Кенди јас како што забележав од сликите слаба си. Колку килограми имаш? До колку сакаш да се доведеш?
Па да не се повкусни демек и затоа ги земав, ај нареден пат од другите Инаку Ливинг, Кенди нема никаква потреба да слабее, ама ајде нека тера.
За тие што сакаат да си го стопат стомакот, еве една другарка што нашла на интернет: Ама се израдував кога прочитав, како што сум голем љубител на јогурт и имам гооолем мев, мх,мх!
Епа доста беше од таратурот.Денес си бапнав еден чизбургер оброк од Мекдоналдс Сеа ќе се фрлам на зумбата.Едно три пати има да ја изиграм ,под казна
мис на здравје нека ти е денес: портокали(многу!4!), семенки од тиква (30г) и уште две јаболка за вечера... некако се навикнав на овошниве денови (секој би се навикнал со толку портокали, ама ајде...)
Диетава слободно може да се нарече РН-диета Не за друго, РН односно, водородниот показател е оној кој ја одредува киселоста од. базноста на средината. Основната храна е всушност базната.
Од сите прослави околу матурските си качив неколку кг. па бидејки си се осетив дека ми сметаа сакав да си се вратам на 52 кг. така да ...си планирам да си пазам што внесувам т.е. колку внесувам во мене од храна...а теди па колку човек и да е слаб си има некои комплекси секогаш за своето тело никој не е идеален...јас си се здебелив во газот и во рацете па најмногу заради тоа намалив со јадењето...
Ајде и јас да си го кажам менито на кое се придржувам 2 недели и сум малце ослабена: -појадок:двопек со јогурт или мусли -ручек:тоа што го спремила мама(мусака,ориз со спанаќ,компир салата,...)без леб -вечера:ништо или еден морков Меѓу оброциве пијам зелен чај,многу вода и по некое јаболко,краставица,морков,...Ах да,одам и на фитнес 5 дена во неделата.Што мислите,за месец и половина,со вакво мени,ќе симнам ли уште нешто?Што би смениле вие?Ајде ми треба вашата поддршка
МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ&МЛЕКО ПОМАГААТ: @Консумирањето на млеко и млечни производи кои содржат мал процент масти, треба да биде дел од секоја диета.Повеќето луѓе знаат дека овие производи содржат големи количини калциум и дека поради тоа помагаат за зацврстувањето на коските. Но, малку луѓе знаат дека калциумот го спречува зголемувањето на тежината, затоа што го забрзува процесот на топење на масните наслаги.Консумирањето на млеко и млечни производи ќе ја одржи вашата половина тенка и му помогне на вашето тело да се бори со остеопороза и висок крвен притисок. СОВЕТ ЗА РАМЕН СТОМАК: @За да имате убаво оформен и рамен стомак, потребно е да јадете 6 пати дневно за да го зачувате балансот помеѓу внесените и потрошените калории. Доколку ја одржувате разликата помеѓу внесените и потрошените калории во границите ±300 до ±500, тогаш ќе согорувате масти, а ќе ставате тонирани мускули. Можда оф топик испадна тоа со советот, но ајде на некој можда и ваљда од помош ќе му е. Инаку јас за вечера испирирано од лудото си направив таратор со 3 ротквици, 1 јајце и 1 кисело млеко [додадов една кисела краставица]. Набргу ми се згади и изедов само 1/3 од вкупните калории, што би значило околу 150 калории. Овие 3 дена од диетата активно не дозволив благо, али утре е сабота. Предлог за нешто благо што ќе не најаде [засити] до 300 калории? PS: Ајде дајте и предлог за ручек, до 350 калории.
Јас ќе ве подржам со следново мени: Spoiler http://doktori.mk/element/view/4d75708f2ccf3/kreativno-i-zdravo Кога би имала да бирам пред мене вакви вкусни ’специјалитети‘ или нешто пржено, плескавици и сл се знае дека би победиле декорацииве! Особено wall-e!
