Штом најголемиот зависник од леб и сендвичи издржува без нив - може секој ... За нешто повеќе од 2 недели со здрава исхрана и вежбање -9 кг .... пресреќнаа сум !!! Поддршка до сите вас девојкии ....
Дечки,отворете една тема за ѓумбирот и слабеењето. Не знам како точно го конзумирате и све тоа со чајот,да не ја отварам јас. Нека ја отвори некој поупатен за да не се бркаме со прашања кој, што и како го конзумира.
Elennaaa, супер за исцрпниве и инспиративни ѓумбир информации. И без да знам половина од податоциве, ѓумбир во прав користам веќе повеќе од неколку месеци во чај, додаток ми е место мед во свежо цедените сокови, и морам да признаам многу убаво делува. Зборувам за регулацијата на течности (не чувствувам подуеност), метаболизмот ми е подобрен (особено во ПМС кога мислам дека ќе препукнам, а никако не можам да се прочистам), и најважно од се’ е што ми одговара и вкусот и мирисот. Ставам по четвртинка мало лажиче во чајот пред јадење и наутро исто толку во свежо цедените сокови. Пробав да направам и супа, обична, со прокељ и ѓумбир, но не ми се допадна, премногу е егзотичен вкусот, и поубаво ми оди во пијалоци.
феминкии вака Нова сум тукаxD и јас си почнав со диета али со една моја диета,пошо стварноо веќе треба да ослабам! одамна си планирав али никако да почнам и конечно почнав пред една недела,али ова си емоја диета xD на сабајле јадам јаболко,за ручек јадам тоа што има дома само не јадам леб,не пијам сокови,не јадам благо,освен некогаш по нешто диетално,и на вечер пак јадам нешто овошје или зеленчук или пијам јогурт,па реков случајно да прашам што мислите дали е добро вака пошто некако неможам со тие диетите ун, бла бла кои се таму,па некој ак сакат да ми дајт мислење за овој вид на диета да го наречам вака а иначе сум си дебела мнг дури и срам ми е да кажам 69 кила -.- пред да почнам со ова т.е пред една недела значит една недела сум сеа за сеа на диетава планирам долго да ја терам се надевам дека ке има резултати а и плус одам на ракомет тоа ми е вежбањето преку недела
јас еве денес прв пат се напив двапати ѓумбир и лимон со топла вода, сабајлето на гладно и пола сат пред вечерата. ќе го пијам вака да видам дали ќе ми го забрза повеќе метаболизмот па ќе пишам за неколку дена.
Здраво, денес во веро кучпив едно кутивче на него пишува џумбир претпоставувам дека е тоа е ѓумбир, ве молам каже те ми како се пие, кое време пред по јадење... Позрав
Денес си јадев овесни снегулки Spoiler и баш убаво ми годеа и со јогурт, а и комбинацијата со млеко и цимет. :up: Вежбите што ги правев од Џулијан само ме стегнаа, ама не сакам јас мускули бе - не-са-кам, како да и објаснам! Сакам салцето да го снема... ќе продолжам пак со аеробик, мислам дека кардио вежбите ќе ме средат... И се нервирам меѓувремено...
