1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    жалосно е што ке симнам некое кило за да кацам дупло.решение везби и диета и мн јака волја но и др проблем мн пијам тецности кои не ми помагаат напротив се дујам дали до годините е незнам.сега ми е мн криво сто ги отказав цигарите и мн кацив (20 кг за 6 месеципосле отказување од пушење,10 кг од бременост ,10 од недвизење и сега сум како ГОЛЕМА ДЕБЕЛА СВИЊА)
    бидете упорни се е во мозокот излазете се себеси дека сте сити и не јадете повеке од една дланка јадење.поцнав па да видам дали ке успеам да скинам некое кило
     
  2. StiltRocker

    StiltRocker Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    4
    Девојки,пред се ја сум машко, и го напраив профилов само за да можам да ви одговорам.Не можам да ве разберам,сте решиле да слабеете а ве читам барате неверојатно прости и глупи изговори...вие што користите изговори у стил,слава е..роденден е..па именден е..па празник па ку*ов...или сте од оние девојки што се по 50 кг и викаат wewweee debewa sum или се праите будали самите себе..а гледам некои и има што ставарно дебелината им влијае на здравјето и пак се запоставуваат со овие глупи изговори.....мене пред пола месец ми рекоа дека ми е замастен црниот дроб и ме сечеше тоа место секоаш коа ќе јадев нешто тешко. Денес веќе сум 9 ден на диета и од 117кг 182cm сега имам 110кг и цел ми 85кг....само да знаете ја како сум јадел....станувам сабајле чоколадо и газиран сок,ручек нешто мрсн нездраво сокови газирани по 2л на ден сум пиел,леб по 1-1ипол на ден сум јадел мајонези у 2 саат ноќеска и слично. Моево тело не знаеше што е вода,зеленчук,овошје....станав ко американцине..пред компјутер по цел ден и ништо друго..се осеќав безживотно засрамено....па мајку му коа се работи за себе и за здравје све ќе прее*ам,стиснете зуби и доста кукате и барате изговори,коа ја сум можел да трпам сите да јадат буреци околу мене,сендвичи и ја да ги глеам ко скитник куче можете и вие. ЗАТОА ДОСТА КУКАТЕ И ПРЕСТАНЕТЕ ДА БАРАТЕ ИЗГОВОРИ!!!!!!!!!!!!!!!! И ПОСЛЕ КОА НЕМА ДА УСПЕЕТЕ ЦАЦКО ВИ Е КРИВ,СЕКОЈ Е СОПСТВЕНИК НА СВОЕТО ТЕЛО,ВИЕ ВОДЕТЕ ГО ВАШЕТО ТЕЛО А НЕ ТОА ВАС! ова беше најдобро намерно и се надевам ќе ме разберете зашто и ја имам таков проблем. Поздрав
     
    На Snowbell, silvice, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Еве една голема подршка за тебе ,браво што си почнал и си ја презел контролата во своите раце.
    Само да ти кажам дека мм исто почна со диета пред два месеци имаше 107 и 185см и сега има 93 ,кај мажите полесно оди симнување на кг ,сето ова без физичка активност само на диета.
    Кај мене оди поспоро но и јас сум -12кг и сум задоволна,ми требаат уште 5-7кг за топ форма.
    Уште си на почеток ,најголем предизвик и искушенија ќе бидат после еден месец од диетата,тогаш треба повеќе контрола да се помине периодот ,бидејќи ќе дојде до стагнирање и мала демотивација.
    Среќно
     
  4. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Баланс, умереност, тоа е се'!!!

    Едно сфатете, човекот е такво суштество кому му е вродено да трага по убавото, задоволството, до тој степен што истото го бара и во храната.
    Едноставно, не можете цел живот да бегате од друштвото кога ќе прави собиранка во кафанче.

    А, колку е тешко да се воспостави таа рамнотежа во исхраната јас си знам!
    Сум била 15годишно "топче" со 72 кг на 164цм. Сега сум 20годишна девојка со 54кг на 167цм и тонирано тело.

    Не се откажувајте во целост од земните задоволства, но престанете после изедени 3 коцки чоколада после ручек!
    Е дури тогаш ќе ја сфатите логиката на нештата! :)

    Среќно.
     
