Девојки мајками околу 1 саат се врати од работа и донесе цела кутија чоколатца атлантис, бев на чекор од одкажување фалеше еден момент да се откажам од диетата и да им се покорам на чоколатцата, се почуствовав како цел живот ништо да немам јадено толку ми се пријаде и ме заболе желудникот ... За среќа поточно за прв пат во мојот живот си се надминав себеси и не посегнав по чоколатцата и еве уште се ми пред очи и не ја пружам раката, се чуствувам ко да се ослободив од нешто, од нешто што постојано ми велеш :има време за диета од 1 чоколатце ништо нема да биде, а потоа ми велеше:кога од 1 ништо не е земи уште 1 и уште 1.. 7 дена на помалку храна + вежбање на орбиттрек =-2кг т.е. 2кг изгубени течности како и да е се радувам што успеав да кажам не на храната која најмногу ја скав т.е. бев зависна од нив ии секако честитки за Бонитоп
Јас кефој денес. Бев во болница и реков ај на дигитална ке се вагам. И се качувам , арно ама со се се облечена и вентијага и чантето што го носев, а и ситни парички бев полна во џеб и кога гледам вагата кажува 63.5. Абе ајде си викам само 5 грама а скоро 2 недели поминаја. И се сетив тргам вентијата и чантата се качувам ом одма помалку 62. 5. Кеф , кеф , кеф Сигурно имам точно 62 бидејки на мене имав се од облека, блуза, тренерки, патики. Пресреќна сум. Сите ми кажуваат демек и фацата ми ослабела.Некои кажуваат да престанам , некои да продолжам. Јас ке продолжам до на лето и потоа почнувам со вежбање. Велосипед, трчање, пешачење( иако прееемногу пешачам), можеби и втеретана. Сега одам на екскурзија и ке си се подновам со нешто. Можеби ХЛ фармерки тешко наоѓав , но М секогаш има .
јас уште си се чудам како можам да бидам ослабена во обем, а во килажа + 1 кило сеуште имам менструација, ама до толку па да ми јавува? :/ ме изнервира, ама ако, нека си стојат, јас си продолжувам со режимот на ирена засега сум -3 цм. во половина и -2.5 во долниот дел на стомакот. Инаетот е голем, башка друго
Пак се направив слонче Се бањав вчера( пошто нели недела) и гледам-немам струк Ми иде да пукнам Од утре морам да бидам на диета, ама онака-1 портокал, 2 варени јајца... Сега да ги разгледам диетиве-па да си одберам една...На вага незастанувам,страв ми е.. Сега си јадев тост со компири...од утре брокула
Девојки,како одеше турбо ун со распоредот на деновите?! Ја најдов,па ја изгубив и сега... крц... не ми текнува. Протеински, скроб,овошен,протеински,јаглени,овошен и така два пати?!
^ BonnieTop напиша: Шкорпионче, јас како што читав Турбо УН препорачливо е да ја држеш во вториот месец од Ун односно најдобро да се испланира 12 дена пред вториот воден ден. Турбо ун не забрзува слабеење веќе го `буди` организмот, го забрзува повторно бидејки веке се навикнал на овој режим и стагнира. Еве го и неговиот распоред.. 01/12 - Протеински ден 02/12 - Скробен ден 03/12 - Овошен ден 04/12 - Протеински ден 05/12 - Јагленохидратен ден 06/12 - Овошен ден 07/12 - Протеински ден 08/12 - Скробен ден 09/12 - Овошен ден 10/12 - Протеински ден 11/12 - Јагленохидратен ден 12/12 - Овошен ден Прогуглај на српските сајтови е многу подобро објаснета, еве овде http://www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?f=1&t=2384 Ама сепак ти е рано, се почнува или 46ти ден или 75, ти уште не си до таму. За ова што ве читам за големината на оброците, незнам колку ви држи вода, нутриционист ако го имате читано во темата и милосавлевски, ке видите колкава количина имаат јадено а сепак имале резултат. А колку што јас имам читано за диетава, (не од македонски сајтови туку од сајтови што ги направиле луѓе кои ја издржале цела диета ослабеле по 30кг и лично тие давале совети во врска со диетава ) никаде не споменуваа количина, битна е комбинацијата. Е сеа нормално не треба да се претерува секако дека ако внесеш помалу побрзо ке слабееш, ама некој го најадува едно парче месо некого не, така да треба самиот да си видиш што ти одговара на организмот. И темава ја претворивме во тема за ун, си пишуваме и цел ден од ун диета како сме го поминале, си има тема за тоа.
