Слабејте со вежбање а не со држене диети. Кога држите диети слабеете насекаде, т.е слабее и вашето лице ја губите свежината на вашето лице , ја губите и убавината.
За некои 5-6 месеци 18 килограми да не речам ама здраво слабеење,почнав со диетата на Жан МИтрев ја држав два циклуса и ослабнав некои 10 кг,после тоа продолжив со здрава исхрана и спорт трчање редовно,скокање јаже,стомачни задолжително и станав авион искрено,за цела година само 2-3 кг си вратив ама убаво ми е и среќна сум,само напред девојки не откажувајте се!!!!
Се сомневам дека ти е од салатата. Изгледа е некој вирус, или од промена на време. Јас денес почнав со диета, а гадење чувствувам веќе неколку дена + честа главоболка. Денес на работа и една колешка се пожали дека има главоболки и дека и се повраќа веќе неколку дена, а таа не е на диета.
2 килограми сум качила... пу бе, два дена само малку пуштив срце, и тоа зошто премногу ми се јадеше, едниот ден на роденден бев и каснав малку торта и две онакви лиснати малечки, и другиот ден се напив една чаша спрајт и изедов две од тенкине кришки леб во текот на цел ден. Ама не можев да издржам мислев креветов ќе почнам да го грицкам веќе, и ајде си реков не е до толку страшно, ама заборавам дека кај мене е страшно. Веќе мука ми е, ама ајде утре е нов ден и идемо даље. Мора да има малку апс енд даунс, патот е долг...
Истото чувство го имам и јас кога ставам јаболков оцет во салатата (не од сите ама ми прават проблем некои) затоа почнав балсамиран оцет да користам и немам сега таков проблем.. пробај, има во Кам Маркет (мислам најефтин е таму околу 80 и нешто ден за 0,5 л) Кај мене болки имаше, стегање на желудникот, си мислев нешто друго е, ама ете од оцетот било..
Оче грешев. Со диета, не се памти кога се учи. Шака штарк смоки и две плазми (пресметано 150 калории, плазмите 66 и по пресметка ако во 100 грама смоки има 520 калории, а големото пакетче е 130 грама, а една рака цирка (мала рака имам да се разбереме,тие шо ме виделе знаат ) (а не дека не ми дојде убоо,да си признаам)100 калории,150 калории од глупоштини и тоа чисто јагле!!!)), татко вика од друга просторија, ПРЕСТРОГА СИ СО СЕБЕ ШТО ТИ ФАЛИ,имаш обврски,сакаш се да ти пропадне?! Мајка загрижена,она ми застана,ај те молам,ај ако ме сакаш,немој да ме загрижуваш... ама...ама... Мислев да не вежбам, ама еве ќе вежбам сега. Мамичето мое безобразно! Леле совест ме јаде луѓе...ова не сум јас... пицајзла,цепидлака,добро,јас сум,таква сум . Ама 15 дена...јуначки! Утре ќе праам туна салата со младо кромидче си тро лимонче за ручек. А убаво си терав цел ден, јаболки, банана, протокали и вода...
И јас грешев! И тоа многу, премногу! Бадијала вежбав прееска, кога сега јадев како вол! Ама не можев да одолеам луѓе, 2 саати правев палачинки, висев над шпоретот, и како да не си апнам? М? Мене стрвноста ќе ме убие, не дека имам голем апетит. Ама стрвно дете сум си, мора од се да пробам, од се да ставам во уста. Кога нема - не ни помислувам на благо, или пирошки, ама кога има, едноставно не можам да одолеам. Вие како успевате да се држите подалеку од вкусните јадења?
Ау јас повеќе пати седев и во ресторан и во пицерии. Се јадеа увијачи, пици, фурнарини, се пиеше пиво,сокови, се јадеа пилешки прсти, се јадеа палачинки, вафли, чизкејови... Ќе си апнуваш пилешки стек со салата,ако има услови или само салата и ќе пиеш вода или чај...и толку е. Нема у глава е ставено дека нема,нема и нема! И НЕМА! И не ти се ни јаде... уствари. И ручек им правев повеќе пати,селско месо, пилешко полнето...ама јбг...тоа е. Си пиеш чај и си мислиш чизкејк јадеш. Си пиеш вода,мислиш вафла јадеш. Мене ова диетава ми решава пола проблем...дилема шо ми се јаде денес или шо да јадам...периодов ко шо не знаев шо ми се јаде и се ми беше мееех...ми реши многу проблеми и размислувања.
Морам построго да внимавам на исхраната. Вака не бива. Ќе симнам 3 кг, ќе се опуштам 2-3 дена и пак ќе си ги вратам. И се така во круг цел месец! Среќа што подвежбувам па не ми се познава, и сите ми велат дека сум ослабната. Ама тоа само така изгледа на прв поглед. А друг проблем мене ми е метаболизмот. Читав и овде на фемина, и по други страни на нет за можни решенија за забрзување на истиот, и таман ќе си речам е ова ќе можам да го пијам/јадам од утре, и на тоа останува. Епа се додека не преземам нешто повеќе околу тоа, вецето ќе го посетувам еднаш во 5 дена! Ако ми е!
