^^ И јас си пуштив некоја солзичка, затоа што е невидена инспирација, и искрено, најискрено се радувам многу за неа! Брутално искрен до коска пост, браво!
Денеска решив да појадам нешто друго оти ми се смачи секој ден да појадувам само јаболка.Затоа земав едно јаболко( знам,знам ) и една банана и ги исеков на мали парчиња.Ги ставив во едно чиниче и ги полив со пола лажиче мед.Беше прееевкусно и овака многу повеќе се најадов отколку така да ги јадам овошјата. Иначе имам едно прашање.Кое е тоа чоколадо со околу 70 % какао што е здраво да се јаде?
-1 килце за 1 недела, што не е лошо со оглед на тоа дека имам 6 за симнување. Сега сум мотивирана да продолжам, што се уште 5 недели воздржување кога на крајот добиваш згодно телце за плажа
До вчера беше супер,ама вечерва сум на именден ќе ми оди диетата...Ај сеа,вечерва само,после пак со режимот,а и еве досега си сум на него,денес исто. Иначе ја барам вагата,незнам кај е КО ќе ја најдам да видам барем до кај сум
Треба да го јакнеш имунитетот, но немој се одеднаш да земаш, брзо ќе се умориш, верувај. Пример, Б-комплекс влијае на зајакнување на имунитетот, ама уште повеќе на зајакнување на апетитот. За да ја средиш здравствената ситуација, треба пред се да се храниш здраво, а подолу на листата на приоритети нека ти биде хемијата. Следствено, истава оваа здрава исхрана ќе ти влијае и на линијата. И нормално, физичка активност, која е на прво место за одржување линија, а со сигурност уште повеќе влијание има на здравјето.
Добро утро! Нова недела, нови сили. Го започнувам денот со кафе, а околу 12 најверојатно ќе појадувам овесни снегулки со банана. Еве што си разгледувам сабајлечки.
Mногу ти благодарам веќе се навикнувам ,па и се консултирав со медицинско лице и ми кажа дека проблемот е што организмот не се навикнал на толку количество вода и наглото конзумирање доведува до отоци ,но прво се топи одозгора надолу и дека нема место за паника ,но кој би знаел дека е така пред неколку години не се манифестираше така ,дали како си одат годинките возраста .... се влијае !поздравче
Драги мои, јас ја прекинувам диетава односно ја прекинав на 36тиот ден. Неможев повеке и неможам да го следам редоследот на исхраната. Ме преместија на друго работно место, од таму ми даваат ручек или појадок. Кога се стабилизирам повторно ве дружам. Ке пазам повторно што јадам, што примам а што изнесувам. Се дружиме повторно во наредна прилика. Да се потсетиме каква бев пред да поцнам со Ун се до 27миот ден од диетата и за крај резултат до 36тиот ден. Ако некој забележе промени за тие 10 дена? 36ти ден резултат. Тука прекинувам и дружимо се во подобри времиња, успех на сите диеталки. Spoiler
Јас ќе го тргнам тикеров долу. Само ме демотивира. Ми се смачи цело време 2кг минус, па 3 кг плус и се така се вртам во круг. А не паметам кога последен пат јадев како човек, освен случајот со палачинките. Тешко ми оди многу, а сакам само 5 кг да симнам. Но не можам. Во меѓувреме ми ослабна и крвта, и се почесто имам вртоглавици, едвај на нозе стојам. Не велам дека е се до режимот на исхрана, може и до времето е, ама овој пат, за разлика од претходниот, воопшто не ми помогна тн. диета на Ирена. Нема да јадам сендвичи, пржена храна, ќе избегнувам благо и грицки, ама ќе се оддалечам од темите за диети. Станав опседната со тоа, а не ми беше тоа намерата. А вие, продолжете со упорноста, сигурно ќе има резултати на крајот.
Луѓе да ве прашам за доручек ако сакам да слабнам може да јадам житарици(ама многу врсти ги има какви можам?) и јогурт? дали муслите се диетални или подобро како мешавина од се по малку да има и семки од соноглед и тикви,овесни снегулки, ржени,корфлекс без шекер. Такви има во една здрава храна кај нас дали можам такви и со колку милилитри од баланс јогуртот сакам да ослабнам во мешето имам сало..
И јас порано држев таков тип на исхрана кога сакав да слабеам (житаркии или сосема малку храна наутро и потоа пообилен ручек за разлика од појадокот, мала вечера, па броев калории, итн), ама ништо од тоа не ми помогна, да слабеев по килограм- два но повторно за многу брзо време се појавуваше јо-јо ефект. Значи од лично искуство не ти препорачувам да павиш така. Е сега откако се омажив, маж ми ми кажа еден режим на исхрана кој ми изгледаше дека нема да покаже никакви резултати, но се случи спротивното, не само што покажа резултати туку и килограмите кои ги изгубив не се вратија назад се до мојата бременост кога нормално се поправив, но и после тоа многу брзо си ги вратив назад моите кг, а сега уште ги намалувам. Значи, наутро пијам две чаши вода, потоа јадам обилен појадок, а после еден час од него пијам 2 чаши вода, истиот принцип и за ручек само не толку обилно, а за вечера едно до две јаболка, но не ги јадам подоцна од 20 часот, благо само два пати на ден после оброк, а исто така и скокам на јаже сега за сега не повеќе од 10 минути во денот. Со овој режим слабеам околу два кг месечно, што можеби ќе ти изгледа многу малку, ама пак е многу здраво. Јас малку се распишав тука се извинувам, а со мои резултати после 12 април кога ќе се мерам.
