(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Simona1982

    Simona1982 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Меланија, кажи ми..Колку двопек јадеше?
    Мене многу ми пријаше медицинската, ама јас јадев сигурно 10-12 парчиња двопек во денот, бидејќи воопшто немав енергија со по 2.
     
  2. MelaniA

    MelaniA Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Па еве,јас почнувам да слабеам :D Мило ми е што се активира телото :) Иначе сликава незнаев каде да ја сместам,па ај овде :D Тоа е колку шеќер има во пијалоците :) (има уште,не се покажува целосно)

    [​IMG]
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.428
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Јухуу.. I'm back on track! Си се запишав пак на аеробик и пилатес... и се чувствував како надувана после вежбањето, мх! :dance:
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Одамна сакам да ви пишам, ама некако се повлекувам затоа што имам чувство дека ќе бидам сфатена погрешно, но сега, кога гледам како повеќето се откажувате и сте демотивирани, сепак одлучив да напишам неколку реда...

    Сите пробувате да држите некакви диети, се измачувате, а факт е дека тоа е преголем шок за вас кои претходно сте јаделе многу поголеми и поразновидни количини од препишаните (колку и да имаат удел хормоните, или некое друго здравствено нарушување, сепак јасно е дека килограмите се таложат од големата количина калорична храна која ја внесуваме).

    И така читајќи ги вашите маки и демотивирачки постови, не можам да сфатам едно нешто- зошто не вежбате?
    Тоа си го мислам секогаш кога ќе си дојдам после вежбање и си јадам така со мерак некое калорично јадење, тогаш често ми текнува на вас, диеталците.
    Ако вежбате прво неколку пати неделно, а потоа и секој ден, тогаш нема да мора да се храните наеднаш толку ригорозно, туку ќе можете да си дозволувате и нешто плус, за да ви биде убаво на душичката.

    Оправдувања за да не се вежба има еден куп, ама мора да се биде решителен.
    Секој треба да си одбере активност која најмногу го исполнува: дали трчање, дали зумба, пилатес, аеробик, некој групен спорт, или пак мешавина од сите овие- небитно.
    Она што е важно е да се движите, и кога вежбате да не биде тоа само ради ред, туку правете ги вежбите како што треба, стегајте го стомакот, дишете правилно, ем ќе ви биде полесно да издржите цел час, ем ефектот ќе биде многу поголем.
    Така ќе ја нема грижата на совест кога ќе изедете цело чоколадо, затоа што претходно сте ги потрошиле тие калории. ;)

    Вежбањето е најважно, а вие како да го заборавате тоа :worried: .
    Почнете и бидете упорни, со редовно вежбање и водење не толку ригорозни режими, ќе слабеете без да се чувствувате како испосник.
    А да не спомнувам колку само ќе ви биде благодарно телото- ќе ви се зголеми имунитетот, ќе одите исправено од грбните вежби и ќе бидете многу порасположени затоа што целата негативна енергија ќе ја исфрлате додека вежбате.

    Зарем сето ова не е доволно да почнете? ^_^
    Почнете уште утре, затоа што летото наближува, а вие место разочарани имате шанса да го дочекате без свадбарки и спојлерчиња, туку со затегнато тело. :!:
     
    На Ema.Sk, Annath, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  7. izgubena5555

    izgubena5555 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    луѓе читав на нет за диета според хороспоски знак демек на што треба да се обрне внимание и да се ослаби. јас сум риби и ми пишува течности супи вода јогурт итн имав проблеми со желудникот и тие три дена не јадев ништо освен супи и јогурт коа си проверив урина докторката ме праша далуи сум на диета пошто во урината имало кетони ли не знам што што укажувале дека мастите почнале да се разложуваат откако помина тоа пак си проверив урина немаше ништо ама тогаш јадев се буквално така да мислам дека има некоја поврзаност со хороскопскиот знак и диетата мое мислење :)
     
  8. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Ете,тоа ми е моменталната ситуација,исти мисли,иста килажа,скоро исто мени последниве денови.не знам,си мислам нешто не е ок со мене.пред недела дена наполнив 27 години си викам па ја до кога ќе се замарам со килажа,цел живот ли? не ни знам дали можам да се замислам како не се замарам со исхрана.
    Со исклучок на овие неколку дена (читај недели) , последниве неколку месеци пробувам многу веганска храна ,избор има премногу,само ај остани цврст
     