    На Annath, Ariel, M.a.r.i.l.y.n и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Е само признанија од вакви девојки се најдостојни за почит во темава. :up: Само тој што пател и имал вишок на кг :!: ама баш вишок знае колку е тешко да се изоди патот кој ќе те доведе до прекрасно тело и колку е уште потешко тоа тело да се задржи.
    Уште го постигнувам моето идеално тело, не запирам и после 5 месечно држење на УН диета и одржување. Сеуште ми треба вежбање за завцрстување и симнување некои 2-3 кила максимум 4ри, ама не сум тоа што бев. Имам пишувано за моите трансформации. :x Сум била и анорексична, ама и со + 20кг во најкритичните тинејџерски години за дебелеење кај што хормоните работат како луди против виткото тело. Буквално од 50 кг да дојдеш до скоро 70 и после тоа во рок од 7-8 месеци да ги симнеш тие 20 вишок, не е мала работа. Па после одржување на идеална тежина, пак што од непазење, што од стрес, што од други причини да качиш 10+кг и од нив да симнеш 7 како ништо е и тоа не е мала работа, ама многу е штетно за органимозт и измачување е. Кај физичка, па и психичка битка се води. Најважно е да се победиш самиот себе, сите во темава знаете точно за што зборувам. ;)
    Нема откажување, цел живот ќе водиме битка со тоа, штом еднаш си влегол во мрежата на дебелеењето и организмот ти е склон кон дебелење осуден си да внимаваш и секој залак да го одмериш, па и да јадеш, ама после тоа да се каеш што си јадел. :( На вечни маки сме ние кои се грижиме за телото, не можам да ги сфатам оние на кои им е сеедно како изгледаат. :fubar:
     
    На MarchelineAmaru, l-a-d-y-di и Heleny им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Јас им кажав збогум на диетите.
    Овојпат сум сериозна. Истерав 10 денови од 20 дневната диета, има ефект, задоволна сум - и што сега?
    До кога вака? Уште колку диети ќе држам до крајот на животот и до кога ќе си го казнувам телото?
    Признавам - проблемот ми е во главата, не во желудникот, не во апетитот, не во ПМС-от, само во психата.
    Подобро да си откријам кога, зошто, како и колку јадам, и во што лежи сржта на мојот проблем, отколку да се исцрпувам психички и ментално после секоја диета.
    Доста ми е.

    И точно е тоа што го кажа Хелени, не можам да бегам од секоја собиранка, кафанче, искачање... каде ќе ми биде крајот?
    МОРАМ да се научам да јадам исконтролирано и да вежбам постојано.
    Во меѓувреме, знаете што си мислам? Има луѓе со толку многу фалинки и маани, па си се сакаат самите себе, зошто јас морам да се грозам од своето тело?
    Не е идеално, ама е здраво и си е мое.
    Ми врши работа многу. :D
     
    На Annath, Libera, Buttterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Лани летото бев 48(на 164цм висина) ама со оглед на моите облинки не изгледав болно слабо,си имав и гради и задник па и стомаче.Сега сум поправена за едно 8кг и ми смета ужасно.Заклучок-никогаш не можам да се хранам ни приближно нормално како сите,вечно мора да сум гладна зошто отидов во неповрат :| Значи штом почнав да јадам бели пецива и тоа еднаш до двапати неделно за доручек,почнав да јадам леб Жито лукс една кришка,и заради работата еднаш -двапати неделно ручек во кафанче,пабче и слично.Читај пица,тестенини или нешто скара и сето ова ми беше доволно да се поправам :( Дефинитивно за да одржувам каква таква линија само житарици наутро,овошје,некоја Витанова,пингви и слично за шеќер,ручек без леб-евентуално парче-две двопек и нешто лесно за вечера најубаво па ич.Се враќам на зелениот чај,1-2 шолји дневно чуда прават,плус уз комбинација со ѓумбир и лимон.
    А да додадам дека сум гурман,сакам вкусови,сакам храна,ама се навикнав да одолевам :worried:
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Навистина е досадно и лошо кога скоро цел живот слушаш како си дебела, а ти всушност имаш само стомак. Јас во средно бев 165 см со 55 кила. Се ми беше добро само стомакот никогаш не ми бил рамен. Постојано слушав како сум дебела од некои блиски луѓе. Сега сум 165 см со 58 кила. И јас признавам не сум идеална ама не сум ни дебела.
    Преголем е притисокот кој го прави денешницава. Сите девојчиња трагаат да бидат ултра слаби ака :D исушени. Чудно е тоа бидејќи постојано кажуваат како на женско не му стоело да е дебело, а на машко да. Аман од тие ставови.