Па не ти е ова лошо само насабајле место овошје јади нешто др. мусли,овесни снегулки,јајце,туна.Бидејќи на сабајле ти треба енергија а ако имаш др прашања слободн пиши
Па ти всушност си почнала со овој режим,таман ти е,и јас сум на него dieti/dietata-na-irenna-t10798/ еве има и другите што јадат,како идеи ќе ти послужат,а и секакви други информации
bi sakala da me posovetuvate... цел живот сум на диети,многу брзо слабеам ,а и многу брзо се дебелеам....моментално примам терапија за хпв (не знам колку знаете ,ама се примаат витамини-витамин ц,омега 3,виусид,магнеиум ,мед со коприва триста витамини ) до пред два дена и антибиотик за вирусот ...и според оваа терапија, а и самиот желудник си бара јадење,плус што морам да се хранам здраво ради јакнење на имунитетот.Lебот многу одамна го исфрлив од исхрана скроз - некои 7 месеци,и многу ретко јадам тестенини.Jадев благо многу зависник сум ,но сега не смеам .Vеќе три дена се полнам со вода не се два литри туку и повеќе,зелен чај пијам секој ден веќе 4 месеци по 2-3 чаши на ден ... и деновиве се осеќам дека ќе пукнам ,не знам дали е поради водата бидејќи претходно многу ретко сум конзумирала вода некогаш не ми ни текнувало,освен чаевите..газирани пијалоци скроз ги исфрлив скоро година дена ...не знам кај ми е проблемот ,не јадам ништо калорично сE хранам здраво и пазам на тоа што ми одговара според крвната група (A +) Dали мојот организам сеуште не се навикнал на толку количество вода , или имам некој друг проблем аман - би ми било драго ако некој имал сличен проблем за да ме посоветува Vи благодарам
Се согласувам со тебе Се вртев во круг со УН диетата и ништо специјално.Еве сега веке 5ти ден сум на медицинскава и 3,5 кг минус Планирам да правам 2 дена пауза како што е предвидено во диетава.Со среќа на сите феминки и искрено ви ја препорачувам медицинскава диета, затоа што има брзи резултати, се издржува, а од здравствен аспект еве сега одам да направам крвна слика па ќе ви пишам
http://www.smesniposteri.com/picture/21 ... map=%5B%5D Добра сум вчера и денес, пу пу да не се урочам. Вчера сабајлето јадев една банана, за ручек таратур со малку сирење и толку, и денес една банана и еден мусли бар со мед и лешник од виталија и после ќе јадам туна.
ви благодарам за поддршката многу ми значит то инаку да сега видов дека е баш ко таа диета на irenna и баш супер,ете ке гледам и идеи и све друго и од таму супер,многу поубаво се чувствувам од како почнав со оваа диета и гледам има повеќе што се на таа,пресреќна сум
Ај да си ги исповедам гревовите тука зш помалку ќе ме јаде совеста. Две чаши троа големки пивце за живце се крчкаат низ желудников, а цел ден што убаво се ми одеше како подмачкано хах. Налет за диетава ами пијам многу јаки антибиотици, главата тапан ми е. Одам во кревет, гуд најт.
79 кила на домашната вага, таа од летоска. Не се радувам оти осеќам дека последниве 2 ги слизнав... неубаво.
Што убаво ми идеше 5 дена и денес татко ми мораше да ме разбуди со бурек. Ах. Ама се тешам со она One bad meal won't make you fat, just like one good meal won't make you skinny Продолжуваме со нови сили (а и среќна најадена душа хихи)
Феминки помагајте.... Ја држам медицинската диета ама наместо телешко јадам пилешко варено а зеленчукот го правам како салата... еве поминаја 5 дена јас не се чувствувам ослабено не сум ослабена... Се нервирам за џабе гладувањето.. и то што се надевав дека ќе ослабам..
Лелееее си ја изгризав устата! Ми се јади некое благо Ама нема! Не попуштам,ќе си ја држам диетата Еве чајчето ќе си го пијам
Разгледајте го блогов, нема да зажалите. Многу е добар и може да се извлечат многу убави поуки, малку е тажен мене ми украде некоја солза, ама има среќен крај кој сеуште трае http://undressedskeleton.tumblr.com/mystory
Пробав да држам диета деновиве ама не бре, каде јас без благо и без сагламско прејадување ќе издржам. Можам да издржам уствари ама нејќам. Попрво ќе се потам како говедо. Секоја вечер си велам утре ќе станам, утре ќе трчам, утре ќе возам...не бре, целата волја магично ми исчезнува насабајле. Почнав овие вежби од јутјуб да ги практикувам. Женскава ми е многу јака, ќе ги најдете од десно и останатите видеа. Првите неколку денови ме болеше се живо, ама сега е поарно. Ќе си ги затегнам стомакот и нозете, а за целулитот не знам колку ќе помогне. http://www.youtube.com/watch?v=lOZDN1UnZ9U