  9. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    3 килца минус,and counting... :D
     
    На MarchelineAmaru, macence4 и anabel-a им се допаѓа ова.
  10. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Јас овие неколку дена пијам зелен чај и намалив на храната (лебот).Го подготвувам организмот за слабеење.Инаку бремена сум 9 месец па несмеам некои ригорозни диети да држам или да пијам некои сретства за слабеење.Но планирам штом се породам па почнам со пиење на чај па се надевам дека ке ми помогне во топењето на кг со кои се почастив за време на бременоста хехехх :D Инаку чајот го пронајдов на една друга тема и сите што го имаат пробано се фалат од него па и јас да не сум подолу. :rofl: :rofl:
     
  11. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Macence4 прашај го гинекологот дали смееш да пиеш зелен чај,во поодмината бременост за се ново што воведуваш консултирај се со него прво. зависи како го подготвуваш може да има дејство како кафе.и не се секирај,кога ќе се породиш сами ќе си летнат килцата (мање више), не знам колку си се поправила,јас качив 22 кг,после пораѓај бев со плус 18,14 изгубив за 3 месеци и со последните 4 си се маткав цела зима
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.172
    Пол:
    Женски
    Феминки, ке пробам да ја држам медицинската диета. дека ке ослабам 15 килограми за 15 дена хахах тоа сосема не ми се верува, ама доволно е да намалам барем 5 килограми, и тоа за еден месец...инаку е многу ригорозна и прв пат држам толку ригорозна диета, ама се надевам дека ке издржам. Плус секој ден веќе пешачам добри 4 км, првите два дена се најкритични за таа далечина додека се навикнат, болат нозете и нека никој не лаже дека не болат. ако успеам во ова, повторно ќе ја држам после еден месец за да се поврати малку организмот од диетата која, иако велат да се држи само 15 дена јас ќе ја држам месец дена без пауза. Држете ми среќа и кажете ми некој совет за намалување на апетитот
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    ^ Не си го мачи телото и душата со вакви срања и глупости од диети.
    Пола клас девојчињата што ја држеа или беа на инфузија или си ги вратија сите килца до едно за недела дена.
    Не сакам да те демотивирам или да глумам икона за здрав живот ама ја имам пробано и си ја вратив цела тежина.
    Подобра варијанта ти е наместо да се ставиш на диета да смениш некои работи во исхраната.
    На пример откажи благо,леб и алкохол и за појадок и вечера јади салата,или овошје/зеленчук.
    И физичка активност како твојата на пример.

    Јас да се пофалам и на 3те кила магично да додадам уште 2 и да испаднат 5 изгубени кила за една недела.
    Многу е знам,ама со оглед на тоа колку тежам ништо чудно што толку наеднаш ги снема. :D
     
    На Trendafilka, pato и baby-star им се допаѓа ова.
  14. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Диетата е ефикасна доколку се придрзуваш на правилата .Јас ја имам дрзано неколку пати по две недели на третата се отказував хехехех и имам слабеано до 8кг.Не е тешко да ослабиш со оваа диета треба потоа да се придрзуваш на правилата за одрзување на тежината затоа што ке ги вратиш кг.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.180
    Пол:
    Женски
    Немој со чајот, поготово ако здравје Боже сакаш да доиш. Не се препорачува, не само заради кофеинот што го содржи, туку и заради неговото диуретично дејство. Кога ќе доиш, треба да внесуваш доволно течности за да имаш млеко, а чаеви ретко се препорачуваат во тој период, освен оние кои ја стимулираат лактацијата и ги олеснуваат грчевите кај бебињата.
    Најдобронамерно ти велам, не се оптоварувај уште од сега со слабеење, олесни се прво, па ќе видиш како ќе ослабнеш потоа. И немој да јадеш обилно за да имаш млеко, туку треба да се храниш разновидно и умерено и да внесуваш доволно течности. Така ем ќе имаш доволно млеко, ем брзо ќе се вратиш на посакуваната тежина.