Денов ќе да е за грешници И јас грешев, ама мајка ми е крива (секогаш обвини друг за да ти е полесно ).. пиперки толчени се прават ли сега кога немам видено од летото? Си седнав поштено, 2-3 парчиња леб (фурнаџиски) а бе мераклиски си се изнајадив, за малку и ќе се прејадев. Да се разбериме, јас сум тревопасна животиња, и доколку пред мене се постават копани, скаришта или други месишта и пиперки толчени (плус лути) јас одбирам пиперки без двоумење. А бе лесна за одржавање сум, блазе на мојот иден маж ) И сето убаво, ама тоа да се случеше барем до кај 17 часот немаше да биде проблем, ама јас се натрескав лебојни во 20.30. Бравос. За мерак.
Како топка сум. Буквално. Заоблена во спојлерите, задебелени ноџиња и образи. Пред добивање сум, ама не сакам да се вадам на тој глуп изговор - топка сум секако. Од денес ја почнувам диетата од 20 денови, да видиме како ќе оди. Боженце дај ми сила да издржам, стварно само алчен, стрвен ум може да те однесе до ова дереџе. И МОРАМ да почнам со вежбање, под итно. Ќе ве известам после 5 денови дали ова чудо дејствува. Еднолична храна, помали количини... би требало.
јас ја држев диетата од 20 дена и без многу придржување ослабев 3 кг.Денес почнувам пак со диетата ама планирам баш да се придржувам па бар уште 3кг (уште толку ми треба)
мм 6 ден со Ун диета и сум 3 кг минус добро претходно 3 дена се припремав со внесување помалку храна, значи ако броиме така 9 ми е ,но како и да е морам да се пофалам со -3 , ајде уште 7 останаа
Леле па овде сите грешни сме биле И јас направив неколку отстапки, си каснував и благо,па и по некој тост Ама ќе вежбам сега повеќе И нема веќе отстапки! ИДЕМОООООО!!!!!!!!!! :geek:
Ааа не се вадете на моите отстапкииии...јас не сум јадела тоФчееее... Тие со тост, утре зејтин во црква и да постат без зејтин. Туку јебала ме УН! ПОГЛУПА диета не сум сретнала никогаш! Да го довршам кругов на УН и ќе си ја почнам златна медицинска,гледам колку сме биле задоволни од неа. Вака или така,гладна сум,ама така бар слабеев,не губев само вода! И плус откако престанав уште слабеев,а јадев. Јас не знам како издржувате и по три месеци на ова УН-ов. Ич. Од недела-понеделник, медицинската еден круг.
Дечки, во ова ѓумбиров да не има нешто за спиење, унатре? Од вчера поручек, заклучно до денес поручек, ако не спиев едно 20 саати, Елена да не се викам. Сите терсене, само јас наопачки. Наместо зголемување на имунитет, јас се разболев. Додуша можеби од што се разболев, ме тера на спиење. Кој што прави, јас спијам. Иначе не се мерам, немам ни претстава колку килограми имам. Ама се чувствувам многу по лесно. Се навикнав на него. За 5 минути, го пијам. Ќе продолжам да го пијам.
Богами вчера стварно ден на грешници бил. Јас вчера изедов 50 грама крекери, што се околу 250 калории Во калориска вредност не накачуваат многу, зошто немав ручано, цел ден имав главоболка ама многу јака, ме мрзеше да си печам стек, па тие алтернатива ми беа за ручек. За никаде сум, само калории за џабе, никакви нутритивни вредности немаат ниту пак држат ситост. Денес сум добра, за појадок портокал и кафе, ручек имав печен стек со салата марула, за вечера ќе биде јогурт со краставичка.
Глупа сум!Изедов тост и пченка .Не бе неможам да се воздржам,посилно е од мене.Но,ако ништо друго барем вежбав малце.Салово од мене нејќе да си оди!Марш тааму!
