Славица, знам дека не е финта побргу да ослабнам, туку ми го снема апетитот, до пред неколку дена добро ми одеше диетата, а сега некако не ми се јаде, па мислев да го искористам тоа за побрзо да ослабнам. Ме плаши, вака кога ми снемува апетит, потоа се враќа дупла поголем од што е нормално Али нема врска, ќе се контролирам овој пат
Една добра и лоша вест. Првата е дека е денес е втори и јас за овие 2 месеци успеав да симнам 11 килограми. Епа браво за мене... Можеше и повеќе не велам не, ама ај... Како и да е, јас се чувствувам полесно, без грижа на совест. Лошата - Сеуште се чувствувам тромаво, а салово и целулитот си стојат (тешко се топат, свесна сум за тоа), и покрај исцрпните вежби на орбитрејк и пешачењето. Ама за тоа делумно сум и сама виновна бидејки не направив сериозни рестрикции во режимот. Nutella(та), ајварот, и по некоја макаронка навечер си придонесоа ...ехееее баш ми е забавен ,,режимов'' ама, исто така ќе напоменам се беше во умерена количина и знаев кога да речам стоп. Пресреќна сум што вагата ми покажува солидна бројка со која одамна не се имам поздравено и тоа е океј. Spoiler 72 килограми Уште - 5 килограми до крајов на април и ќе бидам одлична. Пресреќна сум и морав да споделам! Поздрав до вас, и бидете упорни. Ќе ја постигнете вашата цел со сигурност.
Девојчици ако може да ми кажете каде по маркетиве има чај од ѓумбир? Бидејќи во Веро немаше и тоа малку ме зачуди. Инаку денес ми е втор ден на овој мој здрав режим, си појадувам овошје, салата и протеини за ручек, вечера јогуртче .. Сеа за сеа е океј, ама ме плаши апетитов што не можам да си го скротам, не е глад, пуста желба за храна е. -.- Многу ми е чуден организмот, пошо апетитот ми се мења по фази, т.е. после секој циклус. Еден месец у уста ништо не ми се става, еден јадам за 3ца. И нормално дека телово веќе не сфаќа што се случува па постојано си складира по нешто, за "црни денови".
денеска во шок сум се имам попраено некаде 10тина кг имав 80 сега 92 па 91 дали вагата нечини незнам на сестрами првин 58 и кажуваше па 52... како и да е денеска ми е втор ден од УН диетава сакав да ве замолам да ми предложите некој чај или нешто друго во комбинација со диетава барем 25кг ќе ми требаат да симнам
Уште вториот ден ја прекршив диетава .Мислам нема шанси да сум толку.Мн се нервирам,ама што кога ми се јаде ? Не се откажувам од утре со нови сили од почеток.Додека не ослабам не се откажувам .
јас до петокот бев на ун ама ојдов на поседок и неможев да се придржувам и не ни продолжувам поќе.ми требаат ушт 2кг да се вратам до килажата прет бременоста, се надевам ќе успејам со помалку јадење и со ѓумбирот.ама па веќе пукнав скоро 3 месеци бев на диета.......ослабев 8кг....и со господ на помош нема да ги вратам...
Можеби ова веќе го имаат кажано или прочитано За тие што не знаат Кога држите диета, а сакате да ја прекините сетете се колку сте ослабеле и потоа кренете нешто што тежи толку килограми колку што сте ослабеле Свртете круг со таа тежина ( се разбира дома ) па потоа каслете, пица, благо или чипс
Mygirl (да не те цитирам, пошто и онака не можам да се исконтролирам краток пост да напишам ) и јас сум ист случај, ама јас внесувам (барем) околу 1000 калории дневно. мислам дека од психа не ми се јаде. исто и јас сум по кафињава, зборувавме мислам за тоа во темата кај режимот на ирена, ама не ми е и мене од тоа, пред да почнам со режимов пиев од 3-4 кафиња во денот, сега од 2 повеќе не. така да сигурно знам дека барем мене не ми е од кафето. едноставно се чувстувам презаситена, а и дека пијам многу повеќе течности од претходно, ама ич немам потреба да јадам на вечер, пијам само јогурт .. инаку за враќање на килограмите, сигурно нема да ти се вратат ако продолжиш да се храниш исто, ако почниш да јадиш навечер еден тон храна, ќе ти се вратат и тоа дупло. желудникот мислам дека ми се намалува и дека не ми е толку стрвен, а и дека вака немам апетит навечер, кога ќе станам сабајле, прво не пијам одма кафе како порано, туку си поручувам, а потоа пијам кафе + цеден сок ако не изедам некое овоштие со појадокот. пробај пиј јогурт навечер ако не ти се јади и пробај да не го пиеш кафето на празен желудник, верувај многу подобро се чувстувам вака а јас сум кафехолик (плус пушам, па турското ми беше прво на ум кога станував, тој што е пушач ќе ме разбере за жал).