Јас сум 2ра смена на школо од 1 најчесто до 6 ипол и за доручек јадам веке 3 дена таква мешавина на житарици со отприлика 250 мл баланс јогурт е во школото незнам што можам да јадам и на едно овошје сум само оти што можам да јадам во школо за ручек и вечера јадам што има дома(манџа,месо...) имам сало и сакам да го стопам...
^^^Зошто бре девојки се откажувате? Тоа што сте симнале десетина кг а имате уште толку или дупло повеќе за симнување а сте прекинале не е успех, така да си знаете Не треба тешење дека сте биле и подебели па сега е ок. Пак имате изразен вишок, си стојат ризиците за разно разни болести и пак не изгледате најдобро. Мало опуштање ќе ви качи некој кг плус и пак голготи од почеток. Ун диетата ја сфаќам како обид да се воспостават некои правила на исхрана кои после три месеци ќе ти влезат во навика и колку толку ќе ги почитуваш па ќе си држиш линија. А бабини деветини дека после оваа или онаа диета кг не се враќаат-мало сутра. Нема јадење што и колку што ти душа сака, барем не редовно. Тоа си е правило за цел живот за сите што сакаат да изгледаат добро а не се од ретките среќници кои јадат се и пак ни грам не качуваат и тоа е веројатно затоа што се доста физички активни. Треба или тоа да се прифати и да се придржува до него, или да се прифати дебелината и воопшто да не се кука. Знам дека е тешко да се почне диета, ама кога веќе почнеш и истераш толку денови, не се откажувај. Најади се еден ден ако те фати криза, и продолжи понатаму...
Пак јас почнав со диета. Знам дека повеќето не ја сакаат, ама ја си почнав пак со Жан Митрев. 3 ден ми е. Наутро наместо овошје, си го правам ѓумбирот и еден двопек. Кога доаѓам од школо, еве на пример денес, каснав едно јајце и една чаша јогурт. А таму пишуваше + портокал, патлиџан... заборавив веќе. Ама ги кратам некои продукти. Не можам дечки, џабе кога не ми се јаде патлиџан. Не го сакам ич. Откако ќе држам некое време на ЖМ, ќе се префрлам на УН. Исто како минатиот пат. Тогаш ја држев оваа 21 ден, сега ќе видиме... Знам дека количински е малку и не е доволно, ама јас не се чувствувам многу гладно. Не се мерам. Ама прметувам дека сум попуштила во обем. (не зборам само за жм, туку + за претходните денови откако пијам ѓумбир). Да не знаете нешто случајно, за против гргорење на цревата? Дома како што кажав, во 6:15 наутро пијам ѓумбир и еден двопек. И после до 13/14 часот ништо не јадам. Освен што џвакам мастика. Ама многу ми гргорат цревата. На час кога ќе почувствувам дека ми гргорат, почнувам да тропкам со нозете, да не се примети. Знам дека некои ќе речат... па како нема да ти гргорат цревата, кога ништо не јадеш... Ама озбилно прашувам?
Не те поддржувам во ова што го правиш, но ако веќе ја држиш оваа диета држи ја како што е пропишано, нема да изгубиш повеќе кг ако не го јадеш доматот и портокалот, напротив, секоја намирница си има своја улога во процесот на слабеење. Второ не сум чула дека има такво нешто за гргорење на цревата, ама можеш на пример, киселото млеко што треба а го јадеш на ручек да си го јадеш на секој од малите одмори по малку, така ќе ги лажеш цревата, можеби.
Јас си имам голема мака со овие диети, која и да ја држам, правилно секако, плус со вежбање нема ама баш никакви резултати. Ќе ми се тргне подуеноста од стомакот и толку, ни нозе нит ништо намалено. Стварно не знам што да правам. И веќе ми се смачи од диети. Еве последниов месец земав чај за слабеење, вежбам, не јадам леб, туку двопек по малце, гледам да е претежно варена храна, не јадам навечер скоро ич и пак ништо. Стварно не знам што да направам. Ама стварно морам да го намалам стомакот и бутините. Другото не е ич проблем, зошто само таму сум полничка.
Имам некој камен слеш карпа на душата и испишав еден реферат и го избришав. Немав сила да го испратам. Се што ќе кажам е дека животот со вишок килограми е тежок. Додуша и тежок е лесен збор... Имам еден месец да ослабам најмалку 15 килограми, а после ќе си ја барам средината и начинот на живот кој ќе ми одговара. Кога веќе на матурата изгледав како свиња што ја чуваат за колење, барем на матурата на брат ми и на мојот роденден да изгледам нешто налик човек со нормални пропорции. Ок, и на апсолвентската ако веќе решам да одам а ќе решам ако знам дека нема да бидам предмет на исмевање. А телово не ме слуша, колку повеќе вода што пијам толку помалку мо*ам, колку помалку што јадам, толку повеќе ми се јаде, и поголема сум од секогаш но мора да успеам па макар да живеам од вода.
Sunshine88 истиот проблем како тебе и јас го имам.Таман еден период бев задоволна со килажата што ја постигнав,ги симнав тие неколку кг што ги имав накачено и се беше супер.Сега сакам да симнам уште некое кило,зошто јас секогаш летно време знам да си качам по некое килце.Нема што не пробав,УН,диетата на Жан Митрев ,па дури и Аткинс која секогаш ми делувала веќе не ми дава никакви резултати.Се осеќам ко некоја блокада да имам во организмов,пазам што јадам,вежбам,а резултати нигде нема.Планирам сега пак да се фрлам на јадење протеинска храна,а ако и тоа не ми помогне се откажувам од секаква можна диета.Ако некој има некој совет,слободно нека ме просветли и извинете за рефератов