Офф топик или не-не знам. Ама јас да си пишам. „Прогуглав“ нешто на интернет, за ѓумбирот. Само да прашам. Некаде прочитав, дека откако ќе го направиме ѓумбирот, требало да отстои 5-10 минути, па потоа да се пие? Спојував-одвојував, каша попара направив. Ама мислам дека вреди да се прочита. _____________________________________________________________________________________ Оваа билка е одличен лек против мачнини, абдоминална болка, забоболка, крварење, реума, против воспаление, оток и болки, но се користи и за да смири кашлица, го зајакнува имунолошкиот систем, спречува настинки. Покрај тоа, ѓумбирот ја подобрува меморијата, ја олеснува мачнината во бременоста, уништува микроорганизми и ја зголемува енергијата. Помага и во забрзување на метаболизмот, помага во варењето на месо и млеко во телото, ја подобрува функцијата на црниот дроб, го намалува нивото на холестерол во крвта и се користи за детоксикација на телото. Може да го намали ризикот од рак на дебелото црево. Свежиот ѓумбир се користел како средство против повраќање, против кашлица и метеоризам (зголемени гасови во системот за варење), додека ѓумбир во прав го користеле како средство за смирување на абдоминалните болки, стомачни мачнини, лумбаго и против дијареа (проливи). Африканците го користат напитокот од ѓумбиров корен како добар афродизијак, додека жените од Нова Гвинеја го употребуваат коренот од ѓумбир како контрацептивно средство. Во Индија прават чај од свеж ѓумбир и го употребуваат како средство за смирување на кашлицата и како лек против тромбоза. Во Јапонија установиле дека ѓумбирот ги намалува болките во организмот (делува аналгетски), го спречува повраќањето, го намалува прекумерното создавање на стомачен сок, го намалува високиот крвен притисок и ја стимулира работата на срцето. Исто така ѓумбирот се покажал како блокатор на непотребните мутации на човековите гени кои водат кон појава на рак. Со оглед на тоа ја подобрува циркулацијата, го намалува ризикот од тромбоза и мозочен удар. Нутриционистката Елис Мекинтош тврди дека ѓумбирот го стимулира дигестивниот систем: „Топлата вода во комбинација со лимон и ѓумбир е идеален начин да се поттикне варењето. Ѓумбирот е преполн со антиоксиданси и помага да се отстранат штетните хемикалии кои ги произведува нашето тело кога сме под стрес, па затоа помага во неговото намалување“, изјавила нутриционистката. Зингеронот, кој на ѓумбирот му го дава силниот вкус, е ефективен во борбата против дијареа предизвикана од ешерихија коли, особено кај децата. Се користи против воспаление на внатрешната обвивка, како облоги за намалување на отоци, намалување на болки во мускулите и коските, нарушувања како артритис, за превенција од настинки, го зајакнува имунитетот, ја подобрува циркулацијата и го спречува згрутчување на крвта и формирање на тромб, ефикасен лек против мигрена и грип. Ѓумбирот обично се користи за разновидни проблеми со стомакот, вклучувајќи морска болест, колика, вознемирен стомак, флатуленција, дијареа, гадење предизвикано од цитостатици, повраќање, како и при губење на апетит. Свежиот ѓумбир се користи за лечење на акутна бактериска дизентерија, против опаѓање на коса, маларија, каснување од змија, реуматизам. Индикации: Во тек на хемотерапија-како силен еметик го намалува чувството на гадење и вртоглавица Антиканцерогено дејство на дебелото црево-заради бројните ефекти може да го намали ризикот од колоректален карцином Циркулација – Ја подобрува циркулацијата на крвта делувајќи како вазодилататор (ги проширува крвните садови). Има силно анти-коагулативно дејство, намалувајќи ја штетната активност на еукозаноидите (т.н лоши хормони) кои се одговорни за лепењето на тромбоцитите и создавање на крвни грутчиња. Дигестија – Ги потикнува лачењето на желудочните сокови , ги релаксира дигестивните мускули делувајќи на нивниот тонус. Ги апсорбира и неутрализира токсините во желудникот со што помага кај грчеви и лошо варење. Го подобрува апетитот, ја поттикнува продукцијата на жолчниот секрет кој помага во дигестијата на мастите. Респирација – како анти-спазмолитик и антисептик помага при воспаление на дишните патишта, астма, воспаление на синусите и крајниците. и го олеснува искашлувањето. Мускулатура, сврзно и коскено ткиво – делува како анелгетик намалувајќи ги болките во мускулите. Со своето антиинфламаторно дејство (против воспалување) се потврдува како лек за реуматиден артритис. Делува антиоксидантно разградувајќи ги наслагите во синувијалната течност во зглобовите. Ја забрзува регенерацијата на оштетените ткива во случај на фрактура. Урогенитално – Делува како аналгетик и антиспазмолитик и ги намалува менструалните грчеви. При воспаление на мочниот меур, бубрезите и простатата делува антиинфламаторно. Познат е како добар афродизијак кој ја подобрува сексуалната моќ. Кожа и коса – Корисен е во третманите на осетлива венска варикоза и го намалува целулитот. Метаболизам – го забрзува метаболизмот предизвикувајќи побрзо согорување на калориите (до 20% повеќе од вообичаеното) со што ја регулира телесната тежина. Ѓумбирот ја стимулира работата на повеќе жлезди во организмот, вклучително го стимулира и излачувањето на плунката, како и излачувањето и испуштањето на жолчниот сок. Поради тоа, коренот треба да се избегнува од пациенти кои имаат историја со камења во жолчката. Ѓумбирот исто така може да ја зголеми токсичноста на антикоагулантот варфарин, што може да резултира со епизоди на обилно крварење. Ѓумбирот во прав секако е подостапен од свежиот, а може да се купи во сите поголеми супермаркети. Чувајте го во цврсто затворена стаклена тегла на ладно, темно и суво место. Доколку го чувате во фриждер ќе ја зголемите неговата трајност за година дена.