И јас сум пушач, од оние страсните Те разбирам и тоа како Еве сега си сварив кафе и си земав до мене еден портокал, па реков прво портокалот ќе го изедам, каснав една резанка и не можам, не ми е сладок, кафето ме повикува да го пијам прво него Знам дека е лошо, ама тоа е долгогодишна навика, да пијам прво кафе насабајле, тоа ми е најубавото кафе во денот, утринско на празен желудник Ќе пробам полека да се одвикнам од ова, еве денес една резанка, утре може две и така Инаку и за мене јас знам дека не ми е од кафето, значи скоро месец има откако сум на режимот, навиките не сум ги сменила, исто кафе пиев и на почетокот, ама ете овие неколку дена тоа е. Јас мислам дека оти веќе се повторува истата исхрана, ми станува безлична, досадна па затоа и загубив апетит. Не се жалам сега, само се плашам да не ми се врати дупло поголем апетит, па тогаш дури ќе ми треба јака контрола
Вака веќе не оди, пробав броење калории и некоја моја верзија на УН диетата и до кај 6 часот е се во ред, ама стигнам ли дома, или излезам ли некаде, имаш винце, имаш пивце, имаш грицки, имаш мезе... Се препотив од што ми е веќе зло и морбидно, а и не вежбам воопшто, срам да ми е. Нема веќе кукање, доаѓа лето, а јас опуштена, со накачени скоро 4 од мојата фит тежина, онаа со која сум задоволна... (престанав веќе да сонувам за некои бројки како 58 или 60 кг, сконцентрирана сум на реалност). Е сега, колешката моја ја држи онаа диетата 20 денови, малку е монотона, но ми гарантира дека се слабее 10% од тежината со која започнуваш. Јас и со 5% успех би била задоволна искрено. Не може да се очекува чудо за само 20 денови. Во прилоги диетата, кого го интересира. Ако некој ја пробал, очекувам коментар. Јас сум на ум да ја испробам, зашто во лимбо сум веќе со диети и калории и пи*ке си материне. Spoiler ДИЕТА 20 ДЕНА 1 ДЕН:МАКАРОНИ (ВАРЕНИ ИЛИ ПОТПЕЧЕНИ)СО СИРЕЊЕ И ЈОГУРТ 2 ДЕН:ОРИЗ(ПОТПЕЧЕН ИЛИ ПИЛАВ)СО СИРЕЊЕ ИЛИ ЈОГУРТ 3,4,5 ДЕН:ПИЛЕШКО МЕСО(ВАРЕНО ИЛИ ПЕЧЕНО БЕЗ МАСНОТИИ)И САЛАТА 6,7,8 ДЕН:ТЕЛЕШКО МЕСО СО САЛАТА 9,10,11 ДЕН:РИБА(ПЕЧЕНА ВО ФОЛИЈА) ИЛИ ТУНА ОД КОНЗЕРВА(ВО ВОДА)И САЛАТА 12,13,14 ДЕН:ЗРНЕСТ ЗЕЛЕНЧУК(ГРАШОК,ГРАВ,ЛЕЌА,БОРНИЈА) 15,16 ДЕН:КОМПИРИ(ПЕЧЕНИ,ВАРЕНИ ДУРИ И ПОМФРИТ) 17 ДЕН:САМО ОВОШЈЕ(МОЖЕ ДУРИ И БАНАНИ) 18 ДЕН:МАКАРОНИ СО СИРЕЊЕ И ЈОГУРТ(ИСТО КАКО ПРВИОТ ДЕН) 19 ДЕН:ОРИЗ (ИСТО КАКО ВТОРИОТ ДЕН) 20 ДЕН:БЛАГО
Имам братучетка што со оваа диета навистина слабее по 8 кг ,но после пак кога ке почне да си крка пак иста прича.И мене ми беше првин на ум ,ама па јас дека со повеќе кг за губење бев, почнав со ух и терам со неа уште месец дена ,за понатаму ќе видиме. Дека тие 4кг ке ги намалиш со оваа диета ич не е спорно,но се додека не си ставиме катанче на уста и моторче во газот да го размрдаме пак ќе биде исто.