    Последнава година се трудам здраво да се хранам. Што поради постојаната подуеност на стомакот, што за здравје. Јас која не сум сакала марула да ставам во уста сега скоро секој ден си јадам тоа. Исто и цвекло и зелка. Овие две намирници се идеални за слабеење а и за забрзување на метаболизмот. Јас скоро пола година го тренирам метаболизмот да ми работи и да не е толку мрзлив. Сега дури ги осеќам резултатите.
    Нес Кафето со млеко! Јас си го пијам од сабајлечки. И ставам шеќер! Знам дека диетите не признаваат ваква комбинација ама јас дневно морам малку благо. Ем ми дава сила ем не си ги скратувам целосно шеќерите па после како бомба да почнам да ги внесувам и да си ги вратам килата. Овошјето од сабајле задолжително.
    Некогаш ме фаќаат кризи за јадење и си ги терам, ќе се најадам и после продолжувам пак со пазењето што и како внесувам во мене. Лебот се трудам да не го конзумирам многу и соковите исто. Ама од благото никогаш не се откажувам. Не е лесно ама бара упорност и не откажување веднаш откако ќе се направи кикс. И да згрешите ништо страшно. Продолжете со ритамот кој ви дава резултати и не се откажувајте лесно. Од страна кој сака што сака нека ви кажува. Никој не знае колку вие вложувате во тоа што го правите и колку се контролирате за вие да сте си посамоуверени самите во себе. А секогаш некој ќе сњ потруди да ве слизне од целта дури и за вакви баналности. Ама не им обрнувајте внимание.
     
  9. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    Да напишам и јас еден реферат !!!
    На 18 години имав 56 кг, а висока сум 162, си бев таман( тоа го постигнав со ригоризни диети за 1 месец од 68 дојдов на 56).
    После му текна на моето тело да се дебелее и дебелее и ..... дојдов на цели 85 кг.
    Лугето по пат не ме препознаваа, не личев на себе.
    Пред 2 години имав стресен период и проблеми со тироидната и си додадов уште 10 кг. Значи 95 на 22.(3) години изгледав како слон, неможев да си најдам алишта и сите добро познати проблеми.
    Кога се качив на вага, не можев да си се изначудам и не бев свесна кога се десило сето тоа
    Кога реков држам диета ништо не можеше да ме запре.
    ПОЧНАВ СО УН!!!
    И јас имав родендени, имендени, и велигден беше, нон стоп излегувавме и сите тие работи.
    ЈАС НИ 1 НЕ ЈА ПРЕКРШИВ ДИЕТАТА!!! :clap:
    Тортите од родендените си ги земав дома и си ги јадев кога ќе беше ден за благо.
    Сите јадеа пилешки прсти, чипсови, пиеа алкохол и што ти ја знам, ЈАС ПИЕВ МИНЕРАЛНА ВОДА И ЈАДЕВ САМО САЛАТА. :^: :beer: :d:
    После 3 месеци ослабев 13 кг на кој премногу им се радував. 8) :sun:
    Сега сум пак на истата УН диета и за 25 дена имам симнато уште 4 кг.
    И нема да се откажам, нема да ја прекршувам ќе ја терам до крај колку што ќе ослабам толку.
    Најбитно е да се каже КРАЈ НА ДЕБЕЛЕЕЊЕТО.

    Поздрав до сите кои сакаат да ослабат!!!
    НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ, секој може да го постигне тоа што го сака, само треба УПОРНОСТ!!!
     