предлог ручек -спанак(потпечен со малку водичка и кромидче и лукче) со кисело млекце и краставички -варени макарони 150 гр и томатело или домати -пире од моркови и еден компир (варени па пасирани без млеко, само во малку водичка од морковите) -супа од зелка-онаа магичната -варено јајце (или 2 )и марула е сеа за грамови во однос со калории пресметај при готвење толку ми текнува сеа јас за да не користам многу сол, во секое јадење си додавам сув лук и кари. и што е најважно овој сувиов не шири миризба како свежиот. мислам дека нешто од ова ке ти се допадне
хаххахахаах е па сеа и ти воден сладолед а? ама 4 саати после ручек има едни сладоледи диетални, лани ич не ми текнува кај го купив...штета. ке го најдам па што сака нека биде. или направи си сама...изблендирај јогурт со овошје...пр јаготки...во замрзнувач и ете сладолед
Не сум на диета, ама имате поддршка од мене сите диетодржачи и здраво храначи (во кои спаѓам и ја). Ако сте принципиелни и упорни, само така ќе успеете, а после крајниот резултат за кој се жртвувате верувам дека ќе се одрази и ќе се исплати, па не вреди да се одкаже на почеток или на пола пат за она чувство ко ќе се погледнеш во огледало сосема задоволен од изгледот. Плус од мене, во последниов месец си создадов здрава навика зошто не бев навикната секој ден да јадам јаболко, а сега мора во еден ден барем 1 овошка да изедам, нема ден да не каснам барем едно јаболко, освен кога нема купено. И си пијам повеќе вода од обичаено. Ако сте гладни, а ви се јаде, а не сакате да си дозволите да ја прекршите диетата и да е забрането, каснете една рака не полна ореви или бадеми ако се калорични заситуваат колку толку, за бананата знаете. Или една чаша јогурт или вода заситуваат, го полнат желудникот и даваат чувсто на ситост, за вас прочитаново ништо ново нели ? Само да ве подсетам
И од мене имаат подршка сите,битно е да се знае дека секој може да успее ако е доволно упорен. Јас ослабев 5 кила,кога си зацртав дека веќе вака не може. Едноставно не си се допаѓав сама себе си.Претходно само кукав,сакам да ослабам,ваков да ми е стомакот,вакви да ми се нозете..Само по себе неможе да дојде. Мора да се потрудиме и да направиме мала жртва. Строгите диети,гладувањето,апчиња и слични залажувачки методи не оправдувам воопшто. Само редуцирање на храната,целосно исфрлање на штетните продукти... Секако во момент на криза дозволено е мало задоволство.. Повеќе течности,овошје,зеленчук..ми звучеше невозможно вака да се хранам..но сега организмот си е навикнат и не ни сакам мрсни јадења. Првите две недели максимум се тешки,потоа шибате и не сте опседнати со јадењето. Порано нон стоп грицкав нешто,сега таа навика ја исфрлив. Варен стек,супа,туна,палента,јадам и манџи..но не јадам леб. Порано јадев по 5 парчиња дневно,безразлика што беше ржан.Јадам ретко онака еден залак или ако немам време за друго па морам да јадам пециво на факултет. Можете да јадете и тестенини,но без ништо.Читав дека тестенините всушност се здрави и диетални,тоа што го ставаме врз нив е тоа што е штетно и калорично. Со среќа на сите и се надевам ќе успеете во вашата цел.
Јас вечерва си сторив грев во чест на една другарка. Ама утре ќе се држам цел ден на овошје, вода и салати(сиромашни салати). Бевме во рестораан и јадев пилешки прсти без леб и пола печен компир. Па се напив кока кола и две чаши вода за да ја разредам ... и што е најлошо половина парченце торта. Ама не бев ручана освен сабајле нес и банана, и еден ташир супа после... се на се немам преку 1300 калории внесено ваљда ... Криво ми е ама мораше да се деси. Е така, морав да споделам со вас ... некако како грижа на совест да ме мачеше. Сега мирна ми е душата.
Во ред е тоа теди, според мене си можела и цело парче да изедеш. Ете јас денес станувам и мн. ми се јаде благо, али ќе издржам и денес без него.
Tеди, не се разочарувај, денес е нов ден па многу јасно луѓе сме, убаво вика Tрендафиљ, нема само на треви да живееме! еднаш во 10 дена зашто да не си дозволиме пообилно јадење, дури и кога сме на диета! Tака да, заборави на вчера, денес продолжи си со диетата! не си внела кој знае колку калории, само немој кока кола ни во иднина да пиеш, една чаша има 17 мали коцки шеќер подобро 2 парченца торта да си изела отколку кола кола! газираното е смрт да знаеш! Jас општо не го пијам, не ми е убаво, а плус и полно е со скриени калории!