^ Овие се екстреми, и јас лично никогаш не би ги пробала....си знаеш и сама, јо јо, мо јо, напред, назад. Не може ова да има долгорочни ефекти, кога после 20 дена, ти сигурно во денот ќе смешаш една коцка чоколадо, една порција ориз со риба и порција овошје и зеленчук (што е и сосем нормално нели!) Во основа, строго СТРОГО сум против диети, затоа уште во првиот мој пост на оваа тема напишав дека секој мора индивидуално да си го изнајде режимот кој ќе му одговара на организмот, зошто кога ќе се изнајде - телото само ја постигнува идеалната тежина и само ја оддржува. Верувајте, пример сум личен, не трескам од памет После турбулентни 2 години (бременост, мрачни денови со болести, тешки моменти на работа) организмот ми се извитопери, ама буквално. Се` што пробав - не ме спаси, зошто прво психички не можев да ги решам работите околу мене за после да се посветам на мојот изглед, т.е. изгледот ми беше рефлексија на мојата душевна состојба. Не алудирам на ништо, секој си знае како му е, ама проблемите мораат прво од внатре да се решат, без разлика колку минорни изгледаат. Откако ќе се постигне некаков психички баланс, телото почнува соодветно да одговара на тоа. Е откако ќе почне да се „смирува“, време е за правилна и здрава исхрана Јас се анализирав самата себе, и сфатив кои работи едноставно не ги сакам повеќе во себе, па ги исфрлив. Откако почнав да ги исфрлувам, телото самото почна да ми дава знаци кон што треба да се свртам, како да сакаше самото да си надокнади за се` што престана да го прима. И така, полека полека, поминав една фаза на физичка промена ептен несвојствена за мене (нели цел живот слаба бев). Телото ми се „бунеше“, реагираше, на моменти не знаев дали за добро или за лошо, ама ете издржав. После 2 месеца од новиот режим на исхрана, јас постигнав Баланс, за ПРВ ПАТ во мојот живот, иако никогаш претходно не сум имала проблеми со тежината. Ми ја покажа свекрва ми книгата за Исхрана според крвната група уште пред 3-4 години, ја прелистав преку-трупа и одбрусив - НЕ, ова не е точно, јас без месо не можам да живеам, ова се глупости невидени! Сега, 4 месеци после новиот режим, јас пак ја земав книгата и утврдив дека организмот САМ ми се сврте кон намирниците кои му одговараат. Сега е веќе Круг - внатрешната балансираност ми се рефлектира и надворешно и обратно - моето идеално тело е причина за мојата внатрешна смиреност Ај, филозофии на кило, а поентата ми беше - најдете го балансот и мирот во себе, после започнете со надворешни промени, зошто само така ќе ја имате силата, никако инаку....
^ За исхраната според крвна група , јас сум нулта и сите намирници како житарици , сирење кои се лоши за луѓе со таа крвна група мене ми се омилени Месото би требало да ми е примарна исхрана , а јас месо не можам ни да помирисам освен риба чат пат .. Затоа многу тешко би ми било да се водам според тие препораки Јас се трудам да ги исфрлам лебот , еве неколку недели ми е намален на една кришка црн леб дневно или пециво за појадок .. А ми иде желба да си лапнам некоја баница со сирење или мекица ама не не А диетата која ја стави Трендафилка , ја има држано другарка минатото лето, и резултатите беа минус 6 килограми за тие 20 дена , сега за сега нема јо јо ама редовно си вежба .
Ништо посебно. Освен тоа што не ја мешав храната. Пример ориз со месо итн. Наутро јадам од 1-2 овошки, за ручек зелена салата со макарони на пример. Следниот ден манџа, па туна итн. Но, затоа на ден пијам по 3 литри вода и вежбам од прилика околу 60-120 минути. А во меѓувреме си поткаснував Spoiler палачинки, леб, ќечап, хамбургер и така...
Упорно ме убедуваат дека УН диетата не е здрава... зошто предизвикува пад на шеќерот и после негово нагло качување... Мислам,ова медицинскиве лица и билдериштава во моја околина... Другар ме убедува дека една бисквита која е висококалорична или житно чоколатце во денот ќе ми направи разлика дури и побрзо да симнувам зошто ќе држи баланс. Во сите денови... Е ај сеаааааааа!
vo un ne dobiv odgovor pa molam vo ovaa tema za sovet. moram da podgotvam se za utre odnosno za utre da ostane samo sednuvawe na masa i am am posto kasno ke si dojdam od rabota pa da e se gotovo
А дали е можно од секојдневно јадење салата (зелка или марула) да боли стомакот и да ви се повраќа! Од понеделникот осеќам како ми се гади по јадење на салата. Салатата ја правам со маслиново масло и јаболков оцет (некогаш оцент не ни ставам). Мора да напоменам дека откако почнав со диетата скоро секој ден јадам салата а претходно не јадев толку често. Дали е можно да ми се надразнува желудникот од салатата бидејќи во него внесувам лесна храна и да ми прави гадење?