    На silvice, MarchelineAmaru, zhap4e и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Бате, да не беше лакомштијава, море и машко и женско - све пичиња ќе си бевме.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Мене не знам што ми е овие денови...
    Откако се разболев качив + 2 килограми бидејки незнаев колку ми е доста.
    Една уста кога се отвори за сендвичи, мајонези, пици, вие незнаете. :D
    Мајка - ми вели оправдано било, оти нели кога си болен вообичаено снагата ти е истоштена и ти бара повеќе храна за да закрепне и веројатно е во право со оглед на тоа колку се исцрпував без разлика на режимот.
    Плус, има цели две недели како не сум вежбала на орбитрејкот што дополнително ме депремира бидејки колку и да пешачам, со тие прекршоци пак сум 74 килограми, и не мрдам од тука. :|
    Многу се разочарувам вака, стварно...
    Полека ми снемува и идеи за јадење, се ми е веќе банално. Чекам да почне сезонава со домати, пиперки, јагоди и очекувам дека тогаш полесно ќе ми оди.
    Инаку, оваа недела ќе пробам да направам еден течен, овошен и останатите денови да биде само некоја манџа со салата па да видам како ќе оди.
    Што значи официјално му давам црвен картон на скробот :devil:
    Без него ќе терам цела недела.
    Имам мисија до крајов на месецов да ѓи симнам овие тешки 4 килограми со кои мака мачам.
    Веројатно тоа го постигнам со тоа што многу ќе вежбам и ќе јадам нискокалорична храна, но овојпат без прекршоци.
    Држете ми среќа, многу ќе ми биде потребна.

    Патем и вам ви посакувам многу успех, и повторно кон крајов на месецов ќе ви пишам дали сум успеала да ја постигнам целта или не. :)

    Морав да си ја испразнам душава, многу ми е тешко да знаете.
    Не дека не сум посакувана од страна на убави момци, или некој ме мрази ради мојата телесна тежина но, јас сум страшно искомплексирана поради сето ова и ми доаѓа да рикам.
    Односно, се е во мојата глава. Таму има толку рушевини што мене ми изгледа речиси невозможно да ѓи поправам
    И рикам длабоко во себе. Ме убива помислата на тоа уште колку долг пат ме чека до крајот. ;(
     
    На teddybear и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Не сум на никаква диета за да поставам прашање во соодветна тема, туку на некој свој режим, па ќе прашам некој поискусен - дали за појадок е многу една банана, едно јаболко и две кришки печени нутри леб со сончоглед со лажичка мед? Најчесто пред ручек вежбам, па ми треба енергија, но да не претерувам? Постам, па изборот на храна ми е ограничен.
    И дали една шолја какао (со две лажички бел шеќер, со друг засладувач не ми е убаво) може многу да ми штети? Не пијам секој ден, но понекогаш имам потреба од нешто благо, па го користам како замена.
     
  13. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Место леб со сончоглед земи си овесни снегулки и измешај ги со бананата и јаболкото и малку врела вода и цимет по вкус.А шојла какао 3 пати неделоно нема да ти наштети :D
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  14. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Значи кој дебил сум,еј :fubar: арно си бев 65 кила ама од саботата наваму ко некоја ненормална сум,само гнетам,само да се гнети нешто бре :^) вчера ко се качив на вага,имаше шо да видам :o 68,5 кила :sweat: ама јас будала,демек имам 65 кила па ајде малку да се подопуштам,ко почнав....тост,пица,во саботата скара,вчера бев добра :!: ама денес :tmi: Сабајле тост,за ручек кифла и сега како најголем кретен изедов хамбургер :clap: лакома,лакома мечка сум јас,ете то сум |( и после ми висел стомакот...море не да виси,до колена ќе слези ако продолжам вака ;( ме уби психата,готово :worried:ilent:
    А вие не бидете ко мене,имајте волја и цврст карактер
     
  15. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Мене до пред некој месец баш ми беше гајле! И накачував..накачував...
    Се додека не ја преминав границата. Искрено ми беше страв да се качам на вага.Се качив еднаш,и се уплашив. Но до пред недела дена-2, бев кај матичната лекарка којашто ме испокара дека ова не било нормално.. Дека многу сум накачила.. и слично, и овие две недели благото(што порано неможев без него дневно) го заменувам со овошен јогурт, и интегрални. Верувале или не, потсвесно јас мислам дека подобро се чувствувам, не прејадена, како тронта. Највеќе тука ме нервира кога ќе се затрчам,заодам негде, па запотам.. :?:
    Од вчера почнав на кеј, па секој викенд ќе одам..
    И знаете што?! Овие недела-две што не јадам благо вагата се смалила за 1 кило! Go for it!! :rock:
     
  16. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Како почна годината така јас изгубив осет.
    Дојди пролетта срце ме фана.
    Абре луѓе шорцот кој ми беше поголем цел број не ме копча.
    И ај да речиш ќе легниш ќе закопча ама не бре воа ептен беше мало.
    Се качувам на вагата таму незнам дали матичен видов или килажа.