    Сесилија, факт е дека со вежбање се добиваат најдобри резултати. Мене вежбањето прилично ми отвора апетит, ама се трудам да се контролирам и ми успева. Со оглед на тоа дека вежбам навечер, обично после вежбање пијам само течности (вода најчесто), ама ако не сум ручала, јадам некоја салата.
    Инаку вежбам пилатес, три пати неделно по еден час, а останатите денови дома си правам кардио вежби.

    И да, кога го пробував костимот за капење во саботата, не можев да се тргнам од пред огледалото. Нозете ми се мазни, мазни, нема кора од портокал :rock: Уште доста имам за слабеење, ама штом му најдов чаре на целулитов, за другото е лесно :)
     
    На eli25 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Вежбање ДА, но со внимателна исхрана.
    Sesilija имаше напишано - ќе изедам цело чоколадо и нема да му ја мислам, зашто ќе ги потрошам калориите.
    Не би се согласила искрено. Слабеење базирано само врз вежбање во принцип опфаќа - повеќе да согориш, отколку да внесеш (и многу да пазиш на храна).

    Не знам баш како со 600+ калории од тоа чоколадо ќе настапи слабеење, макар пукнала од вежбање.
    Ако вежбаш, но се намерачиш на повеќе храна од типот благо или јаглени хидрати, можеш според мене само да набилдаш мускулна маса, да се стегнеш, да се направиш топче. Ништо повеќе.
    Вежбање со умерена и здрава исхрана е друга работа и тука се согласувам 100%.

    Мислам едно без друго не оди, да требало само да се вежба, ќе се наканиш да вежбаш, ама знаеш - ќе си одржуваш форма.
    Да требало само диета да држиш - ќе си легнеш во кревет и ќе бидеш на вода и овошје, без да мрднеш со мал прст.

    диета + вежбање = слабеење

    Јас многу му се навртев периодов на овошјето, правам детоксификација на овој напатен организам. Посебно го сакам жолтиот цитрон во вид на цеден сок со ладна вода.
    Мистер ѓумбир насабајле, стигнав до 3/4 од мала лажица со вода, 2 шолји зелен чај, овошје и салати.

    Возам точак по 45 минути на ден и вежбам по 40 минути пилатес (да бидам искрена, повеќе за болките во грбот и вратот, отколку за слабеење). И помага, го обожавам пилатесот.
    :)
     
    На MarchelineAmaru, pato, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Eпа и тоа заборавив да го кажам, сега ме потсети со постот, дека ве читам како многу се оптеретувате со бројки, и се ориентирате по тоа што покажува вагата, а нема потреба, затоа што тоа што го покажуваат бројките е релативно.

    Јас се немам мерено од лани од јуни, значи многу долго време, и немам намера да се мерам, затоа што тоа само психички оптеретува, а не е реален показател за тоа како изгледаме.
    Зошто?
    Затоа што како што изгледам денес не сум изгледала никогаш ни кога сум ја имала идеалната тежина, никогаш не сум била толку затегната, ми се смени формата на задникот, ми се поткрена и затегна многу и облеката ми стои многу поубаво од кога сум ја имала таа препорачана идеална бројка на килограми.
    Мускулната маса тежи повеќе од салото, тоа го знаеме сите, и затоа не се обесхрабрувајте ако стрелката на вагата не мрда, туку ориентирајте се по тоа како вие се чувствувате, дали влегувате во помал број облека, а и другите ќе забележат и ќе ви кажат ;) .

    Тоа за чоколадото не знам зошто е чудно, не велам дека треба да биде секојдневна практика, ама ако денеска пример сум имала 40 мин кардио, и плус вежби за затегнување и плус сум пешачела, секако дека сум истрошила многу калории, и ако го изедам чоколадото ќе ме засити и нема да ми се јаде нешто друго, сигурно нема да ми биде ужина нешто што содржи 600 калории. (Плус нема да го изедам наеднаш, ќе си го јадам така, на тенане што би рекле, и нема да имам потреба да јадам нешто друго).
    Секако дека не е здрав оброк, ама некогаш организмот си бара и благо, па зошто да не го задоволиме :) ?
    Плус не се секаќам точно колку, ама на човечкиот организам му се потребни доста калории за нормално да функционира, само за дишење мислам дека дневно се трошат околу 600 калории, не знам дали и тоа си го сметате ;) ?
    Еве што најдов за тоа:
    Трошењето 1200 калории дневно не е толку тешко, иако бројката изгледа голема. Според проценките на експертите од „Health Status“, еден просечен човек со тежина од околу 50 килограми, троши 300 калории само додека спие и најмалку 1200 калории дневно при нормалното функционирање на телото и организмот (варење на храната, дишење…)

