа добро ми оди. Целите од прилика се постигнати. (Оние реалните наспроти оние оптимистичните). Имам солиден резултат во однос на симнувањето килограми... Е сега, она што мене ме демотивира е тоа што не се познава на мене. Сакам бар уште 5 килограми да симнам следниов месец, па до крајот да не бидам повеќе overweight. Бидејки доста ми беше, и морам. Вагата ме мотивира и разочарува истовремено, но како дрога е и не можам да се откажам од стоењето на неа.