Хммм според ова со броењето калории,денес сум внесла околу 600 калории,уште морковите што ќе ги правам сега,ќе се 700 негде.Јас си се заборавив,ама ако,таман поминаа повеќе сати,а секако ќе останам будна уште неколку Па добро е ми се чини. Знам дека не чини толку наеднаш намалување,ама како што немам овие дена баш физичка активност,таман се. Иначе на диетата на Ирена сум,таман си е
Девојки дали минералната(газирана) вода пречи при процесот на слабеење, бидејќи е газирана.. И дали и колку е штетна за организамот, бидејќи дечко ми пие секојдневно по 1-1,5 л.
Дури денес пробав од ѓумбирот. Дома сме имале ѓумбир, ама немавме лимон. Затоа. Не е многу гадно, ама мене не ми се раствори цел ѓумбир, па затоа имаше по некои зрнца, кои ме гадеа. Иначе ставив кафена лажичка 2/3 од прилика. Не додадов мед/шеќер... Вака добро, неделава ќе го пијам. Ама другата недела кога ќе бидам прва смена во школо... ќе треба пола саат порано да станувам, за да се наканам. Голтка по голтка. Иначе се водам според финтата на лудото. Пијам со затнат нос и после тоа, дишам преку уста.
јас веке недела и пол го пијам гумбирот и сега за сега сум ок, малце е гаден ама мора да се издржи Инаку ставам во топла во да повеќе од пола лажиче ѓумбир во прав го оставам да отстои 20 минути до пола саат и после го прецедувам и додавам еден цеден лимон. Гадно ми е ама има резултати
Сигурно си купила од Виталиа, на тој во упатството пишува како да се спрема како чај, затоплуваш вода, ставаш ѓумбир, па по некое време го цедиш. И јас го купив тој, ама го пијам како што пишавте овде, дека нели проверено ви е Инаку јас веќе снемувам идеи што да јадам. Не знам дали е последица на намалениот апетит, ама немам желба да си направам ништо, вчера прерачунав и премалку калории внесувам на ден, и се од мрза, или од немање апетит, не знам. Вчера, наместо да си направам макарони или шпагети како што мислев, јадев утрото еден портокал, за ручекот банана и вечерта морков, плус 4 турски кафиња во текот на денот. Не знам што да правам, од една страна ми одговара што не ми се јаде, ама па се плашам да не си го успорам метаболизмот уште повеќе, па после за џабе да ми биде цел труд
Кафето ти го уништува апетитот и затоа не ти се јаде. 4 кафиња на празен (или скоро празен) желудник многу се. За да не го успориш метаболизмот пиј и зелен чај (ама пази, намали кафиња на таа сметка). И не само тоа туку ќе ти падне и имунитетот (ова звучи како да сум против диета ).
Ама јас секогаш сум пиела по толку кафиња, а немав проблем со апетитот, имав нормален апетит. Туку мене најмногу ме интересира колку се точни тврдењата дека ако ослабниш со многу малку јадење, после ги враќаш килограмите обавезно , нели заради успорениот метаболизам, без разлика колку ќе јадеш откако ќе престанеш со режимот. Дали ако внимавам што јадам откако ќе ослабнам има шанси пак да покачам килограми заради оваа причина?
И јас мислам дека чај ќе е подобра опција пошто кафето така на гладно го надразнува желудникот и не е препорачливо.Или барем нешто во комбинација со него.Незнам на каква диета си ама поарно да касниш некое овошје со кафето или една бисквита,доволно ќе е.
Не сум на пишана диета, на моја диета сум Внимавам многу, бројам калории, гледам да јадам повеќе здрава храна и така, тоа ми е диетата. Сега појадив портокал, турско кафе и едно колаче од оние велнес интегралните, за ручек ќе гледам да си испечам стек на скара, за вечера чаша јогурт, плус ќе гледам да грицнам некој морков измеѓу оброци, мислам доволно ќе биде.
Нема врска што од секогаш си пиела по 4 кафиња туку има врска што сега цееел ден си на еден портокал, 1 банана и 1 морков- тоа е премалку, да се разбереме. Обично таквите строги диети се со јо-јо ефект. Не е финта да побргу ослабиш со многу малку внесување на калории туку да му ставиш некаков режим на организмот (изедени калории да се потрошат + елиминирање на тн салце ). Не е грев ако за ручек изедеш цела здела салата. Елиминирај ги тестенините, благото, соковите (газирани и мутни) и лебот и ќе имаш сигурни резултати без ригорозни диети. Не е страшно ако тоа ти се случува некој си мал период на пр. една недела али ако е поголем период да така тераш на пр. 3-4 недели тогаш ќе си направиш хаос во организмот (истоштување, лоша крвна слика, вртоглавици, намален имунитет...).