    Инаку сега е барем лесно, има марулка, пролетна зелка, салати во изобилие кои немаат многу калории.
    Јас и тука не се мачам толку, си правам марулка, си кршам внатре едно парченце двопек кое има 27 калории и ставам малку мајонез, (пола мала лажичка) за шмек.
    Колку калории може да има во неа, кога на 100 грама има 750 мислам Витанезот (најубав ми е :inlove: :D ), а вкусот на салатата целосно се менува.

    Колку повеќе се ограничува човек, толку повеќе мозокот праќа сигнали и го посакува забранетото, а нема потреба да бидеме толку ригорозни, затоа што после јасно е што е случува- попуштаме и се откажуваме, а тоа не сакаме да се случи повторно, нели? :)

    А со пилатесот не се трошат толку многу калории, повеќе е баш како што го опиша ти, за опуштање и намалување на болките во грбот и вратот.
    Таа му била и првичната намена, полесна рехабилитација на повредените, пред да стане толку популарен низ светот.
    До душа, сепак има разлика какви пилатес вежби правиш, има и доста напорни вежби кои бараат многу концентрација за одржување рамнотежа и се трошат доста калории, но сепак не се споредува со кардио вежбите и со Brazil butt lift.
     
    На mims-89, Trendafilka, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Така е, сосема си во право, :) јас само сакав да појаснам дека повремените слатки задоволства и додатоци не се некој огромен грев при редовно вежбање, ама не и некој слепо да врзе во крпче - ееее, па јас вежбам, можам да си апнам и хамбургер и чоколадо без грижа на совест (секој ден). :D

    Секако дека треба да се балансира, кој може да издржи само на марули и цитрони, од храната не можеш да се скриеш.
    :D

    Тој пилатес конкретно што јас го вежбам е за опуштање и можеби тонира некои делови, според нивото би рекло дека е средно - ни прелесно, ни претешко.

    Еве го, во случај да ве интересира, добри вежби.
    http://www.youtube.com/watch?v=402ANrL7-Rc
    http://www.youtube.com/watch?v=L-2F8QL9QfY
     
    На majicka и sesilija им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.180
    Пол:
    Женски
    Едноставно - може никој нема да ми поверува, ама утринското пиење ѓумбир, две шолји дневно зелен чај со лимон и ѓумбир на Виталиа, конкретно овој
    [​IMG]

    плус исклучување на кафето од секојдневното мени, скоро три месеци, си даде резултати. Вежбам активно (во фитнес центар со инструктор) еден месец, дома подвежбувам нешто од Џилијан Мајклс (фамозните squats изгледа делуваат кај мене).

    Инаку, јас како помлада немав целулит, барем не ми се познаваше толку иако сум отсекогаш со вишок кг. Ама во бременоста нозете ми се направија лом од целулит, како на некоја повозрасна жена, дали од хормоните или од нешто друго, немам поим. Лани летоска бев на масажи во козметички салон, и со микрокомпјутер и рачни, па ми го разбија целулитот колку-толку. Ама зимава не бев умна :$ и се врати во голема мера, со некој вишок кг. Ама со ова што го напишав погоре, конкретно најголемо влијание имаа ѓумбирот и зелениот чај, оти поттикнуваат циркулација со која јас не можев да се пофалам претходно (рацете, а посебно нозете нонстоп ми беа ладни). Инаку, знам дека кога вежбаш, ако не го разбиеш претходно, односно, ако не почнеш да го топиш на било кој начин, повеќе се познава.
     
    На ilipili, majicka, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.