    И така јас се спремам уште од март месец почеток ама првата ден кикс и после губам волја за понатаки.
    И си почнав денес јајце патлиџанче бананка и накрајот кардио.
    http://www.youtube.com/watch?v=ClXs1Ef2SKo
    Мислам дека господ на бермуди го видов...
    И така јас се помирив со фактот дека благо нема да јадам ниту пак ќе јадам како човек додека не си ги видам стапалата стоечки.
    Поскромна цел ми е ова,од август 2012.
    Да се надеваме дека ќе успеам оти по лешеви газев за маичката а сега хулахопка е на мене...
    [​IMG]
     
    На kate21 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. Metamorphoses

    Metamorphoses Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    Ве читам од почетокот на Фемина, браво за оние кои успееале да ги симнат вишоците! Сепак, и Фемина е факт дека голем број од вас (нас) си се вртат во магичен круг: симни десет, додај единаесет, симни пет, врати шест...патот до целта ни се бројките и тоа ме ужасува бидејќи историјата се повторува...еве го мојот план: ќе ги практикувам сите совети кои ќе му одговараат и на моето тело, и на мојата душа; значи колку што е возможно ќе се хранам со т.н. жива храна (читај: raw food), ама не планирам да се откажам од некои задоволства или наметнати празници кога не е возможно да се правиш Енглез; во моментот постам, па концептот на raw food се вклопува во мојот животен стил. Тоа не значи дека не јадам ништо друго, ами поголем процент, некаде 70% од храната е raw, а останатото, во моментот се варива, и малку нездрав шеќер во вид на чоколадо, медено срце или друго. Ете така, не било тешко да напишеш :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    30 дена броев калории, се на се 15 дена вежбав дома и симнав дури цело 1 кило. И сфатив дека веќе не му одговара оваа метода на моево тело. Кога имав 58 кг за 2 недели успеав да симнам 2 кила и беа видливи резултатите. Преку летото симнав уште 2 кила од онака без проблем, и сега со 54-53 кила броењево кал. не оди. А тоа значи вечер почнувам на аеробик и пилатес пак. Само тоа му е мајката како што гледам. Значи не секој режим му одговара на телото. :)

    [​IMG][​IMG][​IMG]

    п.с. Овесните снегулки ми се ново откритие, не знам зошто и порано не сум купила. Одлични се со јогурт + ленено семе или млеко + цимет + ленено семе ;)
     
  19. Simona1982

    Simona1982 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Почнав со диета со следниов распоред.
    Наутро јадам јаболка, потоа ако сум многу гладна геврек.
    Во 5 часот попладне, кога ќе се вратам од работа, јадам месо или риба со зелка или зелена салата.
    Вечера ништо, или салата со јајца.

    Полека почнувам да осеќам разлика. Еве 2 кила за една недела.

    Меѓутоа се мислам да не е многу јадење..

    Имам 65 кила, 167 цм, целта ми е 59 кила.

    Сакам за еден месец да се решам од овие 5-6 кила.

    Супер изджувам, мислам дека и кефирот помага во потиснување на гладот, ви препорачувам да го пробате.

    Мислење?
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MelaniA

    MelaniA Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здраво . Јас еве денеска ја завршувам Медицинската диета ... ја држев 4 циклуси, со по 1 ден пауза. Висока сум 165цм имав 70 кг. Со Медицинската диета успеав да ослабам цели 9кг .. Значи сега сум на 61 кг и сум презадоволна, :) но за жал уште не сум завршена целта ми е 55кг. Додека ја држев диетава немав физичка активност, но затоа од Мај почнувам со вежби :D Се надевам ке успеам и ќе ве известам за понатаму .. Следната диета во мај се состоои од 12 дневен режим . :D
     
    На zhap4e и kate21 им се допаѓа ова.